Има денови каде што сум сама и осамена.Едиствено уживање ми е во чаша чај.Затоа што во тие моменти ми недостасува топлина. Има исто така и денови каде што сум како карпа.Силна и цверста, емотивец од внатре.Но, не се предавам.Сакам да продолжам така.Да, знам дека ќе ме боли секој нареден коментар.Па, добро важно да одам кон целта. Утрово е прекрасно, уште попрекрасно кога знам низ што сум поминала.Какви 'рани' имам низ моето тело затоа што пробав да докажам нешто. Сега е нов почеток, нов месец. Ќе направам се, ама баш се да одам кон целта. Среќен месец, убави моменти да се имате во него. Ете, започнете го денот со насмевка, завршете го со љубов. Ете така, секој нареден ден. Секој месец.
Еднаш една професорка рече нема нерешлив проблем. И да така е. Во која тешка ситуација и да се наоѓаме сепак постои некое добро решение. Само ние треба да го пронајдеме. Си размислувам сега за моите проблеми и си велам сигурно постои некое решение. Знам дека со негативни мисли нема да биде подобро. Колку и да ми е тешко ќе се обидам да размислувам позитивно и да не се уништувам себеси. Секогаш имаме нова шанса што се вика утре. Секогаш имаме шанса да смениме нешто, секако на подобро. Да, се наоѓам во тешка ситуација ама не се предавам бидејки колку и да е тешка не е безизлезна. Ништо не трае вечно. Секогаш велам само здравје, бидејки навистина тоа е најважно. Чувајте си го здравјето и своите најблиски, а за другото ќе биде кога-тогаш. Фала му на Бога, се надевам здравјето ќе ме служи и понатаму и на мене и на моите најблиски.
Вчера излегов во дискотека. Знам, и јас сум зачудена, дискотеки не се мои места. Ама сепак, во името на поседување барем малку социјален живот, се нашминкав, облеков кошула и semi-високи чизми и натерав уште 5 луѓе да дојдат со мене. Прво, од 9 требаше да одам на роденден кај другар на кој му ветив дека ќе му го организирам роденденот, тоа испадна тотален неуспех, затоа што сите што требаше да дојдат откажаа во последен момент, па завршив со една другарка, еден негов другар и сестра му. Втора тажна работа беше што никаде не можевме да најдеме пластични ножиња, за на крај еден суперфин Албанец во чаршија да не части пластични ножеви (ако го читаш ова по некоја многу чудна случајност, фала). После 3 саати запознавање со луѓето и благо вознемирувачки муабети, еден сок од портокал за мене и 15тина пива за сите околу мене, па и некое парче торта за келнерите (кои испадна дека имаат ножеви, па за џабе патешествието), отидовме накај Миднајт. Пред дискотекава стојат 20тина луѓе, вратарите не сакаат да пуштат никој, и по уште една чудна случајност, вратарот покажува накај мене и другарка ми и ни кажува да влеземе ние. Чекавме дваесетина минути и испадна дека вратарите не сакаат да ни го пуштат остатокот од друштвото, па затоа што веќе плативме карта, решивме да влеземе во дискотеката. Еден совет од мене: што и да правите, НЕ ОДЕТЕ САМО ДЕВОЈКИ ВО ДИСКОТЕКА! Бев толку вознемирена од божем случајни допири наоколу и машки што се лепеа позади девојчиња и играа без нивна (па и моја) дозвола. Исто така, не ја разбирам поентата упорно да пушташ луѓе внатре само за да плаќаат карти, а во миднајт нема игла кај да падне. За да поминеш 50 метри низ дискотеката ти треба 15 минути. И главното, не ја разбирам поентата ни на луѓето што одат во дискотека и не играат и само стојат така. Дискотека е, прегласна е музиката за да зборуваш со некого, ако ти се зборува, излези во кафич или седи кај некој дома. За тие што зјапаат во телефон 3 саати нема ни да почнам да зборувам. Очај. Ако случајно почнеш да играш, те гледаат наоколу како да си полудела. Така неславно ми заврши уште еден обид да бидам нормално девојче, па решив да се почастам со пица заради која денес цел ден ми е тешко, и со другарка ми се анализиравме да сфатиме дали проблемот е можеби во нас, или има нешто што не чини во целата наша генерација. Не знам, ако има некој одговор, слободно нека ме просветли. Исто ако има некој предлог за кул место во Скопје, и тоа би било одлично
Никогаш не ја разбрав „позата“ за сликање каде девојките си ја допираат раката на косата, а со прстите благо ја подигаат, како да сакаат да си дадат волумен (?). Кога ќе наидам на ваква слика, некако рефлексно ми доаѓа мисла да посегнам по несесерот со лекови и да им скршам еден Беналгин, зашто освен на сугестија дека ги боли глава, опаснава поза не ме потсеќа на ништо друго. После дакфејсот, ова ми е дефинитивно дно дна.
^Се мислат секси Инаку,@crimson добро е да се знае дека не сум единствена со такви „дискотека“ маки Јас си обожавам журки,ама последнава година излегувам на помирни,искулирани места,пабови и кафични со интересна атмосфера. Не знам кој ѓавол ме натера да отидам во дискотека саботава,ама знам во скоро време не одам пак Јас не си чекав пред врата,ама само што влегов,зажалив.Внатре немаше пола метро простор,немаше кислород. Посетители-деца.Малолетни,пола од нив ги знам што учат со сестра ми и брат ми,се измашиле на штикли,која се лапа со дечко на сред маса,која со телефон,а машкиве стојат ко икони. За моја несреќа,излегов со старото друштво,па кога ќе почнев да играм,внесена во музиката(која добро се погоди),другаркиве со погледи,демек застани,смири живци А што да правам,овци да бројам?? И до ВЦ едвај се пробив,за таму да чекам 15 минути и тоа во друштвото на никој друг,туку мојот драг бивши,доказ дека се и свашта пуштаат внатре Крајот на вечерта бев ваква:
Сега и јас ќе облечам шушкавец,па тренерки,па максици и ќе ставам една педерка преку рамо,пола Скопје ќе ми се ''клања'' ко на вас а ''хулигани'' ?
