Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.383
    СДК за викенди имам фетиш да сечам пружени алишта на комшии.
     
    На Viktorijaaa5, Daleron, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    И мене хоби ми е тоа ама јас секојдневно го практикувам. Како тоа само преку викенди? :?:
     
    На tessie и BoneMachine им се допаѓа ова.
  3. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.383
    Кај мене во мало обично алиштата од цела недела ги перат за викенд, тогаш има највеќе избор.
     
    На tessie и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Колку лош почеток на годината...
    Баба ми си замина на онај свет. Срцето ми се скрши по трет пат. Не плачев на погребот, таква сум не можам да плачам пред роднини и пред моите. Сношти си плачев, ама си ветив ќе си ја паметам таква каква што си беше, како секоја жена што сака да ја провоцира снаата, да даде скришум пари на внуците и да те потсети да не си доаѓаш касно од диско, зошто по некоја година ќе треба да се мажиш. Лошото за денес нека остане.
    Со нови сили за подобро утре. :)
     
    На nevermet18 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  5. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Екстерно утре.
    Can't wait.
    (poolparty)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    4.325
    Гледав на Канал 5 плус, некоја кратка емисија што пропагира православие. По краткото излагање на жената теолог за божемното натприродно зачнување на Марија, почнувам симпатизирам со атеистите на подфорумот религија и да ги сфаќам зошто истата им пречи или им делува неприфатливо. Јас сепак не сум атеист, но останувам вон-црковен Боготрагател.

    Воедно ја честитам победата на СИРИЗА во Грција, премиерот Ципрас за првпат дал заклетва без присуство на свештени лица. Ова е голем духовен напредок за Грција, а дали напредокот ќе се види и во економијата и политиката допрва ќе видиме.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.927
    Допаѓања:
    163.962
    Водолија можам да распознаам на милијарда километри. Не знам што е тоа што го имаат интересно во себе, не се објаснува, кај другите луѓе не можам да го видам.
    Можеби затоа што една ме носела под срцето.
    Мама царица си и те сакам повеќе од се на светот!!!
     
    На cresa-jagoda, duffi, Yipman2 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Можеби, ако човек би ја слушал својата интуиција, можеби никогаш не би погрешил :wasntme: :?: Арно велеше еден човек, душата ( интуицијата) знае се, а умот појма нема, па знае да му направи на човека проблеми, па во одредени моменти да се просветли наеднаш и да рече по сто пати „ знаев“ :wasntme: само тоа „ знаев“ некогаш и доцна може да се јави кога не треба.Тоа како да гледаш утакмица, па си дрдориш во себе, јави се коментаторот на се и сешто и почнува со операта (facepalm) Добро е човек да знае до каде му се границите на однесување.
     
    На cresa-jagoda и HoneyBun им се допаѓа ова.
  9. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Koлку е убаво чувтсвото кога целиод ден го посветиш на себеси ,си ги средив вејгите потоа следеше депилација ,па маска за лице, маска са коса купка како камен да ми падна од душата некако полесна се чувтсувам ,е сега кога падна ноќта убаво ке си застанам покрај камин незаменливо чувство на мир 10933874_613243212142284_3816844267636825688_n.jpg
     
    На anina, Elena69221, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Она чувство кога сред вежбање ти паѓаат хеланките и од една страна се нервираш кога ги поткреваш на секое, а од друга страна скришум се радуваш што си намалил обем на стомак и бутини (poolparty)

    Уживам.
     
    На Captain-Omni, anina, Elena69221 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. black's'thebest

    black's'thebest Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Што утка ќе направев сабајлево
    Станувам-нема никој,што убаво ми дојде па и стрелките ми покажуваат точно 9,помислив барем 2-3 саати сама. Ми олесна :sweat:,не сум се закаснила а имав обврски. Пуштив телевизор,си прилегнав.
    По 5 минути гледам 12:00,срипав од кревет и сфатив дека сум ги помешала стрелките,будала работа.
     
  12. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Verna zena e onaa koja odlucila dozivotno da nervirat eden maz... :D
    10339710_1584730351748882_9085912137240430415_n.png
     
    На anina, cresa-jagoda, kala21 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.529
    Пол:
    Женски
    Сакам еден посебен вид на болка што прави целото тело да ми пулсира. Испреплетена со задоволство, ослободена од секаков срам, страв и фрустрација.

    Сакам да се чувствувам слободна, а заробена во неговата прегратка. Сакам да бидам негова, дури ме гризе за врат, влече за коса, лиже по стомакот надолу. Сакам да го поседува целото мое тело, секој сантиметар од мојата кожа, секоја капка пот и плунка. Неговите прсти во мојата коса, низ моите гради, во мене. Заедно, ние.
     
    На Adina, anina, Umbrella22 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.526
    Допаѓања:
    92.229
    Пол:
    Женски
    Како дома се одвива разговорот околу барање работа?

    Мајка ми: Време е да најдете работа!
    Јас: Видов на оглас за една продавничка/бутик.
    Мајка ми: Не си ти за во продавница!
    Сестра ми: Слушнав за игротека.
    Мајка ми: Не си за во игротека!

    И така ние редиме огласи, а таа причини зошто не сме за таа работа. Па уште и се лути како е можно да ни текнало нешто такво да работиме, ко мислиш и викаме да убиваме луѓе..
    Работава е најдете работа ама ако може да не работите. А од друга страна се лути зошто не придонесуваме дома финансиски.
     
