А што е со 7. и 9. март,што е со сите останати 365 дена во годината? Тогаш жените не се жени,мајките не се мајки...?Тогаш не смее и не треба да се купи цвет и да се покаже љубовта и да се пружи внимание?! Не,не,нее!! Не иде тоа така...
Нов град, склучување на нови другарства и нови познанства, нови информации и податоци, нови лекции... Влегуваш во нешто што не го познаваш доволно добро, и во ниту еден миг не можеш да предвидиш што ќе се случи. Полна со страв, и обземена со некое чудно чувство на возбуденост. Тоа е тоа што ми се случуваше мене овој викенд. Научив многу нови и доста корисни работи. Слушнав многу поразлични, но не и среќни, животни стории. Животи кои и не биле исполнети со среќни моменти. Животи кои не завршиле со среќен крај. Но се трудат се да пребродат и секој ден се борат со секојдневието. Но, од друга страна имав и доста добра дружба, и добро искористено време. Стекнав пријателка, која ми е веќе помеѓу најдобрите друагри. И мислам дека нашето пријателство сеуште ќе се развива и надоградува. Ќе ми биде многу мило доколку се случи тоа. А научив и што значи да се биде тим, и што значи тимска игра. Се зближив со повеќе личности од тимот. Што за мене и не е толку лесно, со оглед на тоа колку сум затворена личност и колку тешко комуницирам со тие околу мене. Во целост, овој викенд ќе го паметам по многу работи, затоа што ќе претставува потик за свртување на нова страница во мојот живот. П.С. На сите од понежниот пол им го честитам 8ми Март.
Пред да си легнете...пуштете музика што ве расположува и подгответе се за уште еден прекрасен ден кој е пред вас.... At the end...just remember HOW MANY PPL ARE PROUD OF YOU !!! ALL THE WORLD IS PROUD OF WHO U R !!! THE WHOLE WORLD IS WITH YOU !!!!
И така, по повод празникот, во ситните саати од ноќта, јас го добив првиот подарок од дечко ми. Огромен букет цвеќе..
Нежната половина, силната половина ... Кога станува збор за половините , мене ми се допаѓа кога тој ми прави магија во долната половина од телото. Лесно е да избегаш од реалноста понесен од чиста первезна ладнокрвност.Така емотивно индиферентно и апсолутно недостапно. Надвор од шаблонот кој го имаше во предвид за игра доцртуваш излези и тајни патеки. Признавам се додека не ја повикав кармата сама не се појави. Велам , - "Дај ми знак, себично ли е ова ?! " , и следен момент се залепив на калта со суратот закопан па уште го изгубив орудието за превара (телефонот). Не знам за 8 ми, ама јас 7 ми го поминав квалитетно. Документиран швалерај од видео надзор на фабрика, гонети од кучиња, нешто покасно од чуварот па од полиција. Гол маж на автопат разговара на телефон со жена му. Ми недостигаш повеќе од потребно, почесто од секој ден. Ете тоа е телесна зависност. Најлоша од својот вид. Ти мене, јас тебе и така.
Ќе направиш некоја одлука и иако не си баш најуверена во тоа што го мислиш, ќе пробаш да се убедиш во некое рационално решение и додека во меѓувреме совеста те гризе како црвот јаболкото, ќе се појави животот и ќе ти ги заебе плановите. Утрово пред прагот си најдов грст наврнати нарциси. Најпрво не знаев како да го сфатам ова - дали е некоја зафрканција од моите шлакнати и крајно некомуникативни соседи, дали можеби сум нарцис во нечии очи иако реално сум мноогу далеку од тоа, или пак ... не знам, можеби некој едноставно сакал да се чувствувам убаво. Баба ми ме учеше дека цвеќе не се фрла, па си ги оставив да ми мирисаат во соба и си буричнав едно извиткано ливче на четвртинки, на кое беше испишано нешто кое одамна го прочитав некаде и ете, го имав заборавено, ама некој успеал да се сети и да ме потсети дека се` се сведува на тоа, да најдеш некој кој нема да крене раце од тебе, дури и тогаш кога ти ќе кренеш раце од самиот себе. Не ми беа потребни иницијали за да си ги поврзам работите, ниту пак ми беше пречка несмасниот ракопис кој толку добро го научив, што и во сон би можела да го препознаам. Па и не се пронајдов во ова ни малку, обично луѓето биле оние кои секогаш кревале раце од мене, а јас не знам дали од упорност, од инает или од надеж кон подобро, секогаш сум истрајна во вербата кон другите. Затоа што доволно ги познавам оние кои ги пуштам да ми буричнат подлабоко во животов и знам колку можат. Ако сакаат. А, жално е тоа што не сакаат. Или се откажале негде на пола пат. Можеби се занеле по некоја разгранета патека и се загубиле, не знам. Само очајно посакувам да се присвестат пред да биде предоцна за некои работи, зашто времето тече, а јас немам време за да го трошам така ноншалантно и безвезно. И така, цел ден имам некоја кисела насмевка. Не знам што ми е, ама ќе ми биде подобро.
