Човечкото битие е сложен комплекс од особини кои тешко можат да се опишат, а двосмислено да се разберат. Распространети насекаде, луѓето се како плодовите во природата. Никнуваат во утробата, растат на земјата и созреваат во општеството едни покрај други. Колку и да пребираме, не можеме да најдеме плод без ниедна дамка на него. Никој и ништо не е префектно, па ни ние... Гледајте, размислувајте и избирајте... Во целиот процес, одлуката насочете ја во насока да посегнете по оној со што помалку дамки.
Си варам кафе да ме освести, па ќе си гледам серии скоро цел ден. Само што ги отворив очите почнав да мислам што ќе правам за ручек, гладно дете. Битно ослабена сум, сите ме пофалиа, се радувам. Едвај чекам да се стемни да излезам, да се дотерам.
Наместо да се жалиш дека пропаѓаш и дека ништо не е во ред околу тебе потруди се да ја смениш насоката на случувањата. Колку и да мислиш дека си во безизлезна ситуација решение секогаш постои,потруди се пронајди го !
Како не ви е срам. Си давате непишани правила и кажувате кој може да пишува кој не. Луѓе ова е форум и може да пишува кој сака а не кој вие сакате.
Искрено денов како ми почна, со тој глуп пмс... мислев којзнае како ќе продолжи... Ама не! Останав сама дома, ги кренав сите можни ролетни и венецијанки, да влезе светлина. Oтворив врати и прозори да влезе воздух. Ја изрибав кујната, си пуштив во позадина плејлиста на Здравко Чолиќ и идемо: МЕРАК МИ ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ. Ама баш ми е гајле дали го хејтате, мене ненормално ми го разведрува денот и ми влева позитивна енергија. Убаво ми е, бе! Ај сеа, остајте ме, имам алишта за пружување. Ама озбилно, какви рецепти сум нашла, уф. То мора да се проба. Сакам да одам во парк, на тие количките што се праат судари. Љом ќе ги праам бе, ЕЈ! Ај кога веќе ми почна вака денов, да продолжам, иначе ќе останам тука со изразување желби и честитки. За желби и честитки се иде на Едо, Бетеер, Шутел... Иначе, кога се запознавате со некого, не се издавајте премногу. На пример мене ми излета тоа дека 6 пати сум се изгубила во Скопјево и си добив прашање: А ти излеваш ли од дома? Среќа што ме немаше слушнато колку пати само годинава имам треснато негде. Све е могуче со мене. Ќути си Елено, ќути си! Попаметна си, кога ќутиш!
Јеховини сведоци повеќе од партиски пиуни. Добро, има некое годишно збирање нова крв или си имаат списоче од нас сиромашкиве без книшки? Два дена по ред ми ѕвонат на врата со некакви листови. Прво некои батки во црно, мислиш хитмени што ќе те елиминираат ако отвориш, па вечерта две цури пратиле, сабајлево пак еден батка. Па ми оставиле и флаерче со број. Срцки. А локум и запалки, камо?! Имаше еден 40ина годишен вол што ме замараше телефонски кога имав едвај 18. Му го залепив бројот на бесплатнине лични огласи по нет дека е пасив што бара актив, му пратив поздрав дека е од мене и оттогаш не му текна да пише. Може па и љубов нашол меѓу пријавените...којзнае. Истата идеја ми дојде и за овие, ама пустово созревање не ми дозволува да одам дотаму. Штета. Може да си залепам па нешто ко „Ако не идеш со магичен напиток против болки во стомак и хормонален дисбаланс - губи се од пред врата!“ Крлежи без осет. Нејсе, да не наслушнев бабава карши како ги отерува да не ја дираат со политика на 83 години, стварно да фатам да си мислам дека ко во филмовине ќе ме соберат за некоја тајна мисија зашто личам на ќерката на некој претседател, па сакаат да ме постават ко замка за 500.000 евра, ама со опасност по живот. Мизерии. И така. Напорот и силата си ги трошат на погрешни места. Уште еден доказ дека неразумноста бира квантитет пред квалитет.
Денеска денов е убав, има сонце, и само ме лаже, ме потсеќа на пролет, оф лелее едвај чекам да се стопли! Поздрав до сите феминки активни во моментов!
Денеска по подолго време ставам шминка на мене ако продужев вака уште некое време... ќе забораев како се праи тоа... исто како кога подолго време не користам туш за очи.. па ми треба деценија додека нацртам убава линија, а кога користам редовно ми треба само еден обид. Времево е топ за скромни 2 слоја маскара и еден пудра... А и.. да го побарам шеширот... одамна го купив а сеуште не е прошетан надвор... време му е Денеска ме држи убаво расположение без некоја поголема причина. И тоа е сасвим доволно.. Отидов да убијам некој саат на кафе... и уште некој на шлаење по улици.. Убав ден!!
И како што еден познат твитерџија некогаш отворил настан... Здраво, ние сме од Твитер... И ќе сме ја менувале државава... оди бе шетај.
Кога бев мала мислев дека англискиот јазик е најтапа јазик во светот. Сега која сум голема сфаќам дека имам преголема желба да го усовршам.
Конечно си го купив капутот што го меркав 2 недели. Прекрасен е.. Сив е, со црни ракави. Ги сакам темните бои. Нема да го извалкам некаден, уште поубаво.
„Ќе помине“ - единица мерка за awkward ситуации во кои проблемот што е причина за нервоза на некој твој близок е таков што немаш идеја каков совет или утеха да му дадеш...
