Како редовен корисник на социјалните мрежи заклучив дека не е препорачливо за одредена свеченост група на девојки да отидат на исто место за шминкање, затоа што резултатот е слики со идентично шминкани фаци, дури и исти кармини.
Душевна терапија ми треба. Да се регенерирам, да пркнам малце. Се осеќам тажно што кога ќе се погледнам во огледало не се препознавам. Стивнал оној жарот за ново знаење, за успех, за надградување на себе си. Желба губам за се. Ми треба одмор а нема. Нема време за одмор. Куп важни одлуки чекаат некој да ги изрече, а тој некој плаче за ден-два мир. Колку толку ми дава мир тоа што сум дома, меѓу луѓе што ме разбираат, што ми се како мелем на рана. Ме креваат колку можат. А јас ко железни окови да сум си заковала на екстремитетиве. А меѓу таквите и оние кои ме гледаат со прекор, мислат дека знаат подобро од мене што всушност сакам јас од животот па ми попуваат, дека они се способни да ми солат памет за тоа како јас треба да го живеам животот, што е добро а што не, а животите свои не ги погледнале, им фаќаат прашина на полица. И оди објасни дека ти сам си одговорен за своите постапки, одлуки и чекори во животот. Дека никој не им дал овластување да се чуствуваат достојни за мешање во туѓи проблеми. Незнам каква поука треба да извлечам од сите овие ситуации, чинам сум експериментално глуфче и некој ми ги тестира живциве и волјата за живот. Но сакам да гледам на секое искуство, добро или лошо како нешто што ме надградува, што е потребно за да стигнам онаму каде што сум потребна. Онаму каде што треба да завршам. И пробувам да ја пронајдам лекцијата, упорно. Се надевам што поскоро.
Сношти бев во Скопје, у старата чаршија. И кога ќе видам, нема мој другарчиња. Ти сакаше да живееш у Водно и у Кале, ти неќеше да дојдиш кај нас Маџер-мале. Битола леел шуба си, кај да одам, кај да скитам ВЕЧНО МОЈА СИ! Пелистер, Пелистер! ЧОКАНЧЕ Си го обожавам градот! Навистина нема поубав град . Обожавам што сум битолчанка! Си го сакам градот, си ја сакам земјата. Иако понекогаш сакам да мавнам од тука, ама Битола е една и едниствена. Во песната Битола мој роден крај , стиховите се вистинити. Ух леле незнам. Само оние со кои си бегам заедно од школо, знаат колку само го сакам Драгор . Стварно, реката? хахахахаххахахах Животот не е баш блескав или кој знае што, ама сепак е НАЈУБАВ НА СВЕТТТ
Добро бре,во тренд ли е да си мрзлив и да безделничиш по цел ден,да го арчиш времето правејќи ништо? Зборувам за луѓе кои ниту студираат,ниту работат,само ги трошат парите на нивните и се к*рчат по кафичи.Зар немате ли некое достоинство,некоја цел во животот? А пак оние што завршиле некој факултет,не наоѓаат работа по струката и седат дома,самосожалувајќи се? И тие не ги оправдувам.Додека да дојде посаканата работа има тегли да полниш со кисели краставички по конзервни фабрики,да служиш арогантни луѓе по кафани,да копаш ниви со аргати... Лесно е да се седи дома,да се жали од државата,таа пак ќе си остане ср*ње,ама треба сам да се потрудиш да ти стигнат нештата,а не да чекаш на послужавник. Друга работа,како е можно да постојат толку неинформирани луѓе,срамота е во овој век,со овие технологии.Си седам со друштво и коментиравме со еден другар за Париз и Чарли Ебдо и една другарка се избаци: -Што се случило во Париз,кој е тој Чарли? Мислам,ти од Марс да не падна девојко? Со денови по сите вести и портали се коментира за темата,ти каде беше? Или побитно е да размислуваш каков маникир ќе направиш следната недела отколку актуелни новости од светот? Мразам колку празноглави,неедуцирани и неписмени станаа луѓето,како да со развојот на технологијата им затупува мозокот.Па развитокот треба да биде во позитивна насока,да се гледа напред,не да се враќа назад. Стариве мои често ми велат:„Порано имаше волја за напредок,сега само празни муабети,завист и алчност,а најмногу од се-мрза“.
Денес за прв пат почна да ми вика внук ми тете , душа моја има скоро 9 месеци , вика мама и баба ( само тато не може ) се израдував што третиот збор му беше тете , иако не беше многу јасно ама во срце ме погоди го обожавам !!!!
Речиси сите ми рекоа дека сум сменета, кон полошо. А што е најтрагично, и јас го мислам истото. Се трудам за личности кои не им е гајле дали се смеам или плачам, трошам многу пари, речиси и ме нема низ дома... Не се познавам себеси. Не сум онаа која си ветив дека ќе бидам. Секој ден се сретнувам себеси поуништена од кога и да е. Ова мора да се смени. Морам сама да го сменам. Морам да бидам силна, да се насмеам и да заборавам на сите лаги барем за момент.
Сакам да кажам дека веќе цела недела ја слушам The xx - Intro на репит. Не од што ми е омилена, туку од што ми помага да се сконцентрирам при учење. Слушалките на уши и терам од утро до мрак. Дури и кога е тишина почнав да халуционирам дека свири песнава во позадина. Испитна, ајде завршувајјјјј!
Седнувам да учим со огромна надеж дека утре ке го положим предметот што живот ми значи. Тоа го сакам таа го морам. Голема битка ме чека. Со надеж за успех. Go girl you must do it.
Нема ништо полошо од тоа мајка да го изгуби чедото...Па и со зборовите:-"Господе врати ми го детето" останав занемена...Сеуште не можам да поверувам на глетката, се наежив, се тресам, плачам. Многу млади луѓе умираат. Пред некој ден го видов човекот, здрав прав ништо не му беше, одеднаш од срце умрел. Не ми се веруваше кога слушнав... Бог нека го прости.
Луѓето сами си се криви, ако дозволат, а што тоа го прават несвесно, да им заминат токму оние луѓе кои ги почитувале, кои им биле прави пријатели, другари. Како и секогаш, она што мислев, а се надевав дека грешам, ми се потврди, докажа дека сум била во право.Драго ми е што е тоа така.
Одговорот на некои прашања што не замислуваат, не е секогаш резултат на надворешните случувања и околности. Има нешта што треба да ги лоцираме во нас.Темнината, иако е лоша сама по себе, има своја позадина. Кога ќе го запалиме нашето внатрешно светло храбро треба да погледнеме до длабочината на душата за да ја здогледаме нечистотијата кој не води до нашите слаби точки. Ги има многу и насекаде. Тие отсекогаш биле тука, прекриени со темнината си создале своја подлога што наталожила куп прав. Моментот кога ќе си признаеме дека пајажината може да ни сплете густа мрежа, ќе сфатиме дека побрзо и полесно ќе можеме да го исчистиме секој запуштен агол од душата.