Колку само мрчење и негативна енергија би биле заштедени кога некои луѓе би сфатиле дека замарањето со некои работи е опционално, и дека само едно обично игнорирање е решение да се оддалечат од тоа што ги иритира. Ако не ти се допаѓа нешто, не читај цели редици коментари за тоа со фаца во стил I rolled my eyes so hard I saw my brain на секој позитивен фидбек од некој друг за истото. Ти пречат нечии пози, чекирања на фејсбук, „лигавења“ по повод некој празник - едноставно скролај ги и игнорирај ги таквите. Не можеш да разбереш нечиј стил на живот, начинот на размислување на некои личности се дијаметрално спротивни од твоите сфаќања? Тогаш времето поминувај го во друштво кое навистина ти одговара, наместо да го губиш во превртување очи на нивните ставови, полнење со нервоза и потоа оговарање на истите. Секој има право на ставови и начин на исполнување на слободното време спротивни и можеби и иритантни за нас, а на нас е изборот да го оставиме секој со своето без тоа да ни предизвикува непотребна нервоза и да го земеме како причина за мрчење... Ете толку е едноставно!
После толку години те сретнав случајно на место на кое најмалку очекував да те сретнам.Изгледот не ти беше сменет малце беше постар но доволен беше тој лик за да ми ги врати спомените.Влезе во кафичот како некој странец ме праша дали работам тука ти реков да со замислени очи и стаписана од тебе од минатото .Не почувствував ништо додека те гледав ,бев изненадена , големата љубов што ја чувствував кон тебе не оставила ни траг .Незнам ти што почувствува ,се надевам ништо ,секако човек кој се разделил од тебе и пред тоа ништо не чувствувал а зошто баш сега да почувствува.Тој момент се осетив како никогаш да не сум била со тебе,како во сон ми беше сето тоа ,бледи сеќавања .Ти замина во друга држава и од толку кафичи се сретнавме баш каде што работев ,вистинска случајност.Те заборавив и се уберив во тоа ,те гледам како странец ,не верував дека времето и далечината ке помогне да се заборави некој. Сега имам и јас своја љубов,да повистинска од таа со тебе ,сега и кога би сакал да сме заедно повторно не би ја оставила оваа љубов кон мојот чоек. Многу патев ,животот си го замислував со тебе ,но ти за еден ден сруши све моите соништа. Мислев се среди ,мислев си среќен не очекував да те видам со другари како шеташ во ноќни клубови додека твојата жена е дома,зал ми е .Некои се едноставно такви незнаат што сакаат . Никогаш после болката што ми ја даде не мислев дека ке ја видам светлината ,но ја видов ,многу чекав но да помине но помина.ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ШАНСА.
Од рубриката Зошто се глупирате така, издвојуваме... Ликови што раскинале, па мора бар еднаш дневно да прикачат песна, цитат или слика од нив со некоја посвета т.е. некој глуп стих у стил „Док си тражио песак, изгубио си дијамант“ или „Више ме није брига шта се дешава с тобом“. Мхм. Тоа е правиот начин.
Сакам да кажам.....искрено не ми се кажува...несакав да дојде овој момент кога ова ке морам да го речам Се што има и почеток има и крај но некако крајот брзо доаѓа ........значи.. Спојлер Ја отворив последната тегла со ајвар [SPOILER/]
Добро луѓенца да си прашам јас онака само, не ми е јасно зошто сите пишувате шкртам место чкртам , не дека не знам правописи и тако даље, ама не ми е јасно , разјаснете ми ако се може јас цел живот си чкртам а не шкртам
Механички и потсвесно една иста грешка ја повторувам цел живот, а милион пати се обидов да го употребам ова искуство што го имам или елементарна теорија во пракса. Со детално упатство за употреба и пресметани сите можни калкулации, шаблонски, одам чекор по чекор како мало дете и не можам да успеам барем малку да ги избегнам последиците. Ако ова се оценува, сигурно би ми поклониле двојка, како што се поклонува на оној кој се труди но едноставно нема капацитет да научи нешто. Трезна сум свесна и не можам да ја поднесам вистината, а доцна во ноќта го гледам само она што сакам да го видам и станувам слепа за оние работи кои не сакам да ги видам, т.е. сите оние работи кои не ми се допаѓаат и не се вклопуваат во мојата извртена слика за реалноста. Ова скратено го викаат - живот во илузија.
