Се ежам од оние прчли, шмизли, прости простакуши кои му се пикаат на секој втор убав дечко. Абе дама траба да има еден дечко. Не дека си нешто фраeрка ако имаш 15-16 дечковци.. Тоа е подло однесување, без разлика на полот. Значи, истото важи и за спротивниот пол. Љубовта е за двајца само, една девојка и едно момче. И нешто ме интересира, оние девојки и момчиња што имат повеќе девојки/момчиња, каде и со кого го поминаа Денот на вљубените ?!
Ако не се чувствуваме комфорно во домот, може да го замениме со нов. Ако гратскиот амбиент не е местото во кое може да се пронајдеме, имаме можност да се преселиме во друг град. Ако државата во која живееме не е ветената земја, може да емигрираме во друга држава. Многу нешта може да направиме со добра волја. Само не може да ја промениме сопствената кожа. Каде и да сме, во себе го носиме сопствениот нарав. Невозможно е да побегнеме од самите себе. Нашите постапки го откриваат нашето јас.
Колку само знае да расположи убавото време, сонце и свеж воздух..Милина Конечно викенд со убаво време.. Одох ја надвор!
Кога имав четири години и некое време лежев во болница, татко ми беше постојано со мене. А за да не ми биде досадно, ми направи буквар и секој ден учевме по неколку букви. 31 лист, сите исполнети со прекрасни цртежи кои асоцираат на буквите. Прво тој ги нацрта, а после јас ги обоив. Уште си ги чувам, иако листовите се веќе пожолтени, а рабовите поткинати. Уште тогаш омилена буква ми беше Ѕ. Не знам зошто, можеби ми звучеше најинтересно од сите букви. Ѕ како ѕвонче, Ѕ како ѕвезда, Ѕ како ѕуница. Арно ама, забележувам дека сѐ поретко ја среќавам, особено на социјалните мрежи. Секаде читам зидови и звонење, дури и во една колумна на универзитетски професор, прочитав звезда водилка. Толку убава буква, а ја заменивме со З. Гледам на YouTube ги има сите епизоди од Бушава азбука, па си ја пуштив онаа за буквата Ѕ. Сум заборавила колку добра серија беше, баш интересно осмислена Особено оној дел кога ќе пејат некоја песна и на крај цел текст ќе биде ЅѕѕЅЅЅѕЅЅЅЅѕЅЅѕѕѕѕѕѕѕЅЅ...
А вие што при отварање на пакување влажни марамици успевате прецизно да извлечете само една, какви супермоќи поседувате?
Луѓе што беше тоа вчера со црвената облека? Машките со црвена кошула, или барем вратоврска или машна, девојките со црвен фустан, кошула, здолниште, штикли, или некаков додаток. Демек треба да симболизира дека многу се сакате, да донесе среќа во љубовта, што? Голема инвентивност, нема што. За Нова Година барем не ја гледаме црвената долна облека што ја носите, ама ова беше очобол.
Денеска сум поминала цееел ден во природа т. е. Од 12 :30-16:00 Колку само добро ми годеше природата и чистиот воздух... После напорното темпо што го имав во Ск... Ми треба цел месец да се 'опоравам'. Плус допрва ми следи генералка низ детска и тоа се ќе чистам од озгора до долу. Ми треба нова фризура, нови познанства, нови работи. I need a BIG CHANGE!
Излегуваш еднаш месечно и налетуваш на бившата на некој што си го сакал. Таа цела вечер се врти и те погледнува. До кога ќе се трудат такви безвредни суштества што не наликуваат на живи битиа да живеат во животи туѓи ? Имаат ли тие нивни живот ?
Викенд за паметење, не се сеќавам да сум имала подобар! Покрај него станувам жена на еротика и страст, хедонизам, храна... Лазањи, греано вино, чоколада, Дуке Бојаџиев, неговиот мирис и допир - задоволство за сите сетила, празник на душава! Фала ти животе, ете толку ми е потребно за среќа, ни помалку ни повеќе! Само нека трае...
