Знам Vitomir..тоа си го кажувам од секогаш,но љубопитноста изгасила толку другарства,повредила толку луѓе.Колку и да мислиме дека дека сме понапред сепак кога другите сакаат и знаат се за тебе те спречуваат во многу одлуки.. Но,ајде доста филозофирам ќе го послушам твоето советче Витомир Инаку да си се навртам јас на што сакав да кажам.Мора да ви се пофалам со моите вештини за одбојка...Решив на часот по физичко да играм одбојка со другарка ми ,но завршив со патлиџано-црвени раце и со гроб фаса. Секако зарем очекувавте јас да играм одбојка?Наместо да ја удрам топката,јас си ја фаќам и ја држам,а кога сервирам сум д бест топката лети 23 км далеку ... Шо да кажам талент сум си..
Имав една другарка која беше очајна за внимание. Стално ќе прашање „дебела ли сумммм? “ само за да почнеме да ја сипеме со комплименти за тоа како е совршена и само да си подига егото. Кукање имаше стално поради тоа што некој и кажал дека не е толку убава, или пак дека таа другата е поубава од неа. Тука повторно следеа илијади убедувања дека е најубава. А девојчето беше најголемиот нарцист. Е ајде сега де.. Тие ги мразам, очајни за внимание. Па би направиле се и сешто да се во центар. Што е нај трагично мислат дека се нај убави, а всушност не се. Искомплексирани личности насекаде..
Од факултетот сум многу разочарана. Незнам дали јас сум го утнала или ова ми е само фаза зошто имам многу тешки предмети. Немам никаква желба за учење како пто имав, нипто не ме интересира, сеедно ми е... Се надевам дека е само период, зошто вака нема далеку да стигнам
Деца, детска љубов... има ли нешто што повеќе може да ти изнуди насмевка на лице од тоа? Полни со наивност и искреност, ќе те насмеат и ќе ти предизвикаат носталгија... Мило ми е што сеуште околу мене гледам деца коишто вистински уживаат во детството, што секоја пролет го исполнуваат маалото со џагор, детски игри и дружби испреплетени со муабети за некоја наивна симпатија, имиња впишани во срце во влез на некоја зграда... Секогаш кога ќе излезам од дома, пред да се упатам некаде ги поздравувам, и малце муабет со нив го буди детето во мене. Само едно ѕиркање во детскиот свет ќе ти нацрта насмевка на лицето за цел ден!
Понекогаш ги забораваме вистинските вредности на животот.Но некои,не се ни свесни дека постојат. Moodadly angry
Една слика илјада зборови. Море ако не и повеќе. Баш точно она што сакам да кажам го кажува сликава која го претставува општеството во кое ние денеска живееме и носи добра порака.
Абе каков народ живее кај нас? Злобен,сеирџиски ете таков! Народ што не си ја гледа сопствената работа! Пред некој ден беше облачно и седам у автобус и насетувам како 2 средношколки се паѓаат од смеење на една девојка што носи очила за сонце! Како тоа надвор облачно а она носела очила па и тоа од оние огромните-изгледала како оса??!! И се прашувам од каде потребата да се смееш на такво нешто,па не ли знаат младиве госпоѓици дека на некои луѓе им смета облачноста па не можат добро да гледаат ако немаат очила? Ама на кого да објаснуваш... Е така уствари сфатив дека ја кога е сончево носам очила за да не гледам вакви луѓе,за сонцето воопшто не е проблем,добредојдено е!
Сакам да живеам во време кога жената е дама, не ороспија и курва, а ако е мирна глупача повлечена. Сакам да живеам во време кога фустанот се носи да ја истакне женственоста, троа подолг, не допичњак. Сакам да живеам во време кога се носат ракавици, и се однесуваш културно додека пиеш чај, не се крека ко чавка на сред кафич. Сакам да живеам во време кога косата не ти е сплескана за лице, кога соларим не е потребен, затоа што носот се напудрува со бела пудра, кога ружот е природен сам по себе од што пукаме од здравје. Не дека тогаш немало нечесни, не дека тогаш немало (за тогаш) секси долна облека по долгиот фустан, не дека тогаш не се правеле тие работи. Ми смета интернетот, а пак седам, ми смета очајно. Критично е, не се прави веќе муабет. Радоста се дели на социјални мрежи не со најблиските. Сите се замислуваат дека менуваат нешто, кога највеќе се менуваат самите себе, изопачена реалност, фиктивни ствари... Одамна е ова,нит го измислив, нит го кажав прва јас, сите го збориме, и сите пак го правиме. Се тешиме дека е подобро, но станува се полошо и полошо.
Прееска во една продавница влезе жена со бебе. Тоа ептен малечко, само се смееше, руса косичка, и големки ушиња. Му се насмевнав, и тоа ми се насмевна. Јас ќе направам сериозна фацка, и тоа прави. Па пак ќе ми се насмеам, и тоа пак ќе се насмее. Само ја вртеше главата кон мене Душичка мала. Ми го направи денот.
Она чувство кога се плашиш од самиот себеси. Се плашиш као ќе постапиш,дали ќе згрешиш? Дали е правилно ова што се случува,дали има иднина... Се плашиш дури и од својата сопствена сенка. Што ако повторно бидеш разочарана? Што ако пак се случат истите работи од кои се плашиш најмногу? Како да се заштитиш,како да бидеш сигурна во луѓето по се што се случило. Како? Како повторно да веруваш и да сакаш некого? Како да веруваш во сите,како да им ја пружиш довербата? Што ако те искористат,ако те повредат? Нив нема да им биде грижа. Црнило и темнина се собрало. Душата ти е и празна,и нешто ти тежи,како камен тежок и голем. Но што е тоа што те мачи,нели беше среќна,нели се почна да се средува? Сјајот во очите ти се изгуби,насмевката ти е лажна и празна. Повторно ли нови проблеми? Повторно ли несреќа,болка и тага.. Повторно ли ?
