Jenniffer lana.del-rey Немав таква намера,ама нема везе. Понекогаш тастатурата многу ме мрази! Со стило на училиште пишуваме немаме потреба од гума . Поправка интелектуални,а инетрпукциските знаци мака ми е да ги внесвам обично .... И добро си напишав „Не беше за вас ова наменето.“
Па само дискутираме,никој не рече дека е за нас ова. И не те мрази тебе тастатурата,очигледно професорката по Македонски јазик што не ти објаснила МНОГУ работи. И на форумов е препорачливо да се изразуваш литературно Македонски јазик,бидејќи јас не го разбрав тоа стило... мислиш со стилот или ... ?
Стило- пенкало. Јас сфаќам гледаш. Цвете мила знам дека не е за нас наменето, само дискутираме. Нели е за тоа форумот? Како и да е, малку поработи на тоа како се изразуваш. Цела фемина, фала, чао!
Пенкало е ок?Баш сега учиме правопис,ама ми е мака не сваќаш? Ваму запрка,таму запирка.Јас по Битолски сум се изразувала,се изразувам и ќе се изразувам!
Одамна вака ми се нема случено.Толку да се затворам во себе.Ни ми се шета,не одам ни на факултет,во петокот ми звони алармот да станам јас само го погледнав телеефонот и си реков немам воља да станам,да дишам а не пак на факултет да одам,И си прилегнав до кај 2 одвај станав. Мислам дека е облак и дека че претера се надевам на подобро нешто деновиве и барем нека се случи нешто интересно Нека ми дај животов нека шанса, на нешто да се надевам Оти вака ако продолжи лошо се че заврши.
СДК...се што е убаво кратко трае... Секој пат одново и одново се докажува ова. Така и овој викенд. Убавите работи не се купуваат со пари. Пример спомените ... Не ми требаат многу материјални работи за да бидам среќна. Здравје, малку љубов...и спомените од времето поминато со него. Се чувствувам среќно затоа што конечно можев да го гушкам колку што сакам, а сега? Сега веќе ми недостига и тоа премногу. И среќата ми е измешана со тага.. Тоа што сакав да кажам е не се замарајте многу со небитни работи. Уживајте. Убаво е кога во поодминати години човек може да се присеќа на спомени од младоста
Види,помала сум од тебе,ама тие се поголеми од тебе. И навистина сВаќаш не се пишува туку е сФаќаш,не знам,не е незнам,љубоВ,не е љубоФ и уште мал милион примери можам да ти напишам... И јас употребувам не литературни зборови во секојдневието,но тука се обидувам колку што можам да сум литературна. Потруди се и ти и ве молам не ме напаѓајте само сакам да и ги укажам грешките и да си ги поправи,од септември ќе биде 1ва средно,срамота е да не ги знае овие ОСНОВНИ правописни правила.
Фала богу дека форумот ќе биде замрен.А има и зошто. Кога ќе се развие некаква дискусија во која што ќе се дојде и до најблаго спротиставување при ставови темата се заклучува, одма се бришат мислења како ништо да не било, како ништо да не се случило воопшто. На темава у последниве неколку дена единствено што гледам е како дечиња од се препукуваат за работи кои може да си ги кажат во ЛП која патем постои за темите да не се полнат со офтопици, и за ова сум во право, ако пролистате малце погоре неколку пати ќе наидете на ваква ситуација. Цветчето и те како игра улога во очите на сите членови, тој со сино цветче се скрола се додека нема зелено, а тој со зелено се додека нема жолто и така натаму, а за борбава во како што еднаш претходно ја имам наречено виртуелнава градина со цветиќи нема крај на бесполезните мислења у кој што јадел и кој што пиел. Едноставно дискусијата помеѓу членовите е изгубена, да не речам квалитетната дискусија. Потоа тука спаѓаат сите технички запоставености на платформава која ќе дочека избори без да и се фрли и неа некоја лопата . Голем дел од членките кои ги читав, како пример zhap4e, ги тргнале аватарате од своите профили и сите знаеме зошто. Ама времињата се менуваат, да им оставиме на помладиве генерации кои патем стварно треба да ја научат функцијата на опцијата ЛП (л-и-ч-н-а-п-о-р-а-к-а) на форумот. Па кој кого попрво ќе дознае кој е на форумот, кој попрво за кој ќе каже, цели друштва зачленети коктелчиња во СП си постираат. Шта речи. И за крај, нема да го сместам овој дел у специјален поздрав до.. оти нејќум лајкови, им се обраќам на zhap4e, anabel-a, pamelche, Lilit, Trendafilka, Doozy, sesilija, ilipili, Hipster, LittleFairy, RainBow и на srcekrsacka дури и се обраќам, џ`ст ту сеј Хелоу. pozz
