.Кога сум со некого во друштво,само гледа на фејзбук што има.А после кога че им речам дека си одам,викаат,,Седи уште малу,.
Се било минливо.И релативно . Луѓето ,односите ,чувствата ,историите градени со години... Радоста претворена во болка и обратно ,одземени соништа ,дозволување на некој друг да ги живее токму твоите соништа а ти - ни статист. И подеднакво боли ,без разлика дали оставаш или си оставен....Причините - приказна за себе... Совеста се провлекува како демон низ соништата , се што било потиснувано доаѓа до израз. Останува едно - Што сторив ? или Што ми сторија? - Неважно. Нема мир ,нема сон ,нема 10 Оче наш и гревот е простен.
СДК дека луѓето обожуваат да ја изнесуваат интимата. Сношти се будам за во тоалет и онака мижејки одам до тоалет....прозорот од тоалетот отворен...карши нашиот толает е дневната соба на комшиите...и, што да видам - комшиите опнале порнич и којзнае таму нешто правеа. Мора ли така со дигнати ролетни ? Мора ли сите да видиме ? Не дека никој тоа не го прави дома, ама пак затоа има име -ИНТИМА !! Денес јас неможам да го погеднам комшијата во очи.Ми е срам.
Јас пак би терала мајтап со него и би го прашала како филмот, добар е Ова ме потсети пред 4-5 год. летно време, нели отворени врати, логи, прозорци навечер. И околу 2-3 часот преку ноќ се будам (помислив бебушот се разбудил) и слушам комшиката у врв на екстази ,,оф,уф,ах,, . Го мувам меѓу ребра мрмутот до мене да се разбуди и му викам ,,мотивирај се бе,, Го пукнав од смеење....
Се чувствувам толку изморено,како сите сили да ми ги исцицала оваа испитна сесија..Немам повеќе енергија за ништо,а дури допрва доаѓаат тешки обврски.. Каде е мотивацијата која ја имав порано,се прашувам,каде е оној поттик за работа кој го имав на почетокот?Зарем се потона во вода? #FeelinglikeTitanic
СДК вчера бев во пицерија и нормално чекавме да ни ја донесат пицата, а на другата маса седеа дечко и девојка...се беше во ред се додека дечкото не почна да јаде некултурно. Му падна и ножот на земја, па со раце ја јадеше пицата, па со отворена уста најверојатно јадеше, се слушаше како јаде, ми се одјаде најискрено. Ај добро јас ни го знам ни ништо, ама жал за девојката ми падна како го трпи... Барем во јавност јадете културно стварно нема смисла.
Убаво е чувството кога ќе сретнеме драга пријателка по долг период. Срдечно се ракуваме, разменуваме неколку воодушевувачки насмевки и почнува оној блиц-разговор. Во моментот на емотивен наплив договараме средба за која и јас и таа потајно знаеме дека тоа никогаш нема да се случи, освен ако не се сретнеме повторно, секако случајно. Интересно е како и двете со ентузијазам договараме повторна средба за да се испочитуваме меѓусебе. Чудни се патиштата... Со некои луѓе до некаде одиме заедно, а потоа, секој по својот пат. Убавите чувства за пријателката остануваат само бледи сеќавања, иако никогаш немало лоши моменти, но главната причина што најверојатно ќе доведе никогаш да не го завртам нејзиниот број е тоа дека во минатото немало и посуштинско дружење со неа. На сите ни се случува да сретнеме некој драг пријател, да се поздравиме, да си размениме броеви, или да си кажеме ќе се слушнеме, и тоа останува така…Површински разговор заталкан во некој лавиринт. Кога размислувам за контактите со другите помислувам на телефонскиот именик за кој при секоја рутинска контрола забележувам броеви кои никогаш нема да ги активирам со зелената слушалка. Во нашите животи постојат личности кои си обезбедиле посебно место и со право го заслужуваат. Ни подале рака кога ни била потребна и си дале шанса удобно да се сместат во нашето срце и разум. Тоа се личности кои нема чудно да не погледнат и да ни го измерат секој збор, кои секогаш наоѓаат објаснување за некоја постапка, а не причина за да полетаат во облаци видно налутени. Добро не познаваат и знаат до каде може да издржи нашата кревка душа. Тие се нашите јунаци. Тие секогаш се во првиот ред на нашите приоритети. Со нив се споделува целата сценографија на нашиот живот, тие умеат да видат од наша перспектива. Никогаш нема да ни биде непријатно да ги побараме, никогаш нема да стравуваме дека ќе не осудат за некоја постапка, никогаш нема да се плашиме пред нив да покажеме слабост или да споделиме успех. Пред нашите личности ние сме тие вистинските, без никакви сопирачки, со слободен дух и мисли. Тие го заземаат почесното место во нашето опкружување создавајќи своја ложа базирана на вистинските вредности. За останатите попатни луѓе, едноставно нема простор за разговор. Тие броеви остануваат на дното на листата се додека не ги пратиме во корпата за отпадоци.
