Се обидел некој да ми го хакне фејсот Јака работа си завршил човече.Што убаво па пишува и ај пи адреса на хакериштето па можам да претпоставам кој е Тенкју фери мач.
Се во животот се враќа и плаќа, со гаранција, затоа не мрднувам со прст да се пресметувам со кого ќе стасам, само за да се направам нешто посилна од другите, кое ништо друго не ми носи, освен билдање его на тој начин.Ех, животот е школо, само треба да знаеш како да постапуваш во одредени ситуации.
Mozam da kazam deka sosema se srediv vo zivotot, idam vo pozitivna nasoka, ubavi raboti mi se slucuvaat. Ne se frustriram povekje, mozebi zatoas sto nemam vreme da razmisluvam sto i kako, usredsredena sum na ubavite nesta, sledno mi e da se ostvaram kako majka i da ja krunisam nasata ljubov. Za ponatamu sto i kako, ima vreme, kje razmislam, a i neznam kade kje me odvede zivotot. Zasega sum na dobar pat
Eден од најефикасните начини човек да падне ниско во мои очи е да се испокара со мене заради материјални работи. Има и други начини, но не ми е овојпат тоа муабетот.
Депресија ме мава. Паѓам. Сите свои напори ги вложувам. Се трудам да станам. Но, не успева. Сеуште не... Се оддалечив од сите. Веќе не излегувам ни од дома. Седам заклучена во својата соба. Не разговарам ниту со моите, ниту со сестра ми... И фејсбук деактивирав, и твитер. Толку од комуникацијата. Слушалките се постојано со мене, дури и кога спијам и кога сум на училиште. По цел ден во кревет, со лице облеано во солзи. А немам ни причина. Зошто? Од каде се` ова? Еве, денес добив прекрасни вести. А јас... воопшто не обрнувам внимание на тоа. Шансите ми приоѓаат, а јас ги буткам што подалеку од мене. Самата сум виновна, знам... Но, не. Не ми треба некој да ме обвинува и да ми се дере. Ми треба само силна прегратка и малку подршка. А баш нив ги нема...
Најгласни во Автономна зона од мојава генерација се оние во средно што се враќаа на часови кога сите бегавме, под сите мислам цело школо и тие што на факултет не сакаа да се побунат да поместиме дата за полагање или кога неправедно ќе ни утрапеа елиминаторна група за полагање со материјал кој воопшто и го немало во програмата... И такви што се пикаа по асистенти и професори за 10ки, па за да направат баланс, кратеа од други. Абе лигуши бееее... без кичма!!! Помодари и шљамови. Туку немојте да мислите дека на некого му е убаво кога вас ви е убаво. Колку и да ви се блиски, колку и да им е добро во животот, никогаш нема да сакаат вас да ви е еднакво добро, не дај боже па подобро. Не губам надеж, ама право да ви кажам, им посакувам на сите да им се врати се она кое што ми го посакуваат. Звучам како некоја стара баба, ама навистина повредува кога ќе ја видиш зависта во очите на некој во кој си имал доверба, му блескаат... и со исчекување чека да чуе нешто лошо и нешто неуспешно. Не ви го давам тоа задоволство...
Срцево крвави и тропа посилно од стотина индиски тапани. Се гадам од неправди. Сакам чесност. Но, луѓево се сложени, душата најчесто не им е ни бела, ни црна,туку сива. Онаму каде што мислиш дека ќе најдеш добрина исто така можеш да најдеш и зло. Но, онаму каде што гледаш само зло, никогаш не можеш да најдеш и нешто добро.
Совеста нема заби а најмногу гризе...се разбира кој ја има!!! Најубавата и најудобната перница е мирната совест! Добра ноќ феминки!
жени у пмс , исфрустрирани И/ИЛИ искомплексирани, треба да стојат понастрана од форумов, дур не им пројде барем.
