Денес по кој знае кој пат го гледав Терминатор ( не дека сакав , приморана бев)и како резултат на тоа единственото нешто што ми одзвонува во глава цел ден е реченицата "Asta la vista baby "
Цел ден се убедувам да се измолкнам од лежечката позиција и да си ги фатам обврските со време - не ми оди. Денес не ми е денот, а кога подобро ќе размислам, не ми беше ниту неделата. Сум имала и подобри времиња. Малку повеќе ми е смачено од авторитативни личности. Не, лажам. Смачено ми е од себични нелуѓе кои го користат својот авторитет за сопствени потреби и за сметка на тоа во моментов, „патам“ јас и си ја трескам главата од ѕид. Несовесни луѓе насекаде, не можам да ги поднесам и да се поднесам што успевам да дозволам да допрат до мене таквите и да ме повредат. И покрај глупостите, дури и тмурното време не ми беше пречка за денот да ми биде убав. Мислам, каков инаку можев и да очекувам, кога ми почна со Birdy (тука следува *purr purr purr kitty* стикер)?! Гајле ми е дали некој ме слушал или гледал, се надевам дека покрај тоа успеав да насмеам некого или за момент да го оттргнам од оние другите мисли. Барем имам тапија дека со децибелите не сум штетна по околината и слухот на луѓето, ако не друго. Туку, татко ми станува сè почуден и почуден и ми врти некои муабети од кои буквално се запрепастувам и си велам: „Чекај, СТОП. Преслушај се, резонирај малку. Вдиши-издиши, насмеј се, дај му поддршка на човекот.“ Не знам од каде на каде му текнуваат такви теми, ме знае каква сум, ама интересен ми е со муабетите и кога го слушам, сфаќам колку само престанал да биде дежурниот полицаец со соберени веѓи во моите очи. Додека си ставав кафе утрово, по обичај ставив и за него, навика ми е кога ми е по дома од сабајле и ми вели така замислено со тажни очи, како ли само ќе му било кога ќе одам. Јас не ни сфатив, прерано ми беше за расонет мозок во 7:30, па го гледам човеков зачудено и блантавно си кажав:„Брзо ќе се вратам, немам многу обврски денес.“ И ме гледа некако бледо и ми вели дека не мислел на тоа, тоа не се важело, туку не сакал да се оддели од мене кога ќе се омажам. Што е со татковците и нивните ќерки, како беше онаа ?! Му кажав дека не се делам така лесно од него, да не ми се грижи и ожалостува уште од сега, да ми е жив и здрав. А на дечко ми во меѓувреме му пишав, кога ќе ме бара за жена во кутивчето со прстенот да стави и една таблетка за смирување за татко ми и да се помири со ситуацијата дека сакал-нејќел, пишано му било домазет да се стори.
Постојат два збора кои најтешко се кажуваат...Здраво - за прв пат, и Збогум - за последен пат.. Убав викенд!
СДК се смени. И тоа на подобро. До кога незнам. А незнам ни зошто. Последниов месец е нов човек. Ме сака повеќе, се грижи за нас повеќе, и што е најважно се караме помалку, многу помалку од порано. Ама јас не сум спокојна. Нешто не ми дава мир. Дај Боже да грешам.
Или јас имам сериозен проблем со овие негативни мисли што ми се мотаат во глава нон-стоп, или навистина сум таков баксуз, негативец, несреќник и не знам како со други зборови да се наречам... Па дај Господи нешто убаво да потрае. Да живнеме малку. Барем сонце да имаше, на него ќе му се радував!! Ајде добра ноќ. Имајте убав викенд.
Се` додека некои доблести од едниот се сметаат за очекувани и за должност, а пак од другите истите доблести се сметаат за благослов, ќе има односи полни со фрустрации, неисполнетост, незадоволство и недоречености.
Мојот ден кој неможам да го дефинирам, на крај беше преточен во една мини приказна.... Едно детенце ја запрашало својата мајка - Зошто плачиш? - Затоа што сум жена - му одговорила мајката. - Не разбирам - рекло детето. Мајката само го гушнала и му рекла - Никогаш и нема да разбереш. Покасно детето го прашало својот татко - Зошто ми се чини дека мама плаче без причина? - Сите жени плачат без никаква причина - било единственото нешто што таткото знаел да одговори. Детето порастело, станало возрасен човек кој сеуште се прашувал, зошто жените плачат. Не можејќи да го најде одговорот, се обратил на Бог: - Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?...и добил ваков одговор: „ Кога ја правев жената, таа мораше да биде посебна. И дадов раменици доволно силни , да може да ја носи цела тежина на овој свет, а сепак доволно нежни да може да пружи прегратка нежна и утешителна. И дадов внатрешна сила толку многу,да може да поднесе породување. И дадов цврстина да може да продолжи и тогаш кога сите се откажуваат, да може да се грижи за своето семејство во болести и несреќи без никаков приговор. И дадов чувствителност да ги сака своите деца без оглед на СЕ, и тогаш кога тие најмногу ја повредуваат. И дадов и сила, да може да го носи својот партнер низ неговите грешки, и ја направив од неговото ребро за да може да го штити неговото СРЦЕ. И дадов МУДРОСТ, секогаш да знае дека добар маж никогаш не би ја повредил својата сакана, туку дека повремено ја тестира нејзината сила и решителност, постојано и засекогаш да остане покрај него. И на крај...И ДАДОВ СОЛЗИ ДА СЕ ИСПЛАЧЕ „
Пред некој ден дојдов во муабет фемина. Се потсетив како активно пишував, читав и созреав со виртуелни ликови. Одамна не сум пишала што би кажала, но ете сега решив. Не се решив дека нешто посебно ќе кажам, можеби пак активно понатаму, но би ги поздравила старите форумџики ако сеуште има такви. Намасте фемина!
