Треба да постои јасна граница која отворено треба да ја знаат сите околу нас, за работите во кои не смее да се мешаат други луѓе, а се однесуваат на нашиот живот. Со сите социјални мрежи, достапност 24/7, било кој ден од неделата, бесплатни разговори, споделување на секој сегмент од нашите животи, даваме погрешна претстава дека е дозволено било кој да коментира за се што ќе прочита/чуе/види, а не засега само нас. Јас на пример, сум прилично отворена личност, ретко кога задржувам нешто за себе, едноставно таква сум. Тоа не дава за право на било кој да ми дели совети без да побарам. Или уште полошо, да пробува да ми го среди животот иако јас немам никаков проблем со него. Ако кажам дека сум вегетаријанец, тоа не значи дека сакам лекција за протеините во месото. Ако кажам дека сакам да читам фикција, не значи дека ми требаат препораки за стручна литература. Ако кажам дека не излегувам често, не ми треба листа на сите популарни дискотеки во Скопје. Ако не дај боже спомнам нешто за некој здравствен проблем, секогаш ќе се најде некој да ми каже за неговата тетка од Америка што го имала истото и останала неподвижна. Или уште полошо: ништо не ти е бееее, кој ти рекол дека не смееш да пиеш алкохол, ништо нема да ти биде од 2-3 чашки. Можеби не е нешто што им пречи на другите луѓе, ама јас се фаќам себе како стопати си ги повторувам низ глава зборовите пред да му ги кажам некому, а се работи за добронамерен совет. Ако сметам дека е мешање во приватноста, или не сум доволно запознаена со ситуацијата, или не ме засега, воопшто не го кажувам. Имам чувство како за возврат да добивам критики кои не само што се непристојни, туку и тотално непромислени. Како повраќаница од зборови, само истурени, без план, без конструктивна критика, без потреба. Од друга страна, мразам кога блиски луѓе ми премолчуваат грешки кои сум ги направила, а очигледно не сум била свесна за нив. Кога ќе размислам какви глупости сум правела пред неколку години, и од толку луѓе никој не ме предупредил, ама затоа секогаш се наоѓал некој да ми прокоментира колку сум здебелена/ослабена, ми оди да се преселам на пуст остров и да живеам со киндлот. Затоа постојат граници. Океј е да и кажеш на најдобрата другарка да раскине со дечкото што ја изневерува и ја малтретира психички. Не е океј да кажеш на рандом познаник да смени стил на облекување. Е толку е едноставно.
Децо, јас мислам вечер наместо сите да си искочите, да си искочиме сите заедно пред влада, за почеток со по една табла јајца... а потоа што даде господ. Не можам да се помирам.
ете се случи и тоа jeeee полетечу али ципелице ку да оставим големиот настан од кој срцето ми затреперуваше ко снегулка после толку интензивно вежбање танцуваме, ја одбележивме Кинеската Нова Година (guo ni hao) наредниве часови само ке учиме како да конверзираме- вчера бевме девојките со фенерите да ви се пофалам
Тагата ми е што и ова ќе помине, но е секојдневие и за оние кои сочувствуваат со ситуацијата. Истите работи ги прават, но во микро. Оговарањето на кафе во тренд, оговарањето и местењето на работа, оговарањето и црнењето на некого пред некој друг, особено за важни, многу важни работи се истото, но не толку опасно (но опасно и важно во нечиј живот) како овие снимки што ги слушаме. Размислете и самите со себе кои мизерии вие самите сте ги направиле. Жал ми е што се согласувам и сум на иста страна со некои личности за сето ова, но ако ги погледнам во микро, колку црнила има на нивните души и знам дека се способни истото да го направат и да загорчат нечиј живот ако се најдат во истите позиции, зошто едноставно ве мразат, како личност.
Крајно изреволтирана од нашава мила Македонија која во наводници е сплотена и сите се како едно! До кај отидовме со политикава? Како можешее се ама баш се да се подели партиски? Уште малце и животните ќе ги поделат партиски, како може жените да се двојат за 8-ми март партиски? Порано немало мислам дека вакви работи, и најважно од се барем по мое мислење имало пријателство, а сега се се дели партиски, Се поделиле за 8-ми март ако се вмро може да одат ако не се не! Па и сдмсм и тие настрана! Што е ова? Ја стварно неможам да поверувам, војна ли ќе водиме вмро против сдсм? Луѓее, мажи, жени деца, освестете се! Само толку ќе кажам!
