Животот е премногу краток за да посветуваш внимание на луѓе кои не знаат тоа да го ценат, да вложуваш труд и да ги упатуваш што е правилно а што не. На крајот на краиштата секој сам ќе си увиди на грешките и ќе си ги сноси последиците.
Многу добро го напиша..Таков е светот денеска,да сакаш некого значи да си ранлив,а тоа ти е самоубиствено оружје...
Колку би бил светот поубав и побогат кога луѓето би сфатиле дека времето поминато во критика и одмазда би можеле да го потрошат на создавање и љубов.Зарем интелегенцијата треба да ја деградираме со малоумни постапки И се додека оние што не научиле правилно да слушаат добиваат право да заповедаат,цивилизацијата секогаш ќе биде во опасност
Немам патики,немам јакна,немам ташна,немам фармерки.Си купив евтини пантолони и нормално за тие пари,после 2-3 пати носење ми се скинаа.Не сакам богатство,нисакам ниту многу пари,туку само толку да си купам тоа што ми треба.Јакната ја однесов на шиење ама не можам веке да ја носам,за в канта е.Со искината ташна одам.Е имам еден пар здрави чизми.Им викам на моите ако не сакат така да ми датат,нека ми дадат барем на заем,ке им ги вратам,не даваат.Ми викаат да бидам благодарна што имам кров над глава,своја соба и што ми даваат јадење.Снајди се сама,не можам јас цел живот да те гледам така ми вика татко ми.Со дечко ми сум на свадба,што да облечам,а пари за подарок? Дечко ми и ке дипломира,што да му купам? А најлошо е тоа што тој не ме разбира.За џабе сум плачела и нервирала.Да,моите убаво се претставија пред него.Они имаат,нормално.Ама мене не ми даваат.А кај јас да најдам? Облека еднаш годишно ми купуваат,а за останатото понекогаш ми дава тетка ми од братучетките бидејки имаат повеке. Како да не плачам? И уште дечко ми ме прашува кои проблеми јас сум можела да ги имам?
Чудно е кога повеќе ти помагаат пријателите кои ги познаваш само неколку месеци, отколку оние што ги знаеш со години Сепак со тек на време се менуваат луѓето, мислењата, сфаќањата...
Тие што моментално јадат, нека ми го скокнат мислењево. Спојлер Хемиска супстанција Л-цистеин од коса која се користи за продолжување на рокот на употреба, а истата супстанција е главниот виновник за меката козистенција на повеќето бели пецива, ја има само во влакната од косата. Научниците известуваат дека најголемиот дел од косата и пердуви од птици, која се користи за производство на оваа аминокиселина доаѓа од Кина каде се собира во берберниците и фризерските салони. Белиот леб е единствениот вид на леб каде обично се додава Л-цистеин, а можете да го избегнете доколку почнете да користите интегрален или црн леб кои обично немаат адитиви. Л-цистеинот, бидете сигурни е присутен во сите познати ланци за брза храна. За среќа, со апаратите за правење леб и малку добра волја, лесно и брзо можете да си направите домашно лепче без да се мислите чија коса ја јадете во моментот. Можеби избрзав со мислењево, можеби не му е тука местото. Ама ми се згади ЖИВОТОТ! Не можам да опишам како се чувствувам. Непријатно, гадно. Дури почнав да ги чувствувам влакната во устата. Почнав да халуцинирам.
СДК дека ме напна ПМС-ов 300. Менувам расположение ко жена у климакс. Чад ми излегува од ушите, чиниш Фени, од што сум нервозна. Мачкава ми се сожалува и седнува в скут предејќи. И тоа е женче мало. Понекогаш мислам дека повеќе ме разбира од сите. Како и да е, си дојде дечко ми. Иако напнато ја почнавме изутринава, ме израдува. Ми купил цигари и крем-бананче. Сеа ќе сварам кафе и ќе уживаме. Аааа, да, беше да разговара за работа. И си нашол. Сепак, нема да биде толку кризно месецов. Ќе се средиме полека, полека. Само здравје. Ме фатија 15те арни минути. Скокам од радост. За недела дена и двајцата ќе бидеме на работа. За месец дена ќе расчистиме долгови. За два месеца веќе ќе можам да си го дозволам парфемот и карминот што ги меркам од пред Нова година. Бидете ми поздравени и уживајте. http://www.youtube.com/watch?v=sS8fMuFofnE Ве гушка, Џоунс
Се повеќе сфаќам дека колку и да имам блиски и драги пријателки на кои можам да им се доверам и со коишто можам да бидам своја, сепак ништо не се споредува со односот мајка - ќерка. И навистина премногу ми е мило што имам толку блиска, специфична но убава комуникација со неа. Можеби поради нашиот отворен однос понекогаш премногу си дозволувам, во никоја ситуација не се каам толку како кога во караница ќе избрзам и ѝ кажам некој лош збор. И најблиските пријателки можат да ти се налутат за некој остар збор, но мајката секогаш простува. Секогаш така ми се стоплува срцето кога ќе се смириме после некоја караница, па ќе се смееме и зезаме отпосле за какви глупости сме се скарале. Без разлика на возраста, мајка ми за мене секогаш ќе биде личноста пред која буквално не кријам ништо, со која се смеам најслатко и секогаш ќе ја сметам и за своја најблиска пријателка.
