Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Горде, не труди се да си го разјасниш тоа, за такво нешто ти треба болен ум и празен живот, а ти ни едното ни другото го немаш. Оној што има свој живот нема ни причина, ни потреба да се занива со другите, само оној што по цел ден безделничи има и врем и желба да се занимава со тугиот живот.
    Понижувајки го другиот, човек само покажува колку може ниско да падне и дека сепак и завидува на таа особа која сака „да ја понижи“ .
     
    На toogood, Gordana10 и Daleron им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Има и луѓе што покрај својот живот, ги обвинуваат другите, заради нивните успеси, па единствен начин, дали можеби за да се утешат себе си, не знам, е понижувањето.Секој си го гледа своето и секако дека се што направил, не направил заради некој друг, туку заради себе, само има луѓе на кои тоа им смета, оттука произлегува дека проблемот не е во другите, туку во оној кој не успеал.Така да, човек сам си е крив, ако нешто не направил и треба да си го прифати тоа.
     
    На Candid, toogood и Bah им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.934
    Допаѓања:
    163.987
    Мајка ми имаше колега што на старите опајдури во фирма кога го канеле на кафе на пауза им викал- со стари ороспии кафе не пијам.
    Многу уличарски, па и неџентлменски, ама... кога ќе поминеш троа во животот ќе сфатиш дека има вистина во една простачка реченица.

    Сабота,жени и шанк.
    Ми се мрштеше, црвен кармин и црна ролка (ало ролка...не е деколте), не може! Може, може, твое си е твое, ама мое е да се љуснам тро, тешки денови зад мене оставив.
    Почнавме да се нервираме, тоа е добро, тоа значи дека сме нормални, барем во нашиот однос. Со кренати носеви да се судриме и сакаме!

    Ќао, пријатно, сите ве сакам.
     
    На Annath, anuskaNESTLE, Candid и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Денот кога тебе ти дадоа крилја мојата клупа остана празна.

    Бели.
    Рајски.
    Крилја.

    Сакав да ти напишам писмо,адресирано до височините.А минаа пет години.Некоја следна есен ќе го побарам патот до тебе кого небото ќе се отвори,ти ветувам ќе ти напишам стихови.Се уште се сеќавам на бојата на твојата коса.Можеби некогаш немаше да приметам дека го оставаш столчето празно,но ти ден за ден ги редеше,денови празни денови отсуство.Понекогаш во тишината ми доаѓаш во мислите.

    Те сонував еднаш.
    Како ме шеташ зад рајските ѕидови,искачив мермерни скали,а кога ме испраќаше на ја мина последната,ти носеше бел фустан,така те испративме со дожд,мака,солзи и бел фустан.Понекогаш можам да ја допрам болката во градите свои.Твоето тело беше премногу кревко и не можеше да се бори со болеста,не можеше да се бори со темните сенки над тебе.

    Ти заспа пред портите на рајот,а јас и ден денес се прашувам што сонуваше.
    Рајот ти ги отвори портите.
    Знам.
    Твоето име сега има пет букви.
    Помеѓу ангелите.
     
    На ariela09, Ivy89, kala21 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Еден ден и јас ќе пронајдам гумичка да ја избришам црната точка на белиот лист! Верувам во тоа... :$
     
    На Madam-A и Candid им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    45.907
    Пол:
    Женски
    Деновиве ми беа толку празни во последно време...ме погоди лош период, ме фатија болести, паднав еден куп испити, кавгите во врската ме преполовија...толку бев под стрес што дечко ми беше сигурен дека сум сменета поради тоа што имам друг.
    Уште сум под стрес, но сега почна да попушта и добро сум...
    Едноставно животот некогаш оди у пм и те тера да го мразиш.
    Gravity is working against me...
    Искрено се чувствувам изгубено, ова е многу битна година од мојот живот и искрено се плашам што ќе ми донесе, не ме радува, напротив.
    Понекогаш седнувам и се прашувам дали ги правам вистинските избори, дали оние кои ги одбирам ќе ме одведат на вистинско место...

    Некогаш толку ме боли самото постоење на светов, што знам...еве не знам како да ја дефинирам таа болка, ама искрено посакувам да изумреме сите како вид зошто сме злобни и незаслужни за убавините кои ни се дадени.Нема ден да не седнам на нет и да не се расплачам од некоја приказна или слика...толку убивања, толку мачења, толку војни, глад за храна и за љубов и сите очајни обиди ова скапано човешто што ги прави да докаже дека ете уште имаме душа ми се трагични и не можат да ми ги тргнат овие црни слики.
    Страв ми е да мислам на иднината, страв ми е да мислам дека треба да растам деца во вакво општество, страв ми е од една страна и дека нема ни да го дочекам тоа...сакам да верувам дека сум оптимист по природа, но не оди во последно време...

