Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    И се пријавиле за МИС :tmi: :clap:
    ОМГ :?:
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Не сакам да мрчам,ама сега морам.
    На курс по англиски јазик одам 7ипол години,скоро 8.
    Најпрво имав една учителка,злато беше исто како и името,две години ме учеше,супер беше,добричка,наивна,културна,многу ја сакав,а и јас нејзе и бев омилена. :$
    Но си даде отказ и третата година ни дојде нова,кога ја видов со штикла 20цм,со 5кг шминка,мастиката во уста,кафето во рака,фустан/суќна кратки,да се наведне се ќе и се види,знаев дека е лоша. :x
    И многу ме нервираше од почетокот,но добро понатаму се навикнав и супер ми беше,ама последниве неколку месеци на нерви ми оди,таман се подобри,пак почна,денес дошла во минич,чизми 20цм до колена,шминка мислиш на свадба сме,ноктите да не ги коментирам и со телефонот во рака,доаѓам и викам хелоу и она,нели гледаш имам слушалки слушам нешто. |(
    Сепак знам тоа е приватно,но сепак е место КАДЕ ШТО СЕ УЧИ,плаќам за да учам,а не со душа да чекам тој проклет час да заврши.Не викам дека не ме научи доста,ама срамота е така да се доаѓа,има деца од 6 години,па и од 5.Да има и возрасни што идат,ама не е тоа дискотека.
    Или пак кога ќе видам некоја наставничка во школо,се распушела цигари,си пие кафиња,со мастиката мљацка,а на нас ништо не ни дозволува,дигната некоја ми иде мастиката во коса да и ја залепам. :devil:
    Кога ќе сфатат таквите наставнички,дека работат во образовна институција,треба да им бидат пример на децата,да направат луѓе од нив,а не после се чудиме што се децата дегени,расфрлени,без однесување.
    Епа ќе се чудиме. :x
     
    На Grejsi, LittlePinky, lana.del-rey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Најубаво ми е кога ќе излеземе на некоја непланирана прошетка на чист воздух, по тесни козји патеки, со жолти распослани качунки и листови од штотуку непроцветани циклами. Тогаш сипувам топло кафе од термосот и веројатно од жештината на двете, заедно со февруарсково сонце, му поставувам прашања за неговото детство. Сум ги чула одговорите многу пати, ама ете, интересно е да го замислувам како невино детуле и да се смеам на помислата кога најзгодната девојка во школото го замолила да ја испрати до дома со чадорот, а тој и` вратил - Оди си сама, и другар ми нема чадор, тој да не накисне :D .
    Слушам и за сите девојки кои го бакнале први, т.е. сите освен мене. И го рчкам - И во моментот кога виде дека ти си тој кој ќе ме бакне, а не обратно, сфати дека јас ќе ти бидам жена :D . Да, вели, тогаш решив да бидам маж :D .

    Жртвата да двои по неколку илјадарки од платата секој месец за да помогне на другар да се школува и да најде работа, желбата да примени некои навики кои јас сум го замолила да ги практикува, амбициозноста која го тера да заработува за своето идно семејство, а сепак останувањето скромен, неприврзан за овој материјален свет, го прават милион пати поголем во моите очи. Да го имам до мене секој ден, да гледам дека постои некој кој секоја критика ја сфаќа добронамерно, не се навредува, нема ни трошка гордост во себе, ме прави благодарна што таква добрина имам во животов. И ако за едно три години (никако порано) ме побара за жена, нека не се секира дека ќе речам Да. Зашто од срце би сакала на светот да подарам дечиња кои ќе личат на него. Недопрени од лошотилак, чисти во душа, добри, благородни без насиленост, без труд. Чинам со тоа би го оправдала своето постоење.
     
    На Buttterfly, Sexybaby86, Doozy и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И вообичаено, најчесто ваквите личности се најгладни за внимание, најискомплексирани, најисфрустрирани, без грам мозок, речник и култура. :drunk:
     
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    6.235
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И од сите тие што им набиваат лажни комплекси,затоа биднуваат вакви мисици.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк измислија илјада начини како времето побрзо да помине, а ни еден единствен како да застане...
     
