Ме трогнува брзото чекорење по гратскиот плочник. Праволиниски став, разуздани мисли и сивило од емоции ја тиштат човечката перцепција. Исчезнаа љубопитните погледи насочени кон жителите на природата. Задлабочени во себе и окупирани со секојдневието, ги пропуштаме нивните неповторливи движења низ воздушниот простор, танцот на пеперутките, летот на ластовичките, песната на славејот... Оскудност од зборови ја засенува играта на малите жители. Во колоритниот спектар околу нас, еден поглед може да измами безброј воздишки вткаени во шаренилото на природата. Убавината е во спокојството кое спонтано го шират, а нам ни е се понедостижно. П.С. Погледнете го нивниот живот!
Девојки ајде на кафе доста дискусии на блажени теми тоа не не прави паметни. Јас одам, пркнало едно сонце си пече ли пече, нема поубаво од тоа.
СДК...дека треба да се има трпение и толеранција во сообракајот. Во секојдневие се ,,општи,, со мајки, керки, жени (цело племе по список)...се псуе, се вреѓа...абе уво да ти чуе. Сите сме нервозни, сите брзаме, ама тоа не е причина за да си предизвикуваме непријатни ситуации... ... Вака: ...на семафор на раскрсницата во Автокоманда... пред мене ова... девојка вози и не му прави место на таксист...таксистот и свири и најверојатно и вика од кола, ја псуе.... оваа му покажа среден прст. во меѓувреме се пали црвено и сите стоиме. Таксистот ислага од кола, оди до колата на девојката, ја отвара вратата кај неа, ја утепуе од ќотек, и ја окубуе косата , се пали зелено и сите тргаат. Имаше многу мажи шофери, никој не испадна да го спречи разбеснетиот таксист.. Значи ова е само еден пример дека МОРА, да се прибереме малку во сообраќајот...
Конечно интернет од денес повторно сум во тек со настани. Времето е како мене. Од една страна мами да излезеш надвор, а од друга не се знае дали ќе истури дожд или град. Учењето нека си почека да си поуживам малце
Како што еднаш напишав на твитер: Сите жени се убави. Освен бившата на дечко ми. И новата на бившиот.
Кога ке ги решам проблемите сакам едно кафе тука да ипијам со задоволство ,тоа ке биде најслаткото кафе
Слатко....... како последниот залак, како последниот дим од цигарата, како последната голтка од виното, како последната прегратка пред разделување, како последниот длабок поглед пред бакнеж, како последниот испит, како последниот работен ден пред одмор, како сказалките на часовникот кои покажуваат 3:15 во петок како последниот фустан што е скроен за вас и вашиот број, и тоа на попуст Кога ќе ми го земат последното нешто се чувствувам како да ми го ограбиле светот.
Џабе протестираме докторите се за никаде... Треба да протестираме сите да ги отпуштат, па од ново да селектираат кадар.... Со новите 3000 вработувања ја вработиле ќерката на пријатели на моите. На прашањето, дали ти тоа сакаш да специјализираш, знаете што одговорила? Па не, јас во принцип се гадам од хирургија, сакав да работам нешто почисто, ама немаше место на друго место (значи не е ни конкретна, за неа одговор е - нешто почисто, сфаќате?!), па што е тука... Крепете си го здравјето оти црепови треба да ве крпат... и после ќе се случува сешто и нешто, ќе умираат луѓе од лекарски грешки... мизерија сме. Ај да ги сфатам од економски, поим нема што сака батето, еве од правен, па и од електро, ама од медицина? Ало, здрава ли си ма ти?! Имала просек...па што ако имала просек, особено па на медицина каде 10ките се пишуваат на сите глупачишта со грб, а оние сиротите што бубаат се влечат со мизерни оценки за да не можат да најдат работа.
Врнежливо утринско утро ,по улиците сите брзаат кој за на работа кој на друго место сите со својата приказна.Колку љуѓе толку различни перцепции за животот.Бездомници и сиромашни си делат леб се смеат ,поминваат и бизнисмени збрчкани во ликот,озбилни и ладни .Светот е чуден
Сакам да ми го вратат Fox Life, одма! Мистериозно го снема, барем за мене. Знаете што се случи и кога/дали ќе го вратат? Ми го зедоа баш кога почнав само на фокс лајф да гледам Како замена сега засега ми служи TLC, Master chef го гледам, интересни се.Навивам за Ејдриен(така некако) со виткана коса и Дерик!
Сакате да видете до каде можам да одам? Сакате да видите до каде можам да издржам? Сакте да видите до каде можам да ве толерирам? Во ред. Ќе видите. Затоа што вие не можете со мене. Не ги знаете моите граници, и не знаете до каде пак можам јас да одам. А верувајте, можам да одам и предалеку. Па после вие да бидете оштетените од тоа што се обидувате на мене да ми го направите. Само продолжете да ме тестирате. Но не би сакала да се изненадите од личноста која вие ќе ја создадете од мене и од тоа како таа истата ќе се однесува спрема вас. А и од тоа што ќе ви го стори. Just saying ...
Никогаш не сватив која е поентата да си лајкнуваш сам слики на фб ? ајдее, се почесто гледам ќе сменат профилна и одма првиот лајк им е од самите себе
Poveke od pricina da si prasam odkolku da kazam.No za da prasam moram prvo da kazam. Feminki,feminci,abe vi se desilo nekoj clen da vi praka po poraki tekstovi deka se znae za vas? Da vi ja praka vasata IP adresa deka ja znae,od sto telefon pisuvate i na koj operator ste? I so mislite so koja cel toa go pravat? Ete mene @Daleron samo sto mi prakase takvi poraki. "Se znam za tebe".I so red site tie informacii sto gi spomnav. So mislite,zosto covek ima potreba od vakvi raboti? Jas kako i sekoj clen sakam da sum si anonimna,bar za onie sto jas sakam da bidam. No nemam zosto da se plasam od vakvite istrazuvanja na poedinci. Ako toa e za tebe nekoj vid dostignuvanje Daleron,slobodno prodolzi da istrazuvas,ne mi smeta. No nemoj da velis deka pateticnata ovde sum jas. So sreka pri istragata.