Знаете што ме нервира? Што секогаш во околината сум предобра, на кој ќе можам ќе помогнам, ќе објаснам, неможам да одбијам човек за ништо, па дури и рандом некој од улица... Имам една другарка, ептен слабо и оди англиски, а јас се разбирам и се, заедно седиме на англиски и вежбите од час јас ги решавам, состави и помагам да напише и да ги прочита, и таа двојка што ја има пола е моја заслуга. Е мене па, математика не ми оди, кога не ја сфаќам џабе се... Муабетот е, и викам да дојде кај мене да повежбаме нешто да ми помогне 350 изговори најде да не дојде, де кај братучедите била, де ваму на гости и за неа немала време, на крај ми вика земи сама разјасни си ги. Толку фино ме одјеба, ама немам за што да се чудам, добро и е на неа кога има корист од мене а сега не бе не нема време, а по гости да шета има. Не му се исплати на човек да биде добар во денешно време...
Едвај чекам да ти поминат овие луди години, години каде што мислиш дека сите се против тебе,дека се што ти се зборувам е лошо . Јас сум ти онаа што ќе ја имаш цел живот во секој момент и дајбоже што побргу да ги сватиш моите совети како позитивни а не да се лутиш и да ми се понашаш за секоја ситница. А и признај дека неможеш без мене за се сум ти потребна сама неможеш а и незнаеш да мрднеш ... ма не и да не ми признаеш знам дека е така. Сеуште не си доволно зрела за да донесуваш важни одлуки а и неможеш да се осамостоиш со тој памет ,затоа помири се и прифаќај затоа што се е за твое добро.Јас не зборувам за џабе ова што ти го кажувам е од искуство,од тоа што сум доживеала... Сакав да те спасам да не минуваш низ слично минато како моето но ти веќе самата го избра тоа ,најмила си ми но следно нешто што очекувам е да бидеш повредена од твоите одлуки и да се освестиш колку не си била во право за своите постапки. Ќе сватиш дека сестра ти е онаа која намногу те сакала и чувала од се но тогаш ќе боли се многу....
Тенка е линијата помеѓу сонот и реалноста се што немаме во реалноста го имаме во сонот. се што имаме во сонот го немаме во реалноста.
Monna.Monna не го сваќај тоа толку лошо,само памти и го и оставија нека мисли дака те зезнала,не обврнувај повеќе внимание на другарка ти,знаеш како викаат тркалото се врти,ке дојде време кога пак ке и затреба твоја услуга,па на фин начин врати и,не вреди да се нервираш за такви,и тоа немој да дозволиш да влијае на тебе,едноставно кулирај и уживај.
Не дозволувајте им на луѓето да ве поколебаат во некоја важна одлука.Колку и да ве убедуваат дека грешите не им верувајте.Некои сакаат само да ве збунат да ви застанат на патот.Не дозволувајте другите да ви бидат патоказ во животот, туку сами избирајте по кој пат ќе тргните.Зошто без разлика дали ве чека неуспех или успех тој ќе биде само ваш, впрочем како што и животот е само ваш. Спојлер Единствено вистински патокази се само вашите родители.Другите имаат лажни насоки.
