Најчудното чувство евр. Прв пат се почувствував така чудно...ама многу чудно. Седиш сам, ин а мидл оф ноуер, штракаш по лаптоп, дремеш на мобилен, си играш со косата...и... исто така ин а мидл оф ноуер...БЕЛО ВЛАКНО. Ќе се онесвестев од шок. Го гледам и не ми се верува, во сред гужва си правев самослик за да се осигурам дека е навистина бело!!! Порано си викав, е де бе, влакно е, коса е, па што, ама се глупи што се нервираат... ама на 25, не очекував ваков шок. Митот вели - не го корни, се размножува. Медицината и науката викаат, нема врска. Го искорнав копилето! На 25 еј! Се прашувам на кој стрес од животот дојде ова чудо и само ако не ми донесе среќа! Ако ништо до сега на јога не ме натера да застанам на глава, ми се чини ова ми даде таква сила што уште утре ќе се обидам да застанам на глава. Ако скршам врат за едно влакно, сериозно ќе биде најглупиот начин и причина што може да погине човек. Као луѓе умираат за татковината, за љубовта, за вамте за тамте, после триста болести што преживеав, сега да си отидам од едно бело влакно, па мислам дека нема смисла значи!!!
Многу сум разочарана од луѓето,од нивните особини,бесчовечност. За кратко време ме разочарале личности за кои сум имала поинакво мислење.Разочарана сум од лажни насмевки,лажни радувања за твоите успеси.Добро бре нели со самото наше доаѓање на овој свет,ние сме човечки суштества и по тоа се разликуваме од се друго,каде исчезна човечноста?Се е сурово,се е лажно се!
Welcome to the club Јас имам 23, и еве од пред еден месец скоро секој ден си кубам по едно бело влакно од косата. А имав намера да не ја фарбам никогаш косата, барем не додека немам бели влакна. Ама сега почнаа да никнуваат секојдневно. Веројатно е од стрес и нервоза, кои и те како ги имав минатиов период. Ама многу ми е криво, зошто толку рано? Греота е на 23 години да имам бели влакна. И сега сум приморана да се фарбам, ама тешко ми е да се одлучам на тој чекор уште.
Аман значи, аман! Многу се нервирам кога морам да чекам некој да ми ја каже неговата одлука, амаааан! Мразам се себеси, аман избрзувам во некои ситуации, сега многу се каам! Амамамнанананна, ај да излезе негативен одговорот
Некои муабети се прават помеѓу двајца и треба да останат помеѓу двајца. Аман дете да беше ќе разбереше дека плановите за иднина не мора да ми ги знаат сите. Јас женско па не дрднам кај кого, каде и како ќе живееме, што ќе правиме и како ќе правиме. Јас да сакав со неговите да си напраам муабет и да им ги кажам сите планови мои за во иднина и што и како јас сакам да направам од мојов и заедничкиот живот, ќе седнев и ќе им кажев, не ми треба посредник. А го мислев за доста поозбилен.
Аии а јас мислев само јас имам уште од пред две години знаеше да се јави по некое ама ајде демек среќа било тоа не обрнував внимание ама сега како од едно да се размножија на повеќе, и уште не се давам, не се фарбам рано ми е :geek:
Aјде и јас во клубот да се пишам .Си имам едно бело влакно во коса ,оваа година ми излезе ,а оддамна памтам на челото над веѓата ми расте бело кусо влакно .Судејќи по тоа дека ич немам к‘смет,значи не носи среќа туку стареам :geek:
аман веќе од тие муабети како другите така и ние ќе правиме... море ќе правам како на мене што ми одговара бре не прашувам никој... ако сака да дојде добредојде ако не ајт фајрот
За мене одењето на фризер не е задоволство туку е обврска. Можеби би требало малку повеќе да се опуштам и релаксирам. Му се јавувам да му објаснам за еден фустан дека многу ми се допаѓа ама малку ми е широк, ми требаше де потврда дека не е ништо страшно да е поширок чим се допаѓа. А тој ми вели- Мила ти и вреќа да облечеш не може да не ти стои убаво. И ај после не чекај едвај да го видиш
Блазеиму на оние кои шо живеат во маало каде шо стварно има живеачка да појдиш на кафе,да ти дојдат да си напрајш муабет а не овде кај мене Објектот е нон стоп под видео надзор Сите гледааат кој,каде,со кого,зошто кој те зема од дома кој те враќа,шо носиш во кесите и шо уште не секој ден му се чудам на комшииве и стварно ми е криво шо живаем во вакво Глупаво иНјапросто мааало.
