Не постои равенка со која по притискање на знакот еднакво ќе ја решиме животната задача. Секогаш пред нас ќе има една непозната величина што ќе ни ја отежнува пресметката на резултатот. Дали сме добри или лоши познавачи на броевите или пак животот ни поставил тешка задача со бесконечно решение останува енигма која сепак сами треба да ја откриеме.
Благодарение на „бомбата на Заев“ се виде и на форумот кој е за СДСМ или за ВМРО...и кој е со врски вработен и се.... И не ми го префрлајте или бришете мислењето, само колку е глупо кога двајца или повеќе луѓе се расправаат за партија. Ептен смешно вака да гледаш т.е читаш од страна...
Не знам, се чудам. Некои личности очекуваат добрина од светот, а тие се што сакаат е да го добијат цело внимание од светот без да дадат ништо за возврат. Вашиот личен израз е само ваш, но кога го правите тоа за пред очите на илијадници, тогаш тоа е веќе претстава и губите право да тврдите дека на пример... пиете кафе во кревет со голи нозе и чорапи до над колена со книгата до вас. Тоа е веќе патетика. Stupid action, stupid reaction. Што знам како да речам... Се угушивме од театрални луѓе, кои глумат автентичност.
Љубовта е поезија на чувствата. Во оваа ладна недела, недела на црвената боја, виното и љубовта се што ни е потребно се топли ракавици и чизми, но најважното е топло срце! И една топла препорака од мене, од денес до најљубовниот ден, уживајте со Сан Ремо во најмелодичниот јазик и убавата музика.
Cuvstvoto koga si doagjam doma od grad,na vrata me precekuva sonceto moe, cepka vo tashnata I naogja gumeni patchinja (igrachki) koi me cinea 300den, a za vozvrat dobiv baknez koj imat neprocenliva vrednost..cuvstvoto neopishlivo love you, my little baby boy!!
Легендата вели дека во некој паралелен универзум, позајмените шнолички, стегачи и слични дребулии после навистина биваат вратени на сопственикот. Така фино лепо си рачунаш дека имаш цела колекција за хипотетички да ти одговараат на било каков аутфит, се` додека не ти притребаат. И тогаш ти текнува на сите можни ситуации кога за секој случај си ги носела у ташна (или место бразлетна на рака) колку да ги позајмиш неповратно или да ги оставиш којзнае каде...
Секој од нас сам доаѓа до некоја своја вистина, мојата и твојата вистина не мораат да бидат исти, мојата и твојата реалност не мораат да бидат исти, и ти си во право,и јас и оној кој верува во некоја своја вистина, Не е битно да си во право,битно е да имаш мир.
СДК вчера се нафатив на мајка ми да и покажам слики на фб на роднини од странство. Отворам фб и тап на почетна ми излегва пост од некоја веб страна што сум стиснала лајк гласеше: „која поза да доживеете оргазам“ или некој таков глуп наслов со гол задник или можда беше како да го зацврстите задникот не се сеќавам точно. А мајка ми до мене кога ме фати еден страм сакав земјата да ме проголта. Па кој и да е ќе си помисли што гледа оваја на фб порничи. Јас сваќам дека има луѓе што ги интересира тоа ама да го постират на тацна, па луѓе има деца на фб што седат.
Да можам... па да те обојам таму кај што те нема...кај што искри горат шарено... Да исплетам соба само за нас.. без таван... па со погледи да нацртаме само за нас, само наш мал универзум.. Да се споиме со душите, со телата...со зениците... Да извираме..од нашите мечти...најдлабоки фантазии...најреални соништа.. таму каде што лутавме пред да се пронајдеме...кај што времето и просторот ги пиевме од дланка..додека танцувавме на јаже од свила... Да бидеме она..што ветувавме дека ќе бидеме...
Кимке да не стана видовита мор? Де кажи, колку требит да платим, порфавор, со картичка или без Бре ама ми отишол паметов на одмор, го отишол, на Бахамас, катастрофас, па свирка, пее уабини невидени
Работите никогаш не излегуваат такви какви што ние ги замислуваме. Те молам, само сакам се да биде добро. Се што барам е зајдисонце, пудинг и прегратка.
Човек кога ќе повреди некого, џабе се после оправдувања.А што е најтрагично, зборчето „ извини“ како да не постои во речникот на некои луѓе.Како да ако се извинат некому, чиниш светот ќе пропадне.И, после зошто работите не се исти како порано? Е, зошто де? Арно имаше една мисла „ скршениот леб, не можеш да го залепиш“. Живот, денес не има, утре којзнае, а е само здив, ништо повеќе, останатото, како ќе го живее човек животот, како ќе гледа на истиот, се од него зависи.
СДК... Тоа што го гледаме додека ги набљудуваме другите, зависи од чистотата на „прозорецот“ низ кој гледаме…
Толкава возбуда во стомакот немам почувствувано од земање сведителства во прво одделение. Колку се чувствувам спремно... не можете да си замислите...
Се мери на вага секое дело, секој збор... А потоа кога остануваш сам со себе, се прашуваш зошто?! Зарем било толку тешко да се премолчи?! Ах, трпение! Каде да те најдеме!!!
Дојдов да шкртнам на кратко како сум, да ми олесни на душичката. Во поголем оксиморон не сум била. Од една страна се осеќам дека сум многу сакана од моите блиски, и другари и убаво ми е, периодов од дружби и искачања неможам да се пожалам. А од другата страна здравјето ми откажува љубов, анкциозност како никогаш до сега, намален имунитет, несоница и сите тие пропратни работи... АМА деновиве сум ставена на нов режим си правам рефреш на организмот и пробувам да се нервирам за не толку битни работи. И верувам дека овој пат ќе успеам хаха периодов ми е sink or swim. Нема да дозволам крајниве рокови и обврски да ме уништат... Ајде се вракам на обврските... имајте убава Среда, јер Среда е среќен ден!