Yipman како си помина на Струмичкиот карневал ? - Па еве седевме , јадевме сите можни скари , таман цело друштво машки видовме една девојка и се заљубивме во нејзините нозе за на крај ни се сврте и испадне дека е транвестит. Тоа е тоа човеци.
Човечки е да згрешиш, а уште почовечки да простиш. За многу години денов, простете ако сум ви згрешила..
Простете за зборовите неискажани, но помислени… простете за зборовите кажани, но бесмислени... простете за направените нешта... простете за отфрлените нешта, а толку силно посакувани…. Простете за љубовта скриена и несподелена, простете за соништата недосонувани до крај... простете ако сум ве разочарала... простете зошто и мене ме разочарале... Никогаш со лоша мисла не сум другарувала, ниту лошо на некој сум посакувала... Простете што силно верувам во Бога, простете што поседувам силна индивидуалност, простете ако имате срце големо... Моето е такво - простено нека ви биде на сите кои сте ми згрешиле или повредиле, намерно или ненанмерно… Големи се луѓето кои знаат да побараат прошка, уште поголеми оние кои знаат да простат. Имајте убав празничен ден, исполнет со насмевки, богата трпеза, среќни лица...
http://kurir.mk/magazin/zanimlivost...no-dete-za-prvpat-probuva-hrana-od-Mekdonalds Секогаш кога мислите дека ви е тешко,сетете се на ова дете. Кога ова дете што работи за да го нахрани семејството, нема татко, и не се жали, тогаш што ни преостанува нам, што им преостанува на другите кои имаат се во животот и пак ништо не им е погодено? Наместо да си го живее детството безгрижно и да се школува тој работи за да ги нахрани својта сестра и мајка. Од ова дете ќе биде човек, безразлика на сиромаштијата и бедата во која можеби ќе живее или пак ќе му се насмевне среќата и ќе се исплати неговиот труд, тој ќе биде човек, затоа што знае да го цени и тоа малку што го има и е задоволен од него. Овие деца треба да бидат мотив за секого, заради овие деца некој треба да си ја удри главата и да размисли што уште бара од животот.
Празникот прочка или Велики Поклади е еден од најзначајните во православната вера , е сега коректно е ние помалите да побараме прошка од постарите како што носи редот.... само никогаш не разбрав , зошто одкако ќе побараме прошка ние наново и наново пак грешиме , и ги повредуваме оние на кои сме им побарале прошка пред 5 мин , и обратно ????
До каде може да оди човековата глупост се чудам ... пред 2 часа бевме со дечкоми во сендвичара до нас седеа познат пар (кренати од големото добро утро) влезе едно детенце (познато во градот дека пита) кое бараше пари за да си купи тост ... кога се наближи до нивната маса девојката ја стави раката на глава и му вика на дечкои те молам избркај го ме страми, и се знае дечкои одма ајде бегај од тука бе да не ми се доближуваш на мене, знаеш јас кој сум... детето само ја наведна главата и отиде на другата маса зема пари и излезе надвор... после 20 мин парот кои седеа до нас станаа од маса и со себе го земаа само почнатиот хамбургер ...Детето сеуште стоеше надвор и дечкото тргна накај него ... јас прво си помислив дека ќе му го даде на детето а тој го врли хамбургерот на едно куче кое што стоеше тука ... што да кажам незнам немам коментар ваква глупост до сега немав видено... Може дечкото има пари за се што сака да купи но очигледно нема пари за мозок да си купи ...
Ми вика: ако некогаш станеме посериозни, ќе ти купам професионален апарат. муахаха пресмешно. Така е кога дечко ти заработува 10пати повеќе од тебе и кога ти ниту еднаш не си изразила желба за сликање и апарати, ама чисто онака, му се допаѓале твоите слики на инстаграм. И го гледам така и му викам ај ти ибам бизнисменот, ко да сум ти инвестиција. Али си ќутам дека и тоа е љубов бидејќи верува во мене таму каде што не верувам и ме гледа така како си барам работа и проекти и како тажам без обврски. Пред некој ден во една соблекувална слушам како девојче се обраќа на мајка си: ама не можаааам јас ради школо да си уништувам тело и забава. А јас очекував дека здравје ќе каже. Девојче уште ли живееш во сериите за деца дека ако си одлична во школо по дифолт си грда и дебела? А, најтажно е што некои луѓе своето знаење сериозно го мерат само според образованието. Па имаш време за се', само скрати си два саата од фејсбук и #лабаво со другарките и работи на себе. Сега, не дека лесно се има тело ко оние на слики што ги гледаме, ама барем да не бидеме толку незадоволни. Еве и јас успеав со 15мин. вежби да го имам задникот што го сакам, ама оди па разбери се со целулитот. Читај книги, учи јазици, вози точок, ролери, погледни околу тебе. Пријатен ручек имајте, и прекрасен ден.
