Сакам денови..каде во се можеш да видиш љубов. Во ветерот кој те гали нежно додека ситно чекориш накај дома..а дома е најубавото чувство на светот. Во трефките кои сурфаат на брановите од ветерот кој тифко им го крои новиот зелен аутфит. Во брзите гушки пред разделба на двајца тазе вљубени, со оној на сите познат жар во очи кој ќе го разгоруваат до следното видување. Во шољиве за кафе што тој ми ги купи..кои уште стојат гушнати на највисоката полица иако ние не сме... Во брат ми..додека ја гњави мачката, а таа пак упорно кај него највеќе се враќа...Во кокичињава во двор...кои се поим за чудо. Во прегратките кои живот значат. Во мирисот на првото сабајлечко кафе..што колку себично и да звучи, сепак не би го поделиле со никој.. Некогаш сакам само да талкам наоколу и да ловам љубов во се околу мене...и понекогаш посакувам да можев да праам фотографии со очиве... ама.. некои работи се осудени да останат скриени зошто во спротивно ќе им ја убиеме убавината ако ги овековечиме...
Конечно позитивност!Конечно! Дали е заради тоа што се наспав убаво и цел ден воопшто не ми се спиеше? Секој ден е како мали каменчиња со различен облик нанижани на конец. Иако е ист(камен) толку е различен по формата.Еден ден изнервирани, еден ден среќни, еден ден исполнети, еден ден потполно празни како пустина во која ниту едно растение неможе да опстане. Ми недостига онаа домашна атмосфера, разговорите со сестра ми кои ги снема откако си фати дечко и го смени односот кон мене, заборави на поимот ,,почит,,кон мене и кон постарите. @Yowannty толку многу ме разнежни со постот,го разбуди минатото во мене. Бидете добри луѓе, некој го бара тоа ВО вас! Ви посакувам убава вечер
Добро утро и да имате убав ден. Јас сум будна од осум саат, дури и садови измив посабајле. Туку да кажам дека ич несакам кога врне. Вчера го искористив сонцето да свртам еден круг до парк. Ептен ме релаксира тоа место, па колку и да бил лош денот, кога ќе отидам таму се заборавам и се поминува. Друго што сакам да кажам е дека сакам кога ми е исполнет денот, со било каква обврска и занимација. Кога немам обврски спијам по цел ден па се жалам глава ме боли. П.с денес може да врне и нека истури цел ден, таман да си ја дочитам книгата. Ама до сабота да се опраи по можност.
Програмата е супер има многу интересни работи за гледанје и на форумот гледам дека има многу девојки кои пишуваат во темата анксиозност
СДК... Упорноста е половина пат од успехот. Чекорењето е заморно, но не и залудно. Вообичаено, последниот клуч од обрачот е оној што ја отвора вратата.
никогаш не ми е досадно во сопствено друштво. ајм а бит оф лоунер. со се пријатели, со дечко, со увек пуна куќа. сакам сама да шетам, да пешачам. сама да го шетам кучето. сама да одам на шопинг. да гледам филмови, да читам книги. а сакам и луѓе. одредени луѓе. океј, многу малце луѓе. се бројат на прсти. и би дала и прст за нив. и цела рака. вчера имав убав ден, зошто ми кажаа убава вест што мене не ме засега. ама убаво ми беше
Понастрана од луѓе кои лажат, а особено од оние кои сами си веруваат во лагите. Тие се патолошки случаи. Понастрана од луѓе од кои никој никогаш ништо не очекува. Испод мира - триста вира. Понастрана од луѓе без култура, во физичкиот и во сајбер просторот. Немањето култура е шугава болест која не се лечи и го напаѓа нервниот систем на оние здравите. И понастрана од луѓе кои сами си кликаат „Ми се допаѓа“ на сопствените постови. Да не знае човек дали е тоа врв на самобендисаност или врв на патетика. Понекогаш и не е така лошо да поминеш квалитетно време само со самиот себеси.