    На Sexybaby86, vinozito1, anuskaNESTLE и 22 други им се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.090
    Пол:
    Женски
    Несомнено е дека квалитетот создава квантитет.Но,кога квантитетот ќе го потисне квалитетот тоа преминува во апсурд.И се додека лицемерието е формула за освојување, ќе има победници и поразени.Лесно им е на победниците.Тие се сигурни во своите постапки,вешти се во убедувањето,храбри се во потегот,упорни се во остварувањето на целта.А што ќе прават поразените...Нивниот квалитет не е доволен за да успеат.И да биде голготата поголема тие се виновниците што не се пронашле меѓу другите.Па им преостанува сами да го бодрат сопствениот интелект талкајќи во обидот меѓу сонот и јавето,реалноста и имагинарноста,материјалното и духовното...
    П.С.Се надевам дека ме сфативте ;)
     
    На Sexybaby86, vinozito1, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.752
    Пол:
    Женски
    Живи смешки сум кога треба да се потпишувам некаде. :D
    Баш вчера бев во библиотека и нели се потпишува за земена книга. И, ако не сте знаеле, секогаш различни варијации од потписот си правам. :D Мајка ми еднаш ми кажуваше, се изнервирала во банка, не ѝ бил ист потписот како претходниот пат, па нешто ѝ мрчела таа на шалтер. А јас што да речам, кога секогаш ми е различен, одма сомнителна ќе ме направат. :rofl:
    И да, не е фер бе, само јас ли уште на 17 години немам асален потпис? :D
    Деца од 10 годинки имаат онака уметнички потписи, спремни се автограми да идат да даваат :rofl: , а јас еднаш иницијали, еднаш цело име и презиме пишувам, со обичен ракопис, и евентуално некоја линија шкртната одоздола. И кој си сака, само еднаш да види, може да ми го фалсификува. :bandit:
    Баш вака, си се пронајдов во сликичево... :D
    [​IMG]
    Ај доста тресам зелени, идам јас троа да се подружам со учебнициве... :D
     
    На Jenniffer, Grejsi, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека скоро никогаш не сум го видела мојот татко таков.Можда е за плач4ње ама ја се цепев од смеење. :D Имавме некој гости а тато малку пивнал повеке од колку што треба :lol: .И тој што ни беше на гости му кажува на тато како некој човек паднал од 20 метри скеле.И тато онака сериозен го прашува човекот.Што се деси после што направи тој човек? И овој му вика на тато па што може да се деси умрее. И ја готово :D :D :D
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.275
    Допаѓања:
    136.893
    Се додека 300 денари за книга се многу, а за гаќи малку, ќе имаме младина која е неписмена, а ги слекува гаќите насекаде.
    Пинг, темата - Дали сум бремена и Што си купив денеска.
     
    На cresa-jagoda, the.one, unique7 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ткаам денови, му се смеам на ветрот.Понекогаш се чинам далечна толку далечна што во огледалото гледам нов лик.Вчера реков денес а денес ќе речам утре.Некоја нова јас која ме чека на некој помалку мрачен перон да си ги размениме куферите.Еднаш љубев толку силно што си ја предадов душата,сега ме плаши светлина.Се барам во сопствена изгубеност.Претурам по немири.

    Сакам да насликам слика, слика од содржината на моите мисли.
    Да заборавам на времето да заборавам дека постои.Дека минува.
    Ми живеат стравовите.Љубам.Години,зад зениците.
    Сакам да се разболам од љубов,повторно денес.
    Исто како вчера,мразам празни мигови.Од остатоците на потрошената душа,ќе составам нова.
    Нечие друго име.Во него моето.Некоја старо-нова приказна ми бие во градите.Ми ги бранува мислите.

    Му се насмевнувам,ти никогаш нема да знаеш која беше девојката со која си го разменив куферот на оној перон,никогаш нема да знаеш како и чукаше срцето и колку и беа темни очите,нема да знаеш дека мирисаше на пролет и магла.
     
    На lana.del-rey, Dog-lover, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Морал: збир правила на одредено општество или класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и човековите заедници, самоувереност, храброст, исправност, честитост, чесност, добродетел
    Морален: се придржува до моралните правила: честите, чесен, исправен, дисциплиниран, предан на должностите, духовен, душевен, внатрешен.
    Моралитет: се што е во согласност со барањето на моралот, морално однесување на еден човек подразбира добродетел, честитост, чесност.
    Неморален: однесување на личност кое е спротивно на моралното.

    Сум забележала дека голем дел од луѓето, во секојдневниот говор ги користат овие зборови, во сосема друг контекст, кој е крајно неправилен во однос на дефинициите. Така на пример, неретко зборот “мора” добива форма “морално” (со значење- задолжително), а негацијата на истиот збор, “не мора” добива форма “неморално” (со значење незадолжително).

