Јас само сакам црвени јаболка ,лежалка под сонцево, колач од малини и книга.Ја не сакам поздравувања.Не сакам кога јас оставам некого а тие за возврат ми оставаат празнина. Еднаш пополнета,секогаш празна.Јас не сакам празни верувања,и лажни допири.Јас сакам блескави очи.Јас не сакам кога ми недостасуваат мали нешта,јас ги сакам клупите во градов под липите,сакам свилени перници на кои полесно се сонува.Јас сум заљубена во сите случајни љубови кои ми минале пред очиве.Јас не сакам остатоци од скинати среќи. Треба да останеш. Каде? Во воздухот,тишина јас ја нерекувам празнина и ја оставам да ми биде живот. Некој ќе ме заборави. Ги паметам местата,го паметам нивниот вкус. Длабоко под кожата,оставаме вечност. Под месечината се трошат нечии други времиња,ликови. Нешто во мене престанува да постои,празнина која нема замена. Се менуваат годишните времиња.
Животов е премногу краток за да заборавите да ги потсетите блиските колку многу ви значат. Кажувајте им секој ден и не држете лутина за ситници, оти можеби истите нема да бидат покрај вас еден ден.. Сакајте се, лесно е! ..досега требаше да бидам спремна за излегување, а јас уште нерасонета седам и филозофирам тука по форумов со кафенце и ..ќе ми избега сонцево што толку го ловам овие денови ама никако да го фатам. Убаво започна денов.. овој мојов коа легна на телефон, се заборави.. ѕвони ли ѕвони, за сонцето да сме го фателе. А прашува ли дали сум наспана? ..небитно. Важно среќна сум. ..само нека потрае. Имајте убав ден, го заслужувате тоа. Донт вори, би хепи!
Факт е дека како шо ќе си го наместиш денот,така ќе ти врви. Еве како на пример јас денеска си се разбудив со песни и онака позитивно наелектризирана отидов на училиште а таму се шо се деси, се во позитивна насока Од денес па натаму, секој ден ќе си се будам со песни но знам, за жал нема секој ден да би биде среќен како денешниов. Јас отидов на прошетка а вие, исклучете ги телевизорите и вклучете ги мозоците Ве оставам во добро здравје и свеж разум Не за џабе се рекло, денот по утрото се познава
Ке раскинеме/раскинавме заради неговите колешки-таканаречени курви.Браво бе девојки да уништувате врски само за тоа ве бидува.Си имате вие дечковци и се е во ред.Лута сум и бесна. Радувајте си се вие за апсолвентската и за се.Радувајте се.А јас дечко ми го изгубив поради вас. Спојлер Девојки не зборам за вас на форумов,само сакам да си кажам што имам.
Ќе замолчам ли јас некогаш? Зошто по ѓаволите толку зборувам? Сум се претворила во некој тежок мрмник кој зборува што му дојде на ум. И зошто секогаш оние со кои јас ќе се скарам, на крај ја имаат улогата на „добрите“? Или пак јас ја немам способноста да се правам „добра“ и да плачам на наставници? Секако, класната ме повика (за да ме кара).Па на крај за да ја уништам работата уште повеќе, почна да ме „дува“ смеа и да си ги касам усните за да престанам. И...не успеав. (си ја треска главата од ѕидот неколку пати, излегува од собата и оди на болница)
Значи неможам да ги сватам машкиве лица кои немаат попаметна работа, отколку да читаат женски форуми и женски разговори.........тоа ти иде нешто како онаа народната-сите бели овици, сал де јас црна. Тоа е што да се прави....демократија.
Затоа што сабајлево за влааааакно ќе погинев на кружен тек у преееееполна 2-ка двокатна, сериозна сум, ама така страшно се изнервирав и напнав затоа што ова се случува константно, попладнево земав испринтав листови А4 формат едно 20-тина - со Правилно однесување во двокатен автобус и земав веќе во неколку двокатни ги залепив на повеќе места! Еден дедо ме поздрави и ми рече, слушајте пажливо, у твои раце е девојче Македонија! Три најбитни на свет точки има, и доколку следен пат видам цел клас, али буквално цел клас од 20 и кусур деца да стануваат, клатат и бркаат низ автобусот на вториот спрат додека автобусот кружи на кружен тек, како стампедо да поминало - а автобуската за симнување е цели 3 минути после него, има јас самостојно да рипнам од горе, наместо да го осеќам срцето у петици секое сабајле! Луѓе без осет за осет!