Сакам да ви кажам догледање на неколку дена феминки. Ќе одиме со либето да се прошетаме, да се релаксираме. После толку време, и ние заслужуваме одмор. Мислам, кој не заслужува? Како мало дете се радувам веќе една недела, небаре засекогаш вака ќе си дозволуваме одморчиња. Сега одам, да не ме чека либето. Останете ми со здравје!
Мовие се значи најдобри родители. Ги обожавамСе решив месецов на диета да се ставам време беше месециве многу се здебелив 75 кила стигнав И искрено тешко иде ама за мене најбитно ми е да имам подршка од моите и тоа имам голема. Мајка ми само ми купува спанаќ марула зеленчуци секој ден и вчера доаѓа татко ми целиот среќен види што ти купив ја мислам кој знае што тој 3 кила портокали ми земал.За мене гледам и они почнаа здраво да јадат за ручек и само ми викаат колку сум ослабела а нема врска татко ми само вика види како манекенка си се направилаМожам реферати да пишувам за моиве колку се најдобри јас и брат ми се што сме сакале сме добиле никогаш не ни рекле не особено татко ми он послаб е на нас Најголем пример ми се во животов се убиваат од работа секој ден за се да имаме и се надевам јас и брат ми ги правиме подеднако горди на нас. Завршиjа протестиве од утре пак на факултет да ви кажам ми недостигаше одвај чекав да почнеме Финки here i come И најбитна вест на денот брат ми го примија на Yale University во америка за мастер oh yeahh не знам колку сум горда моментално на него.Ова му беше најголемиот сон и да видим да му се исполни е нешто што не може да се опише полна со емоции сум денес се изнаплакав Он е во германија на факултет моментално колку тешко ми падна што не можев да го гушнам да му честитам морав преку вибер. Особено на моиве да дознаат синот го примиле а да не можат да му честитаат во живо ама тоа е, ќе дојде за два месеци дома па тогаш ќе надокнадиме со гушкање и скокање од среќа. All our dreams can come true, if we have the courage to pursue them. Walt Disney
Колку ли луѓе баш денеска слават роденден ? Нека им е среќен роденденот на сите родени на овој среќен ден.
Неможам да престанам да плачам,ми недостига внуками,најмногууу.Тето остани ти,нека си оди тетин сам,несаакам ти да си одиш....како да не плачам бре,помош тешко ми е
Морам тука. Се надевам некој ќе ми одговори. Спојлер: инфо Некој сега во брзо време да аплицирал за америчка виза? Ми треба информација. Во лична порака слободно да ми пише. Благодарам
Вчера весела и расположена му ветив на другар дека ќе му го организирам роденденот. И тоа ќе биде демек забава изненадување, а јас му кажав, и уште му побарав список на гости. Се будам сабајлево и сфаќам што сум направила. Како бе Сара ќе викнеш 15 луѓе што не ги знаеш до место во кое не знаеш да стигнеш? Генијална. Ај барем да сум била пијана, ама не ни пијам алкохол, за моите одлуки сум си сама крива. Со исклучок на тоа, горда сум на себе денес. Бев на состанок и не ме фати паника, тахикардија, си бев сосема опуштена и се помина добро. Работев скоро цел ден. Не изгубив контрола и останав смирена иако вчера бившиот ми парадираше со новата девојка. А за волја на вистината, симпатична е. Не е јас. После толку време дечко ми да почнам да го викам бившиот е пречудно, ама изненадувачки, не сум повредена. Било изгледа вистинската одлука.
Овие мачките со нивната сезона на парење буквално ме излудуваат!Како мјаукаат како да се колат меѓусебно,а не како да се додворуваат или како љубов да ќе водат!Среќа што заврна овој пороен дожд затоа што како мачките што бегаат од вода никој друг не бега!Е,па чувајте си го га*от да не ви настине мангупи ниедни мачешки љубовџиски!