Зоран Ставревски се нервира, не па јас... Сфаќате дека до народот? Чекаат смена говедата. (мислам на овие ѕвездиве у успон, што политичку плукаат) Зинале сите, чекаат работа, дека ВМРО не ги вработи. Им дошло до криминалите на ВМРО, абе мрш таму, како би ви легнало по едно ауди и на вас или барем 18 000 платичкаааа...оф, оф, оф...
СДК ама толку ме иритираат луѓе пуфкачи. Сестро џабе си се облекла во тесни хеланки, тесна маичка и чисти патики, се претставуваш дека си од незнам ти кој и се смееш ко недоветна, а од вежбање В немаш. Основна култура е да речиш на сите 'здраво' кога влегуваш негде прв пат.. Ама очигледно не те научиле... Жално И бај д веј пишман сум шо ти покажав за вежбата. Се извинувам ама навикната сум на позитивна средна и сакам да пренесам мое знаење... А дур не научиш да вежбаш.... Watch me and learn! PeAcE
Како лошо почна неделава... Не можам да се оправам од главоболки два дена по ред,ќе полудам. Викендов имам причини за славење,родендени,награди на блиски луѓе,биче весело Негоо,што ли ќе облечам. Ај тек понеделник е. Школово ми оди катастрофа,редно време е да почнам оценки да поправам,вака веќе не оди. Многу на лабаво си ја тргнав работава,кој ли ќе ја слуша мајка ми на крај година :/
Не знам што се случува со мене. Веќе не само што размислувам англиски, туку прееска само што се фатив како зборувам со мачето на англиски. Му дадов едно како бисквитка и не сакаше да јаде и почнав: You don't like it? Why? Come on, try it. Не само тоа, почнав да викам дресот (мислам на фустан), well, good... Единствена сум или не’ има повеќе weirdos?
Don't worry, you are not alone И јас сум тукаа, не си сама Навика ми е, се звучи толку поубаво кога е на англиски нели? и со брат ми по навика на англиски си збориме дома, дури незгодно ми е ако треба нешто на македонски да му кажам
Се извинувам што пишувам тука, но очајно ми треба помош. Ако некој се разбира во Информатика, програмирање, ќе го замолам да ми пиши.
Ако ништо друго, иако со се пичку материну сум со бившите, нема, нема, па ќе им текне да ми се јават - Еј здраво, како си? Среќна си? Ми текна на тебе, добра си? Што се случува? Кога не ти е ден, ти доаѓа некогаш и многу мило и топло околу срцето. Јер образ. Поштено сме се рендале со вистината во лице, ама исто така и поштено сме се поштувале и пред се сме биле другарчини. Еден бивши, огромен миленик на женската популација е, со созревањето стана playеr (место обратно), ден денес ме заебава - ме оштети ма. Нема врска, интерна шега. Од него ги научив поголемите лекции за важноста на лицемерието, зошто не треба да се трудиш да им помогнеш на луѓето, а истовремено да се однесуваш како да ти е ептен гајле за нив и најшовинистичкото - жените имаат цицки и успеваат заради нив. Никогаш не ги усвоив овие работи, ама му давам рака затоа што има право, иако не сакам да има и би сакала светот да е поидеален. Почитувам што бил искрен барем пред мене и во иста мера се погрижил да ми ги отвори очите наспроти моето противење дека животот е шоу каде што треба да се изглумиш себе си најдобро што можеш.