Прошка бараат само помладите од постарите, не напротив прошка бара тој што греши и не само на ден денешен ами и во сите останати кои следат и тие пред нив, а грешки, грешки сите правиме свесно или несвесно. Но што е со љубовните грешки постои ли ден за нив за да се проста, некој посебен како овој, да дојде личноста на која што си вложил сите твои чуства а за возврат си добил само мудросување за тоа како не иди повеќе поради одредена рандом падната на памет причина.Последен пат кога проверив календар немаше таков ден, да да точно епа и треба да се воведи.Да дојди и да побара прошка за сето твое време дадено на неа во кое што си ја сакал и правела насмевка на твоето збрчкано лице, за сите моменти поминати со неа во кои си летал по небото, за времето во кое си го променил нејзиното црно мислење по цена на твоето позитивно еволуирано и паднато на дното сега, за времето кога си вложувал се што имаш на неа, за времето кога таа ти ги кажувала оние зборчина и се колнела во тоа, за времето кога си ја мислел како сосема друга личност...Знам, знам дека нема никогаш да постои таков ден само си филозофирам јас со моите збркани мисли во главичката, а можеби и треба да си побарам самиот себе си прошка за се до сега, прости, прости ми Мацко за сите досегашни грешки кои доведоја за вакви чуства, навистина прости...
Се извинувам доколку навредив некој и кажав грди зборови кои што се навистина непотребни, кажани без причина. Но јас останувам на форумов и ќе пишувам каде сакам и што сакам без некои госпоѓици/госпоѓи како да е нивни форумов па кажуваат кој каде ќе пишува а кој не. Не си заминувам затоа што некој така сака. Поздрав до сите.
Да му простиш некому, тоа е вистинско дело на љубовта. Да ги избришеш сите навреди, лаги и клевети на другиот кон тебе е духовно херојство. Со тоа си симнуваш голем товар од твојата душа, иако знаеш дека некои луѓе не ја заслужуваат твојата прошка. ПРОШТЕВАЈТЕ И ЌЕ ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО! За многу години нека ни е празникот !!
Се е океј, ама никако не можам да го сфатам простувањето преку статуси на фејсбук П.С за многу години нека ни е празников, Амин!!!
Ќе грешиме повторно и откако ќе побараме прошка.. тоа не праи луѓе. Не, нема да грешиме намерно.. ама ќе грешиме зошто на овој свет се' има, ама нема безгрешни. Суштината е во покајувањето, да сфатиш дека си згрешил и да се извиниш.. И не само на овој ден.. туку секогаш. Пред 3 години на овој ден почина татко ми. Нека ми прости што сеуште во себе знам да го проколнам денов што ми го зеде...што сеуште проклето ми фали...и што сеуште не научив да живеам без него... Простете ми..и простувајте им на другите, затоа што сите заслужуваат втора шанса, а вие заслужувате мир. Но патем, бидете големи и најпрво простете си на себе. Имајте убав остаток од денот и убава вечер со луѓето што ви го праат животот целосен.
Да им простиш на некои луѓе, не зашто не заслужиле туку затоа што тебе ти треба МИР. Простете, за да ви биде простено.
... тука сум јас, да. од старт ќе се повторам со незнам колкупати веќе кажаното НЕ ИМА СЕКАКВИ, не имало и ќе не има, и нема да се сфаќаме, и секогаш ќе има чудаци, паметни, мудри, бистри, матни. Мора да ја има таа поделба меѓу човештвото, кај ни е крајот ако сите сме исти. аман ..........
Веќе одамна им простив на сите што ми згрешиле. Заборавив и им простив на сите. Остана само една личност на која ми беше најтешко да ѝ простам. Личноста на која највеќе ѝ згрешив и највеќе ми згреши. И решив да ѝ простам токму денес. Таа личност сум Јас. Денес решив да си простам и на себе. Тоа е можеби најтешкото нешто што некогаш сум го направила. Си простувам...