Чаршија навечер е магично место за шетање. Јас ја сакам и преку ден, со целата таа енергија на луѓето, сите различни, а сите заедно, ама навечер е сосема поинаква. Затоа што каде на друго место можеш да најдеш продавница за делови на трактор во сред центар на Скопје? Каде на друго место можеш да шеташ по скроз празни улички и да наоѓаш нешто ново на секој агол? Каде можеш да се напиеш чај за 10-20 денари? Или да се восхитуваш на накитот, да се прашуваш за која пригода би ги облекла раскошните фустани, да разгледуваш чанти? Има некои мали кафани каде ако останеш после работното време надвор, можеш само да им ги оставиш филџаните пред врата за да ги земат другото утро. Има кафичи со пригушена светлина, насмеани келнери и ниски столчиња. Преку ден музика, гужва и различни мириси од рестораните, навечер спокој. Парчиња љубов низ неколку улички. Па уште кога ќе почнам да се присеќам на сите спомени, не сакам никогаш да ја напуштам.
Нешто што најмногу ме нервира е кога некој наеднаш станува недостспен на телефон! Значи ми се јавува и ми вели ќе ти ѕвонам за пола саат, а го нема еден саат и му ѕвониш ти-недостапен
што и да кажам,ништо нема да го смени светот... кафето што ме дружи секое утро има повеќе разбирање од некои луѓе...
Уште еден испит помалку... уште само еден и ќе му кажам чао на семестаров Вчерашниот роденден ке го памтам по тоа што уопште не сетив дека ми е роденден зошто цело време бев над книга Еве автобусот ми шибна пред нос..па морав да седнам на кафе додека го чекам следниот пошо шиба ветер..во меѓувреме добив комплименАт цитирам: много убаво ти ГО стои ова (покажува на неговата уста а мисли на мојот пирс) е фала...таму е веќе 7 години Торта не ве частам зашто нема!!! Не напраив..учев нАли.. денеска ке праам де! Еве по едно кафе Како сум тргнала ке ми шибне и другиот бус...а околу мене сумливи ликови..нејќам да завршам на црно тржиште...ајт чаооо
Сабота. Телефонот на silent. Се будам во 9:30. Наспана. Денес да не е крајот на светот случајно? Цела недела станував со аларм (добро де, знаев и пред него да се разбудам), а баш за викенд, кога си дозволувам себеси да поспијам, се разбудив рано без никаква причина. Од сабајле јадев три пати. Испив шолја кафе, потоа и чај. Вежбав. Се преслеков. Гледав филм... Оооооооо долг денов. А да си прилегнам? Туку... ме иритираат муабети од типот „Ауу таа сељанка опрана, скршен денар нема, таа мене ќе ми се занесува!“. Оние кои не се „сељанки“ и кои имаат пари, тие имаат право да се занесуваат? I don't think so.
Ако порано се ми било ок,и секој муабет од секого ми бил ок. И сечие однесување ми било ок,со сигурност можам да кажам дека повеќе не го мислам истото. Како растам почнувам да ја сфаќам смислата на компарацијата.и различноста помеѓу луѓето. Колку едни се разликуваат од други.И колку една работа секој ја доживува и коментира различно. Во последно време многу често се наоѓам меѓу различна група на луѓе,со различно гледиште на светот. Да не речам екстремна разлика. После долго набљудување на карактеритите,направив една кратка рецензија Колку славата простотилокот и моќта може да ги направи среќни едните,и колку интелегетните и приземните не можат на ред да дојдат од овие првиве.
Немам многу за кажување,ама имам 3 прашања кон левучарите: 1.Со која рака го држите ножот од приборот за јадење? (мене ми се смеат оти со лева го држам ) 2.Како сечете општи работи со ножици и дали постојат посебно креирани за левучари? 3.Дали некогаш ви рекле дека сте фатени во рацете чисто поради фактот што сте левучари? Толку. ПС:И јас сум левучар да се знае.