СДК веќе една година како сум дел од форумов. Една година сум дел од едно големо виртуелно „семејство". Запознав многу пријатни и добри личности. И во ниту еден момент не се покајав што се зачленив. Ми го исполнувавте времето и ми помагавте и дававте одговри на моите прашања. Ви благодарам. Повелете, почастете се.
Не е Мајка таа што те родила туку таа што те изгледала , секој ден се разнежнувам кога гледам како една жена во комшиите која била посвоена и си има свое семејство, доаѓа од другиот крај на градот за да се грижи за беспомошните родители кои ја посвоиле притоа оставајќи си го на подолго и децата сопствени и сопругот .. а додека спротивен случај имам во подалечни роднини , синовите си го оставија таткото сам , никој не сака да се грижи за него ,и ќе го праќаат во дом колку жално .. еее колку неблагодарни деца постојат значи ќе го родиш или ќе го посвоиш , ќе го гледаш од една рака мало човече и на крај да те фрли како партал , многу жално за ваквите стари лица кои паѓаат во канџите на сопствените деца ѕверки !!!
Еден е брат! Најмногу го сакам на светов и нема нешто што не би направила за него, нема! Периодов ми е малку гаден и имам триста глупости над глава, ама доволно ми е само малку искрен муабет со него да направам и се' да се смени. Се разбираме, се поддржуваме, се сакаме, едноставно посебна унија сме внатре во семејството и во целиот свет. Кога утре ќе имам деца, ако се' е во ред со мене здравствено обавезно ќе одам на второ...и ќе ги учам да се сакаат вака безрезервно како ние, затоа што никој не треба да биде лишен од таа љубов!
Интересна ситуација денес. Се возиме со другарче, и само одеднаш претрчува една типка. Кочам секундарно, пребледев. Оваа мртва ладна ни две ни три ми покажува Ај за неа ќе речеш млада е толку и чука, ама родителиве? Ако сметаат дека е ова вистинска пригода за радост, толку и нив им е паметот.
Аии, толку се осеќам посрамотено што ме срам да ви кажам. Јас да ви кажам право многу мразам кога некој оди со мене по пат и се влешка и многу мразам гужви. Баба ми секогаш оди по еден чекор во минута, али добро она е стара жена, ама неможам да разберам како некои моја возраст (16) уживкаат да се бават, лека полека како стари баби. -И денеска така бев посебно налутена, и еден врсник на школото на одморот беше гужва. Мораше сите да излегуваме во колана еден по еден и на сета гужва сите брзат да се извлечат, единствено он си одеше смирено, пополека, ладно.. Детето си одеше со бавни чекори и си разгледуваше натаму-наваму И сега јас на сета нервоза, па и во гужва во брзање па уште кога морав да го чекам 2 часа тој да помине и експлодирав таму на сред колона. Почнав да му се дерам на детето таму : МОРЕ МАНЈАК ЕДЕН, АЈДЕ ПОБРЗАЈ ГЛЕДАЈ КОЛКУ СМЕ ПОТАДИ ТЕБЕ, НЕ СИ САМО ТИ ТУКА, ТРУДНА ЖЕНО... (нема шо не му кажав, не се сеќам веќе) и сега јас си очекував детето да ми врати нешто и да побрза. Ама не беше баш така. Ми врати, ама не како мене. На мирен културен начин детето си се повлече, на сета таа и ми се извини и се тргна од колоната, изгледа неможи да оди побрзо. Јас ништо не реков, ама испаднав јас некултурната и се засрамив ама не го покажав тоа. Сите беа таму, дури и професорите. Срамота Мелита, срам те било. Го дигна цело школо без никаква причина. Знам на детето му го упропастив денот а јас уште повеќе си го уништив. После школо, со срам го застанав и му се извинив и јас, а он само ми рече нема проблем и се насмевна.. толку од денеска, ама сум се обрукала. (професорите ми рекоа да се извинам, а јас ги послушав и не се противaм, детето е добро) Значи се е тоа заради тоа што се нервирам од бавни љуѓе и гужви ама во идина ќе се исконтролирам и пред оваа дете и пред друрите.
Кој што ми ја отрул мачката. Абе ќе те најдам мамата твоја и моли се да не сме сами во околина. Те убив како што имам насобрано нервоза, се на тебе ќе истурам. Ти ебам глупите луѓе ти ебам. Извинете за изразување. Нервозен сум
Демек да ја постирам сликата што никогаш не би ја постирала? А пари даваат за тоа? Прости им, Боже, не знаат што прават. Туку Лепа моја е закон маче. Цело време се прешетува од еден на друг прозорец, ама претежно ми седи на прозорецов до бирово, чиниш ме варди од нешто. Како брани територија, откако ја имам, друга мачка нема прошетано низ дворов Националниве вести ни се лудница: полицаец правел шоу за колегите, а циклониве конечно почнаа да ги именуваат со машки имиња. На работ бев да се истурам некому поради сексуално дискриминирање на елементарни непогоди И така ви велам, така сакав да ви кажам, ме болат нозе, одам ко по облаци, лебдам како коцка/полутопка мраз во чаша сок од малини. Ај наздравје!
Можам да си доделам неколку награди на себе за: - Најмногу расипани полначи; - Најголема плачка на филмови; - Најмногу изгубени чадори; - Најнеодлучна личност во универзумот; - Најмногу недотрошени лабела; - Најнесредена библиотека; - Најинтровертна девојка во своите 20ти години; - Најмногу изиграни партии мафија; - Најпроменливо расположение за 2014та.
Како да го освоиш? Лесно, ќе го начекаш кога ги простира алиштата и ќе му искочиш со Savex од грмушките Аа само ако не те ареса, прашокот добива намена ала по глава И после рекламите не биле корисни
Бидејки денеска ми е роденден да Ве почастам и воедно да си посакам желба. Си посакувам многу здравје и една вистинска обострана љубов! Хаха... Повелете! Останете ми во добро расположение!
Живот е тој во кој човек треба да дејствува ,секој ден да се искачува по едно скалило нагоре,што подалеку од овие модерни технологии,да се допре животот да се допре природата свежиот воздух.Љуѓето не свесни како го поминуваат времето во брзање сите некаде брзаат забораваќи да уживаат во моментите и забораваќи дека нема два животи .Мене ме прави среќна кога ке станам наутро и го испијам цедениод сок и секогаш гладниот мачор ,гласот на мајками .Тајната на среќата е да ја живееш сегашноста ,да не заглавиш во минатото ни пак во иднината, иднината е сега во овој момент ,го живеам безценетиот миг .
Доручек: вафла со крем од лешници Ручек: палачинки со нутела Вечера: леден колач Ова ме потсеќа на оние диетине, протеински ден, витамински ден, незнам каков ден, мене ми беше шеќерен.
Значи колку мразам кога некој не ми обрнува внимание и зјапа во тоа телефонот да не случајно му избега лајкот што му го ставиле или пропушти да објави минутка од својот ден. Значи постојано гледам луѓе на кои културата им спадна на најниско ниво само зошто мора на секоја секунда да си отворат instagram, да си го видат фејсбукот или да пратат на snapchat. Аман луѓе свестете се, на што личи некој да ти зборува нешто, а ти да буљаш во тоа телефонот и да климаш со главата само?! НЕКУЛТУРА и срамота, голема срамота.
СДК...по прв пат го доживеав оној момент кога брзајќи со боса нога газам на играчката што син ми ја фрлил и почнувам у себе да редам се по список.....