Ај добро утро. Дал ви Бог добро. Јас од седум и пол си ја заработив дневницата. Лупна тато две илјадарки Стари, ај нека не ти се тресе раката на толкава пензија само две илјадарки. Султанкава твоја за бензин низ градон толку ми потроши. Дај му пусти в гроб не ги носиме. Писна Султана Па се смилува и бапна уште една. Дај шта даш работава и без пари го сакам, ама мерак ми беше да го избричам на суво Него, бара утре зелник да му сукам. Не еден три ќе му исукам, крв да му стори. Станувам ко од тенк прегазена од акање по фамилијава од мојава Султанка. Мајка ми де. Битола ја превртевме цела, еее и знани и незнани ги избара. Ќе умрев а не знаев дека пред татко ми се сакала со Симе од Петрејца ама дедо не го обожавал И поарно што не биднала работата, ич не ми се бендиса.Го видов во чаршијата . Кај го давам нашиов Џорџ Клуни за овој. Вчера бевме во Маврово во викендицата. Ауу, Дејче овде ми прија воздухот. Ако ти прија ене ти го маж ти седите и дишете чист воздух.... Толку беше од личниов шофер Имам жено работа! Па ќе се прашува комшијава што не мрдаме по двор. Ела да те видам со мајка ми мрдај ти. Имајте убав ден. Сакајте ги мама и тато и тогаш кога немаат што да ви дадат. Бидејќи тие ви дале живот. А на вас останува, добро да ја изиграте улогата во истиот.
Вчера за првпат го видов моето новородено(можеби малку постаро) братучетче.После неколку месеци(односно половина година) ги видов тие ситни зеленки очиња и мали устиња кои лежат на ситно главче.Милата она,во стотици кебиња превиена,лежи на креветот,а јас одозгора и зборувам,и зборувам а таа слатко се смее и и проѕиркаат неколкуте забчиња во устата.Ја учам дека јас сум и дада,дека сум нејзина постара дада.И оп ете ја од никаде проговори нешто што би се чула „даљад“ ама би требало да значи „дада“.Безразлика,таа го проговори нејзиниот прв збор после „мама“ и „татА“.Не „баба“,не „дедо“,не „тета“,„чичо“ туку „дада“.Милата она на дада,да си жива и здрава,и заедно да си ги славиме нашите родендени-нели на ист ден се. Mood: Awww
Цревата ми одсвиреа, ако не три, барем две симфонии, сигурно. Моментално се наоѓаме во некоја конфликтна ситуација, јас и моите црева. Има денови кога сè ми се јаде, кога мислам дека ќе почнам да јадам сè. Всушност не мислам, туку јадам сè. И кога дури воздухот што го дишам, се лепи за мене. Дури и јаглеродот што го издишувам, останува залепен за мене. А има денови како вчера и денес, кога не јадам ништо. Не сум јадена уште од вчера сабајлето, ова време, само две кришки црн леб со зачини. По цели денови сум на нозе, а јаглеродот уште си стои во мене. Е па ќе протестирам, додека барем еден грам не симнам, ќе протестирам, не ставам ништо во уста! Не се сеќирајте за мене, имам доволно вишок, нема ништо да ми биде. А бе ајде, што е ова? Јадам, одам угоре. Не јадам, стојам во место. Е па мора малку во ред да се доведеме, во знак на протест. Очигледно немам попаметна работа, па си водам инает, со самата себеси. А бре јас имам и попаметна работа, само што ете, приоритет ми се овие глупиве... Будала сум и убаво ми е, остајте ме... Ете, почнало Малком ин д мидл, на Фокс. Ајде, здраво.
Си отварам јас така утрински фејсбук и што да видам 13 годишно девојче во врска со 17 годишен "момак" .Ар ју кидинг ми?Пред два дена ми кажуваат една била во врска па плачела на часови пошто сакала да раскине ... Немам зборови ... Наместо по симпатии да трчаат,да излегуваат надвор ,да возат велосипед или пак како нас (тинејџерите тука) на компјутер да дремат они што ти правеле. Сепак ...
Додека измислуваме приказни за другите кои каков е,а себе си не се гледаме,тешко дека ке се променат некои работи.
