Сакам да кажам, не се обидувајте да ги закопате тајните како семе под земјата, затоа што од секое семе кога-тогаш, нешто расцутува и излегува на површина
Нормално е девојче колку мене да паѓа во депресија, или за на психијатар сум? Добро, не ми трае долго... но кога размислувам за мојот живот, помислувам, која е поентата на мојот живот? Што правам во земјава со омраза? Зошто барам љубов тука, кога ретко дека некој би дал? Моите врсници се мразат меѓусебно, без да ја дадат онаа трошка љубов кон нив, како ист вид на суштевства... и јас мразам, но барем ги сакам малку, како што треба да се сака едно живо суштесвство. Среќа, барем некои можат да осетат вина за она што го направиле.
Кога ќе те стигнат и притиснат години, отвори ја книгата со детски спомени... Дали уште го чувате албумот? http://www.crnobelo.com/zabava/evergrin ... ki-spomeni Баш ме врати во детдтвото се надевам и вас (повозрасните). УБав ден.
Зошто секој гледа на секој можен начин да те повреди? Потсетувајќи те на минатото,на поранешните болки,на поранешните рани закопани некаде длабоко во срцето и во меморијата? Зошто луѓево се како хиени? Секој гледа да те искористи. Знам клише муабети се ова,но тоа е вистината,на никој не му е грижа за тебе,само доколку има потреба од тебе ќе те бара по 100 пати на ден,ќе те нарекува со нежни зборови,срцке,душо и да не набројувам. Каде отиде таа добрина што ја имаше порано во срцето на луѓето?
Хајлајтот на денот е што другарка ми ми кажа дека е бремена, вабјер не завајбал толку позитивно никад до сега!!! Мене втора, после љубениот и! Пеперутки во стомак ми дојдоа од среќа!!! О хепи деј!!!
Не знам зошто, ама денес се чувствувам магично. Нема повод. Нема причина Дали дека денот е убав,а и зголемен ? Зимно време овој период беше темно веќе, сега брате си мислиш 12саат Можеби тоа што јутубот ми е сјебан па не пуштам песни што ми се актуелни ( ) , туку си отворив архива од компјутер и си напраив бомбона плејлиста со хитчиња со летен шмек и сум се разиграла по дома, џанам славам нешто . Околу мене некаква петочна аура. Имам за учење, бирово ќе ми се разниша од книги ама ни тоа не ме мачи бе. Не осеќам предполагачки притисок...ќе си стигнам, имам време За ручек денес дома - лазањи, мерациии Мислам дека нема нешто што би ми го расипало денов Имајте и вие убав ден Со љубов, ваша М
Значи човек неможе да се начуди и да си даде објаснување за некои работи. Како нормален човек-родител значи зел на сопственото дете од 3,5 години за прошетка во град му ставил гел на косата на детенцето, му ја направил косата нагоре како еже-боже боже боже.....детенцето 3 години, ало бре што ум носиш во главата, каква фризура и каква коса има дете на таа возраст-сакаш детето без коса да го оставиш, се знае колку квалитетни се денешните препарати. Брука и глупост човечка, да се пофали дека модерно живеат---искомплексирани лица. Керкичката исто така модерна, средена се убаво инаку 2 годино дете со очила за сонце , жива пластика на очињата-------------Ах земјо, земјо што трпиш. Од простаклок да се пукнело. Оставете ги децата, да си живеат нормално согласно годинките, детството да им помине во игри и смеа, а не предвреме остарени....Ух неможам да поднесам до овој степен глупирање.
Господ ме послуша и ми помогна околу моите дилеми. Токму за она што пишував пред некој ден, што бев збунета и се мислев како да постапам, едноставно патот сам ми се отвори. Нема потреба од мои одлуки, од мислење и премислување по сто пати. Ми падна камен од срцето искрено. Сега се изгледа подобро и полесно. Се надевам ова позитивно чувство ќе ми потрае Викендот ќе го видам него, едвај чекам. Ова далечинава на моменти е добра работа. Ни помага да сфатиме колку всушност е голема љубовта меѓу нас, да видиме колку си недостасуваме Сега за сега добро се држиме, за натаму здравје, ќе видиме. А конечно ја видов и другарка ми после еден месец! Такви ни се работите и на двете, во различен град, и никако до сега да се погодина слободни воист ден. Таа е мојата друга половина, и навистина ми значеше средбата со неа. Не можевме да се разделиме од муабет, иако се слушаме секојдневно. И така, работите се движат во добра насока. Have a nice day!
