Јас од чиста досада ќе ги коментирам фемина-смајлињата. - Онака чиста невина, мала насмевка. Понекогаш и ради-реда. - Загрижено, леле бре што ќе добијам на тестот? - Антипатична насмевка, демек смешно ти е, а не ти е. - Јас сум најкул, сите вие те нула. На врвот сум, сите други не постојат. - Ооо стваро ?? Тој се смува со неа?? Па тој неа најмногу ја неќеше. - Цмиздро моја . Добив петка со 59 поени од 60. Ух како можев каде ми е тој поен??ааа - Ух уште 5 мин ќе заврши часот. А јас имам уште 2 прашања за пишење. Ако не ги напишам 4ка ќе имам. -Ништо -Кис мис маче. Најслаба си Ууу леле ене го симпатијата. - Шо ти е бе како математика ќе прајме тест. Ти бидала си? - Брррр, некој рчи,а али рчи. (незнам кај има апостов) - Бо клета за едне поен нема да ми пиши повисока отцена. /Шо ти е бе шо трескаш? - Ух лелеллелеле ај ем ин лов. - Ќе бидам над тебе, па ти шо сакаш прај. Зад мене ќе си. - Те молам Дедо Боже, те молам. - Ејјјј ти кај ојш бе? Утре другите, ми се спие.
Си стојам јас така пред порта ,ја чекам другарка ми да излезе и одеднаш оп....чудна слика.5-6 мачки одат ред по редум,една позади друга и маршираат.Си викам во себе WTF?После тоа ми светна дека те го Февруари,аааа
Синоќа бев кај другарка ми на кафе , што убаво си разговаравме , кога оп на врата влегува брат и со снашката ( живеат одделно , а и беа пред развод , па сега се смириле ) и ми ја расипа вечерта снашката , дојде седна до мене и не ми рече никако ни здраво ни ништо , а работи како докторка , да ти се плукнам во факултети и дипломи ,кога немаш култура и човечност во себе, се осеќав мизерно и по некое време си заминав. Од чиста домашна култура на полно луѓе сум им кажала здраво,ама таа не ми обрна внимание а влезе од надвор , и јас ќе ја молам пффф,да не мислеше ќе те молам исфрустрирано едно дебело створење башка какви муабети тепаше со другарка ми како да е сезнајка и за се се контраше почна да се фали имала патувано секаде по светот , а ја отепа од молење да и кажи другарка ми кога ќе има попуст на мусли ( бидејќи работи во супер маркет ) еј да се понижувам да барам намаление за 100-150 денари ? може за поголема сума да , али вака не
Стварно, аман веќе, од живот, од луѓе, од надежи, од неостварени идеи. Убедена сум дека не правам ништо за да ми е убав животот, дека немам јајца да направам драстични промени, дека не ризикувам и дека сум премногу фина. Треба да сменам нешто, ама не знам точно што. Ама вака веќе, во ситуација во која ништо не се менува, туку само се товараат проблеми, не можам. Никој не е крив што сама не си го креирам животот, освен јас.
Деновиве ми е многу тешко.Плачам, и плачам, и сеуште не можам да си ја олеснам душата. Три недели се боревме да го спасиме животот на мачето кое го чувавме.Ни избега од дома, и го удри кола, а возачот секако избега.Три недели поминувавме саати на ветеринар, дома му ја пружавме сета љубов и нега, го чувавме како бебе, немаме спиено со денови, поминувајќи го секој миг со него само за да биде подобро.И беше.Почна да јаде, и да игра, и да скока, и да биде весело.И наеднаш се се смени.После сите маки, мачето подлегна на внатрешните повреди и умре, и уште не можам да си поверувам. Тешко ни е на сите дома, навикнати бевме со него постојано, ни беше како дел од семејството, бевме приврзани за него, и сега чувстувам дупка во срцево, и ми фали, многу. Слушнав и многу коментари од познаници, како било мачка, како никогаш не би дале пари за животно, како тоа било најголема глупост, како требало да го оставиме да си умре во болки затоа што тоа било животно.Искрено за мене да помогнеш на некого, па макар и на животинче е хуманост, со самиот чин на помагање покажуваш човечност, и малку ми е полесно на душава што барем малку успеавме да му ги олесниме последните денови од животот. И еве еден апел сакам вака јавно да упатам, додека поминувавме саати на ветеринарот, имаше премногу случаи на животни удрени од кола, и затоа замолувам возете внимателно, затоа што и тие имаат душа, и ретко кој застанува да им помогне.Но, за жал денешницава дојде таква што и човек да удрат, не застануваат.Страшно e.
