Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ништо не може да те одвлече од слушање музика како заплеткани слушалки. :lol:
     
    На LittlePinky, Papillon.Papi, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Аман аман аман :envy: :envy: :@ 3 дена у живот јадам ко човек и одма 2 кг + :@ ,како може цел човечки род да јаде норамално и да има супер фигура :!: а ја морам да јадам ко оние гладните во африка еднаш у ден за да останам на една горна граница од 65кг ?!!? :swear:
    Зошто бре зошто мора да умрамирам од глад 3 недели за да симнам 2 кг, а за само 3 дена нормален живот ги качувам тие 2 кг :swear:
    ми се плаче бре луѓе ;( ;( ;(
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.090
    Пол:
    Женски
    Дали чашата е половина полна или е половина празна зависи од нашата животна приказна.
    Содржината е често пати горка,ама таа е за нас наменета,па принудени сме да ги затвориме очите и да ја проголтаме.Реалноста е сурова.Самоконтролата е голем фактор за да не се прелее трпението...
     
    На anabel-a, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, julie77 и 14 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    13.592
    Пол:
    Женски
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Прибидејќи се водам според она... In hello body, hello ghost. Да раскажам една кратка случка на поопширен начин, од сабајлево.

    Си свратив чајче, поточно не чајче, туку чајчиња. Секогаш варам по четири ќесички чај и потоа ги пресипувам во шише. Така и денес. Си сварив чајчиња во тенџерето, отидов да се спремам за накај школо. Се стокмив цела и коса и алишта и сè. Ми останаа само уште пет минути, таман за да го претурам чајчето во шише и да тргнам, да го фатам автобусот. Аааарно ама... кога го пресипував чајчето со инка, во шишето... инката цела се сврте накај мене и ме попари, од глава до петици. Оти нели, шишето празно и лесно, може да летне, а инката тешка, полна со чај. А тенџерчето уште пополно и тоа врз мене. Не знаев што попрво да фатам, за да го спречам натамошното течење. Па така не преземав ништо бидејќи бев доволно испаничена. И така, чајот беше од цреша и цимет... па ме офарба цела. А богами не само мене, туку и шпоретот, рерната од шпоретот, теписонот и фрижидерот. Потрошив петнаесетина минути за да се исушам со фен. Но, и покрај тоа не се исушив до крај. Кога излегов надвор, фармерките среќа ми беа црни и не се познаваше чајот, ама тоа не значи дека не беааааааааа утоп мокри. И дека не изгледав како да ме отфрлила поплава. Секој покрет на ветрот, го почувствував на моите алишта. Како што дуваше, така мене ми се тресеа вилиците. Чорапите немав ни време да ги исушам, отидов со мокра чорапа во школо. А камо ли да го избришам шпоретот. И така.

    Па добро, ако настинам... ќе го пропуштам тестот хемија, физика, латински, англиски, математика и историја. Што не е и така лошо.

    Ама џабе, нема да се разболам. Залудно си правам планчиња.

    А да, и да кажам дека ми се повтори истава мака со проклетото копче за фармерки. Ќе го зациментирам, озбилно! :devil: Се утепав од барање, кај ми е. Аман веќе. Све кинеско. :D
    Е сега дали е до кинеското, или до моето „стомаче“, не знам тоа. :D
     
    На Ketrin.Moon и LittlePinky им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.275
    Допаѓања:
    136.878
    Сакам трендафили, не ружи. Сакам розови трендафили, не каранфили. Сакам трендафили, оти не се меинстим, оти ружите значат извинување, значат купување цвеќе за девојката која не знаеш какво цвеќе сака, оти цвеќарката рекла дека сите го купуват, оти се убави. Особено не сакам црвени ружи, оти се по дефиниција, по правило.
    Колку би било убаво да го видиш сопствениот дечко со распартален букет од трендафили, скинати од некој двор, со зелени лисја на букетот, врзани со врвците од неговата патика. Розови трендафили со огромни цветови, китки чии ливчиња паѓаат додека доаѓа, а ти ги подарува, оти личеле на тебе. оти розовата боја го потсеќала на твоето лице, твоите усни и дека замислувал како се смееш кога ги гледаш цветови зад кои се кријат трња.
    Тоа е љубов. Не 101 ружа, порачана по телефон, со порака испишана од цвеќарката, со цветови одбрани од неа, мислејќи на заработувачката, наместо на љубовта.
     
    На anabel-a, Libera, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.656
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека некој ти е прав другар (а и ти на него) кога сред ноќ ти звони на мобилен и од сон стануваш за да го сослушаш што има да ти каже.Нормално тој разговор трае со саати и утредента кога ке станеш со подочњак и потечени очи сите ти се чудат на паметот и ти викаат-Зарем неможевте денес на кафе да се видите или да се чуете во нормално време ? Не, не можевме. Тоа го можам со секој друг ,ама со најдобрата другарка најбитните/небитните муабети се неодложни и се прават во 3 по полноќ. :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Последниве неколку дена имам голема потреба од разговор со личност која ќе може да ме сфати и да ми даде најдобронамерен совет. Сакам некој пред кој ќе ја отворам душата и пред кој ќе можам да кажам се` што ми лежи на срце. А има толку многу работи. Ми треба разговор после кој ќе ми се симне голем товар и после кој ќе се чувствував послободно, полесно...