Што значи кога ќе излезеш од игра...најлошото нешто што можеш да си го направиш, особено кога знаеш дека тоа е тоа што ти требало цело тоа време. Целта е поставена, да видиме само дали старата форма и кондиција ќе излезат на површина кога веќе ќе тргне локомотивата со полна пареа. Имам верба како и да е, човекот е таков...кога му е најтешко тогаш најголема сила наоѓа, ова многу пати и на своја кожа го имам увидено. Мотивот и влогот се големи, само здравјето малку повеќе да ме служи од вообичаено и на коњ сум. Дадов и отказ пред некој ден, не сум се пофалила До сега во животов неколку пати сум била вработена и секогаш сум си давала отказ кога сум сфатила дека дошол часот. Ми се чудат како така не ми е страв да останам без работа и без многу претходни церемонии да дадам отказ, што од страна делува импулсивно, брзоплето и непромислено. А не е. Повеќе ми е страв дека психички ќе се истрошам создавајќи нешто што е далеку од она што ми треба сè додека еден ден не почнат да ми се враќаат нозете додека одам накај работа и сè додека почнам неволно да станувам секое утро, тешко издишувајќи од помислата на тоа што ме чека. Неколку пати тоа да ти се случи, а си одминал само четврт век живот, говори за лошото целење и стравот од исполнувањето на сопствените желби и идеи. Ама оние вистинските, а не само тоа површното. А само еднаш треба да загребеш по површината и веќе посакуваш никогаш да не престанеш да копаш. Сакам и можам се две различни ствари. Е ама тие две кога ќе се спојат, чуда прават. Па нек се угоде.
Во мене се распламтува бура од чувства. Ама мора да бидам храбра, и да молчам за тоа. Јас ја избрав гордоста. Затоа немам право да говорам за нив. Тие се некаде длабоко закопани, и за нив никогаш повеќе нема да се говори..
Ги поддржувам пленумци апсолутно... и се што прават, ама...ова... ова е ужас. Ова не личат на студенти и луѓе кои градат општество. Се дере некоја од позадина - Што седите, одете си ајде... Ова е слобода да бркаш медиум, а се буниш против неправда? Како ти применуваш тоа што бараш? Покажи разлика, а не биди ист!!! Овој хистеризира како да мајка му му ги ставила омилените фармерки на вриење. Другава - Ние имаме многу проблеми во оваа држава,а не само во оваа... И тоа ајде првиот пат да се збуни, туку два пати?! И типчето со раста капата, фалеше уште џоинт да сврти и да го пушти Боб Марли во позадина и да го претвори се ова на Боб Марлис деј... Сериозно, ако сакате да ве сфатат сериозно морате пред се да се преберете кои сте и што сте, кои ќе се наметнат како лидери и да разговарате како одговорни и зрели граѓани кои сакаат реални промени, а не анархистички да се лупате од земја. Да седнете на маса како луѓе и да се организирате. Супер е Манучао, супер е Дубиоза. Не, супер, туку ПРЕКРАСНО! БРАВО! Пресреќна сум што конечно некој се крева, ама воедно и се плашам дека сето ова ќе изгуби здив и ќе згасне како и многу други обиди до сега. Колку подолго трае, толку повеќе ќе ја губи силата. Ама ова мора да има агенда и насока, пред се жестина која ќе се одржува и ќе ја одржува целата организација да оди до крај. Да бидете концизни и јаки! Жал ми е што ние, мааалку постарите и повеќе постарите не ве поучуваме. Добар дел од нив и ве злоупотребуваат за своја реклама, па ви ја претвараат каузава како Вудсток. Се собираме, еве си пееме... хипичиме, уау. Од нив може да се направи албумче панини за сите протести на кои одеа со транспаренти за фотографирање, верувајте ми. Конструктивни промени се прават со сериозност. Уште колку долго ќе спиете на факултетите? Уште две недели, три? Дали сте дале рок, дали сте дале ултиматум?! Дали сте се заканиле ако не се реши ова и ова до тогаш и тогаш ние ќе одиме и ќе ви ја уништиме ебаната нова фасада на владата и да, тогаш сите ќе излезат, а не само вие студенти... Либерали? Кои либерали? Убаво е што живеете со вашите идеологии, ама ако си ебано лут и ти е прекипено враќаш како што те погодиле, безмилосно. Вратете ја девојката што фино спопика се што треба на протестот пред влада, е таа може да ве води, под услов да остане уште толку лута. Барем да барате дискусија, а не да се инатите бе дечки... кој каде ќе дошол, кој што ќе правел... Ни тактика, ни стратегија. Многу ми е жал и многу ми е страв дека ова ќе остане така, еден убав обид кој ќе заврши како многу работи во државава... А толку многу ве поддржувам и се радувам на вас, немате поим само колку. За да има успех, мора да има структура!!! *Интересен факт кој никого не го интересира, типчево личи на една моја поранешна другарка, денес од тие напучените.
И мене ми е потребна една Кармен, која буквално ќе се појавува од секаде и ќе ми ги воочува грешките. Во меѓувреме поздрав од бетон, рок радио и болно исфустрирани души(чки).
Сакам да кажам дека одамна сум на форумов, стално кога треба да купам нешто отварам да видам што е ново, што е добро, а што на попуст. Сега се логирав оти веќе глупо ми беше само да читам а ништо да не споделувам. Ете сега можам да пишам, фала ви многу за супер советите и се
посреќна личност од мене не постои почна пак курсот за шминкање и јас прва таму, па пак се вракам на старите добри времиња мора да се доусовршам ... тоа е тоа што ме исполнува тоа е тоа што ме смирува