Сеирот и градот Спојлер превземено е од " Писателката од Лозана" ...Женава што убаво си го има опишано нашево мало градче ...многу ми се допадна текстов, морав да го постирам.. За за зу. Нечесто во мал град. Посебно ако не е Њујорк. Без слободните девојки. Модерните. Светските И заедно со ограничените. Кај нас не е госип. Кај нас е сеир. И е градче. Начичкано. Знаете, напамет ја знам серијава. Серијава во градот наш. Она што се случува секојдневно, што се повторува, што за некого е веќе видено, е здодевно, е исфилмувано. Велат: „Во нашето градче немаме кино, ама затоа глумци на сите страни.“ Одбегнувам да сум во првите редови, а секако ќе фатам од филмот. Можеби последна, ама ќе видам нешто. Сигурно и јас во тоа филмувано сум фатила кадар, не дека сум сакала, туку снимателот не си ја гледал работата. Снимај пред тебе, тоа што вели тој на твоето кафе, снимај и слушај што сака да ти каже! Не фаќај туѓ сеир. Далеку од тоа да сме стилот на Кери. Не дај Боже на Саманта! Ние се прикажуваме како Шарлот, така строго воспитани како католички деца, а кариерата ни е божем како таа на Миранда. Далеку сме од нивниот град, ама блиску сме до сеирот. Мислиме дека сме толку блиску до одлуките на другиот и дека ние најдобро знаеме да ги решиме. Ако сме му ги создале проблемите, тогаш ајде и да му ги решиме. Но, чекај, од каде толку време - зарем не сме зафатени решавајќи ги своите? Па, не. Кога се работи за серијата „Сеирот и градот“ одиграна во најблиската средина секогаш имаме време и седнуваме со кафенцето до нас за да гледаме. Мислиш, турска серија е туѓиов живот. Онаа, во ударен термин, во дваесет часот. Се соживуваш, плачеш, се смееш на нивните домашни проблеми, а си надвор од сцената. Си фаќаш сеир. Од серијата. Од целото градче. Ма, не сме виновни ние, големиот град е! Големото Јаболко е! Не сум виновна ни јас, ни ти, ни таа, ни тие - што не сме се родиле таму. Односно, што дел од тоа што поседуваат не ни го донесле ваму. Вторава варијанта повеќе ми се допаѓа. Дај ми платичка, пензиичка, К-15, бончиња, парк, па и шаховски центар - ќе видиш колку ќе ни биде убаво да си фаќаме сеир и од овде. Ќе имаме народ, луѓе, младина. И Саманта дури ќе дојде, има да ни ги помине сите локални момци, ама ако, нема да ѝ се лутам. Впрочем, барем ќе знаам дека таа го прави нередот, а не сите прикриени Саманти. Ги има многу, но далеку на њујоршки, на Самантов начин. Ама, не ги обвинувам - нема што да се прави. Барем нека се зафатени со тоа. Нека додадат сцени за новата епизода во „Сеирот и градот“. Инаку серијата ќе пропадне. А, уште тоа ни остана за гледање. Сепак си ни е дома. Не може без сеирот. Такви сме по душа - воајери, ѕиркачи. Ако имаме работа, ќе си ја гледаме нашата, а не туѓата. Но, некој нема. Нема фантазија да ја создаде, нема услови - и во ред е. Па, сепак - луѓе сме, да се сфатиме! Нели Кери сакаше да сфати секого? Ох, омилена типка. Јас и премногу ја сфаќав. Посебно кога ќе се изнадотераше. Кога ќе си поставеше прашање на лап-топчето, кога ќе си најдеше нова тема за пишување. И сите ја сфаќаа. Затоа што и таа ги сфаќаше сите, дозволуваше да нема предрасуди, да има слободни мисли, да не ги осудува другите. Но, голем е Њујорк - фрли ја мислата и ќе падне некому на глава, ќе се прошири низ многумина. Фрли ја во малото градче - ќе ти се врати тебе. Ќе ти падне, ќе мора сам да ја собереш. Не ја сака никој твојата идеја. Ама сите го сакаат твојот Ѕверка. А, тој - ни далеку од мажиште како Мистер Биг. Но, си е твој. И затоа го сакаат. Дека е поседуван, дека е нечиј. Не е интересен ако е сам. Ни ако е културен и фин. Само да е твој.Но, ни јас Кери, ни тој Ѕверка. Сите Миранди. Лик на Шарлот. Кој-таму со посакувани предиспозиции на Саманта. Колку се може. Си го сакам за за зу-то. Целиот мој град е таков. Заљубена сум во него, ги сакам луѓето, ме потсетуваат на мојот живот, на растењето. Нека има сеири, камо сите здрави и живи да ги изгледаме. На старост ќе пиеме топла домашна ракиичка. Ќе ги поминеме сите слави. Ќе наздравиме со сеирот. И со градот. А, малиот град е секаде ист. Толку душа, тага, среќа на едно место - па ќе пукне бочвичето ако е мало. И, филмот пука кога е преполнет. Но, си се снима. И ќе се снима. Сѐ додека има Град ќе има и Сеир.