Не сте кул кога глумите депресија,и тие кои што мислите дека ве сожалуваат и дека ви веруваат уствари ве дупат во (не)здрав мозок ...
Колку е убаво чувството кога ке направиш голем шопинг и од толку многу работи си заборавил што све си купил
Сите плачете од школо,јас плачам да одам во школо. Само во мојот град нашле професорите да штрајкуваат Што бе па ми фали школото во пакет со сите глупости,заебанции на часовите.За учењето не можам да кажам дека ми фали ама...
Знаеш колку некој ти значи во животот, кога колку и да си во право во некаква расправија - докажувањето на истото ти е неважно во споредба со зачувувањето на односите со таа личност. И да, понекогаш само едно длабоко вдишување и спречување на моменталната лутина да зборува од нас, може да ни заштеди многу повредени чувства од едната, и overthinking анализи на грижа на совест од другата страна...
Знаете обично кој е муабетот ко ќе се сретнете со луѓе освен класичносто трачарење? Мхм како се немало пари и како било тешко да се дојде до нив И сега ќе слушате поплаки и жалби И додека мрзливо си го пиете кафенцето се вртите околу вас и гледате дека 80% од луѓето околу вас биле на зимовање 80% од луѓето околу вас се скоро секоја година по одмори 80% од луѓето околу вас возат превозни средства (хаха не мислам на велосипеди) па не е ни чудо што Скопјево се задуши 80% од луѓето околу вас се дотерани ко глумци од холивуд 90% се со телефони кој 1 кој 2 кој повеќе, со по 3 броја да незнаеш на кој да ги бараш па скоро сите ко бизнисмени станавме Па ако ништо друго луѓе кои можат да си дозволат се што е (не)потребно нема смисла да се жалат
Моментот кога мртва уморна се враќам дома од работа со вкупно отспани 5 часа последните 3 ноќи и во трговски секој ден во исто време различни дечки ја свират истата песна. Застанувам да ја дослушам песната си пеам на глас и ич не ми е гајле што сите што ме гледаат се чудат која жичка ми се откачила. И се враќам дома со насмевка од уво до уво. Музиката чуда прави.
Се уништувам во последно време. Секој проклет нареден ден, ми откорнува парче од душава. Имам чувство дека ништо веќе не остана од неа. Но и покрај се, и тишинава сочувствува со мене... И цигарава не ме заситува..
СДК ... лошо е кога одеднаш од убав сон паѓате во некое чудно бунило. Колку и да се трудите да се разбудите, не оди. Па сте во полусон кој ве владее ден за ден ... Трпение викаат ... Ама тешко оди.
Дали има нешто попрекрасно кога ќе го видиш бебушот во 4д снимка, како мрда со рачињата и ноџињата во стомачето? Вчера цел ден баксуз ми беше, ама затоа денеска денов ми започна и заврши со убаво. Дознав дека малечкото што е кај вујна во стомаче, е женско...Да, да, да ќе си имам уште една братучедка, уште еден член во фамилијата. Цела душа ми се исполни, се разнежив кога го видов малечкото на снимка како мрда со рачињата, со ноџињата.......како марсовче беше Има да го дотерувувам и сета љубов да му ја пружам П.С не ми е верно што ќе бидам од неа постара 20 години.....ама тоа е Ви посакувам људичиња, да си дочекате се најубоо...од убајни да не куртулите
ми се кине срцето со секој твој збор на уште помали парчиња.. тешко е бе, ужасно е тешко.. а не сакам да се разделиме, отсекогаш сакав со тебе да бидам засекогаш
Не можам да разберам кога некој ја знае вистината, се прави како да не ја знае и те убедува згора на тоа Ех, после крив е Трпе, е крив е.
Лицемерие е основата на бизнис (пффф хахахаха ) културата и светот во оваа јадна држава. Ау да - и сексот. Поддржуваат буквално шизофренични газди кои ги малтретираат своите вработени, поддржуваат луѓе кои буквално брцаат во твој џеб и ставаат во свој, многу добро знаат какви се, ама ете... Со постари чикици без врат. Ако си млад и си во Македонија, ако си девојка, од старт планирај да инвестираш со своето тело. Ако сакаш да си успешна чесно, стани 80 кг (и при тоа успеј да си ја задржиш самодовербата) и изгледај паметно... трето не знам. Еве попаметен нека ме поучи, јас можеби глупава сум. И не, ништо не може да ме разубеди дека оние кои се пулени на ВМРО дека се интелектуалци. Сите се чудни, со подочњаци, со црно под душата, а не под ноктите, крвнички те гледаат и си мислат како да те искористат. Кога ќе се освести овој народ? Ја загадуваат само со своето присуство околината, духовно ја осиромашуваат, те загадуваат, ништо паметно не можеш да слушнеш. Дај веќе нешто нека се промени...атмосферава ме гуши...ми се плаче. И ми се случи нешто необично кое ќе го прескокнам за коментар. Значеше дека не ми е ни времето ни местото каде што е полно со мршојади? Не знам... Еве уште не можам да се соземам... Тажна сум...ама навистина тажна. Најтешко ми паѓа што морам да станувам лицемер... а не сакам...воопшто не сакам.