Знаете шо е блесавост ?Овој брат ми стварно не е со сите Синоќа, он и женската си излегле, нормано да си прослават. Ама ко за беља, поклонот за нејзе го заборавил дома. Прееска мама го прашува зошто поклонот му е во соба Ко ни кажа, една смеа шо не мавна со мајка ми Битно, он поклон си доби Циркузи
Значи се посветуваш во една пријателска врска,даваш се од себе,ги поддржуваш кога им е најтешко,ги поддржуваш и тогаш кога не се во право,само ради тоа што ти се другари,што ги сакаш и повеќе од себе,се би направила за нив,кога би скокале од мост не скокаш и ти со нив,туку ги чекаш доле...И на крај сфаќаш дека се било залудно,сите мигови кои заедно сте ги поминале,секој битен момент што сте го споделиле со нив се било залудно...Им се извинуваш и тогаш кога знаеш дека си во право,а тие уште не прифаќаат извинувања,ти кажуваат работи кои те повредуваат,не го очекуваш тоа од нив но на крај ја прифаќаш реалноста...Во овој свет на никој не треба да им се верува...Треба од пријателите да се плашиш а не од непријателите.. И така сакав да си кажам во темата да си ја олеснам душичкава барем малку.. Feeling: По втор пат се почуствував исто...Ја барам во мене вината но неможам да ја пронајдам... Мислам дека нема да има трет пат,незам дали некогаш ќе успеам да верувам некому целосно.. -„Прекинатото пријателство е како скинат конец: може да се состави, но јазолот ќе остане.“ -„Лажните пријатели се како сенките – присутни се кога е сончево, а ги снемува кога е облачно.
Се чувствувaм непрoдуктивнo. Сaкaм рaбoтa бре луѓе, сaкaм купиштa oбврски, сaкaм периoд кoгa oдвaј ќе мoжaм дa се избaњaм. Гo сaкaм тoa чувствo нa недoстaтoк нa време. Не сaкaм дa седaм дoмa веќе, aмaн. Не знaм нa кoгo веќе дa се лутaм, нa себе, нa држaвaвa или нa сaјтoвите зa врaбoтувaњa штo не стaвaaт нoви пoнуди зa рaбoтa вo секoјa секундa? Пoчнaв дa се фрустрирaм, прв пaт дa бидaм вo вaквa ситуaцијa, oбичнo сум нaoѓaлa рaбoтa вo рoк oд еднa неделa. Акo oвa прoдoлжи, не знaм кaде ќе зaвршaм, нaјискренo. Се извинувaм зa демoтивирaчкиoт пoст, не ми е се' тaкa црнo, aмa и мене некoгaш ме фaќaaт кризни мoменти.
Него јас на друга релација... а ќе се надоврзам на напишаните речи на Сеси. ... покрај излози со црвени фустани, блузи и ноќници, во вечерните часови уз пролазу ги гледам машкиве во црвена боја вечност љубави И да ви кажам ко педерчиња ми се видоа Маж бре поведеш до тебе елеганција во движење. Ама ај што тропам љубав е у питање.
Ништо периодов не ме мотивира. Дури ни активноста што ме очекува за брзо време, која е за долг пат преку барата, за дестинација која е сон на милиони и милиони на планетава. Ме радува, ама не целосно. Желбата е сега некако половична ... Ми се смени тотално внатрешниот свет. Не се препознавам.
Ne gi zamolchuvajte lugjeto. Dozvolete im da vi kazhat se shto sakaat... mozhebi tie cel den ve chekaat za da vi raskazhat shto im se sluchilo toj den ili ednostavno shto gi machi.
Нит Свети Трифун..нит Свети Валентин.... Свети Кревет ми беше... Од полагање...директ во кревет и таму цел ден... размислував и спиев.. и се тоа одново и одново..под омиленото ќебе. Денеска будна од 9.. а веќе од 10 бев во двор. А таму, си играв со кучето. Се печевме и излежававме на сонце заедно ко гуштери. Уште ова лето го имам дворот. Од есен во стан. Календарски уште лето ќе е додуша... Морам да ја испијам таа енергија... убавата, позитивната.. да се наполнам со сите спомени кои ќе сакам да ги задржам со мене, да ги зачувам на место кај што ќе останат недопрени од нечистотијата на денешново време... кај што ќе можат да сјаат, а ќе сјаат само ако јас правилно ги негувам, зошто тие се всушност јас..ме преставуваат мене низ времето...нешто што не може никогаш да се врати, но ќе постои за да јас можам да се вратам таму, секогаш кога ќе сакам да се потсетам на убавите работи... па, и на оние помалку убавите..од кои на дел веќе избледела болката..и другиот дел.. кои исто нема да болат тогаш... И ми фали Скопје!! Ми фалат сите драги луѓе таму.. пријателите...знам дека последно време се оддалечив од сите.. по моја вина, признавам, ама ми требаше време за себе... а само еве месец како не сум таму. А не сакам журки... не сакам гужви, пригушени и зачадени места... сакам дневно кафе и мерење улици.. пешачење до миле воље.. само тоа... толку сум едноставна. Ам каминг сун!