Дефинитивно луѓето ги забораваат добрите личности,личностите кои им помогнале во животот повеќе пати. Забораваат дека некогаш и на таа личност и треба помош и никогаш не се тука.Денес е поважно изгледа да глумиме добри пред луѓето кои не ни значат во животот,понекогаш и да ја понижиме личноста која сме кажале некогаш дека ни е се.Дали тоа што чекав само еден краток повик за да знам дека барем малку ме почитува и мисли на мене,беше премногу ? Не,нема да бидам лоша поради ваквите луѓе,знам дека е ова искушение,за да бидам тоа што не сум.Ќе продолжам да бидам добра и ќе ги почитувам личностите околу мене...можеби еден ден ќе сфатат каде згрешиле. Имајте пријатна ноќ .
Се се ама кога ќе видам бе да ми бистрат политика на фб е значи .... нема граница човечката глупост Таквите луѓе јас ги сожалувам и им се смеам ,искрено Глумат дека се некои и нешто а уствари се ништо едно големо ништооо ! Си урамила слика од премиерот во дневна се сликала и сликата на профил Да да и тоа пред некоја минута ццц смешно бее,глупо, мизеријааа... Па и пишала таму некоја 'поезија' под сликата Па ми праќа барања за собир во штаб,за избор на членови на незнам шо,леле .... каде со ваков народ бее каде . И нормално одма делејт фром френд Не не сум политички определена,немам моја партија и несакам да се вмешувам во такви работи,ама вие кои сте онака пристрасни кон таквите работи се надевам дека во скоро време ќе се чукнете во таа главата шо ја имате на своите рамена која очигледно ви стои за украс и ќе ви текне какви тешки будали сте .... ај чао
Животот не е ништо друго,туку борба за опстанок.Им завидувам на луѓето кој живеат.Ретки се тие,ама сепак има.А јас,како и многу други,преживувам.Се борам против лошото кое е многу повеќе застапено од доброто,воедно и посилно.Така,секогаш доброто трпи порази.А сите знаеме дека поразите прават ослабување.Но чуден е фактот дека всушност поразите не зајакнуваат,не прават посилни. Во целост,јас така го сфаќам животот.Како голема игра во која јас сум ситна фигура,која,како што реков,пробува да не испадне од играта,
Сакам да заминам некаде.И да си живеам со мирна глава.Нети оваа си направила, нети онаа....за се сум јас крива, сите се тажни поради мене...ама не ми е гајле веќе што сакаат нека прават.Сакам да заминам некаде со другарка која е тука за мене а не со глупача која ми прави лица и менува масли на секои 5 минути, а да не зборуваме за лагите и обвинувањата... И така овој ден ми помина лошо од полошо здравје Искрено се плашам од иднината...
Зарем сеуште постојат такви будали што звонат со Скриен Број? Неможам да сфатам, ако имаш нешто јави се, гугни нешто мајкуму, не ми ќути како будала! ( Секако немаш Му*а )
Денес џвакав мастика со отворена уста и не се срамам. Бев толку уморна од работа, ама мнооогу сакав да пешачам, да дишнам малце воздух. Не, не сакав, туку морав после 7-8 саати затворен простор. И така од работа до дома, пешки си дојдов, и одејќи додека се движам, гледав нагоре во дрвата како гранките различно се испреплетуваат....ко идрогирана некоја. Се тоа, џвакајќи Чунга Лунга со отворена уста, играјќи со тетоважата во џебот и пцуејќи колку тоа ми недостига да сум на околу 7-8 години. Ова не е ок. Јас не сум ок. Не бев ок се до моментот кога се сретнав со другар на ‘‘другар‘‘ (читај бивш) и неговата женичка. Велам женичка зошто беше мала, ниска, сипматична и харизматична трудница која некако здрачеше....и работи во продавниче во Капитол трговскиот. Нешто убаво ме тресна и ме освести дека морам да сум ок. Не е за веселење мојава ситуација, ама .... наоѓам по некоја утеха во компарациите со останатите и ... си се тешиш некако... си велиш ‘‘ооо не, мене, па мене веројатно ми е подобро од ХХХХХХ‘‘. Како се викаше тоа кога се самоубедуваш себеси во нешто...бррр....не ми текнува зборот а и не е битно...... Ова е ок. Јас сум ок.
И после толку време, уште се стега срцево кога некој ќе го спомне името негово. Уште е тука во секој мој стих, и уште го има во секоја моја воздишка. Под кожава уште го носам мирисот негов, мирисот на љубов, детска, луда, безусловна, вистинска. И после толку време, уште не научив да дишам без него, не научив да го немам, не научив да не го сакам. И после толку време, ништо не може да го замени, ништо не може да ја потполни празнинава. Уште фали. Пострашно, поболно, посилно од секогаш. Спојлер нема нешто на светов што не би дала, да можеше еднаш барем да се види низ очиве мои. ќе знаеше.ќе разбереше.
Дали јас тоа си ветив дека од утре ке вежбам и ке бидам на диета ?????? А уште сега по нешто ми се јаде ? Не... СТОП СТОП СТОП СТОП СТОП СТОП.................................................... НЕМА ВЕКЕ МАСНА ХРАНА, НИ ГАЗИРАНО , НИ БЛАГО , НИ СЛИЧНО. ЈАС СУМ РЕШИТЕЛНА ЛИЧНОСТ И ОВОЈ ПАТ КЕ СЕ ПОТРУДАМ ДА ИЗДЖРАМ ДО КРАЈ морам да успеам во тоа .