Се поминува. Поминува тагата, среќата, големата болка, големата радост, разочарувањата... Поминува онаа среќа за која сме се молеле и исчекувале со денови, месеци, години... и сме мислеле дека тоа ќе не оствари како личности и дека ништо друго веќе нема да биде битно...и ништо после тоа нема да ни биде потребно. Ама и таа среќа што некогаш не исполнувала бледнее... Поминува и тагата и болката кои сме сакале да ги удавиме во чашка вино, гушејќи се во солзи долги и непреспани ноќи...и колку и да сме чувствувале безизлезност и беспомошност....ќе се појавело светлото на крајот од тунелот...и тоа не од воз, туку за избавување.... Ама, животот одново не соочува со истите чувства... круг е тоа... сите сме во него и сите денсаме на тие ноти...само некои бираат да гледаат нагоре... А...сите си ја бираме сопствената призма низ која ќе гледаме...
Порано се знаеше, си пишува seen и знаеш дека ја видел пораката. Сега празно крукче, сино крукче,круг со слика.. хаус.
Кучките лајат, карванот врви. Шармантно ги засмејува и ме фаќа за рака, еве го... дреме како мачор покрај моите нозе, на колената најубаво му е, да му читкам и да коментира глупости за напоредниците и меридијаните на креветот и театралноста на секојдневието. Што ти се вика среќа а?! Исти си наоѓаат исти... и можат да се носат еден со друг и кога се најодвратно тешки. Други...ехе, ни првиот ден не би го издржале со некој од нас двајца. До душа не трпеле... од некои само на нив разбирливи причини и имало плачки од типот - зошто ме тераш да го правам тоа, нели е подобро да си седиме дома и да гледаме филм?! .... (драматична пауза) (се спушта завесата) Играта - недостапна за да си поинтересна со зрели луѓе не пали. Ама да си културна, фина и да имаш принципи секогаш. Тешете се вие дека секс од прва вечер или па и бакнеж е ствар која што поминува затоа што си едноставно повозрасен, да ве цитирам - еј па 21ви век е или алооо зошто он да те користи, па ти него го користиш или зарем некој денес така гледа на работите? Женишта, биолошки се причините за неговиот нагон да ве легне, а токму дека е 21ви век и имаме разум, разумно расудува дека тука нема леб... и сте тотално неинтересна и за разговор. Сум ги видела овие работи и кај најлибералните мажи (за пред народ се де тоа им е филтер за селекција преку кој успат можат да добијат секс од девојки кои не им се интересни, но се на пролаз, нема замерки, сами се подаваат) кои ми биле другари и еден таков кој сега ми е дечко. Не го сакаат тоа. Стиснете си ги нозете и отворете ја устата само за разговор на првиот состанок, барем на првиот состанок, аман! Веќе доста ми е од жалопојки дека немате среќа во љубовта. Ајт така... одам да нанам, утре имам кормила за местење и ловење на ветер во вистински правец.
Од нигде никаде се појавува за да ми каже дека сум многу слаба и фустанот не ми чинел. Со насмевка на лицето продолжувам со разговорот, а од другата страна добивам само критики и совети како да се грижам за себе. И да, секогаш ќе ми биде еден од најдрагите личности иако разговорите ни се ретки. Од сосема глупава тема како фустанот, се префрламе секогаш на длабоки теми кои ми се вистинско задоволство и ги нема со други луѓе. Прилично сум изненадена од тоа како "децава" се однесуваат или како родителите сами ги прават паразити. Со мама/тато на факултет, зошто треба да завери година, со мама на разговор за работа, со тато да се слика за матура. Мама да се јави да се кара или тато да дојде да вришти. После 14 па ајде и 15 години не си го правете тоа. Мама и тато ако ве кочат објаснете им дека можете сами да средите одредени работи.
Заглавена во ѓор сокак, од никаде излез. Проблемите се трупаат, соновите, плановите и надежите се рушат како кула од карти. Стојам на работ од бездната и чекам секој момент да се лизнам и ништо да не остане од мене. Тонам секој ден по длабоко, до кога вака? Има ли излез?!