Ретко кога јас позајмувам книга од некој, обично си ги купувам сите што сакам да ги читам . Но, кога веќе го правам тоа, таа книга ја чувам подобро и од моите книги. Пред 3 месеци дадов книга на една пријателка, книга од Гијом Мисо што некој што навистина сака и ужива во читањето доволни му се два дена да ја прочита, но ајде тоа нема врска, можеби немала слободно време. Тоа што ме изнервира е дека сега ми ја врати книгата целата пожолтена, со подвиткани страници и оштетени корици на рабовите, со мирис на цигари, одвратно! Неколку пати до сега ми ги имаат вратено вакви книгите кои јас сум си ги купила со љубов и си ги чувам внимателно. Често се случува за свои книги јас да молам, да им се јавувам да ми ги вратат, затоа што забораваат и се неодговорни. Веќе не давам на никој, иако многу пати го имам кажано ова после ваквите ситуации, но сега стварно.
Гледам од сабајле пола генерација ми се верила. Притисокот расте... и одма добив опаки погледи. Три работи не сакам како параметар за одлучување за мажачки: - бременост - зошто врската е долга и ...ајде - зошто досадно ви е во животите, па си правите спектакли Прави ли некој свадба од чиста љубов? Башка кога ќе помислам кој лев лик треба на свадба да ми игра ако биде ова мулево, еве ми се плаче, ми оди да си напишам тестамент и да заминам во вечноста. Ќе треба да одам против себе, а малку глупо е да одам против него. Ипак е субјективитет во прашање... не е фер. Го аргументирам ова сабајле, а татко ми весничето во негов стил се инѕа и вика - епа тоа е, од она што бегаш, тоа ќе те снајде, јас ќе го забавувам, само со зетот што да правам, од сите него ли? Што му фалеше на овој? Што му фалеше на оној? Оној другар ти добро дете, а ова бе, ова ти е како лепена гума, што луѓе ќе бевте... Да ви кажам друг некој да е, ќе се замисли од татковите зборови, јас ич, само ме теши дека немам притисок. Мајка ми па како секоја типична жена во менопауза- ВИЕ СИ ЗНАЕТЕ, ДЕЦА ТИ ЌЕ РАЃАШ НА 40 ГОДИНИ, НЕ ЗНАЕШ КОЛКУ Е ТЕШКО, ПЛУС КОЛКУ ЌЕ ИМАТЕ? 3-4? МИСЛИШ ИМА ВРЕМЕ ЗА СЕ, ШЕТАТЕ ПО ЦЕЛИ НОЌИ ПО ТОА КАФИЧИТЕ, КАКО ШТО НЕ ВЕ БЕРЕ МЕСТО И ДА РАСКИНЕТЕ И ПАК ЈАС ДА БИДАМ ВО СТРЕС??? - и потоа ми доаѓа со кафето и ме бацнува и ми прави - онононо бебе на мама, уште си ми бебе... немој да се мажиш, многу си ми млада, пола свет треба да прошеташ за да дојде време да се мажиш... еве немам зборови... НЕМАМ!!! Она паѓала во стрес зошто не се мажам, а по некој критериум уште сум и бебе... да не се повторувам и аргументирано по други теми и нејзината опсесија со моето постоење и особено шетањето по светот, која иако разбирлива, е неподнослива. Као... нема да умрам утре, те молам не се грижи за моето здравје... Ги прашувам луѓево - дали ќе биде ок со вас еве ако почнам да живеам со него? Не! Како бе не? Па како кога не сте земени, па барем регистрирајте се? Каде живееме...? Неговиот аругмент е - знам дека ќе ти биде тенок струкот и кога ќе си трудна, а нозете потечени, нема да имам проблем да ти ги масирам и кога ќе седиме на ќебапи... другите детали на спремност не ги откривам. Ама тоа...ете, денес решавам да бидам револтирана на мажачките, инстант, по инерција, катализирани или било какви, со еден збор речени - со притисок и протекции. Утре и бракот нема да им чини и ќе бидат - еве заради децата. А за поголемиот дел е уште ххихихихихи - леле ручек не знам ништо да готвам, оти тоа е мангупски, јас сум модерна женска насочена кон кариера... а платата 15.000.
Си ја заборавивме годишнита со дечко ми и ич гајле не ни е , е до таму ни е убаво . Си викам јас, ваков антидраматург не се остава... goodbye January M,
„Џабе туш на очи ако немаш сјај“. Колку е само точно ова, на некои девојки воопшто не им е потребна шминка тие самите од себе зрачат, а некои па со 100кг шминка можат само вода да им носат на тие другите.
Пред шест години на 02.02 се случи моето прво вработување. Во понеделник, 02.02 ќе почнам со нова работа. КОНЕЧНО! Се надевам дека ќе бидам добра барем онолку колку што бев на првото работно место. Се надевам дека брзо ќе ги стекнам почитувањето и довербата што ги уживав досега и дека ќе бидам мотивирана да напредувам и да се вложувам себе си како и досега.
