Знаете која е предноста кога родителите ви се трета смена на работа? Цел бојлер го трошам без никакво викање
Да се исповедам малку.Сум се изменила,на лошо или добро,и самата незнам.Едно знам,нејкам да бидам себична.Тонам во некои илузии,фантазии за подобар живот.За болните,за добрите,за животните.Ниедна човечка душа не заслужува болка и ниедна човечка душа не смее да му причина болка на друг.Животните се посебни во моето срце.Тонам во агонија кога слушам за мачење такви невини душички
Сдк дека сум во период на оној најлошиот женскиот (не кај сите). Трошам пари ненормално, страдаат кредитни, дебитни, нешто кеш за недај боже, не оти нешто ми треба туку лечам психа на најлош можен начин. Ете толку. Едит: Нов плакар.
СДК... Многу е интересно кога ке чујам некој родител: ,,...моето дете вака да прави ???...нема шанса !!..не го воспитале дома...се знае што е домашна култура...мајка му и татко му нека се приберат дома малку и нека видат што прави детето нивно..,, а нејзиното-растур праи кога е без неа. Наравучение нема да напишам. Нема потреба.
Знам дека има соодветна тема за фото апарати но тука ќе го напишам мојот проблем затоа што навистина ми е итно. Ве молам немојте да го бишете мислењево или да го преместувате. Барем додека не добијам одговор. Го позајмив дигиталниот фото апарат (Samsung ES28) на другар ми и вчера се јави да му го вратам ама на дисплејот ми се појавува Connecting USB пробав ги извадив батериите и картичката да не е до тоа ама не сака.. Дали некој знае што му бидна на апаратов? некаде да чачнам и да го направам.. се надевам не цркнал
Да се поврзеш со било која политичка партија е исто како да му ја дадеш душата на ѓаволот. Што мислеа бе овие полтрончињава евтини они ќе бидат поштедени? Туѓ срам да те јаде. Преокупирани со политика до кога? Очајно ни треба некое културно и интелектуално размрдување на мозочните виуги. Не отупеа, и интелектуално и духово. Тоа им е целта изгледа да не пошашандрцаат до излапување. Се осеќам минимум 10 години постаро. Се изморив од се. ~ Си гледам професионални фотографии од светов и се ресетирам, малку од малку. Сега на сцената ни се не толку атрактивни дестинации, не фалени и иссилени. Другарка Непал, другар Замбија....животец Следна дестинација мене дефинитивно ми е Бразил, кога тогаш ќе ја остварам. Па Сингапур. Или Малта. Ма било каде само картата, пасошот, картичката у џеб и мапата у рака. И светот е наш.
Јас ли сум единствена што не го глеала пеесетината греј нијанси? Што не ја занима уопште филмот..и што нема намера да го ѕирне во иднина?! ениуеј.... ************************************** Шо и да кажам џабе е...неам муда да си идам од земјава... До срце ме боли коа некој ќе ми рече "бугарка" со потсмев... Или кога некој ќе каже "од оваа земја ништо не бива"...-па нема ни да биде со тој став! Ама..и нив да ги сфатиш.. многу филмови се пукнати, распукани, расцепени...прашина напраени. Психички не измори со ветувања за Ел Дорадо лајф стаил, секој кој стигна до најфамозните и најпосакувани фотељи.. Дозволивме до толку да се поделиме, да се мразиме меѓу себе ради различните партиски идеали, додека останатите фаќаа сеир...и тоа многу ме боли... Овој народ мора да се обедини. Кога дијагоналната линија ќе стане вертикална, и ако за тоа е потребно сите да го допреме дното најпрво.. јас сум за, ако тоа е потребно за да конечно сите прогледаме во ист правец - нагоре... јас сум за, ако тоа е потребно за да застанеме рамо до рамо, брат до брат... да се прегрнеме и да тргнеме во борба заедно, а не еден против друг... јас сум за. Само затоа што моментално (читај задњи 20 години) не ни трга работава..не значи дека нема да тргне..колку и да звучи лошо и очајно и контрадикторно и безнадежно... кругот сепак се врти... Ви звучи ова како бајка? И мене... ама ќе верувам во тоа како и до сега. Наречете ме глупа ама тоа е мојот избор. Јас го сакам ова парче земја и јас верувам дека еден ден ќе биде подобро...можеби треба уште доста време да помине за тоа... ама ќе биде. И останувам овде до крај..освен, ако не сум приморана на овој или оној начин да заминам..
