Сестра на мој бивши има само 16 години, се вери, трудна е 7-ми месец. Кај и е животот? Зарем додека сите нејзини врсници одат сеуште во школо таа ќе чува дете? Како ќе гледа, маж, дете а притоа и таа е дете? Зарем во денешно време ќе остане со обазование нула? Јас колку што знам во мода беше да се мажат на 16 во времето на баба ми ама ете сум се излажала. И згора на се наместо да и е срам си направиле голема веридба, си се фали е горда со тоа, а на фб и фрчат статуси и слики почнувајќи од тоа дека се вериле, па заедничка слика па слика со прстените, па со подароцитте, па со мајката, таткото , браќата и останата фамилија до десето колено.. Да се крсти човек со лева рака.
Кај сте златни Одамна не сум шкртнала нешто на страниве, шознам, ваљда и ова како и се во животот. Периодично. Некогаш имаш премногу работи да кажеш, напишеш, споделиш, некогаш па едноставно имаш потреба од тишина, мир и самотија. Некогаш па само ти е интересно да набљудуваш од страна и да впиваш туѓи искуства и читаш туѓи судбини. Јас во голема мера тука ја испишав мојата. Зборувајќи за она што го доживеав.. Последниве неколку месеци би ги нарекла месеци на карактерно издигнување. Имав прилично многу време за размислување, па така и сфатив дека всушност јас го сакам животов. И тоа многу го сакам бе. И не ми се умира на 20 години. Не ми се троши време веќе на луѓе со кои што не можам да се разберам. На луѓе кои го будат заспаниот ѕвер во мене, кои ми предизвикуваат стрес и напад на хистерија. Не ми се троши и не трошам. Далечината некогаш е и убава работа, кога сами ќе ја создадеме помеѓу нас. Последниве неколку месеци би ги нарекла и „мои“ месеци. Создадов толку убави спомени со толку убави луѓе ( и одвнатре и однадвор) што ми вредат како десет години поминати со безвредни луѓе. Знаете она кога ви доаѓа период едноставно кога веќе ни уво не ве боли, толку ви е убаво и слободни сте да правите што сакате, а сепак има некој за да ве врати во колосек кога ќе ја преминете границата зошто се грижи за вас? Јас сум сакана девојка. И нема поубаво чувство од тоа. Љубовта со себе го носи мирниот сон, душевниот спокој и богами носи смотани насмевки кои често не ни знаеме зошто ни се цртаат на лицето. Љубовта е.. па, чудо е. Љубовта е чудо. Останете ми добри. Верувајте во чуда.
Хаха, ко ќе завршат испитиве, ќе идам да си проверам дали уопште останало крв во мене ништо чудно од кафево .. Дечки, ми треба мн мн среќа за во петок, такој да ќе ве молим држете ми среќа, уствари не, пуштете ми среќа
Исцрпена сум. Емотивно и физички. Како некој да ја црпи целата енергија, радост и позитивност од мене. Сакам само да спијам последниве неколку дена. Сакам да одам кај баба и да си легнам уште во осум навечер, а не во три по полноќ. Сакам да седам во тишина и да размислувам за неостварливи нешта кои би сакала да ми се случат во иднина. Сакам да бидам сама цели 24 часа за да одморам од овој свет на болести, модерна технологија, кавги, љубомора и омраза. Сакам да отидам сама на прошетка без да ми речат дека сум луда затоа што сум избрала да си го расчистам умот од се` што ме мачи наместо да разговарам на глупи теми со некој кој не ми е ни важен. Сакам да излезам од ова опшество каде што секој ги осудува останатите, само затоа што не му се допаѓа нивниот избор за музика, нивната облека, бојата на кожата или висината. Сакам да бидам некаде каде што ќе бидам сама со себе и ќе можам длабоко да ја разгледам својата личност наместо некој да ме окупира со туѓи личности кои ниту ги познавам, ниту ми е гајле за нив. Сакам да бидам целосно сама, само на еден ден. Но, изгледа барам премногу за оваа денешница.