LIlit, ни јајца ни камења, а ни тешка артилерија богами не ги погаѓаат. Најтешко е со трупови да имаш работа. Овде само трета страна ако има волја може да реши нешто. Ако! Како што согледувам се повеќе, некому одговара ова општество и овој народ да тоне.
Некултурната револуција` која што и се случува на Р.Македонија секогаш кога дпмне (намерно не пишувам ВМРО) ќе дојде на власт. Ужасни се тоа кадри,со минимум свест и лична култура и сомнителна наобразба,ама такви на кои што со намера никој не сака да им овозможи да станат подобри и постручни,него треба да останат такви,сирови какви што се,а во интерес на каузата. Да се разбереме,кога партизаните во 1945-та станале власт, едвај ли биле подобри,ама имало терк и желба да станат различни,па за брзо време и напредувале. Кога сме кај каузата...тамам сега да ме земат да ме носат у затвор,секогаш у очи ќе им кажам дека ова што овие години го демонстрираа,има само еден еквивалентен пример у историјата, а имено `владеењето на вмро` во Пиринска Македонија во текот на касните 20-ти и триестите години на минатиот век. Владеење на фазон
Нејасни ми се тие што во секоја ситуација предложуваат да се реши проблемот со војна. Немаат тие луѓе фамилии? Пријатели? Блиски луѓе чиј живот им е важен? Било кој? Се раѓаш човек, израснуваш во чудовиште.
Во последно време добивам впечаток дека наоѓањето на "гаќа без раб" (која не се познава на фармерки) е невозможна мисија!!!
СДК или сакам да прашам,ако знае некој??? -'Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи,кој во моето минато плови,сосем мирно без да се срами....? Абе свој леб јадат,туѓо гајле берат,аиии
Нешто многу чудно се дешава а и мразам коа нешто се крие од мене.Зашто толку ладноо и покрај ладното време.Јас сум каква ме знаеш ама со тебе сум каква ме познаваш.
Денов ми почна шашаво, пола ден глава ме болеше. Ниту кафетин, ни лимон ни кафе ми помогнаа. Среќа попладнето ми помина, т.е ме виде сонцево па ми годеше тоа изгледа. Ама не за џабе рекле крајот го краси денот (знам дека треба делото да стои ама во контекст на муабетот е денот) . Ми се јавија од ДМ да ми кажат да си ја подигнам наградата од Капитол. Љубезни беа дабне идам до центар. И како да не ти заврши денот убаво. Имајте убав остаток од вечерта, јас отидов кафе да си ставам.
Ако порано со нетрпение чекав викенд, овој викенд сакам најбрзо да помине и да почне работната недела. Се надевам дека нема да настапи и нареден викенд во исчекување на одлуката која ќе реши едно мое големо животно прашање. За што станува збор-понатаму, ама се надевам дека ќе имам за што да скокам од среќа како ааааа, а може и да частиме заедно. Трпението ми е слаба страна, ама кога успеав да истрпам толку, ова е само ситница.
Тој на кого треба да се наслониш ти задава удар,паѓаш,ја тресеш прашината од себе и продолжуваш.Чекориш понатака,но се надеваш дека ќе биде подобро и ете пак,наместо потпора пак си на земја,пак стануваш и пак исто по којзнае кој пат,а сакаш да веруваш,проклето сакаш, дека ете ама сега,токму сега ќе биде поинаку,ама неее, пак си ја добиваш истата порција.Незнам дали постои некоја посмотана од мене,толку да сака и да се надева дека со љубов,нежност и верба ќе го стопи каменот.
Значи ако еднаш направиш грешка и притоа се извиниш за тоа иако ти не си виновен ќе ти ја извадат маста тоа ти се денешните пријатели.
Ми нема поодвратно нешто од седење на две столици. Било од машка или женска страна. Чуму потребата од констатен поход по план резерва Б кога до тебе имаш личност со која делиш кревет? Делиш интима, делиш радост, тага, соништа и надежи? На овие години и тоа, веќе далеку одминати од незрелост и блудничење, или само грешно сум се надала, работава? Ми се гади од дежурни лајкувачи, затскриени и тргнати во поход по нешто подобро или ватевар. Манијаци. Јебем вам бога шашавог што би рекол дедо ми на времето. ~ Не сум свесна колку ми фали стабилна машка фигура во животецов моментално, да се потпрам со сиот грб и целата тежина. Али ќе видиме. Како стареам стадардите се повисоко ги померувам, вајда самосвесно си удирам во ѕид. I wish I could make it easy Easy to love me Love me But still I reach, to find a way I'm stuck here in between I'm looking for the right words to say I'm slowly drifting, drifting away Wave after wave Wave after wave