неможам да сватам како можи жена 60 и кусур години да е толку некултурна и невоспитана. како немуе срам пред дукан да ми фрла губре си мисли дека секој ден јас ке му чистам под балкон од сега па натаму ке му ги оставам пред врата и нека му мириса цел влез од станот
Размислувањата за детството и светот на возрасните се како филмска секвенца која молскавично ги претвора среќните случки во незаборавни спомени. Кога ги протресувам, сфаќам дека постои само преодна нишка која несвесно не префрла на другата страна од животната патека. Сеќавањата за детството и моментот кога пораснавме ги дели една ноќ. Се случи во часовите додека спиевме, кога зад себе ги оставивме безгрижните денови исполнети со игра и кога се разбудивме пораснати, со сознанието дека никогаш повеќе нема да си играме.
Гуд морнин' саншајнс!! Одамна сум будна и веќе го уживам второто кафе, во двор на сонце. Имајте убав ден и секогаш чувајте едно мало куферче позитивност кое ќе ве води низ тмурните денови!
Колку неписмен треба да бидеш за како новинар да употребуваш вакви зборови, и притоа да дозволува некој да бидe објавенo? Апсолутно не се дозволува сајт да користи пцовки и вакви вулгарни зборови. Срамота!! "Оваа имбецилна безмозочна ретардирана кокошка изгледа не знае дека во цел свет кога некој родител ќе изгуби дете во некоја трагедија, веднаш започнува кампања и акција со цел спречување трагедијата да се повтори. ". Но што знае за сето ова еден хоштаплер, еден крлеж, една стока како што е Јелена Жугиќ која за да остане на фотељата во новиот театар Комедија и за да ги зема тие 1000 евра плата е спремна да гази по лешеви на деца!!!" http://narodenglas.com/шокантно-по-пејачката-тамара-уште-едн/ (смајлиштосекрсти)
Во право си, ама нели мора некаде да се истури негативната енергија, па да си настрадаш ни крива, ни должна.Само не знам која е поентата на некои луѓе, прво да те масираат со тоа, а после да се враќаат назад, како ништо да не било? Таман ќе заборавиш и ете па , опет реприза и гледаат на секаков начин да се пикнат.Со кое лице тоа го прават, не ми е јасно.Другите луѓе не се на улица најдени, па ќе си прават останатите што сакаат со нив.Едноставно не бираат место каде ќе ја истурат својата нервоза, па после кога ќе ги отераш по ѓаволите, си им крива и сакале па исто да биде, е нема.Во животот се си има граница до каде треба да се оди, а не „ шо ми е гајле“.
Кога ќе се сетам... бившиот ми мој беше апсолутно про вмро, а така бевме мали, ми се чини ни полнолетни. И дециден беше, цела фамилија биле и тоа засекогаш така ќе било. А јас мала и наивна, си викав, зарем треба да бидам за некого? Ама гледам...времињата се менуваат според користта. Смешки. Оно кога ќе се замислам одеше и кај Иван Исцелител, па сега друго е... ама нема врска. Едно е да имаш здрав разум, а друго е да се правиш политичко економски аналитичар со уметничка академија. Со егото под рака и во вардар, деновиве ме утепаа овие констатации, анализи со 30350 статуси кои вода не пијат, ни па се аргументирани, туку се само фино навезени зборови. Живот.