    Денес ја повредив мајка ми со некој збор, ненамерно, ама ете цел ден ме боли.Ме боли и неговиот поглед кој мисли дека ме изгубил, а го сакам со цело битие, но што ако и него го повредам еден ден...ме боли самата помисла дека со збор, гест може да повредиш некого толку многу.Сфатив дека сите сме створени на тој начин, дека може да повредиме и секогаш го правиме тоа, оти ете луѓе сме имаме чувства и ни се може.И сфатив дека сме настроени и створени да се самоуништиме, во генетскиот код ни е и го правиме тоа секојдневно, постојано.

    Се почесто гледам тажни очи, празни срца, површни млади, огорчени старци, од толку самобендисаност, егоизам и саможивност ослепевме.Ете 90 % се само куп коски, месо, клетки без душа...другите 10 губат воља за живот од што им се гади од светов...

    Многу мрачни мисли ми надојдоа, ете доновиве ги обвинувам, стрес е, ама....
     
    На SV1911, anuskaNESTLE, marama и 30 други им се допаѓа ова.
  8. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Денешниов ден лош како и времево... Од почеток до крај.
    Таман помислив дека нешто ќе го под-оправи, катастрофа нема назад. Единствена светла точка, денес го пронајдов видеово, нстварно ме фасцинира, го изгледав неколку пати и ќе го пуштам додека денов не си замине, чисто ради баланс,...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Мразам да трошам пари рационално.Сакам луксуз.]:)
     
  10. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    "Ok" , namesto kilometarski izliv na bes...
    10930908_914853221880374_5084859472235203371_n.jpeg
     
    На EMoonlight, SV1911 и galapce им се допаѓа ова.
  11. TheAngel

    TheAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Не секогаш се' е црно или бело.. најчесто се нијанси на сиво. Она што сакав да кажам е дека се' е релативно. Можеби некого го повредиле моите постапки. Некому помогнале. За некои сум добра личност, за некои не.
    Вистината има повеќе страни.
    Се зависи од перспективата од која ги гледаме работите. Затоа никогаш не треба да судиме за било што.
     
    На ozbilnazena, sweet-cherry, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Додека ноќта го покрива градот, и тишината завладува со мојата соба, седам во креветот во својата соба и размислувам..
    Размислувам за тоа што се ми има донесено животот и низ што се сум поминала. Размислувам за моето детсво кога бев малечко, невино девојченце, и сфатив дека детството е најбезгрижниот а воедно и најубавиот период од нашиот живот. Размислувам за личноста која ми предизвика толку многу болки и се прашувам, дали некој ден ќе можам да и простам? Дали ќе можам да и простам за тоа што ми го уништи детството, што не ми дозволи да бидам дете? Ќе и простам ли за сите пролеани солзи поради неа? За моментите кога ме растажила? Ќе и простам ли за тоа што ме заборави и си продолжи со животот како ништо да не се случило? Ќе и простам ли за тоа што никогаш не ми беше мајка? Не, никогаш нема да и простам.
    Благодарна сум и на личноста што секогаш е тука за мене. Секогаш беше до мене, и се погрижи никогаш да не се срушам. Никогаш не ме растажи, и не ме остави. На личноста која ме изведе на правиот пат. Ми покажа што е добро а што лошо. Благодарна сум што направи и прави се за мене и за тоа јас да има поудобен живот. За тоа што се труди да ми ги оствари сите желби. Се бори заедно со мене, и никогаш не се откажува, па дури и кога јас сум се веќе откажала. Но знам дека тој тоа не го правел затоа што морал, туку затоа што сакал тоа да го направи. Не го прави тоа за мојата благодарност, или за било што друго на светот. Тато, ти си мојот херој, и знај дека многу те сакам. :l: Ти ветувам дека нема да се предавам и дека нема да те растажам. Ти ветувам дека ќе успеам. Ќе си ги остварам сите мои сништа и ќе те направам горд на мене. Никогаш нема да те разочарам. Ќе станам девојка каква што отсекогаш сакаше да бидам, со карактер и добри манири. Ти ветувам, тато.
    Камо засекогаш да можев да бидам твоето малечко девојченце.
     
    На ColoursOfTheRainbow, НаталиЛили, anina и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Колку сценарија од секаков вид и блиц анализи на тоа што (погрешно) си кажала од девеес друга наваму во комуникацијата со некоја личност, во просек поминуваат низ глава една секунда после фамозното „треба да разговараме“..? 8-|

    [​IMG]
     
    На Ivy89, anina, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Колку ми е само криво, личноста што била покрај мене, што ме слушала и ми викала да останам силна, да не се плашам, да застанам цврсто, да не паѓам на мојата слаба точка, личноста на која ѝ реков дека не можам, личноста која не ја послушав. се уништив и сега закрепнувам од тоа, на истата таа личност сега јас ѝ ги викам истите работи и сега таа ми вика не можам, сега јас слушам 'слаба точка ми e'.
    Колку само ме боли што блиска личност минува низ таков период низ кој што јас сум минала. Затоа што знам колку е болно и колку човек може да се самоуништи. А тоа воопшто не го сакам за неа.
    Ја сфаќам, не дека не. Знам како е да се давиш, ги слушаш како викаат по тебе да те спасат и те влечат, ама ти пливаш кон дното. Знам и колку е тешко после сам да испливаш на површина. Знам како е, ама не сакам. Не сакам на неа да ѝ се случува тоа. Не е фер.
     