Некој може да е совршен, навидум да нема маани, сите да ве спојуваат и поврзуваат, и пак може да не испадне вистинскиот за тебе. Ако не го чувствуваш дека е тој, не е. Вистинската љубов се чувствува, позади ребрата, во колената што се тресат, во растреперениот глас. Начинот на кој го кажува твоето име е посебен, никој не го кажува како него. Начинот на кој ти ја трга косата од лицето, на кој те гушка и си игра со тебе. Кога го познаваш на поинаков начин од сите останати луѓе, пробивајќи ги особините што ги сервира на надворешниот свет. Скриената несигурност позади самодовербата и плашливост позади мускулите. Ми требаше потсетување. Знам кој е.
Значи периодов дефинитивно доаѓа до израз вистинитоста на општопознатата компарација на терсене фаците околу вас со времето надвор... - Ден 1: како последица од сонцето надвор (колку и да е „со заби“ што би се рекло ), леташ од позитивна енергија, се` ти изгледа полесно. Времето те предизвикува на отварање плакари со пролетна облека и барање пролетни парфеми. На кафенце на тераса или прошетка во парк со очила на сонце со слушалки си пушташ некоја плејлиста што вришти плажа, одмор... и така се` ти е во Џурџевак зелени стил, рачунаш веќе пукнала пролет и преминуваш на сонување за лето... - Ден 2: сабајле на ненаспаноста ти се додаваат облаци низ прозор што уште повеќе ти го прават креветот да ти изгледа поудобен и ти го пролонгираат она седење и гледање у ѕид додека да одлучиш да го започнеш денот. Земаш чадор за секој случај и бај д уеј ако не ти притреба кога се враќаш накај дома, голема е веројатноста да го оставиш некаде и да се враќаш од автобуска по него. И углавном ти иде да го поминеш денот во хибернирање и барање на ладната страна на перницата... И така наизменично двата типа на денови се менуваат... хвала на пажња, тоа е се` од временско - метеоропатска прогноза за една просечна недела во Македонија у последно време. Барем си имаме занимација од типот смислување различни комбинации и напоредно менување на чадорот со очила за сонце во ташна, а и фактот дека е петок и идењето у бољи живот го поништува мрзливото расположение... let's look on the bright side нели! Ајт ариведерчи, имајте убав викенд!
Што крај на недела ќе ми беше? Не можам ни малку да се порадувам. Утре одам на натпревар, у случај да не знаете. Колку и да се нервирам кога не можам да решам некоја задача, колку и да ми е бесмислено минувањето часови пред висини, триаголници, тангенти, формули за скратено множење и разни чуда, сепам има нешто интересно во натпреварот по математика. Нема ништо што може да се спореди со возбудата додека чекориш во сабота наутро, трпки ти минуваат низ телото, знаеш дека интересни работи те очекуваат, по пат си купуваш Сникерс, нека нели со благо подобро работи мозокот, хау јес ноу. Убаво е кога стоиш во мнозината луѓе пред вратата од школото и исчекуваш да си го чуеш името, и на крај нели погрешно ќе ти го прочитаат, ама што има везе. Па седнувањето на клупите и малите страшни бели ливчиња за кои си свесна дека ќе се џариш следните два саати во нив. Оставањето на мобилните кај сомнителните надзорнички кои патем секоја година ми се паѓаат страшни дрдодрки. Тоа е тоа, утре со нови сили, до нови успеси. Ако може ни на регионален да не поминам, ќе ми пропадне целава филозофија. Па знаете, посакајт ми среќа, бидејќи без башата среќа никаде не одам, добро познат факт.
