Од кога ќе направите тотален хаус вашето извини нема да промени речиси ништо. Затоа бидете внимателни со вашите постапки и зборови.
Што ти се мислите.... Некогаш толку далеку ќе одлутаме, а од местото не сме се помрднале. Вечерва ме носат далеку, ме враќаат до тебе, ми враќаат слики што никогаш нема да избледат... Поради тебе уште повеќе го засакав овој град. Светилките во хоризонтот сеуште трепкаат. Можам да го здогледам дури и отсјајот на месечината во езерото. Ме гали свежиот воздух и чувствувам како ми ги вцрвенува образите. Не ми пречи што е студено, кога на душава ми е топло. Затворам очи. Длабоко вдишувам. Како да лебдам, а во исто време стојам цврсто на земја, припиена до тебе... Мирисот на вареното вино, на цимет и ванила, сеуште можам да ги помирисам. Единствено музиката ја заборавив, зошто се исто ми звучеше, зошто го слушав само чукањето на твоето срце... Да можам би измислила временска машина, да се враќам таму каде што ми било најубаво, таму каде што сум била среќна и исполнета. Зошто да сме лишени од моменти кои ни го исполнуваат срцето?!
Леелеее, барем и јас во мојот живот еднаш да се разбудам наспана. На што кревет, перница спиеш? Плус ме фати од тебе стрв за сон од 20 саата. Еднаш така се договоривме со другарка да го почувствуваме утрото, да станеме порано. Си купивме весник, со кафе, доручек и да, го осетивме утрото али затоа цел ден го преспавме. Вчера прејадена и препиена, да се знае дека сум си дошла дома. Порано цела недела ништо не правев, чекав викенд да дојде за да излезам, сега си чекам викенд за достојно да си се одморам и наспијам. Секое излегување вакво како вчера ме кошта утро вакво никакво.
Иако времево е млитаво,и иако недела е слободен ден,прогласен е за еден од најдосадните,ај коа работиш леле одмор коа има одмор аооооо досадно е ај фати ни го крајот што сакаме хахахаха ,Имајте убаво пладне !
Имам фобија од рампи. Во состојба сум да заобиколам било што.. да пропешачам милји само за да не поминам под рампа, а во случаеви кога немам друг избор.. тие ситни секунди додека поминувам под неа.. утробава ми се превртува 87628463463 пати...се каам за работи што не сум ги направила, за зборови кои непотребно сум ги кажала и си ветувам дека ако преживеам се ќе биде поинаку..и се тоа во 2-3 секунди... страшно! ************************ Најголема љубов ми е... кога си на работ да престанеш да веруваш во нешто... истото ќе те тресне како гром од ведро небо. А истовремено, најтешко ми е кога длабоко во себе знам дека треба да се откажам од нешто што многу го посакувам..за нешто што ми треба... Нешто што моментално ме праи среќна... да го жртвувам за нешто кое би ме праело среќна на дуги стази... А кое срце може да биде камен? -Ниедно!...барем се додека чука зад градите...
После толку време, еве ме и мене пак на форумот. Нема да должам многу, бев отсутна од оправдани причини, само да знаете дека сум пресреќна што пак се враќам тука. Ми фалеше дружењето со вас, навистина! Се надевам дека ќе продолжиме да си помагаме едни на други. Епа...Добредојдов назад!