    На Yowannty, Daleron и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  15. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    17.210
    Пол:
    Женски
    Прв пат одам во кино со дечко...
    И... Сите можни (двајца) бивши ми се појавија во видното поле, ми надојде бура од емоции, премногу за една вечер...
    Бивш бр.1 го гледам во фоајето со жена му под рака, а околу нив трчка негова мала копија. Ме поздрави од далеку. Станал фамилијарен човек, но сеуште го има тој палав поглед и шарм во кој се заљубив многу одамна, а поради кој и го оставив. И ќе излажам ако кажам дека не помислив бар на миг што би било да бев на местото на таа жена, а тоа малечко човече мое.
    Бивш бр.2 го гледам на излезот од една кафана, пијан, се тетерави, со баграта другари. На два чекори од мене не ме ни виде, а не па да ме препознае. И подобро... Зошто сигурна сум дека ќе следеше некоја сцена и реакција типична за него...

    Гледајќи ги и споредувајќи ги со овој што сега го држам за рака, сфаќам дека ништо битно не сум пропуштила. И да... Почнав да верувам во трета среќа! :inlove:
     
    На Elena69221, Ivy89, НаталиЛили и 26 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.229
    Допаѓања:
    176.098
    Пол:
    Женски
    Мислев дека утрото ми почна убаво и таман се израдвав дека еден ден не ми тргнува на лева нога ... :@:worried: и почнав да си барам новото USB од 16GB и само што ми текна дека сум го заборавила во книжара Петокот :talk: И ајде, таму ме знаат редовна сум, ама не беше човекот кај кој секогаш печатам туку еден што ми е душман кога ќе влезам :whew: И сега во поголема или помала рака ме фркна глата, веќе нема ден кога не ме боли. :envy:
    Едина добра работа за сега е тоа што полагам англиски екстерно, исто како лани. :smoke:
    Дури почнав да се каам што станав утрово, а уште повеќе што отидов да печатам во Петокот зошто на крај на ден се виде дека тој материјал беше најнепотребен и дека немаше апсолутна потреба да се печати (онака си го повторувам ова за „полесно“ да ми е) |(

    И зошто никогаш не останувам на една работа кога зборувам, сакам да кажам за Тоше неколку збора. Многу ми е мило што барем на еден ден ни текнува да објавниме песна од него. Се нервирам кога некој ќе речи „ах се сеќавате на него само на неговиот роденден и денот кога умре“, а вие? Никогаш?
    Во глобала многу го сакав кога бев мала и моите чувства не се сменија до сега. Вистина е дека тип на музика веќе таков и не слушам, ама не значи дека не ги милувам неговите песни. Како и да е, би заменила многу само тој да е жив. Многу го сакав. Се сеќавам кога бев мала и он ми беше прв краш и кога идев кај баба во Крушево ја молев да ме носи кај него и кога ги ставив рацете врз очите на чичо дури возеше за да застани да го видам Тоше (тоа некаде под манастирот негов беше). ;(:l::u:


    (омилена)
    :*::music:

    И се надевам последна работа која имам да ја кажам, ако не ми притекни уште нешто друго ... мислам дека запознав едно доста напорно машко кое неможи да се помири од „не.:headbang::drunk: До сега има добиено три корпи од мене и некако сеуште се обидува и се обидува, ама мислам дека се осигурав веќе да не ми зборни во животот. :mm: И секако, и ова ми се враќа зошто се смеев на тој кој се пушташе на другарка ми и само збори со мене детето и ми прај „ама таа ми мана корпа само еднаш!“ ... сериозно сакав да знам до која бројка сака да се обидува. :lol:
    И знам ќе речите дека океј е да се обидува, ама не е во ред кога се однесува како creep и буквално мораш да бегаш зошто ти е страв дека ако не си доволно внимателен ќе те смува кога најмалце очекуваш. (facepalm)

    И мислам доста се жалам, редно е малце да седнам да си доучам ... |(
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Денес или ќе победиме или ќе победиме - трето нема! :bow:
     
    На Yowannty, galapce и MiaNmaR им се допаѓа ова.
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк...
    Не е важно што и како правиш, туку колку љубов внесуваш во тоа...[​IMG]
     
    На Ivy89, Giovanna, anina и 11 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.272
    Допаѓања:
    67.877
    Пол:
    Женски
    За разлика од повеќето работи, радоста кога се дели е поголема.
     
    На Giovanna, SV1911, tessie и 14 други им се допаѓа ова.
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Така е Виножитке:hug::hug::hug: поздрав до тебе:f:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.