Полуписмени деца запишуваат 8ми семестар на факс. Да, полуписмени.. Зошто? Идам јас на факс да се запишам, последен рок за запишување, таму гужва у п*чку матер. Каде на сета таа исмрдена мишка и турканица плус клима уред е еднакво на сауна. Она што највеќе го мразам е чекање на ред. И така се наслушав муабети можеш во понеделник да дојдеш,глупи деца се решиле денес да се запишуваат. Не е секоја сорта иста. Се заинаетив е ќе чекам па што сака нека биде. Си чекам јас ред прибрано кога некоја решила да ми се убаци преку ред. Алоооо, чекам јас овдека 2 саати каде си тргнала девојкото? "Ами јас тука си бев ти не ме виде, морам на работа". Чекај млада дамо ние сме паталци, а ти гаталец, ќе ти прогледаме низ прсти зашто си најпаметна, не ме интересира кај одиш и што ќе прајш преку ред не се иде, првин се прашува алооо. Мизерија. Дојде на ред дамата уште наудрена се прави, јас ајде повели принцезо не те прави паметна ако се убациш преку ред паметна те прави ако прашаш културно. Дојде на ред "дамата паметна" решила да се запише во 8 семестар и тука почнува глупавоста нејзина. Заборавила да си го потпише листот и да си ги напише предметите во индекс. Е така и ти треба, се чудам како оваа стигнала до 8 ми семестар Ме фати пуста смеа, ем преку ред ем полуписмена. Ајде помина патешствието нејзино, и завршува и ми се обраќа "ами и другарками е со мене, а ти позади нас". Мооолаааммм!? На што ти личам ма, на бандера. Е не може викам тргај се. И толку, јас дојдов до мојот ред без кавги. Секој по ред нека оди. Не дојдов јас тука за да завршувам туѓи работи. И така се завршив и правец на воздух, не се диши тамо. Ете тоа сакам да кажам
преку глава од докториве краток циклус, пап тестот инфекции-па вагиналети, па вртоглавициве се вратиле да полудиш е, шекерот ти се покачил-ако одиш кај матичната цело маало ке разбере дома твоите ке полудат-скоро чув на телевизија кикиритки помагале ммм јами јами а ти си решила малку поинаку да живееш т.е. со сосема други луге во кругот мајка ти херес добила-на дојката на грбот(од стресови и од нервози) себореја ако не добиеш (општо зборувам) е ок татко ти нервно се растроил брат ти мислиш ке скрене животе ама ич не си сладок туку си премногу горчлив
Незнам кој ги измислил овие училишниве "забави", претпоставувам имал поинаква замисла од тоа како изгледаат денес, а мислам дека од поодамна се прават. Како и да е, кај нас во школово на 1-2,најмногу 3 месеци се прават забави. Годинава ни е последна во ова школо и годинава ние ги организираме забавите, т.е., не сите, туку претседател,потпредседател на школо, други деца итн.итн. Претседател на школото ни е девојче што учи со мене, наместена победа и наместено претседателство секако. Колку толку, до лани полуматурантиве што беа знае поубаво да ги организираат, ама годинава ова е катастрофа, ми се чини полошо "организирани" никогаш не биле. ПеснитеШта речи а не заплакати..Строго северина,аца лукас,елитни одреди.. и за крај Зорица(певалката со розе коса) и Шабан. Тек тук има некоја стварно добра песна. Добро е што картата е евтина, 50 ден. барем со тоа да не се брукаме ко школо, во картата има влез и едно синалко. Најтрагично, никој не оди на забава за да се забавува,да игра..Па секако бе, сега му е мајката, кога ќе си го покажиш најтесниот и најкраткиот минич ако не сега? А, па и блузата со најшироко деколте, ако не се покажла цицка што воопшто си била на забава ти се молам? Се оди да се види кој со кого ќе се смува,кој со кого ќе игра валцер, и наредниот ден не верувам да остане неискоменитрано кој како се облекол и кој со кого се измувал. Ова е зошто добар дел од женските одат на забава, фрц,мрц Ме чудат,зошто не ги организираат забавиве кога сме ние прва смена, па има време да се појде порано, т.