Во мојот живот има две личности кои ги ценам најмногу од сите.И двете личности се мои херои,им се восхитувам на силата и храброста да се држат цврсто на нозе и покрај се' што поминале во животов.Сите имаат потешкотии во животот,но не секој исто се носи со нив на ист начин,луѓето често попуштаат и дозволуваат проблемите да ги победат.Но овие две личности не се такви .Да жртвуваш се' за среќата на другите,да се трудиш секој ден да измамиш насмевка на нечие лице,да не кажуваш на никому кога нешто те мачи за да не ги загрижиш останатите,да се трудиш да го решиш секој проблем,да пазиш да не навредиш некого анализирајќи го секој збор пред да го изустиш...Е за ова немам зборови Тие две личности кои ги споменав погоре се мојата мајка и баба ми. Премногу ги сакам,нема нешто што не би сторила за да ги усреќам. Денес на мајка ми и' е роденден,а таа дури и денес не си седи мирна .Станала рано утрово да спрема пица,а баш си мислев денес да ја натерам да не работи буквално ништо,денес е нејзин ден,ама не бе,не можам со неа да се разберам,не ме слуша и не ме слуша .Решила да не' чести со пица и благо. Немам зборови со кои би кажала колку ја сакам и ценам,за секое дете неговата мајка е најдобра,најмила и најубава личност на целиот свет . Не ми останува што друго да кажам освен СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МИЛА МОЈА МАМО,ДА МИ БИДЕШ СЕКОГАШ СРЕЌНА,НАСМЕАНА И ДА СИ ДОЧЕКАШ И 100ТИ РОДЕНДЕН!
Прва смена на форумот ај добро утро време е за моето прво кафе,без друштво и така си сакам да си го пијам посебно наутро,без да ми го прави некој мозокот таратур ,пропратно да си спуштам некои материјалчиња он нет.да се прави нешто и корисно само се надевам нема да заакам во некоја темичка убав ден на сите
Убаво е кога онака утрински, од некој сосема небитен странец, ќе добиеш комплимент дека си слабичка. Благодарам странецу, и слабичко се чувствувам. Инаку кога сме на тема хуманитарни работи и доброволни прилози, баш пред некој ден на фб прочитав дека Локалната самоуправа ја исполнила новогодишната желба на две девојчиња, подарувајќи им лаптоп. И за поздрав е тоа. Само што нивното семејство веќе со месеци нема струја. Не им текна дека лаптопот се полни на струја?
Неможам да поверувам како тоа може некој да оди по тротоар, да преминува улица, а во исто време и да чита книга и тоа на глас.
Да си фатите дечко што свири на некој инструмент, ќе ви се јави уште во 7 да ве разбуди со музицирање. Ќе ви лупа срцето од страв, ама па и ќе се изнасмеете слатко. Јас кога опростив на радио кога ми честитаа роденден, не па вакво нешто...ехеее... Добар ден, добааар... убаво почна. Еве овака! Се извињавам погрешен линк. А ако завива, опростете му, се дешава, ама ако ги фаќа високите, тој да го чуваш бе лепотице!!! Вечер ќе ме боде во ребра дека се фалам, ИЧНЕМИЕГАЈЛЕ, штодатиправамкогатељубам!!! Едвај чекам да заврши работното време. Си куцам колку да изгледа дека пишувам извештај. Готов ми е од сабајле... килав и глуп, оти сите се килави! Едвај чекам да седнеме на кафе, едвај чекам да ми вика - ги гледаш оние онде, 4 години се во врска, од кај знаеш? По начинот на кој што не се гледаат, а оние онде ги гледаш? Он ја сака, а она не, ама го сака за другар... И такви ми ти глупоштии на кои се смееме, сакаме да претпоставуваме приказни и да ги нижеме по наше. Да се закараме за неговите ставови кои баш и не мора секаде и секому да му ги истура врз фаца. И да ми довлечка чудни луѓе на маса, па успат до дома да поминеме на уште 100 места и да заборавиме дека уствари тргнавме дома. Обично... да бидеме заедно... Ајде да си одиме, ајдедасиодиме, ајдедасиодимеидасезабавуваме, пишувамнештомногумногусериозно...ла-ла-ла-ла-ла....
Мајка ми читала за заработка со модни блогови и ме праша што сум заработила до сега. Сега за сега, неколку чудни friend requests од 50-60 годишни чичковци што сликаат тинејџерки по дома. Отприлика истите фаци на девојчиња насекаде, језиво. И истата позадина, бел ѕид, некоја витрина/комода во позадина, па некој кабел извлечен позади, папучи за низ дома на земја, изместена слика и секогаш натпис име на чичкото photography. Да не заборавам и облеката на децата. Пишувам деца затоа што и се работи за деца, барем така јас ги викам 14-15 годишните цуци со миничите и проѕирните маици со чипкан прслук одоздола. Шминка како порно ѕвезда од 90тите + штикли за стриптизета = рецепт за успех. Најтажниот момент е што девојчињата се симпатични, веројатно и би успеале како манекенки/ фото модели/ блогерки/ што и да им е целта, ако има некој да ги насочи. По не знам кој пат се прашувам, каде им се родителите?!
Ама ми е чудно кога ме загледуваат луѓево, поточно манијачат, се осеќам ко да ми фали нешто барем никогаш не сум манијачела, апла да гледам у некого, не ми е пријатно така да правам.Како човек да сум убила Не ми е јасно како така гледаат без разлика дали станува збор за мене или за друг, бидејки ми го кажале и мене истото, само не обрнувам внимание на тоа, кој, каков е, кај гледа, оти кога одам некаде, шибам бркам посао, нит гледам кој поминал, заминал, така ако гледам, ќе треба очи да исповадам некаде. Како се осеќам, ко трактор да ме згазил, масирал, гмечел ли гмечел ренде ме правел, работава, ми се чини кај да застанам, ќе заспијам.