Денов како прв пролетен, само со заби-песјаци. Одвај пола помина, а веќе се чувствувам преисцрпено и се прашувам како ли само ќе си ги завршам обврските без да брзам како навиена. Од едно ќе се израдуваш, друго ќе те сотре и се` така наизменично додека не си заминеш во некои подобри светови. Ги собирам утрово сметките и флаерите, и` се јавувам на мајка ми додека одам на факултет целата позитивна и одеднаш хаос ми се случи пред очите и не знаев кој крај да го фатам. Вртење телефони, пискотници, хаос, за момент си помислив дека се наоѓам во некој ужасен филм и пак се запрашав: „Сонувам ли? Те молам да сонувам!“ Добро, одиме понатаму; мајка ми ми оставила некаков список и кога видов дека на него има имиња на цвеќиња се израдував. Цвеќара, супер, ќе ми се одморат очите. По пат накај дома за момент се вратив во детството, откако во очи ми паднаа едни ситни полски цвеќенца, за кои баба ми глава сече дека се викаат момина солза, а мене срце не ми дава да се заинаетам и да и кажам дека момината солза нема плави цветови. И занесена, си мислам на цветови, осми мартови, венчиња од полско цвеќе и мир во светот и од нигде никаде, некој навидум познат глас ме довикува. Баш како во аматерски хорор филм, да не знаеш дали да се смееш или да плачеш. Ни на крај памет не би ми текнало, дека женава би можела да ја сретнам тука. Ме удри дамла, пред мене се појави мајка му на некој кој барем до сега мислев дека не сакам да се потсетувам на него, а најверојатно ова и ми требаше за да сфатам дека сум заборавила се по ред и не ми е гајле. Не знам што е со бившиве на форумов во последниве неколку дена, ама ете јас ептен ербап дете, комуницирам директно со мајките. Мајка ми ми јаде трици понекогаш, дека сум имала некоја аура со која сум привлекувала идни свекрви, многу им одел муабетот со мене. Нормално, не и верував, ама како после ова, кај да се ставам ?! И така тро зашеметена, си мислам ту на мајка ми, ту на она што го зборувам и се запрашав, веќе по којзнае и кој пат за денес, што и` текна баш сега да се замуабети, кога кратко по нашето разидување како да ме избриша од картата на светот. Ова најверојатно ќе да беше во име на некогашните менторства на натпреварите по математика. Барем зборуваме за натпреварите и општи глупави и студентски работи, си помислив. Ама јасно ми беше дека ништо нормално не можеше да произлезе на крај од муабетов, фала богу, затоа и ме дамлоса на крај со коментарот колку е загрижена за синот зашто не можел да си најде девојка и колку и` било криво што не сме заедно. Мислам, ти тоа сериозно ?! Не знам како се дрзна да ми направи таков муабет, кога од истото поминале сто години и што е најважно и најболно - ја знае потполната ситуација и кој е тука заслужен за сето тоа, ама очигледно некои деца во очите на родителите ќе си останат цвеќе за мирисање и тогаш кога смрдат на солна киселина. Како тинејџерка посакував и мајка ми да биде таква, а од денешна гледна точка, среќна сум што ме критикувала и што не ми дозволила да се умислам и да погазувам невини луѓе за сметка на моите хирови. Да бев подрска, ќе и` вратев баш безобразно, но навистина немам желба и сила да исправам криви Дрини со неблагодарници, за уште поголеми неблагодарници. Гајле ми е мене и за синот и за сите по ред; некој од горе гледа и запишува, па испраќа според заслуженото на домашна адреса. Сеј си - жнеј си, јас отидов и среќна сум што не останав. А да, како после да не им веруваш на глупостите на другарка ти, кога во момент на слабост и досада, се обидува да ти гледа на кафе и ти тврди дека некој бивш индиректно сака да стапи во контакт со тебе ?! ...а баш помислив, аман конечно ќе имам малку поопуштен период и како и секогаш, најверојатно требало само да помислам, за да престане да биде така. Од нигде-никаде никнуваат луѓе кои „не си ги познавал со години,“ испуштени рокови, некои заглавени или забаталени обврски од кои очите ми испаднаа од глава ко на федери, ма дамла ме удри, се запрашав каде ли сум живеела претходниве две недели. Океј, одиме понатаму, само прво да го допијам кафето кое во меѓувреме ми се оладило.
Девојчиња што мислите дека е симпатично да изгледате неинтелигентни, не е. Никој нема да ве сфати сериозно, колку сакате смешкајте се. Исто така, спиење до 12-1, на 18+ години (а и претходно), освен ако не работите трета смена, не е за фалење, срамота е. Исто важи и за неначитаност и за незнаење на основни математички правила. Не е толку тешко да се разбере.