Би сакала оваа ладна, тивка вечер да си до мене. Абе многу ми фалиш, шутрак еден. Многу сакам секое утро да се будам до тебе, на некој далечен остров.. Уф, милина.. Сонови бе, сонови, се ми уништуваат, само да се тежнеело кон неостварливи цели..
Sakam da kazam deka iam kosmari.. se napinjam i nerviram radi toa ,ne najmalku radi niv zaso se gluposti zaso mi go ukocija vratot i fucking me napinja toa... so nikoj nema moguci coek da me izmasira i niso ne mi pomaga -.-
Некогаш и најмалите и најбанални ситници можат многу да повредат. Но за жал тие што не повредуваат не го забележуваат тоа. Иако добив две добри вести сепак не можам во целост да им се радувам...ме болат некои постапки и зборови од блиска личност. Се би дала да не е така но што беше до мене сторив... Пред другите секогаш насмеана и расположена, а всушност вистина е се она кога сум сама ...
Да не беше вашето известувње дека сум сведок на вашите почетоци Ќе поминеше незабележано и без да знам дека сум наградена со трофеј Заокружи Озбилнава 5 години со Форум Фемина Озбилна Неозбилна ме имаше се дружевме По тој повод виртуелно Части Озбилнава Воедно ве поздравувам и ви посакувам убав ден. Нека вашето лице го краси една искривен линија
Во обидот да не ја отворам кутијата полна едукативни сеќавања кога духовната компонентна претставуваше фундаментален склоп на една личност чувствувам дека ме совладува потребата да се присетам на деновите кога нештата беа системски поставени со свој тек без никаква претенциозност. Горда сум што имав можност да созреам во нормален етички свет кога теоретската поставеност на вистинските вредности имаше реална примена во процесот на социјализација. Придобивките од тој период се толку силни што оставија суштинска трага зад себе за многу генерации. Тоа што некогаш постоеше како култ, денес е потиснато од развојот на новата епоха која отфрли се што е добро. Современото живеење е во таква згрозувачка експанзија што го наметна мислењето, лудо е да си нормален. Елементарно е изместена употребата на технологијата со тоа што во недоглед се злоупотребува. Како аперитив се консумираат фотографии што секојдневно никнуваат на мени обликувани со добро познати состојки на естетската хирургија и како шлаг на тоа се сервира вулгарна голотија. Предмет на засилена психолошка окупација се виртуелните неверства наспрема отрпнатоста од реалните, бидејќи тие се веќе видени на сцената. Модерна варијанта е да се споделуваат лицемерни воздишки, арогантни насмевки и фасцинантна љубов пропратени со неизбежен скен на облеката во некоја наводно недостижна позадина за останатите.Очајно и мизерно-патетично е нивото што го достигнува човечкиот род. Бескурпулозноста нема граница. Афинитетите растат на сите страни за да се искуси нешто ново, непознато, а љубопитноста малку треба да се подгрее за да го направи своето. Популацијата свесно е излезена од сопствената кожа и живее механички, далеку од можноста да го вклучи разумот затоа што избришана е опцијата совест. Аспектите на опстојување се подредени во некој нелогичен редослед. Во услови на енормна загаденост на средината нема простор за вегетација на индивидуалноста. Поединецот е прегазен од разгневената толпа што изгубила пат и правец на дејствување. Владее ужасно неподносливо опкружување... Се чувствувам како реликт кој се бори за филтриран воздух во алармантно контаминирана почва. Ја потиснувам тежината и се воздржувам да испуштам крик за помош. Нема кој да ме слушне, а уште потешко е што тој некој нема капацитет да ме разбере. А без вода и воздух нема живот. Нели???
Се чувствувам многу среќно и исполнето. Радоси ме опкружуваат овие последниве месеци, што не бев навинато на тоа. Ама нели, на човек неможе да му се погоди. Сега па ќе си помислете дека се жалам од среќа. Како и да е, повесели денови идат. На 2 свадби сум овие месеци, и тоа ептен блиски. На пат ми е уште едно внуче, мене за 1 месец ми е роденден, на братучет ми му е матурската оваа година. Убавини до убавини. Навистина овој период неможам да се пожалам. Само уште времето да биде поубаво, и се ќе биде како подмачкано на леб.
http://tocka.com.mk/1/150107/amerikansko-istrazuvanje-otkriva-tajna-putin-ima-eden-oblik-na-autizam Што е бре со ова читање и анализирање, изгледа ги префати од Мирка. Ако е ова вака тогаш Грујо без сомнение е аутистичен.
Sakam da kazam deka koga ke vidam dopaganje vo temata fem. Inst. od teta @Daleron e stvarno mislam deka go pogodiv jadenjeto posto ona retko da mi lajkne na slika (nesakam da kazam nisto loso so ova se razbirame?) Sekoj si ima pravo na mislenje. I sakam da se uzvinam sto pisuvam na lat posto od mob sum. I uste ova...ve sakam na site.