Ситните души се оние кои ги кријат најголемите комплекси! Да ги нема нив колку би било се порозово зар не? Имајте затоа розови сништа бесплатно е! Добра ви ноќ!
Среќа е бело влакно бе луѓе, мене ми се појави на 21 година, два дена пред да дипломирам Како што бев под стрес за последен испит, уште толку се изнервирав. Од тогаш ми се нема појавено, еве чекам да ме стрефи пак за другава диплома
Кој рано рани-две среќи граби. Ма јас и 3 ке зграбам Се поздравив со утрото уште пред да излезе сонцето.Си спремив чајче од мајчина душичка(во мојата омилена чаша )и бисквити.Си ги топев бисквитите во чајчето а потоа си ги грицкав.На ова ме беа научиле баба и дедо.За мене порано нешто послатко од бисквити во чај немаше а немаше и поголема радост од тоа да останам кај нив на доручек.Некогаш и јадевме тазе ѓеврек со мармалад и чајче.Кога го јадевме тоа,секогаш земав пола геврек од баба ми,па таа само пола јадеше Ехеј,носталгија ме фати Него,ај едно доброутро од мене,па имајте убав ден. Mood: Positive
Ако денот по утрото се познава,тогаш ке имам убвав прекрасен ден,иако за мене денот не ми преставува пречка за расположение каков и да и е,ама кога гледам сонце е тогаш зрачам со позитивна енергија.
Кога ќе ја слушнам оваа песна Pharrell Williams - Happy прво што ми текнува е на една феминка, незнам точно која беше но само што беше излезена песнава имаше пишувано овде за тоа како нејзините најмили и најмали по дома уживаат и играат на песната ,се сеќавам дека малото детенце и барало и шеширче за да изгледа исто како во спотот,мрдале играле се смееле пееле заедно Уживала додека ги гледала и пеела заедно си нив навистина оваа ми е првата мисла што ми се мота во глава кога ќе ја слушнам мелодијава Е сега веќе кога го споменав оваа да ви кажам дека си ја слушам и јас цело сабалје и убаво ми е случајно го видов и оваа видео направено од наши Македонци http://www.youtube.com/watch?v=mfQ2WuiY ... ture=share Се израдував има многу луѓе кои пред се изгледаат среќно весело и имаат сите насмевка на нивните лица Браво навистина добро замислено и средено мене ми се допаѓа
Не јадев и качив пола кило. Не бре, ова се заинатило, нејќе да се симне и нејќе. Се фатило ко слеп за стап и готово. А бре ова машкиве бетер се од женскиве. Ај за женскиве.. у мода било омбре фарба. Ја гледаш секоја втора, до пола плава, пола црвена, пола жута, пола црна, пола кафеава... На некои им стои до пола фарбана, на некои не. Небитно. Ама да гледаш машки како се расправаат кое машко носи оригинал hummel тренерки? Е свашта. Ова сè изгледа ги прифатило од женскиве. Па се расправаат кое било поскапо, adidas или hummel. Сите се преокупираат со толку небитно работи... ах, бре. Да биде у мода, пуфки на сред чело, ќе стаат. Жити кариера, ќе стаат. А мене предосеќам дека ќе ми отиде автобусот. Оооф.
Животот е само монотонија.... Се едно исто секој ден. Стани напиј се кафе, јади , легни и пак исто... Незнам дали само мене ова ми се случува дека саканиот не ми е тука или на сите е исто тоа незнам, но ова монотонија веке ми е здосадена. Кога веке еднаш ке завршива ова, па да кажам и јас дека нешто ми се случува во животот. Една недела од месец ми е совршена заедно сме , среќни , заљубени и се ми е супер. Но веке со години јас живеам само по неколку недели во годината. Ништо не ми е интересно , ништо не ме интересира, немам ни занимација некоја со која би ми поминало времето.Си живеам од месец за месец кога ке си дојде барем на една недела. Ова е за наша подобра иднина тоа добро го знам но ова ме убива. Но се надевам еден ден ке заврши ке застане пред мене ке ме побара и ке одлучиме целиот живот заедно и среќни да го поминеме .