Си ги најдов старите јажиња пред некој ден, па се прашувам - дали денешните деца имаат јажиња за скокање кои повремено ги користат како микрофони за пеење?
Имам и тоа не едно туку 4. И си скокам уште,не дека ми е интересно,за диетата.... Лош ден,многу лош. Не ми се ни коментира повеќе,дај боже да нема реприза само.
Еден од најубавите комплименти што сум ги добила е од пред некој ден, од мојата најдобра другарка со која имаме негде 10 години стаж во дружењето. Се нервираше за еден проблем, јас успеав да ја насмеам, убедувајќи ја да гледа на позитивната страна, да не се нервира за глупости... И ми рече: Ти треба да почнеш да одгледуваш сончогледи, бидејќи се во склад со твојот карактер, и ти како нив секогаш се вртиш на светлата страна при секој проблем, а и сите околу тебе. Ептен ме разнежни... највеќе се радувам кога ќе измамам насмевка кај било кого, особено ако има некаков проблем, нервоза, посебно ми е чувството отколку за било кој друг обичен успех... А и убава идеја ми даде, пошто претходно ѝ кажував дека мајка ми планира подолго време да украси некое катче дома со некакво цвеќе. Баш ќе ѝ предложам сега, а и јас ќе помагам, ех не памтам од кога не сум се посветила на вакво нешто, уште од времето кога во основно ни даваа задачи да засадиме нешто... Вие имајте пријатен ден, зрачете со насмевка и гледајте во светлината, ширете позитивни вибрации и направете и нечиј ден прекрасен...
Преку глава ми е веќе, тмурново време ги прави и луѓето тмурни во мислите, ги тера да размислуваат негативно и само да се жалат. Како да објасниш на некој човек дека нема само тој проблеми во животот дека на никој не му е лесно но се бори во животот, а тоа е и суштината да се избориме со сите сили за подобро утре. Ама оди објасни ако можеш де. Нема само нашето училиште тестови врз тестови и испрашувања туку така е насекаде треба да се оценат учениците за прва оцена второ полугодие, не им е само нив тешко на училиште туку на сите. Семејни проблеми сите имаат ама никој не се жали, всушност и никој не е должен постојано да слуша некој како се жали. Во ред е неколку пати кога не се издржува да си искажеш што ти лежи на душата ама псотојано бре да се жалело за нешто. Кога слушам некој како постојано се жали па и тоа да се тинејџерки како мене, секое влакно од косата ми се крева нагоре и размислувам за тоа како би било кога би биле возрасни и би имале многу повеќе проблеми од денешните кои не можат и да се наречат баш некои проблеми. И така луѓенца не дозволувајте времето да го води вашето расположение, мислите позитивно и ширете позитивна енергија.
Понекогаш.. Премногу ми е комфорно за да продолжам по патиштата околу планините или преку нив. Чувствувам како да седам во импровизирана куќарка, далеку од лица, некој глас ми кажува дека позади сивиот масив грее сонце и пеат птици а јас упорно се давам во раскашавен снег, калишта и порои. Носталгија..
СДК сончевото време ме тера да мислам позитивно, без разлика на тоа колку е лоша ситуацијата во која сум! Неверојатно е колку времето може да има влијание врз расположението
Интересна била бе таа Хаклбери Фин. Ајде, сега и Том Соер ќе си ја почнам. Но, ако и таму Том вака намерно ги комплицира работите, тогаш книгата би требало да биде 1000+ страни. Добро, можеби...„МАЛКУ“ претерав. Ај, чао. Морам сега да начкртам кратка содржина во тетратката.
Понекогаш не сум на чисто...зошто луѓето навредуваат,омаловажуваат и исмејуваат други? Мислам,зошто? Ради истакнување?Ради што? Ми се гади од таквите,кои на грбот од други се истакнуваат,се прават господ знае што,а се ништо! :roll:
Да ти кажам искрено прв пат со тебе нешто да се сложам, тоа е чудо за мене и тебе. Како и да е ова што си го пишала е доста добро, квалитетнои реално кажано. Ти честитам! Ова и те како е реално за голема жал, исто ти беше на место мислата за тема бременост и млади девојки. -Се додека 300 денари за книга се многу, а за гаќи малку, ќе имаме младина која е неписмена, а ги слекува гаќите насекаде.
Не сум видела подобра режија од филмовите кои си ги прават,овие смешните.Знаете на кои мислам,нели ? Mood: Ете така