    Животот повторно ме става на раскрсница, само овој пат одлуката е многу потешка за разлика од претходно.
    Едниот пат ме води во живот каков што од секогаш сум посакувала, со работа и маж од соништата и се надевам добра иднина. На овој пат има многу нови лица. Лица кои ќе морам од сега да ги запознавам и нова средина во која ќе треба да се прилагодувам.
    Другиот ме води кон работи спротивни на првиот, но разликата е што личностите на овој пат се личности од минатото со кои сум емотивно поврзана и опседната. Личности кои не многу, но сепак ми значат и биле дел од мојот живот.

    Секогаш новите работи и новите почетоци се интересни. Истражуваш, секој ден откриваш нешто ново и подобро се запознаваш со карактеристиките на одредена личност или средина, но оние од минатото ти оставиле нешто за паметење кое не можеш тек така да го избришеш и заборавиш. И тешко е кога мораш да одлучиш.
    Дали да го оставиш минатото зад себе и да почнеш да градиш нов живот со нови личности или да останеш со старите личности, иако знаеш дека е скоро невозможно да биде се` како порано,а ја нема ни онаа тронка надеж за подобро.
    А јас, тешко се навикнувам на нови работи, а уште потешко се одвикнувам и оставам зад себе работи од минатото.

    Сепак, времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите.
    Сеуште е многу рано за да се предвидат работите во иднина, но многу влијание имаат и одлуките кои ние ќе ги донесеме.
     
    На poenta, Ketrin.Moon, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК место да легнам да поспијам и да станам свежа утре за на работа јас пак дремам на компјутер и пак ќе ми се спие од сабајле. Значи колку е добра оваа напредната технологија многу повеќе е лоша. Не остава без многу други работи во животот. Ама тоа е тренд, кога ќе почнеш да го следиш нема назад.
    Ај добра ноќ на сите фенинци, кај и да сте :hug:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Навистина понекогаш треба да престанеме да ја бараме и да ја чекаме личноста која ќе не промени, која ќе ни го промени животот, цел наш свет, едноставно треба само да погледнеме во огледалото...
    И да, уште една ноќ без сон, уште една ноќ во суровата реалност. Ништо ново. А сакам да заспијам, сакам. Но изгледа и оваа вечер ќе се дружам со книгата и шољата чај.
    [​IMG]
     
    На Purrinn, jovana03, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Значи по улава мачка од мојава нема. Абе отепана е за галење, со денови може да си се мази и гали ццц. Ми заспала на стомак, сега како да станам? Грев ми е да го разбудам :)
    Јас се одјавувам, трета смена нека продолжи. Лека ноќ, Гуд Најт, Свит Дримс ал оф ју ! :*
     
    На Purrinn и hermosa им се допаѓа ова.
  12. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Се чувствувам бесчувствително, го знаете тоа чувство ? Го знаете тоа чувство коа се чувствувате рамнодушно, кога одговорот на прашањето ви е, добро сум, но може и подобро. Кога тишината во вас ве убива повеќе и од "бурата". Таков е животот, никогаш нема среќна средина, зошто средината е тишина, спокој, а болката никој не ја сака, а среќата ? Што со среќата.................... :( :| :D
     
    На Marossa, Papillon.Papi и NewGirl им се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    9.177
    Пол:
    Женски
    Значи не била само мојата мачка улава кутрата ем трудна ем се катери каде не и е местото по регали,не за друго ќе се повреди ако се удри во стаклото :| .
    Денот ми беше добар,само овој икс факторов беше лош на крајот,цц невидена работа што и сторија на Aлександра Бркович :tmi:,па и љубимецот ми испадна .
    Добра ноќ феминки и сонувајте и со будни очи,оти соништата се остваруваат ако имаме волја за нив :* :hug:
     
    На Papillon.Papi, jovana03, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Останав недокажана...

    Разговарав со една важна особа за мене, по телефон, и ми изнакажа се и сешто (нервозна по природа е), и никако не можев да дојдам до збор.
    А, почнам реченица, ме прекинува...
    И тоа траеше цели 40 мин.
    И на крај, реков: лом ме правиш, а не можам ни една реченица да кажам, па нема да те слушам ни јас, ај чао; и исклучив телефон.
    Не ми преѕвона. Иначе, има обичај да ми преѕвони.

    Се решив денов да ми почне со убаво и убаво да си го поминам.
    Ама, не знаеш што денот ти носи и тебе.