Зошто луѓето произведуваат цигари , дрога, алкохол,кога се свесни дека ги уништуваат нивните животи.? Едно време бев страсен пушач, додека реалноста не ми залепи еден врел шамар и се освестив за век. Повеќе никогаш не запалив цигара. Толку малечка,нежна ,кревка ми ја подаде опаковката цигари со скиснат поглед.Беше лишена од малото слатко задоволство чоколадце животинско царство со сликичка на кое толку многу му се радуваше. Тој поглед беше мојот шамар.Се засрамив колку сум лоша ,себична,идиотка што никогаш нема да си простам.Слатката горчина во која уживав ,се претвори во отров. Следуваа еден куп чокалдца и слиќички па дури и албум.Одеднаш слаткиот дим од цигарата се замени со слатка детска насмевка , додека ги редевме слиќичките во албумот,па баравме другарчиња да се замениме. Затоа не верувам во она оправдување не можам без цигара. Неможам ниту да ѓи разберам личностите кои се зависници.Зарем никогаш во животот не си го поставуваат прашањето Каков живот би имале ако се откажат од порокот ? Одговорот би ги изненадил.Но не, тие и понатаму свесно се оддаваат , нанесувајќи си огромна штета првин себе си а и на своите семејства.И онака животот е тежок,полн со непредвидливи препреќи,а имаме само малку време да ги совладаме. Сторив се што можев,дадов се што можам, дури и многу повеќе од тоа ,се надминав себе во таа битка,и ништо.Тој одвратен мирис е се уште присутен и ме прогонува како сопствената сенка. Останува само нема тишина.Празнина во срце.Нема повеќе надеж, туку помирување со сопствената судбина.Крајот ќе биде со последната возишка, друг ни нема. Нека не ве лаже неговиот сладок опој, дека така повеќе ќе сакате, дека сте кул како што понекогаш знаете да кажете.Дека болката е помала со секоја голтка.Напротив таа е далеку поголема и на крајот нема да ве боли само вас, туку и луѓето кои ве сакаат и почитуваат. Некои ќе останат со вас, некои ќе си одат.Но тој додека не ја направи штетата за која дошол,да ви ја земе младоста, љубовта, среќата и на крај животот, нема да си оди. Лесно ќе се навикнете,но тешко ќе се откажете. Создаден е за веселби, не за тага и болка. Не знам може ќе мислите дека сум паничар,дека е под контрола, но мене ме загрижува она што го гледам секојдневно. Се пие без контрола и невини страдаат. Доказ се секојдневните сообраќајки, тепачќи,дури и убиства. Мене ми ја изгоре душата,практично ме уби одвнатре.Толку многу страдања за ништо. Ако ме прашате што мразам ќе ви кажам,, АЛКОЛОХОТ,, Толку солзи ,болка, неспиени ноќи,страв и трепет дека ќе се случи нешто лошо. Се што е лошо е во таа чаша. Додека е тој присутен, неговото величество АЛКОХОЛ,не барајте ништо друго, зошто ни нема.Се друго е само илузија.дека во пустина постои оаза.
СДК Ме откри. Јас сум стрејт маж со повремени геј страсти кон добро оформени мажи. На форумот ме привлече членот со иницијали ПП но се повлече моментот кога почнав да му се пуштам, а баш му го имав фрлено меракот и знаев дека ќе испадне добро ебење. Така да кога дома сите ќе легнат да спијат Боне седи на фемина и го задоволува својот каприц. Патем тоа што го спомна за мажите важи подеднакво и за жените на форумот, како што имам приметено.
Колку само еден обичен ден и ситниците во него можат човек да го направат среќен.Треба навистина човек да ја виде темната страна на животот па да научи да ја цени и целосно да ужива во светлината која ни ја дава животот која не знаеме до кога ќе трае ,затоа живеам во секој момент му се радивам дури и на намиртеното утро зошто знам кога тогаш ќе изгрее сонцето .
Не дека во истово не се уверувам секој ден (обожавам смотани ситници), ама навистина ми се прави душава бавча кога по не знам кој пат ќе се потврди она „Среќата е во малите нешта“. Ново парче облека, ти се погодила маскарата, бујна ти е косата, те собира тиролката од полуматура , не те болат нозете од штиклите, топло ти е, не ти се брише карминот, добиваш изненаден подарок по кој си пекал веќе долго време и на кој некако си заборавил, мали и прекрасни знаци на внимание од премила особа, кога ќе си поделиш крем-бананче со истата, па одите од кафич во кафич зашто не ви се оди дома и сакате да поминете повеќе време заедно (не дека не се видовте пред два дена).... и за крај договор за неделен ручек и заеднички патешествија во кујна. Синоќа дома се прибрав среќна иако животот не ми се промени, не добив понуда за мојата работа од соништата, не ме побараа за жена. Среќна се прибрав, со крем-банана, макијато и турски чај во стомакот. И насмевка на лицето. И карминот уште не ми беше избришан
Денес завршив толку работи уште на гла фали да се наместам од способност... Сега заслужвам еднои тоа како...Ќе се оди и во теретана дами мои мора тоа само господ да ме чува од мањаци, незнам зошто во последно време ги има како наплив некој...А јас све си мислев дека во денешно време луѓето си имат секс турбо па по опуштени се оф љељеље...Не е важно убав викенд на сите