Користете го и слушајте го секогаш разумот, а не срцето. Само така секогаш ќе донесете вистинска одлука, за која нема да се каете понатаму во животот. Срцето може да сака и погрешни работи, за кои понатаму во животот може да се каеме.
Како може да е послатко кога срцето ќе згреши и кога можеш со некоја одлука да си го уништиш животот и да не биде повеќе никогаш исто.
Сакам да кажам дека: Стварно не ми е јасно зошто луѓево погрешно разбираат кога некој изразува благодарност кон некој што првпат го гледа и му нуди помош. Еве на факс денеса не е важна ситуацијата, но навистина се израдував што некој се понудил да ми помогне и изрегирав возбудено (не хистерично, нагласувам!) и среќно. Особата ме гледаше како швркната и сеа цел ден ми е криво што така помислила. А ја гледав како теленце, ќе испаднеше сеедно ми е а некој ми нуди помош (што јас лично би се навредила коа на некој му нудам помош, а тој делува незаинтересирано). Е ај сеа некој акосака и не го мрзи нека ми објасни: Зошто некогаш погрешно сфаќаат луѓево? Зошто се осеќам ко да ме гледаат чудно во одредена ситуација, незнам дали треба да сум: дрска, љубезна, безобразна, или само да ќутам и да гледам како глупача ? Зошто јас секого можам да сфатам ако се ставам во негова кожа, зошто така реагирал во ситуацијата и да го оправдам и слично.? Се Фрустирам од вакви ситуации има ли некој сличен пример ко мојов, и како го средил да не биде погрешно сфаќан од околината.?
што се случува? каква е оваа држава, каде се тие што се одговорни за тоа што се случува во неа? дотолку ли се паднати па неможат да обезбедат греење и нормални услови во обрзованието? никој не бара ништо повеќе, ништо + ништо надвор од нормалните граници, тоа што е неопходно нека се обезбеди,само тоа, ништо повеќе ние немаме услови за да се одржи нормална настава, не ни е овозможено да ја следиме наставата во такви услови треба да се замоткаме со шалови капи ракавици и бунди за да преживееме на минусни температури? парно греење колку да те залажат, после греете се како знаете и умеете - дада 1 месец-ноември го поминавме дома,не по наша вина и не беше толку ладно, што да речеме сега? здивот ни се познава кога зборуваме-цигари пушиме во воздух,сите помодрени и пребледени во лицата и ајде демек да не мрзнееме, ако имаме 7 часа на ден, оддржуваме 6 со тоа што на шестиот час доаѓа наставникот што треба да го одржи часот на 20 мин и следните 20 мин имаме час кој треба да го одржиме како седми, какво е ова обрзавование,бе? да ви се плукнам во државата денес на влезната врата се собрале цела генерација девето одд, гужви пред влезната врата арно чуварот не ги пушта да си одат? кој памет бе еј? тој си седи во просторија со греалка до него и ужива, а ние само што не ни излегле мразулци. ние од цела генерација останавме во учлница не дека не сакавме да си одиме, ќе си заминевме ама ајде еднаш еднаш за прв пат се договоривме ко клас да останиме, иако сакавме да си одиме па некои од машкуданците си ги зеле ранците и тргнале да си одат со многумината кои не ги пуштија.Дојде наставник ни кажа дека само ние сме останале ќе постоиме 15 мин и си одиме, дојде социологот и вели ајде,пушти ги нека си одат. и? и толку вака ако планираат да ја туркаме зимава,тешко нас. во мизерна држава живееме.
Многу луѓе одбиваат да чуваат кактус, најверојатно затоа што се непривлечни на изглед и делуваат грубо. А не знаат дека кактусите ги имаат едни од најубавите цветови што може да постојат. Само потребна им е соодветна грижа. Ако им ја пружите неопходната нега, после извесно време меѓу острите иглички ќе никне преубав цвет. А сите си имаме по некој таков човек во животот - навидум груб, ама капка љубов и внимание е потребна за да ни ја открие нежната страна на неговата душа
Џабе е водење инат против себе. И, не! Никогаш не можеш да имаш целосна контрола врз себе си. Има една сила, поголема и од самиот универзум што нема да го дозволи тоа... слабост ја викаат... А, сите имаме слаба точка, точка на вриење, нешто на кое едноставно не можеме да останеме индиферентни и рамнодушни. И иако таа наша "слабост" се менува со годините...различни ствари и луѓе во различен период од нашиот живот го преземаат тој трон, тие секогаш ќе постојат некаде околу нас, само за да не чуваат будни. Или, барем додека не откриеме нечие постоење кое ќе го надополнува нашето засекогаш.. Чудни работи ми се дешаваат периодов. Во главава ми е хаос..крајно збунета сум... Само нека е за добро..