Па браво за мене... Отидов повторно да се туширам, а тоа не е добар знак. Мора некоја глупост да се случи. Колку убаво си истурив пола шише шампон на главата. Па јас си се бањам, си пеам. Одеднаш, така додека пеев, почна од устата меурчиња да ми излегуваат. Па се најадов шампон...Сега се чувствувам како отворот за вода во тоалетот.
Пред точно година дена, бев тотално друга девојка. Девојка која попладневните слободни часови ги минува со книга во рака, девојка која се грижи за килограмите, девојка која е тотално посветена на обврските и ужива во читањето. Сега сум само една бледа копија на таа девојка. Грижа за килограмите - неуспешна работа. Учење - Што беше тоа? Читање книга чисто од хоби - ?? Буквално се срамам на колку лошо сум тргнала. Немаше ден , а јас да не седнам барем саат време да се посветам на школото, на крај краева ако немав нешто стрикно за учење, ке се занимавав со нешто за подругиот ден, нешто од тој ден што сум го учела, обавезно ке си најдев саат време обврска некаква. А сега.. Што правам.. Седам, јадам како да не сум видела, лежам, гледам телевизија, 24/7 зборувам на телефон со едни исти па исти луѓе. Срамота! Но, што е тоа е. Тоа зависи само од мене. Не можам повеќе да стојам и да тапкам во место чекајќи нешто да се промени, кога тоа зависи само од мене. Готово, тука е крајот на моето легачење, неправење ништо.Тука е крајот и на мојата љубовна приказна, мојата опседнатост и плачење по него. Тој замина. Одам да научам за утрешниот тест, бидејки јас го можам тоа! Убав ден.
Вчера сум заборавила да напишам,срам да ми е. Една година помината на Фемина,научив многу работи,добив многу искрени совети,и стекнав многу пријателки. Ви благодарам на сите за се,се надевам ќе се дружиме и понатака. Ве сакам!
СДК... Моментот кога се наоѓаме меѓу група непознати,не по наша волја,туку поради сплет на околности и чувството на непронаоѓање е доказ дека плус и минус се само знаци кои се користат за математички операции.А во животот таквата пресметка е јалова...Потребен ни е само еден од овие знаци за да го знаеме решението
Да му се сневиди на сρедношκолсκа забава-осмооделенци. На студентсκа забава-сρедношκолци. А ние сироти студенти κај да одиме!?На пензионеρсκа забава !?
СДК тие кои луѓето ги избираат според нивното материјално богатство или според нивниот статус во опшеството најчесто прават погрешен избор...
Уште од мала се сум купувала со татко ми ,во негово друштво. Не дека не сум шетала и со мама за такви работи ама со тато бее најубаво е Како растев и секогаш кога ми беше потребна облека т.е шопинг од се до се секогаш тргнував со тато ама и тој со мене ,тука нема двоумење се знае во кола и тераме на посакуваната дестинација Така беше и денес. Еве иако сум веќе возрасна девојка,со вкус за мојот стил и замисла за тоа што го посакувам повторно не тргнувам без тато . Не сум татина галеничка и не сум многу приврзана со него стоиме на дистанца за некои работи,неможам да сум опуштена со него како со мама ама шопингот со тато ми е најдобар и најзабавен Пред неколку дена шетав низ Ск и тоа самааа ама ништооо,не купив ништо од онаа што го сакав,не најдов,не ми се допаѓаше ми беше скапо,се довумев,немав кој да ме советува и да ми каже :не не оваа,ова е пробро,ее ова поубаво ти стои .Знам што барам но кога некој ќе ми потврди и каже како ми стои и како изгледам поубаво ми е.И си се вратив дома без ништо а тато вели :абе без мене не купуваш ништо се знае,утре одиме заедно да купиме тоа што ти треба .Така и беше ... Излеговме прошетавме разгледавме отидовме на местата каде што секогаш купувам во омилените бутици... Тоа изгледа вака : Бирам што ми се допаѓа едно 5-6 ствари и влегувам во гардероба пробувам тато седнат е на стол и чека И јас излегувам ,оваа ? Не ,оваа,добро е ...ај другото,ај друга боја ... и оп 2пара панталони во кеса чао пријатно Следно кошула ... друг бутик иста постапка ама овде пробав едно 10тина и одбрав 2 ама нели скромничка сум и велам :Не само едната ќе ја земеме ,а он па вели: 2те јас те честам сега Добро мисија завршена .... наредно Ааа да,па некое сако или палтенце ми треба ... ајде тргаме. Влегувам а тој пали цигара надвор и ме чекаа .... пробувам едно платенце какво што сакам и океј си се допаѓам и и велам на продавачката :чекај тато да го викнам од надвор да ме види ,може ? Абе како мало дете се осетив бее Влагува добро е ќе го зимаме и да плати и вели :друго некое не ли ти се допаѓа , јас : неее доста е оваа црно ми треба а тато пак вели : Абе ако има некое друго земи си друга боја да си ги менуваш да имаш И јас не чекам 2пати да ми каже или да ме моли добро ајде и друга боја тегет си одбрав Друго ти треба ли Нееее доста е (лажам сакам и чевлички) Ама не доволно е друг пат.