е. порано да си појдат тие што имаат функица, кој е на влезна врата, кој на друга врата, кој е на сокчиња, по некоја случајност и за чудо повеќето се направија и се прават кога сме втора смена на школо и не одиме на последниот час, добро е што е ФЗО и што наставникот е таков каков што е, да беше некој друг не верувам дека би не толерирал. За мене е добро што немора да останувам петок навечер до 7 и да се преслакам во ладнине пресоблекувални. Вечерва има забава. Забавиве се прават само во петоци. И секако заради тоа што ние сме втора смена си отидовме порано и не држевме ФЗО, во 6 бевме слободни да си одиме, забавава почнува во 8и30 и сите девојчиња шпринт напред, косата да се измие, да се види што ќе се носи,додуша повеќето недела понапред си знаат што ќе носат,кхм..За секој случај де. И сеуште се двоумам дали да појдам, а ако се одлучам да одам, ќе облечам нешто наједноставно, на претходната забава им појдов во црни хеланки,црна блуза и црн џемперЗа инат од миничите и корсетите. Ако појдам сигурно ќе си го потврдам мислењето дека и оваа забава нема да биде поразлична од останатите досега. А па, дома е досадно многу така да..Има шанса да појдам, впрочем што ми е мене гајле што прават другиве,јас ќе појдам колку за да излезам од дома и да поиграм на добрите песнички, се надевам овој пат ги има повеќе.
Ауууууууууууууу замислете не можам да пишувам во одредена тема поради навреди брееееееееееее. Знаете што, НИШТО.
Мора ли секогаш шкорпиите да бидат најдобри во кревет, најзаводливи и најперверзни?Кај и да отвориш тоа па тоа, човек да не може хороскоп на мира да чита
Денес болникаво го поминав денов по пижами, на релација кревет - фотелја. Се предозирав со чаеви, цедени сокови, супа и еден куп витамини. Останав вечерва дома, а откако ги изгледав сериите, се фатив за книга. Се занесов во настаните и одеднаш го слушам татко ми од дневна вика: Ана! Доаѓај ваму да видиш како мајка ти ме малтретира!! Одам во трпезарија, мајка ми го мава татко ми со карти, а тој не може да се соземе од смеење. И му се дере: Како може кај тебе сите џокери?! Ти реков мунти да пределиме, ти уште па и хант ми затвараш!! Не може! Не се важи! Нема кладбата да ја добиеш! И како што му вика, така го мава со карти, а на татко ми солзи му течат од смеење И ми вика: Снимај ја! Молим те снимај ја! Брреееј, викам, стварно сте блесави и двајцата! И сега еве ги слушам како се натегаат кој да ги собере картите, си стојат два шпила расфрлани низ цела трпезарија. Некогаш како мали деца се. Ама позитив на денов ми беа
Како бе кога ти требаат луѓево никого нема? Како бе не го слушаат телефонот, а цел ден висат на фб преку мобилен? Како бе ќе им оставиш порака на фб и само seen ќе ти остават и после ќе се правдаат дека во брзање само ја виделе пораката? Ти кога им требаш на глава ќе ти се качат, дома ќе ти дојдат, 500 пати ќе те бараат, ќе се понижат ако треба, ќе те замараат цела вечер (ако на пример ти треба сабајле да станиш рано), совети бараат. Башка каде сакаат тие и ти таму одиш, а ти ако сакаш некаде тогаш болни се, зафатени се, вујко им од америка дошол, умрела козата на комшијата...... Не можам да поверувам. Како и да е, им благодарам на сите.
Знаеш дека навистина си се поправила, кога баба ти ќе ти рече: „Ај, убава на баба, си се поправила!“ И нормално, тука следува поплукувањето три пати, против уроци и против малери - ако се раководиме според мене, зашто кога и да ме пофалат дека сум се поправила, за кратко пак сум ко ишмукана со цевче за сок. Не дека последново е за смеење, ама толку сум навикната на ситуацијава, што веќе ми станува сеедно. И ќе ми биде сеедно, се` додека сум здрава и се чувствувам убаво вака како што сум. Не ми е на одмет ситуацијава, напротив, нека ми потрае. И дечко ми заслужува биг бути бич понекогаш.