    На anina, Umbrella22, Elena69221 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    ИИИИИИИИИИИИИИИ повторно вечерва сама со чаша вино во рака,не не сум алкохоличарка не се грижете само пробвам од време на време да ја удам тагата,живот шта чеш....
     
    На mila89 и HoneyBun им се допаѓа ова.
  16. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Сдк ми докажа дека знаеш да почитуваш други, навистина ми е мило што и покрај се си тука, велиш молчам но мене едноставно ми се допаѓа начинот на кој што раскажуваш а како додаток го имаш сјајот во очите. Нема да издржам уште многу пред да се предадам и да ти кажам да само за тој период не се откажувај од мене бидејќи чекав долго време некој како тебе :):)
     
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.283
    Пол:
    Женски
    Во недела одам на шопинг Солун да не ме мислите кај сум , слушнав еве случајно имало попуст па да се подновам и маркирам де :D и фискална ќе ви доставам и слики и се , ете така да си знаете , да видам и јас какво е чуството да носиш марки и брендови , да не љубоморам на други пустата јас :sun::rofl::rofl::rofl:
     
    На anina и galapce им се допаѓа ова.
  18. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Често си го каснувам јазикот да не ја опцујам љубовната мизерија кај многу жени. Премногу често си дозволувам да ги искритикувам и морализирам површните ситуации како глупави и секојдневни, а сирото - засегнатата страна да ја сметам за тешка глупача. И одново да ги избркам истите мисли и да заклучам дека таквите секојдневни работи се случуваат на секојдневни луѓе и не постои нешто како невообичаено, како што не постојат и необични луѓе... Тоа се тие морални џумки....

    Имам впечатокот дека се` е клише и се` е веќе видено со однапред утвредена провокација и реакција, а последиците не се репер за некакви посебни воздишки и чувства или јас сериозно сум замрела?
    |(

    Имено, денес во кафе книжарница Три се насмеавме со продавачот околу наградната игра на истата книжарница - Фотографија со најмногу купени книги од издавачката куќа Три. Отворено го прашав која е поентата на квантитетот доколку нема иновативна креативност туку нафрлени книги на купче што се позајмени од пријатели, роднини и рандом штандови со љубезна насмевка како виртуелниот муабет на фб - “Може лајкче на сликава за наградна игра ми е’?!“(Циу, циу).
    Одговорот што го добив беше дека постоело двоумење кај одговорните меѓутоа сметале дека луѓето немало да се заинтересираат затоа што креативноста е мисловна именка за многумина.
    Тоа е поентата!
    Зошто квантитет кога очајно е потребен квалитет или често ќе ги гледаме новогодишните елки составени од книги како “креативни идеи“?

    Со напуштањето на книжарата само го потенцирав она што се рефлектира како секојдневие на многумина. Ако се работи за жени тогаш мерило за квалитет е полн плакар со облека и обувки (сеедно е што се од минатите 24359638349 сезони), полна фиока на шминки и додатоци (пола сенки и креони се со поминат рок додека останатите не се користат, а бижутеријата е одамна позеленета, поцрнета и крајно сомнително употреблива).

    Навидум мажите се попрактични во поглед на облеката меѓутоа кај повеќето сеуште важи начелото - повеќе поминати жени = квалитетен маж со сомнително изградени ставови.

    Она што е битно и суштинско е следното:
    Есенцијално е да се издвои потребното од непотребното и да се создаде простор што го истакнува вредното. Човекот треба да биде свесен за убавите нешта и да се труди да ги истакнува наместо да ги засенува со обидот за прикривање на сопствените недостатоци бидејќи недостатоците никогаш нема да бидат потенцирани недостатоци доколку се камуфлираат. Или во превод џабе е коланот на половина, ако не постои струк што треба да се истакне. Џабе е убавиот кармин ако забите се потемнети од многу фактори, џабе е убавиот маж ако нема харизма и шарм и џабе е наградна игра - фотографија со мноштво книги натрупани на полица ако нема поента и порака истата.
     
    На anina, Candid, Heartbeat и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    2 недели лекував и поправав еден заб (само еден) и на крај платив 2500ден., со напомена: ``Ко за тебе``...
    Па, не сакам да помислам ако не беше ко за мене колку ќе платев...^_^
    (значи без навлаки и слично, само лекување и поправање со 2 одења таму)..

    Некогаш си велам, фрламе пари за алишта, козметики, а за на заболекар не ни се дава (освен стравот кој ни ги враќа нозете од таму :lol:). ама ај и цениве може да се малку понормални...???? |(

    За да сме нација со здрави заби, мислам дека треба подостапни цени, што е многу, многу е...А, не е само еден заб...:?:
    Сега зарад еден заб кратиш на друго, а не пак да заштедиш нешто...

    И башка овие заболекариве може да се малку понасмеани, потрпеливи...ај што одиме со страв таму, одвај чекаат што побрзо да те `средат`. :@
    И зошто секогаш кога ми е со рацете внатре, му текнува да ме прашува нешто ? :rofl:
     
    На Heartbeat, Marossa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    17.210
    Пол:
    Женски
    Никој не се буни и не му пречи тоа што сите сонуваме различно. А зошто на некои им смета кога не сме исто будни?!

    On this topic... Јас конечно научив да бидам своја, целосна, несовршена. Но и будна, будна по секоја цена!
    Зошто животот е еден, за да замижам пред него!
     
    На Captain-Omni, Elena69221, Sexybaby86 и 8 други им се допаѓа ова.