наидов на карактер шо сака да има многу, без да се потруди и наидов на многу силен карактер, каде најдов многу заедничко со мојот, а јас растргната на средина и двајцата важни за мене. Кој и да поддржам - грешам... lost
Бев излезена , си поминав убаво , се вратив околу 2 часот и не можев да заспијам , потоа знаете што следи пуштање компјутер да се види некое филмче и уклучвање на фемина неизоставен дел одамна вака не сум дочекала да ми се спои ноќта со утрото сепак , имам сили да продолжам натаму без трошка сон, до каде ќе стигнам не знам, вас феминки ви посакувам добро утро , и повеќе позитвни мислења , немојте кога ќе се уклучам после да ми стигаат известувања за прекорувања и препукувања , секако чест на исклучоците де одам да го зграпчам денот со шоља турско јако кафе
Прифаќањето работи со кои не се согласуваме и луѓе чии ставови и мислења се различни од нашите се една од најтешките работи што се бараат од нас за да се вклопиме во животната бариера. Не секогаш ќе ни се допаѓа се што ќе видиме и слушнеме, а можноста да го прифатиме како такво ќе ни овозможи да продолжиме понатаму. Се е полесно кога ќе допуштиме релативноста да не води. Умереноста не е секогаш добра, но пожелно е да ја применуваме кога постои опасност преголемите очекувања да ја урнат убавата кула од карти за да не дозволиме да останеме без резервниот адут. Кога ќе олабавите со мислите и ќе ги омекнете ставовите кон себе и кон другите ќе си дозволите поголема психо-емотивна релаксација, а и подобра контрола на нештата.
Во сосема поинаков контекст го пишуваш ова, ама мене ме влече на моите секојдневни маки и проблеми... Знаеш ли дека просечниот човек не познава половина тие зборови, 2/3 ги има само еднаш употребено, случајно, а 7/8, за да биде тамам Македонски, воопшто ги нема во личниот вокабулар и не ги користи за комуникација со светот. Тоа ми е маката, простата раја нè владее и неа сме ѝ потчинети. Луѓе чии потреби може да се искажат со едноставни 5-10 зборови. Дај, тргни се, направи, ќути, глупав си и неколку негации од типот не знам јас и не сакам. Залудно е да се соочиш со просечниот човек и да му објасниш како се чувствуваш со сите 100 илјади зборови бидејќи тој не го познава тој јазик, го познава само овој, нагонскиот, природниот. Затоа и сакам да избегам некаде далеку, некаде во планина, да изградам куќа со поглед само кон шумата, никако кон градот и луѓето. Да живеам од домашната бавча, да се дружам со верверички и да читам вести на интернет само за новите фотографии од Хабл телескопот, ништо повеќе.
Да се надоврзам на твојот пост и на Капетанот, доста често среќавам луѓе што се жалат како јазикот е сиромав итн. а ако спомнеш некој несекојдневен збор не знаат ни што значи. Епа ако те мрзи да учиш нов вокабулар тогаш не барај кривица од надвор. Но тоа е така и во другите аспекти од животот.