Може да има една СДК за повозрасни (нека има старосна граница), а една за Глам девојчињава ? Иначе, девојчињава одат на училиште ради реда и за промоција таму или за да научат нешто? Вака - така сите паметни се, а една реченица не знаат да напишат. Секако, со исклучоци. Имајте убав ден
Па ова беше еден убав ден! Без ралика што е тмурно надвор. Си добив петка по географија. Само малку на големиот одмор момчињата кои одеа зад нас зборуваа глупа тема...па сакав да побегнам. Темата нема да ја коментирам, но претпоставувате каква глупа тема би можеле момчиња на наша возраст, можеби една година поголеми да зборуваат. Па физика добро одеше, јас и одредена друга личност решававме за натпревар а оние со единици поправаа оценки. Не беше толку смешно колку што очекував, но како на братучед да ви кажам, да ви се пофалам (к-25 циганка) па и не беше лошо. Па потоа се осмелив да го кажам онаа што никој од класот не би го рекол. Можеби не беше добро, но некако го заслужи. И реков на одделенската бубалица дека е глупа. Па потоа си бев на додатната англиски и супер си поминав.
Неисцрпни извори на хејт. Ете, тоа го доживувам последниве неколку недели (камо се` на се` да беа толку малку недели) од комуникацијава со луѓево околу мене. Све се у некој депре муд. Ги сфаќам. Ни работа има (дури и кога има работа пак е нешо таков муд затоа што не` нервира новиот колега пошо не знаеме шо да му сместиме, или пак ние сме колегата кому треба да му се смести нешто пошо ако и новиот работи на другиот ќе му падне круната од глава), ни слога по дома ради таа работа, ни здравје, од промениве све живо се испонастина... не знам. И јас ги користам и ги истражувам сите работи кои животецов ми ги пружил, Господ ми ги дал (а ми дал навистина многу, свесна сум) и ме прават среќна и продолжувам да пркосам на целава оваа колективна тага, лутина, завидливост кон другиот, невоспитаност која ја кријат зад наводната демократија на изразување и не гледаат што и кому му велат ...
Многу е лошо кога треба да се криеш од другите. Кога треба да го криеш твојот живот од другите. И кога ги споделуваш сите тажни и среќни моменти со само неколку личности. А ти се случиле толку убави работи,посакуваш да раскажеш на сите. Посакуваш да се пофалиш со се,бидејќи си горда. Ама како? Како да го направиш тоа? Ќе те осудуваат,ќе бидат љубоморни. Често си го поставувам прашањето,зошто луѓето се злобни? Зошто им е криво кога некој постигнал поголем успех од нив? Зошто им е мило кога сте тажни,а полни се со омраза кога сте среќни? Што добиваат од тоа не ми е јасно. Колку би било убаво кога среќата би ја споделил со секого,и тие да се радуваат за тебе. Но бројот на такви луѓе е премногу мал,и тие треба да се чуваат. А другиве? И ним ке им се врати,дури и полошо...
Не разбирам која е поентата на луѓето да се лажно претставуваат. Тие ги сметам за лажни копии. Па нешто најбитно е човек да има свое јас. Да си има свои мислења, искрени без копии на други. Да се биде оригинален. Тоа е тоа. Тоа ги привлекува луѓето. А само на форуми некои се покажуваат реално, сурова реалност... Не сакам личности кои се лесни за манипулација, не сакам личности кои не се свои, не сакам личности со маски. Бидете свои, тогаш сите ќе ги сакам!
Ние сме еден страшно напатен, измачен народ, полн со комплекси, фрустрации на кои не може да им се најде крајот. Не е можно во оваа држава да се изјасни мислење кое ако е против нешто наше, македонско да не ти рипнат вечните патриоти во душа, кои патем си ги носат овие фрустрации. Ако е наше мора, ама мора да биде добро по дифолт, не смее да се даде критика, инаку, каков човек си бре ти? Збориш лошо за своето? Имаш грешни мисли, цццц. Кога ќе прочитам, ете, мора да се плука по нашето, се нашето не чини, само истото се врти ко расипана лента, по сите коментари на сајтови, по сите форуми, по фејсбук ми се гади веќе... Затоа може да се удавиме во сопствениот медиокритет, да ги угушиме сите спротиставени мислења и сите да бидеме ко едно, заложени за нашето, нашето македонското, најдоброто, што и да излезе од кај нас е врвот, така да знаете и мора сите да го величаме. Оооо македонче малечко и ситно, ама и ќе си останеме такви. Не е важно, важно е ние самите да си го сакаме нашето, а другите може да ни се фатат.
Незнам дали до сега имам пројадено трици на оваа тема,ама ако не,еве сега ќе пројадам. Скурчено ми е од оние бичи-стајл слики на Фејзбук,кадешто по некое не напишано правило мора да се гледа цело тело,со минич и со штикла 12ка,и обавезно еден дакфејс.Да не зборам за 500 лајка во 1 минута,и коментари од типот Најубавааааааааа,Најзгоднааааааааааа итн.... А знаете што е највеќе патетично? Тоа што оваа што ја стаила сликава им враќа Цела на тебе срцкааааааааа... Не знам зошто,ама вакви креатури ме нервираат.До даска!