Март!! Омилен месец во годината. Можда дека сум родена во март. Од секогаш сум се радувала на мартинките. И некако ми е како предзнак дека почнува лека полека пролета. Ма го обожавам
Животец, ти го сакаш он те неќе. Јуп, ме неќе нешто у задње време. Уморна сум од глупави луѓе, да глупави, себични и скржави. Ама скржави со чувствата. Смотани мажи, сечии девојки кои глумат артистични лепотоци а се само шупливи ега кои сакаат да се хранат со туѓо внимание. Да де да оние атеншн хорс, ама во секоја смисла. Љубовни маки, работни маки, егзистенционални прашалници??? Секаде прашалници. Полека ќе станат извични прашалници, зашто изгледа треба да се дерам на сиот глас, не гледам друго чаре. Не е се така црно де, ама сивко е. Таа сива многу популарна во последно време. Налет нека е.
Ме нема во последно време овде, знам... Непостојана сум, и со животот, и со се`. Но, да кажеме, Март одлично ми започна. Со шетање, со нови личности, со се`. Мислев денес да изненадам некој, но времето ми се скрати, па не можев... Но, во текот на наредната недела планирам навистина да насмеам некој. Како да имав време за сите денес, дури и за себе си. Одвоив час - два за татко ми, час - два за мајка ми, неколку за сестра ми, за брат ми, за другарките (секоја посебно), а и утрото си дозволив на себе да уживам во изгревањето на сонцето со добра музика. И така, одморена, расположена го почнувам овој месец. Вие како сте? Ви праќам гушки.
Знаете што ме нервира? Луѓе што поради својата несигурност сакаат да омаловажуваат други луѓе. Проѕирно е, се гледа критикувањето без никаква основа, се чувствува љубомората, па наместо да изгледаат посилно, само покажуваат колку се слаби и мизерни. А знаете што ме нервира повеќе? Луѓе што се неспособни да дадат комплимент, и дури и комплиментите им звучат како навреда. Супер си, ама сестра ми е подобра, добро се облекуваш, ама можеш на братучетка ми да и позавидиш на стилот, добро играш дота, за девојче. НЕ! Очаен си.
Не знам по кој пат ќе кажам, ама ич не ми е мерак ни да го разгледувам повеќе форумов откако го сменија изгледот. Го искомплицираа само, а баш си беше едноставен и убав. Ќе се потрудам ама тешко. Морам да го изразам својот револт бе!
Роденден е денот што го чекамее Првото прсте на рачето, веќе не сме толку мали, може да се каже Најсакано злато дадино, нека ми ти е среќен првиот роденден, жив здрав голем да раснеш! ДАДА ТЕ САКА НАЈМНОГУУ! Повелете на торта
СДК.. ..во врска со готвењето... Често кога чекам на каса да ми наплатат по маркетиве, од чиста радозналост зиркам во соседните корпи.Гледам Ворчестер сосови, гледам кутии со чудни јадења, состојки за некое јадење за мене непознато.. Се прашувам...не сум добра домакинка и ,,куварка,,...?? Традиционален тип сум што несака да експериментира, и готвам тоа што се готви на аше поднебје.Не дека пица, шпагети, канелони...не сум направила, но, сметам дека се добри за промена во менито. Тарашкав по интернет и гледам и македонскиве жени готват чудни јадења, експериментираат со вкусови... Е јас неможам. Сарма, подвароци, мусака, грашок, летна манџа,полнети пиперки, грав, леќа,кременадли, помфрит, ориз со пилешко...тоа се секојдневните јадења коисе вртат во мојата кујна. Како стоите Вие под ова прашање ? Што готвите ? Готвите секој ден ?
Игнорантскиот став кон срамежливите и тивки личности, чудни за поборниците за доминација е вообичаена практика базирана на површно размислување дека нема што да понудат за да го привлечат вниманието кон себе. Одмерениот став го компензираат со гласност само тогаш кога чувствуваат потреба да кажат нешто. Понекогаш, таквите пријатели знаат да раскажат длабока приказна и мудро да ве поттикнат во кој правец да ги насочите мислите. Иако нивната рационалност е прекриена со таинствено молчење, размената на зборови е замена за преиспитување на другите карактери. Занемарувањето е губиток за вас. Најчесто, пријатните изненадувања ги приредуваат оние од кои најмалку очекувате таков гест.
...затоа што секогаш е полесно да си поверуваш на илузијата од другата страна на розевите очила, притоа кажувајќи зборови за кои потоа ќе се каеш, на оние кои со искрени намери сакаат да ни ја покажат не толку посакуваната вистина. Колку е само вистинито!
Леле какво утро имав аааааааааааааааааааа значи се наежувам кога ќе ми текне таа неговата брада,прави хаоси по мене
Денес се сликавме за алманах и некои плачеа затоа што не биле убави на сликата... е тогаш сфатив колку само немаат проблеми чим плачат за една обична слика, која што е потребно да е убава за да има повеќе лајкови на фб...