Веќе ми е смачено да се дружам со таканаречени „другарки“.Другарки за кои постоиш само кога имаат потреба од тебе и кога ќе си и од корист.Во моменти кога ја немаат таа потреба тие забораваат на мене.Забораваат дека постојам.Секогаш одбегнувам да се карам,па затоа ајде еднаш да и помогнам,ајде двапати ама тие немаат осет.Денес конечно се соочив со она што требаше да се соочам одамна.И реков не.И секако почнаа речениците „Роуз не си добра другарка“. Или пак „Роуз вака ми враќаш на моето добро“.Какво добро?Половина и повеќе од времето ме правиш најглупавата личност на светот,а сега јас сум онаа од која зависиш?Не фала.Не ми требаат такви „другарки“
@Captain-Omni @BoneMachine во однос на тоа што го спомнавте - мене еднаш ми се случи при дискусија со еден тип, да ме пресече на сред реченица и да ме праша: Извини, што значи тоа „полемизира"? И прееска го спомна, ама ми беше глупо да те прашам. Мене зборот ми беше дека некогаш не можеш да најдеш соодветно објаснување за тоа како се чувствуваш. Имам налетано на статии за чувства за кои едноставно не постојат зборови. Не можеш да ги сместиш во ниеден збор што ќе го најдеш во речник, најчесто затоа што се комбинација од повеќе. Она што некогаш ни се случува одвнатре, е премногу комплицирано за да се дефинира со неколку зборови. Тоа ми беше поентата
^ Се` повеќе запознавам луѓе кои копнеат по комплетна изолација. На сите нив им е една слика пред очи, со мала варијација во деталите. Во главно е некоја дрвена куќарка на отворена ливада со бујна и зелена трева. Не знам дали е до мене или навистина сите ја имаме таа иста пуста желба за бегство. Па, не е ни чудо кога ќе видиш уствари, вака поведени од динамичното темпо кое го наметнува самиот живот можеме само мир да си посакаме. Но, според мене желбата да се оди кон вака високи предели ја отсликува длабочината и мудроста во човека. Потребата да трага и изнаоѓа себе си` во сите свои форми, видови, аспекти. Така да колку и да се стремиме ние кон воздигнување на колективната свест и хуманост, вистината е дека вистинските квалитети ќе ги најдеме единствено во себе. Далеку од стадото, системот, кутијата. Само таму лежи формулата за среќа и душевна исполнетост.
Почна елиминацијата на лажните пријатели. Овој пат нема повторно смирување и пишување пораки на фб. Доста беше, не можам да се расправам со нестабилни карактери, со личности што не се сигурни што сакаат да постигнат и што немаат грам мозок. Добро почна викендот. Одамна не сум била на некоја добра журка. Вечерва се надевам дека повторно добро ќе си поминам, без разлика дали ќе биде журка или кафе. Доволно е да си направи човек муабет. Што ви се вика коинциденција... секое доаѓање дома и излегување да гледаш некој постојано, без да знаеш каде е ... Морничаво хахаха Сум се заљубила женски во еден часовник со метално ремче... уште пари да си соберам и да си го купам. Омиелен моден додаток ми е часовник, посебно кога е така малце повпечатлив еххх
Епа дечки за 3 дена полнам 16,ама прославата е закажана за денес. Некако сум возбудена ама ме фаќа и трема. Посакајте ми среќа!
Пијам јако швицарско кафе, опуштено музиче, лакирам нокти и читам фемина... убава мирна сабота... Памтам и подобри денови додуша, среќа по мене автосугестијава ми е јака страна па ми го разведрува и најтмурниот ден... Решив да ги одмарам овие два дена.. да ги наполнам веќе истрошените батерии и од понеделник одново со учење. Се исфорсирав до максимум, не спиев асално, заборавав да јадам, учев со кафе, зелен чај, кока кола (која иначе не ја пијам)...ама ни тоа не е работа бре!! ..да ви кажам право... Станав тетка по прв пат во животов. Братучетка ми, ни донесе на свет уште една водолија во фамилија(као малце да не имаше ) и тоа на својот роденден.. колку е само тоа слатко Едвај чекам да видам бебчето.. Посакувам да не искуси ништо помалку од љубов!! И еден ден здравје, кога ќе биде доволно големка и дај боже паметна да си го најде патот надвор од земјава. (добро сеа..ова последново може а и не мора) Частам!! Повелете, за сите има!!
Она кога ќе си седнеш со баба ти,и ќе почне да ти раскажува за нејзиното детство,ти љубопитно си се претворил целиот во уши, а го слушаш по.... не знаеш ни самиот по кој пат.
Некои денови се чувствувам празно. Денес не е таков ден. Толку љубов имам во себе, ја чувствувам низ целото тело.
Не можам да ги разберам луѓево, кога ќе понижат некого, мислат дека којзнае што направиле? Супериорно се чуствуваат ли, Оскар ли добиле? Кое е тоа задоволство, кога го прават тоа, не ми е јасно и онака ништо не добиваат, па за да нешто возвишено се осеќаат