Со еден ден задоцнување, ја уживам и вторава годишнина на форумов.. Се зачленив со првично цитираната цел, но моето присуство се одолговлечуваше и замина во сосема спротивна насока. И секако, драго ми е поради тоа. Би ве почастила со нешто, ко што прават и останатите форумџики за феминските родендени, ама да ве поштедам од муабетот-полни очи, празен стомак. Ви посакувам убав ден! Бидете позитивни и насмеани, зошто и да не сте, секако никому нема да му биде гајле. Сурово, ама реално.
Продолжувам денес. - Бљак, леле колку пудра има ставено. Шо е она фустанчето ем кратко, ем тесно, ем та сивња. -Кивањњ. Ааапчуууу. Aaапчуууу -Шооо?? Ти пак се муваш со неа, а јас си гледам одстрана. Си ќутам, си ќутам. Ама кога ќе пукнам. -Ами незнам мамо кој ја скрши вазната. (Во себе: Хаххаах јас сум.) - Македонија, Македонија! Кош/Гол. - Уф ги дава, денес тестојте. Шо ќе добијам лелел,лелелелле. - Е ова е шмеќерска насмевка. Ме постеќа на еден до осмо шо учеше со мене, Владе. -Бубалица. -Тајна е, несмеам да ти кажам. / Пипер има во устата и залепена со фластер оти мн. пцуел. -Чаооо, поќе не враќај ми се во животот. -Шо ??? Незнајш како изгледа срцето(човековото). - Доома има благо! И почнуваш да јадиш како прв пат во живот да гледаш. - Момент кога професорката ќе те пофали дека се најдобар во клас. -Е шо таа има подобар тест од мојот . Таа имам 59/60, а јас 58,5/60. -Професорке го знам ова. И си единствен во клас, и раката ти е во лицето на проф. -Групно гушкање. -Пуфла,прво класна. Кич кармин, а само 15 години има. -Кога на час се смееме. -Бравос! -Е ова кога ќе те фати проф да незнајш. - Кога тестот ти е последен и чекаш 40 мин да ти го дади. - ИИИИ добиваш 5ка. Гледаш оклу тебе кој друг има
Здраво луѓе! Како сте? Многу работи се сменија од последен пат кога пишував овдека. Сакав да кажам дека со мама си го подобрив односот и пред малце ми се јави, ми кажа дека ќе искочиле на кафе со една добра пријателка. Се дотерала, се пицнала и низ град. Искрено, мило ми е шо почна да живее. Беше многу затворена. Имаше некој страв, ни сама не можев да си објаснам, а никако не сакаше со мене муабет да прави, сега е многу подобра. Искрено, од среќа ми се насолзија очите. Сакам вака да биде засекогаш!
После долго време видов нешто што ми остави впечаток. Петок - почеток на викенд, вечерно излегување - дискотека. И претпоставувате доаѓаат луѓе издотерани, костимосани, нашминкани, напудрени, со 15ка штикла, со миничи и тн. Случајно гледате момче и девојка сосема обични во фармерки и некоја лита блузичка. Незнам дали беа дечко и девојка или другари но и не е од важност тоа. Луѓе ''децава'' така добро се забавува и толку убаво и лесно играа што мислам дека немаше личност во дискотекава што не ги примети. И додека некои што се спремале 3 часа и испаднале само за вештачката насмевка на сликата што подоцна ќе се најде на фб и за чекирањето а цело време намрштени дремат по сепарињата и шанкот овие зрачеа буквално. Да не се сфатиме погрешно не сум против елеганција, шминка и криење на недостатоците но што корист од се тоа ако вечерта ја поминете во досада и дремење. Што корист од штикла кога незнае некој да ја износи па делува ко да има пресечени нозе Што корист од минич и корсет ако цело време ги влече де горе де доле и самата не се чувствува пријатно. Што корист од прилепена кошула со која делува ко гипсиран и неможе да се движи. Па така многу ми е мило што по подолго време видов некои кои излегле за да се забавуваат а не за да глумат манекени и принцези.
Таман мислев немам инспирација за постов, ги слушнав моите како во другата соба „се трудат“ да разговараат на англиски. Татко ми учел во средно, ама непара одел на училиште. Мајка ми во средно учела руски, па сега нема поим. Пред недела-две започнаа од работа да одат на некој курс за основен англиски. Луѓе, ме има потечено! Само ме препрашува, па ме тера да ја испитувам, па да и‘ покажувам, па и‘ поправам во тетратката зашто не догледува и грешно препишала од табла, па... И‘ велам на шега дека ќе почнам да и‘ наплаќам за часовите, а таа ме зеза дека уште немам Уверение од факултет И еве ги сега, си зборуваат на англиски. На последниот час учела за телефонски броеви, па го прашува татко ми кој му е бројот, а овој одговара кутриов. Па го корегира, требало 'oh' наместо 'zero'.... Убав е животов Ги сакам, иако некогаш многу ме нервираат.