Ми се чинеше убаво времето, излегов да проверам и токму кога сакав да влезам внатре помина автобусот и тој ми мавта ( а куќата ми е до улицата) се смеев не очекував да го видам. И одеднаш како сонце да ме огреа... ах што ти е љубов и покрај сите лоши страни и покрај се срцето пак затреперува кога ќе го здогледам ...
СКД дека и после толку години поминати уште не можам да се помирам со фактот дека пораснав со разведени родители,чуствувам болка во градите што не можам да ја опишам и не можам да ја кажам на никој....Како сите деца сакав и јас да ме носат мама и тато 1 ден на училиште но не го осетив тоа не знам какво е тоа чуство но сепак животот продолжува понатаму со сите болки.
мокта на потсвеста ме потсека на еквилибриум од книгава се учи ама за да сватиш што е свест како таа дејствува исто како да читаш астро физика и баш ја гледав лудовање од Мила Алецковик-ми ја препорача една библиотекарка за неонаталогија и баш ги спомнува Игор бракус и Карл краус-првиот е психолог а вториот е критичар
Радости, радости, радости сум. Не знам од кај да почнам. Нема некоја голема причина. Има една која ми го грее срцето. Љубовта. Да, даа, се заљубив, овојпат навистина. Пред неколку минути ми се јави. Штом му го слушнав гласот заборавив на секоја солза. Еве ме, уште сум насмеана од 6ка до 6ка.
Сите вие што мислите дека освен дечкото никој друг не ви е потребен во животот и се живо диво елиминирате, што правите кога ќе раскинете со партнерите? И да жените сме претежно такви проклетии, јас другар немам изгубено заради тоа што имал девојка, а за другарки не можам да го кажа истото. Ама сега сум заинатена, не правам исклучок заради никого, не потпаѓам на лажни солзи и срцепарајучи муабети после месеци како во дупка пропаднати пријателства.
Предлог скала за интензитет на фејспалм реакции - од нула до сведоштво на сцени од следниов тип... Две твои врснички карши тебе во автобус свртуваат неколку реда горд муабет за отсуството на читање книги во нивното секојдневие, со посебен осврт на фраерско фалење кога станува збор за лектири, кои скраја било да се најдат во нивни раце... И тука едната го спомнува насловот „Проклета авлија“, на што другата прво одговара со некоја пффф, неам везе фаца, а после секундарно сфаќа дека истиот ја потсеќал на Авлије авлије, шаљем ти поздрав преко другара, почнува да ја потпевнува песнава и следи инстант благо кревање раце и влегување во кафански кршење чаши - фазон... Појела ме туџа срамота, што уште да се каже... башка што плус песнава ми се уврте во глава...
Не знам дали некој друг приметил ама...се шеташ низ градов пред 8ми март,низ трговски низ продавници и гледаш испаничени дечковци и мажи во потрага на поклони ...и тука се убацуваат продавачки и ги убедуваат во се што нив им се доаѓа и потајно би сакале да го имаат
Викендов едвај го чекав, така што си испланирав малку да се одморам.Ама ете де, во последен миг сѐ ќе се смени и пак ќе си останам со еден куп листови хартија.Човек да не може на раат да биде. Неговиот поглед и насмевка. Заедно со зацрвенетите образи. Добро де, си признавам и јас не сум нешто подобра. Кога ќе го видам ем нозе ми се пресекуваат, ем образите двојно повеќе ми се зацрвенуваат. И да, двајцата си имаме иста маана. Срамежливоста. А поради неа, на крајот ние самите губиме. Добра ноќ
СДК ако сакаш да иди некој со тебе ќе му речеш: Еј имам план за 8 ми март, се собираме од работа па има слободно место А не вака: (Јас вечерва се јавувам за излегување, а преку недела жив никој нема да се јави.. Скраја да е.. Шо зборувам, па и јас ) Не не излезувам вечерва...Ќе се чувам за недела, ќе одам Кратово, еве и С и таа ќе иди... Има едно место... Иди ако сакаш, шо да ти речам... Ама да ми кажеш до утре.. Мислам хелоооу од денес за утре?
Добив подарок за 8ми март, порано . Колку само ми го разубави денот ова прекрасно цвеке , ме разнежни и ми ги наполни очиве со солзи... Дедо ми.... толку ме изненади, бил да одбере цвеке за мене , дојде целиот насмеан и ми го донесе.. И не , нема 60 ниту 70 години туку 80. Од секогаш сум велела дека имам посебен дедо, денес ме потсети на детството, ме наврати на тоа кога бев мала како ме учеше да играм оро , ме носесе на училиште, заедно го средувавме дворот, ја вадевме бавчата.... Секогаш ке има посебно место во моево срце
Понекогаш толку сум смешна,што и самата умеам да се насмевнам Се чудам од каде ли ми истекнуваат такви глупости, а и сама не знам. Очигледно,голем талент сум! Ех,и петок конечно дојде,значи многу си го сакам
незнам дали е смешно или жално ова денес го видов во најдобрите твитови - Ајде да се иселиме од Македонија -да бе, сега, на најинтересното!!!!
Се враќам од библиотека накај дома, и едно детенце се качува по скалите и ми вели: -Дадичко, може ли нешто да те прашам? Тоа дадичко навистина ме изненади. За жал не можев да му помогнам, да му дадам одговор на прашањето. Дадичко, дадичко...
Ако некој го снема на фемина значи: -се заљубил -учи многу, па нема време. Шо мислите вие шо ми е мене? Се разбира второто...АКО ЕДЕН НЕ МИ СЕ ИСПЛАТИ УЧЕЊЕВО АБЕ АЈДЕ.....
Деновиве изгледа не сум добро друштво за никој ,вечерва бевме собрани друштво во домашна атмосвера , а јас буквално заспав , во ушите ми одекнуваа некои чудни звуци од брблањето нивно , и за момент посакав да се вратам дома , во моето катче , да си пуштам музика , да се опуштам со добра серија , подобро тоа одколку да слушам биполарни створења кои ни самите не знаат што сакаат , а да , и плус да ми влијаат негативно уште повеќе ,се договаравме за во дискотека за утревечер и јас стартно ги откачив, ќе се врати старата јас гарантирам , само нека помине овај Март , ме уништува , го мразам , ми ги зема сите спомени и ми ги плеска во лице , ми ја црпи цела енергија , и ми фрла во лице работи кои ме повредуваат. Не спомнав погоре , ама јас сум Рак, и ке се оправам , само до кога ? многу се мразам што работите ми одат некако многу напред -назад
Кога ќе постигнете координираност на работите што секојдневно ве преокупираат до степен да ги контролирате во нивниот облик, постепено и убедливо стекнувате рутинска особина која почнува да владее со вас. Во ситуации со умерено темпо, рутината е позитивна особина... И во целата динамика на случувањата, обземени од обидот да ги доведете мислите и обврските во корелација со можностите, да го извлечете максимумот од себе и да освоите возможен успех од невозможното, настапува момент кога сфаќате дека истите тие нешта имаат и спонтан карактер. Одлуката да балансирате меѓу животот со рутина и оној со спонтани дејствија е најдобриот избор за кој треба да се одлучите.