Јас не би да кукам или да се тажам , доста беше, само пак ќе речам за неколку дена се враќа вистинската ЈАС не само тука , туку и реално, ќе ме оправи внук ми , душата моја А на вас , ќе ви посакам добра ноќ, и да се разбудите насмеани наутро , не намрштени
Чудно е како на човек можат да му се променат приоритетите во животот,а уште почудно е како е цврсто убеден дека ќе успее да издржи! Каде сум јас овој период? Целосно изгубена,мозочето ми работи како најскапата машина и само добивам некои нови идеи.Мислам,размислувам и анализирам.Ги мерам работите на вага,и пружам онолку колку што ми е пружено.Од кога останав во блажена состојба се променив,на некој начин станав себична,и мислам само за себе.Од друга страна си велам сама на себе дека таква можеби требало да бидам од секогаш,но живот е и учиме,за на крај да се фатиме самите како сеуште ништо не сме научиле. Борба за опстанок на сите страни.На луѓето на кои си му дозволил те газат уште пред да стигнат до тебе.Слушаш разно разни коментари од сите страни,а се смееш во себе знаејќи дека само ти знаеш што е најдобро за тебе. Од кога се омажив се променив,тоа не го кријам.Гледам од страна и се чудам,едноставно сакам да знам до кои граници може да отиде човековата неписменост.Побогу,се фаќам како размислувам по исправно за разлика од луѓе кои скоро и го поминале цел живот,а можеби и претерувам.Можеби незнам ништо и се занесувам,и сум злобна личност која што има коментар за секоја работа. Малце позитивно (ќе речете оваа има кој знае какви проблеми па мора да се исплаче).. Бебчо мрда,и се ежам целата од помислата дека во мене има божји дар.Се плашам,сакам се да биде во ред до самиот крај.Уште од сега се бунам,мислам на се,можеби премногу се оптеретувам.,Кој знае.. Сонувам личности од минатото,можеби жалат за некои работни,но ми навраќаат спомени,и не кријам,убаво ми е кога сонувам. Ми недостасуваат моите,секој ден се повеќе и повеќе но никој незнае,па дури ни тие.Ми недостасуваат сите мои навики,и сеуште не ми е јасно како нештата се случија толку брзо,но едно знам,така требало да биде. Останете поздравени и немојте да си го заморувате мозокот со непотребни работи како мене,а јас се надевам дека мојата љубов ќе продолжи да ме буди и заспива со бакнежи,и после многу многу години. Спомнав ли некаде дека сум премногу емотивна?
You're not alone, I'm here with you. Јас со кучето зборувам англиски. Ама, уште не е научило што значи sit. Ќе треба да го дресирам уште малку. Peace out
Овој месец прелани, стана многу битен за мене, а воедно за целото семејство. Прелани, овој месец се десија многу пресврти.. и сите беа на добро. Толку многу, сите во еден месец од годината. И се тоа што тој Март не го заврши, Мартот лани го дозаврши...толку битни одлуки, одредување приоритети, толку патешествија... се во Март. Ако почнам детално, ќе звучи неверојатно, ама така е. Не сум суеверна воопшто... ама ете.. решив дека сите битни одлуки ќе ги носам во Март. И овој Март ми е резервиран за пресврти и чуда. Почнав да ја празнам куќава по малце. Вчера фрлив 8 пуни кеси гардероба, која ете..без некаква поголема причина си седела издиплена, фаќала место, мириси и флеки. Повеќе од 10 кеси гардероба се тргнати на страна, од денеска почнувам да ги перам, потоа да ги сместам во соодвени кутии и да ги однесам во Црвен Крст. А имам уште толку многу за делење, шо да задржам, а што да донирам. И тоа ме прави исклучително среќна. Се сеќавам на еден настан, пред нешто поише од 4 години, кога последен пат донирав гардероба, памтам затоа што татко ми беше уште жив и заедно со него дониравме. После некое време, на влез од една аптека, се разминав со една мајка која чуваше мало девојче не постаро од 2 години во рацете. Тоа девојче го носеше моето јакниче кое јас одамна го имав израснато, и кое татко ми некогаш пред многу години ми го донесол од Русија. Беше цветно и се носеше од двете страни, од едната беше со темно виолетова основа и шарени цветови од другата со розева основа и шарени цветови. И знам дека беше моето затоа што на неговата капа сеуште стоеја моите иницијали. Памтам дека се насмеав и бев посебно исполнета што истото сега топли друга мала душа. И овој Март очекувам да биде бурен, а јас сум спремна да го следам.
Сите зависности се лоши,без разлика дали станува збор за наркотици, алкохол, морфиум или идеализам...
Кажете ми колку треба да си наивен и глуп да влезеш во врска со девојка која константно го има изневерувано својот партнер со тебе и којзне колку други и му раскинува као наводно за тебе и ти подпаѓаш под притисок. Еве не знам јас, кажете ми вие? А сите се згнале да ми бараат совети љубовни, небаре мене ми цути. Сум го рекла ќе го речам пак, за сите сум мајка за себе маќеа. Катастрофа....
Моментот кога вели : .... - А оваа е мојата жена (те повлекува накај себе и те прегрнува ) Е овој момент го почуствував јас, синоќа за прв пат поубаво здравје
Ако нешто навистина многу мразам, тогаш тоа е кога некој ги пика моите слушалки во ушите. Одвратно...