Денеска правам четири години откако прв пат дојдов на форумов и се зачленив.Не ми се верува дека толку многу време имам поминато тука, но не дека нешто ми фалеше Првите мислења кога си ги читам ми се трагикомични, ама добро па и не знаев многу како функционира форум.Искрено убава ми е дружбата тука, јас сум истата јас која што сум во реалниот живот, и споделувам делчиња од себеси тука, но никогаш не сум почувстувувала осудувано или пак сум била навредена.Има многу пријатни личности на форумов кои што секогаш ќе ти се најдат, има луѓе кои ќе те насмеат, натажат, ќе те потикнат да размислиш, толку различни карактери, а од сите ќе научиш по нешто. И, секако да ве почастам за моево форумско роденденче.
До лани хороскопот ми беше феноменален. Кога и да читнев хороскоп (а читав цело време) се тоа убавини ќе се дешаваа.. и секојдневниот и месечниот и годишниот...убавини до убавини... Не сакам да се присетувам..ама задњи 3 години, ми беа до сеа најтешките и најболните во животов... Оваа година хороскопов ми е катастрофален, како годишниот.. така и дневниов шо го читам, па ми останува да се надевам на обратна психологија, небаре стварно верувам во хороскоп...ама пуста навика да читам.. тоа е.. Ми се ближи роденденот. Од една страна тажна што.. изгубив доста родендени во жалост... среќна што овој роденден ќе ми биде смирен, лесен и поподнослив ако ништо друго... Спојлер Имам една мака периодов..уствари е нешто многу глупаво и не е вредно.. но, ете успева да ми расипе расположение кога мислам на тоа...потребен ми е разговор со тотален странец на кој не му е гајле за мене, ама би потрошил 5 минути на муабет кој ќе го забораи за 5 минути... не ми се збори со никој од блиските зошто нејќам да ги загрижувам сега кога мислат дека се ми е супер (иако се ми е супер во глобала)... а тука не можам затоа што не сум анонимна.. f*ck it... Е стварно имам глупав табиет да се нервирам за глупости. Да трошам време на нешто безвредно, плитко и површно и за миг да си дозволам да ми убие расположение 'cause of overthinking... Добриот дел е што автосугестивно делувам на себе, така што ништо не ме држи доволно долго..па ни лошото расположение... Научив како да се носам и како да го победувам лошото расположение... ама не и како да не дозволувам да ми се деси.. е на тоа треба да поработам... -note to self: most important things u should do this year: 1. Learn how to stop analyzing & overthinking everything!!! 2. Be happy!!! START NOW!!!
Никако да се откажам од snooze копчето мајке му. Дури и да го оставам телефонот на маса за да морам да станам џабе, секогаш се враќам во кревет. И ми требаат најмалку 12 аларма, за да станам... или полициска сирена во соба Snooze ми е „најбољи друг“
Најтешко во животот е да ги гледаш луѓето што ги сакаш како страдаат, а рацете да ти бидат врзани и ништо да не можеш да направиш. Картата што стои на масата секој ден ме потсетува дека наскоро ќе си заминам и ќе го оставам него сам. Ги бришам солзите надевајќи се дека тој не ги видел. А и тој молчи бидејќи знае дека ништо не може да смени.
Сакам да кажам дека ќе умрам од среќа, буквално ќе умрам. Уште плачам и неможам да му се изнагледам и изнаплачам .. Сега пред скоро еден саат Бобо мој (кучето за кое плачам последниот месец и десет дена) денес онака седеше пред врата, не мрдаше, беше тука. Душа моја Значи цела мирисам на куче, неможам од раце да го пуштам, безразлика шо е баѓи пораснат и претходно беше доста тежок и сега е, ама уште не се дели од мене, неможам да престнаам да го гушкам, душа моја Мислам дека го добив најсреќниот ден годинава, оставам на работите понатака да ми докажат поинаку.
Овај е еден од оние денови кога цел ден останваш дома имаш работа дури во 6 потоа те чека теретаната онака како со раширени раце,таму некоја мала слатка дружба,послем можи и едно кафенце а можи и не, нема врска сакам понекогаш вакви меланхолични денови
Кога си свесен што се случува-оке, си свесен. Но кога ќе ти се потврди дека у право си со свесноста пак се осеќаш изненаден. Непоправливо е тоа.
Добро бе зашто ништо не може кај нас на факултет да биде организирано? у пм сериозно? одам на испит и кај што го нема професорот, па и нема испит направено..