    Ми фали мир. Ми фали многу мир.
    Се чувствувам како во море со бранови да сум.
    Како во авион влезен во турболенција.
    Овие околу мене не разбираат дека ми треба мир.
    Решив денеска, секој кој сака да ме вознемирува за џабе, за ништо, има да му речам:ај чао.
     
    На Dennings, Budha, jovana03 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Времево плаче за водење љубов ‪некаде на отворено ама набрзинка, како не би смрзнале.
    Сонцето лаже. И љубовта знае да подлаже некогаш.

    Пијам кафе и го слушам Џеф Бакли како пее за лила вино.
    Ни вино, ни вистини бре. Ми се сонува под небото. Точак и пумпање гуми. Прикразна и пумпање лажги со опашки.
    Ене го кај е први март, ќе гувееме ко глувци под ќебе.
    Во меѓувреме, сите кенкаат - наместо да се потрудат да стенкаат.
    Од задоволство нели.
    Што знам јас, само сакам да напишам нешто, да се зачувам себеси од заборав.
    Втор ден на режим, зелки салати насекаде.
    Облината е вистина, врлина и тежина! На слободен ден, се погаѓаме со татко ми дома - вадиме се’ од балкон и чистиме зошто е пролет. Вадиме се’ од фрижидер и готвиме, зошто тоа не’ смирува.
    Некој ми рече дека сум била многу семејна.
    Извади го Ј-то, па ќе зборуваме. Мислам, полудувам, легално. И си творам. И се борам. Женски, струкирано.
    Следат подобри денови, но ќе треба да се препотиме и препородиме.
     
    На anabel-a, cheetah.girl, Elena69221 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Какви убавини доживувам во последно време,за мераци,поубаво и никогаш не сум се чувствувал,многу сум среќен,ве сакам сите :*
     
    На Mama25, Papillon.Papi, Angel4eeee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.982
    Допаѓања:
    90.521
    Пол:
    Женски
    Доаѓа со мало детенце во продавница и детенцето си разгледува (многу мирно а има 3 годинки) и оваа (мајка му) купува 4 кутии цигари за неа и за маж и по 2 затоа што по една не им била доста ...
    И детенцето зеде едно кесенце смоки-стоби флипс и стое и се смешка-срце убаво какви убави очиња има,невина насмевка ... :)
    Леле оваа кога го виде: остави ,остави ги одма од кај што ги зеде немам пари јас да ти купувам ти што ќе посакаш,еве гледај празен ми е новчаникот (и му покажува накај него) -како се дереше :o како којзнае што да било .... И оваа бе колку паметно и послушно си се сврте и ги остави,посака чоколадце малечко,не неможе и тоа ,му купи само 1 бомбона т.е така ја зема нели нема пари дее |(
    Глупачаа бе 200 денари дава секојдневно за цигари а да потроши за детето 10 денари се многу ...
    А немаат не се материјално стабилни скратува од се за да има за цигари :x
    Колку ми е грев кога ќе видам такви дечиња што навистина сакаат и желни се за тоа кесе смоки да јадат ама нема ... па и такво понашање пред мало дете од 2-3 години ,какво воспитание ќе има тоа дете,што ќе научи освен да биде нервозно во иднина напнато и лошо ... страшно навистина :|
     
    На ines.h, cheetah.girl, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    дОБРО УТРОО.....
    Мене ми е добро и тоа како. Ме изненади еден не очекуван гест. Знам како е кога се станува рано и брзаш за некаде немаш време за ништо , такви сме сите, таква бев и јас, значи така е и дечкоми станува многу рано и рано оди на работа па така да не очекував толку рано порака од него. Но штом се разбудив на телефонот здогледав пликче и кога отворам се изненадив нај пријатно :
    ДОБРО УТРО ДУШО, ОДАМ ЈАС НА РАБОТА ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ..
    и ЈАС го сакам најмногуууууу и јассссссс
     
    На Purrinn и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  19. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Имам толку работи низ глава,а еден пост неможам да напишам.Неможам да се решам од каде да почнам ...
    Мразам лаги,мразам удварања,мразам љубопитност
    Толку сум исфрустрирана од луѓето..толку лаги во живот не сум слушнала.Колку сакаат сите се' да знаат на глава ми се качија сите.Ајде кажи ова,кажи она..Абе добро што е толку интересно да знаат?Што е толку тоа интересно? :devil: Зарем нема нешто поинтересно,ах да прашувајки за мојот живот сваќам колку е ''интересен'' нивниот.Наслов би бил repeat
    Имајте убав ден и не се замарајте со непотребни луѓе! :*
     
    На Nana19, Papillon.Papi и vitomir им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Те разбирам потполно,само да ти кажам едно советче остај ги нека се замараат со тебе,тоа значи дека си понапред од нив,можеби немаат свој живот па ги интересира туѓиот,нека те радува тоа барем знаеш дека вредиш како личност.
     
    На summer-lover и Papillon.Papi им се допаѓа ова.