Веќе подолго време не можев да се вклучам на форумов,само ве читав па сега си направив нов профил.Времето бргу лета,се случија многу работи тоа е животот....
Не можам да ги разберам луѓето што држат лутина подолго време,со часови и денови,за мене тоа е ептен детско однесување. Сфаќам дека некој едноставно карактерно е таков,ама глупо е.Место да седнеш, да разговараш како човек,да кажеш што те мачи,што не ти се допаѓа,тој клапнал се лути,не збори со никој,или ко што викам јас „се дуе ко крофна“ Па поарно викај,издуши се,отколку така да седиш со денови,ќе ти испука душата. Инаку јас добра,разочарана од Оскарите,од Бубамарата,од државичката,знаете се исто како секогаш Се опростивме со блиските,мада многу ми е бесмислен празникот,преферирам да барам прошка само кога сум згрешила,а верувајте секој од нас знае кога греши,без разлика дали е мала или огромна грешка. Имајте убаво попладне,а вие што постите од денес,само да ви посакам среќа и сила,ви се восхитувам
После долгата голгота на телефонски разговори и расправања со неразбрани шалтерџики кои не си ја работат работата, конечно Уверението ми е готово и едвај чека да си замине од пеколот наречен Студентска служба на Филолошкиот факултет во Скопје Искрено, го разбирам, ни мене не би ми се седело таму Мислам дека со дипломата за завршен факултет треба да ми дадат и диплома за положен испит за државен службеник затоа што фалеше уште да седнам зад шалтер и да ми дадат пола од платата па да се знае дека сама сум си го средила Уверението. Ја поздравувам другарката од Студентски која секогаш така иронично ми се обраќа со деминутивна форма од моето име и се надевам дека следново скоро видување ќе ни биде и последно. П.С. Стојче беше сто пати поарен, да си пукнеш! П.П.С. Ве частам мини-гозба. Ова е збиднување поважно и од дипломирање
Многу ме нервираат неорганизирани луѓе - ПРЕМНОГУ!!! Значи мразам кога некој ми доцни барем половина час со некој тупав изговор Мразам кога некој троши ненормално секој ден за пиење 3 кафиња за потоа да нема ниту за пенкало Мразам кога немаат идеа одредени дами што да облечат па ни 3 часа спремање не им е доволно за на крајот да ги видиш повторно во истата комбинација Мразам кога женишта од 20+ години не се чешлаат пред излегување И така
Луѓево, една реченица ќе кажеш и тие цела приказна ќе ти ја смислат ај тоа, па и нема врска со реалноста.Дури не мораш ни да почнуваш да збориш
Какво депре ме тепа, од атер да ми направи ми се чини ќе умре некој, да има зошто да сум еве вака. Ми оди два шамари да си удрам. Температура...свашта прави. Трирер може вода да ми носи.
Разочарана сум од луѓето, од светот и сите неправди.. Разочарана поради потребата на луѓето да се докажуваат пред се и секого, не потклекнувајќи на своето его, разочарана од песимизмот и негативноста околу нас и потребата постојано да се кука и да се самосожалува..Да му се смачи на човек да живее.. Туку да не бидам и јас негативна, бај де веј денот помина со одлична дружба и долга мирна прошетка.. Лаку ноч
Чуството кога не можам да мрднам од дома ради внук ми е се поизразено ,бебушот мој има неполни 10 месеци , а плачи кога ќе излезам од вратата , или ме фака за врвките од дуксер ако носам или некое спортско палтенце ... охх мил мој срцето ми се кине , ама тета мора да оди и се враќа , не бери гајле уште не ти се мажам
Седење во дневна со слушалки едноставно не бива без чувството како сите во просторијата да ти се обраќаат токму тебе, проследено со вртење наоколу како да те следи некој и препрашување „рече нешто?“ А кога ствaрно ќе те викне некој, ги вадиш највисоките тонови oд себе мислејќи дека и другите не те слушаат. Тоа се тие first world problems моменти на зависници од музика што често кога немаат работа се фаќаат право за слушалките...
Не се живее без музика .Го сакам утрото кога го почнувам со музика уз кафе размислуваќи како ке го поминам денот .Секој ден некако човек е поцврст .Не може да ме бутне туѓа сугестија негативна.Власник сум на мојот слободен внатрешен свет ,тоа е голема привилегја за нас ,зар не. Уживам во слободата затоа што знаев како е да си заробен во страв од самиот живот .Некои работи мора да се случат за да пораснеш и да изградиш цврст човек од себе.
Шо знам, мене новиве поарни ми се, кај нас таа дури и насмеанка е, обично и со добар ден ме поздравува, ако нема гужва. Мада што за волја на вистината на почетокот беше порасположенка, сега се гледа дека веќе по неколку месеци и иде да те убие преку стаклото. Ок, ај донт џаџ, има секакви глуперди што ти идат, ама кога се нафаќаш веќе на таква работа.... таа кај вас е хит дефинитивно, трипати ми ја има тоа потврдата преправано, дека исклучително е тешко да препишеш точно име, презиме и датум на раѓање од индексот пред тебе. Ми се темни кога ќе ми текне дека сега пак треба набрзо да вадам, губиш буквално саат и пол од денот за тоа, а принтерот само кај неа работи, Господи помилуј. Да си го служиш со здравје уверението, набрзо дипломата, па поскоро и работиче, и во иднина што подалеку од нашите студентски е.... прашања.
Кога нешто силно посакуваш тогаш целиот универзум ќе направи заговор за да ти ја исполни желбата... Да, вистина кога нешто силно посакуваш кога тогаш имаш шанса да го добиеш. Некогаш одма, некогаш подоцна, некогаш и откако ќе престанеш да го посакуваш.... Но, универзумот изгледа има многу желби за исполнување и онака на поминување ти ја лупа желбата во раце, а ти си збунета и неподготвена. Колку и да мислиш дека си подготвена, секогаш ќе те начека во тесно. Да, желбите се исполнуваат, но најчесто се моменти, малце побрзи од светлината, а намерно е таа толкава брзина за ти да немаш време да се свестиш дека тоа била твојата желба. Поминала покрај тебе, ти се лизнала од раце.... И кога ќе се сетиш на се, тогаш веќе ќе и го гледаш задникот. Некогаш па ја имаш во раце и не знаеш што да и правиш.. И цврсто ја држиш во дланките, знаеш дека ти треба, но ете збунета си и молчиш. Чекаш да се случи чудо, а чудото е веќе во твоите раце. Но има и луѓе кои знаат да ја чуваат. А не ја ни замислиле. И твојата желба завршува во туѓи раце. И таму, во рацете кои случајно ја дофатиле додека бегала од тебе, желбата е најубаво чувана.... И повторно е твоја желба. Но универзумот има многу желби за исполнување, а твојот ред веќе поминал...