    Ова не се однесува на некоја конкретна личност, и нека не ми земајте за кусур доколку се пронајдете во ова мое мислење, но навистина е фрустрирачки кога некој “академски граѓанин” постојано прави вакви, недозволиви грешки. За обезвучување на звучните согласки од крајот на зборот, едначење на согласките по звучност, неправилна множина, несоодветно пишување на голема и мала буква, некористење на соодветни интерпукциски знаци и ред други граматички и правописни грешки не дигам особена галама, секому му се случува да направи лапсус, но неправилното толкување на зборовите, за мене, е крајно неприфатливо...


    П.С. Објаснувањата за гореспоменатите зборови се извадени од “Современ ЛЕКСИКОН на странски зборови и изрази”
     
    На Espadrila и sweet-star им се допаѓа ова.
  14. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    10.479
    Го совладав мојот најголем страв! Горда сум! Не опишливо е чуството.Ослободително!
    Само пробајте без разлика кој е вашиот страв,совладајте го,прегазете го!Ништо и никој не е посилно од вашата волја.
    :whew:
     
    На Elennaa, kala21, mynameislove и 8 други им се допаѓа ова.
  15. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    Леле денес се изнасмејв за цело време штоо бев тажна..Абе тој наставник по гео и Владимир..Се чувствувам посигурно во себе и имам верба дека се ќе биди подобро..Си поставив цел ии сакам да ја исполнам..Ќе направам се за да живеам во светот кој јас си го замислувам и нема никој да ми го сруши..Сега сум нова јас..а старата ии наивната јас замина ии нема да се врати..Па ако ја бендисуваат новата јас арно ако не слободноо повеќе на никој не му ќутам доста бев понижувана време е да си бидам слободна и да им кажам која сум и на што се сум спремна :!: 8) :)
     
  16. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Кога веќе одлучиле да си влагаат во филмови 13 годишни девојчиња и да постирааат слики на фејсбук со штиклите на мајка им во комбинација со сако со потпонки и сериозна фаца-која сум јас,можеле барем да си го наместат креветот кој ѕирка во позадина.
    Уште поинтересно е што веројатно не ни излагаат надвор така,туку нели само да се пофалат они.
    Подобро за нив така, да не паднат негде ,после нозе ќе искршат. :D
     
    На Dog-lover, mileystar и EMoonlight им се допаѓа ова.
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Колку само ме нервираат неспособни досадни идиоти!
    Погодувате? Оној од карате со бавното темпо и прашалниот тон „Ние овде карате ли треба да учиме“?
    Па какво глупо дете. Само прави некои чудни движења со рацете, нозете, си ја чеша главата како луд. Ќе помилам дека вошки има. :lol:
    Прашува глупости на секоја втора минута. Па таман се намести до мене, ме погледна па се исплаши од моите тинејџерски акни и скокна како да сум болна од чума. Нека, барем се тргна од мене. Глупак.
    Како ти успева да си толку глуп и неспособен бе братко?
    Сега, не дека јас усм совршена, но детево е посебен случај. :D :^)
     
  18. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе заслужуваат една голема шлаканица..
    Не само некои ...сите.Сите нас ни треба голема шлаканица која ке не освести од сите глупости.Можеби ..ќе не освести дека сме биле премногу лоши,но еве мене ми покажа дека сум била предобра кон сите.
    Секако ..тоа не е ништо лошо,но некои воопшто не го заслужуваат вниманието.Не ми се верува дека за џабе биле поминати овие денови заедно,поминати минути кажувајки ги своите тајни,поминувајки секунди смеејки се ...За што?За на крај сите тајни и поминати денови заедно да бидат прераскажани на некоја непозната девојка. :o
    Но,веќе нема да биде исто,се' што сум го мислела,а не сум го кажала ќе го кажам :!: .
    Добра ноќ феминки :*
    И никогаш не бидете предобри кон луѓето,дури и најблиските можат да ве изненадат! :fubar:
     
    На Jenniffer и EMoonlight им се допаѓа ова.
  19. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    Кога сме мали сакаме да пораснеме, а кога пораснуваме гледаме дека во животот не е се мед и млеко, и сфаќаме дека детството е најубавиот период од животот.

    Како и да вртиме на луѓето не можеме да им погодиме, никако!
     
    На LittlePinky, vinozito1, cheetah.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Исто како и со зимата и летото. :)
    Кога е лето,бараме зима,а кога е зима,бараме пролет.
    Тоа е жени само вртиме нешто ние. :rofl:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и sweet-star им се допаѓа ова.