А тоа ќе биде утре Па и колку ми е убаво кога се шетам со него каде и да сме тато секаде има пријатели застани со овој застани со оној , па и кога ќе каже некој :аааа ќерката колку повеќе расте на тебе личи си се топам убаво ми е Се испофалив сеа ама морав да споделам со вас де + и многу ми е убаво се чуствувам исполнета среќна имам уште еден успешен шопинг позади мене заедно со тато и многу сум благодарна заради тоа А на вас феминки ви посакувам да имате убава вечер
се разнежнив со постов за Сара Кеј ...одма тргнав да го барам, каде ми е ставен албумот,мислам дека цела кука ке ја превртам додека да го најдам http://www.crnobelo.com/zabava/ever...at-godini-otvori-ja-knigata-so-detski-spomeni јас сум шекер ти си мед заедно сме сладолед
Пред некој ден ми текна нешто. Сакам марамчиња. Убави, бели со везенко по нив, со чипка по краевите, блондирани, памучни, свилени, ленени, секакви само не хартиени, палома. Ама иди најди ги да те видам! Тоа веќе не се ни произведува изгледа. Се живо превртев и најдев само големи и широки марамици за мажи. Јас и на времето си обожавав марамчиња, кои ми ги дале како дарче на свадба или разделиле на некој износ, ама сама си ги перев (ми давала мајка ми да се бркам и јас па со нив ми верувала, како си ги исперам така) и после ја терав мајка ми да ми ги пегла и да ме учи на нив јас како да пеглам. Најдев некој продава на интернет 18 комада секакви и си ги купив. Ми стигнаа денеска. Три од нив се за фрлање, ама другите се чувани, мали уметнички дела. Си ги исправ на рака, а додека си ги пеглав се мислев кој знае чии се солзи имаат избришано, чувани се, ама стари се, и зашто таа жена ги продава сега? Или само филмови си правам, ги најдел некој на таван оставени и заборавени од некоја баба
СДК - денес увидов колку денешнава генерација е неспособна. Имав прилика да видам нешто што ми ги отвори очите за тоа колку сме никаква и лигава генерација, генерално земено. Запознав 12 годишно момче, чиј татко е во затвор, а мајка му живее во друг град. Детето живее и се одгледува само, во куќа која му ја има оставено баба му. Мајка му, му праќа таму некој ситни пари колку да не е без ич. Се изненадив колку е снаодлив, мудар.. Начинот на кој не' пречека, разговорот. Се чувствував како да комуницирам со возрасна, зрела личност. Сам навалил оган, ја средил трпезата(замислете), исчистено, средено... Дури и дрва сам цепел. А и доста солиден ученик е. И на сето тоа, еднаш не се пожали! Дете, еј, дете... толку независен. Во Македонија 80% зависиме од родителите до добри 20-26 години. И веднаш направив споредба со денешните деца. Ете, конкретно ќе го земам брат ми(на иста возраст се). Чинијата не знае да си ја крене после јадење, од ден на ден станува се поглупав од оние насилни игри, книга се помалку фаќа, има се што ќе посака - и пак се жали! Ете за пример ќе ги земам и тинејџерите(во кој спаѓам јас), плачат и цимолат за тоа колку бил тежок животот. Демек никој не знаел како им е. Не велам дека е лесно, ама покрај толку животни удобности да се жалиме на тежок живот.. па срамота е, после случајот со детето. Сечат вени после првото раскинување. Паѓаат во депресија за некои банални нешта. Смешно е како го губиме времето седејќи на фејс, лигавејќи се со она ајфоните. Чкрапајќи на тастатурата испуштаме една многу важна животна лекција - осамостојување. Верувам дека тоа е процес кој оди постепено и низ кој минуваме постојано.. ако како мали научиме да се сносиме со мали одговорности, еден ден ќе знаеме тоа да го направиме и со оние големите. Се ни е сервирано на послужавник, се е изџвакано, само ние да го голтнеме. И тоа ни е тешко! И како еден ден ќе оформуваме семејство, кога ни самите не можеме да се средиме? Немаме поим од тоа што е тежок живот. Катастрофа сме. Невидена. Секоја чест за исклучоците.
Сакам да кажам, знаев дека луѓето се менуваат, ама не знаев дека до току, што на моменти некој не ќе можам ни да препознаам.