Spoiler у пичку матер више со чувствава, ебате не е фер секогаш да даваш и на крај да си поебан и тужен, не е фер секогаш нешто што сакаш да губиш заради друг се ми се испреврте у животов, се извињавам за јазикот, ама навистина нема смисла..
се сеќаваш ли ..денес ќе имавме 5 годишнина од нашата веридба.. можеби и дете ќе имавме наше најсакано на цел свет ..можеби немаше да има никој посреќен од нас.. но нас не постои веќе ,сега сме ти и јас и тој и таа .. претворени во камен ,нашите срца нема никогаш да зачукаат заедно..и дали ме сакаш или не??..или дали те сакам или не?? ..зарем е важно...знае ли некој за нас дека имаше двајца млади кои се сакаа повеќе од било што, дека на крај гордоста ја закопа нивната лубов длабоко во нивните срца која никогаш нема да излезе a секогаш ке ги задушува.. .. и за крај вредеше ли да ме изгубиш без да ни дадеш шанса Да пробаме уште еднаш ..да не се избориш за мене ниту малку ,да не ме сослушаш ниту еднаш..зарем толку ти значев да ме убиеш без милост!!!
Доjде денот Д. Прашаюе на тоа дали ке биде нешто од мене или не. Ке се борам до краj до последните секунди морам да успеам. На чекор до целта, се надевам ке си jа остворам
Баш си размислував... Ние во наша земја сме оние на просјачки стап, други владеат во државава. А, во Германија, Норвешка, Швајцарија, итн... прво си ги вработуваат нивните, па потоа придојдените.
Толку многу угнетени души. Патетики. Кога мозокот ти е единственото нешто што го имаш, бидејќи и така не си успеал да створиш ништо повеќе со него, редно време е да се активира за нешто друго освен за жалопојки. Сопствената игнорантност поради која не се гледа подалеку од носот е барем добра бидејќи се нема потреба да се погледне подалеку во хоризонтот и да се види вистинската мизерија во душата ,наместо да се труби за онаа во опшеството. Оти нели секој е најпаметен, најдобар и скалило погоре...ама другиот го гледа напорки. Па онака достонинствено ќе му фрлиме некој камен за да не му текне да не опули. Клучниот момент е главата горе да се држи...нивото да се одржи де.
Ако нешто во животов е сигурно.. тоа е дека се се менува. Ништо не е статично. Дека и тогаш кога ќе кажеш "Никогаш не вели никогаш.." веќе си го кажал 2 пати. Дека иако некогаш се ни изгледа како времето да стои.. кога и да погледнеме наназад..ништо не е исто..ние не сме истите..не сме оние од лани..од 3 години пред тоа, па дури не сме ни истите од вчера... Промените се дешаваат... некогаш... спонтано, природно..тивко и незабележливо.. некогаш..одбиваме да се смениме..но евентуално иако го одложуваме тој процес.. тоа се дешава... а некогаш упознаваме личност и постепено се менуваме.. не затоа што таа личност го сака тоа од нас..туку се менуваме затоа што ние почнуваме да го сакаме тоа... Последно време.. се чудам на еден брилијантен ум, на докажана интелигенција над просекот... како за одредени работи може толку глупаво да размислува..да се ограничи себе си со некои си идеи, глупави идеи... просто невероватно. Не судам. Само ми е страшно чудно. Верувам дека има доволно причини за тоа.. уствари не верувам.. ама ете тоа го користам за да му го оправдам таквото мислење. Денов сив. Посив и од најсивото сивило. Се опуштам со Yanni, во овакви сиви денови тој ми е омилената плеј листа. Морам да признаам пред некои си 6-7 години.. сега бивш-тогаш дечко, ме упозна со неговата музика.. ахх..спомени Типов е ѕвер. Музикава.. перфекција... Уживајте!!