не знaм зa вaс aмa мене нaјдoсaдни кoментaри вo темaвa ми се крадените твитoви, oние глoбaлните тренутнo aктуелни, кaкo нa пример млaдинaтa и кoмпјутерите и пoгoлемиoт дел oд кoментaрите зa 8ми мaрт. Дoбрa ви нoќ. Имaјте убaвa рaбoтнa неделa. Вaшa М,
Сте се погледнале во огледало со страв ? Почнувам да се плашам , веќе забележувам некои ситни брчкички за кои презедов мала превентива , не сум површна личност , секогаш сум за природно негуван изглед ,придавам доста важност и на духовното во нас ,ама не сакам да остарам, се плашам од мојата натамошна старосна трансформација ( ах колку брзо лета времето , посакувам да се врати назад времето , и не , не е дека сум површна пак ќе кажам , сакам да остарам , сакам да имам деца и внуци , ама ме плаши староста )
СДК..денес уште сабајле сватив колку сум глупава Имено, се работи за следново... 8-ми март не го рачунам за празник и несакам да ги ставам во трошок најблиските мажи (маж, татко ми, син ми)...и од секогаш знаат ,,Референтка несака на овој ден поклони, глупо и било,, А Референтка за снаа, за мајка, за јатрва, золва и свекрва и по некоја блиска пријателка се ,,опрчи,, 3000 денари... Ако не примам, од наредната година , нема ни да давам. Некако ми падна криво, гледам растрчани мажи и по некоја жена со карнафил и украсно кесенце на улица...насмеани... Пријатно е кога ке ти купат нешто ситно. Ништоне добив годинава од никого, сама си го барав, а на крај ми падна криво - сум заслужила..давам, купувам, дарувам а јас никогаш ништо не добивам за возврат. Од наредната година -ДАВАМ И ОЧЕКУВАМ ДА МИ СЕ ДАДЕ.
Ќе организираат форум за жени тема родова еднаквост... ќе се испокараат како на пазар и треба да браниме како жената треба да има повеќе импакт во општеството? Не сте нормални... Па уште и политички се испоскубаа! Собери си парталите и оди си, еве барем кафе си пијам на прозор и се луфтирам. Јас не знам цуцата од ВМРО која беше, ама мислам дека утнала меѓуградска автобуска за до Бугарија. Толку да бидеш политички неумесен, неречит и неизграден... поједеше ме туџа срамота, да ти се смее цела сала... мислам... исчита говор напишан во штаб, единствено таа, и поставија прашање, избега од темата и донесе некој неповрзан заклучок од типот - јас мислам дека така не треба да биде...и оваа гласа закон за абортус во собрание, а милион жени во државава со грам памет се жртви на нејзиното немање памет... Ај на здравје понеделникот, арно ми почна. Со хумор, сатира и среќни вести!
Ако имаш дома крмос (едни ситни топчиња) лизни малку и ако е сипаница за некој час ке ја ,,извадиш,, целата и полесно ке ти биде. Ако не се појави уште поголемо исфрлување значи осипот е од друго
...Ми остана една ружа. Од „наставничките“. Поминував преку улица и видов една просјачка: сама, натажена. Жими се, немав пари во мене. Ја поминав, но застанав. Се вратив и и` ја дадов ружата. Беше Албанка, не ме ни разбра. Само се насмевна. Можев да го видам ненадејниот сјај во нејзините очи. Верувајте, среќата од првото место по физика беше микроскопска спрема таа што тогаш ја доживеав пред малку. *Среќен (доцен) 8ми март!
Еее, а оној милозвучен црцор што доаѓа однадвор,нели и е време на пролетта а а? И каква е таа птица секое пладне застанува на исто дрво во дворон,и каква моќ поседува па ме тера да затворам очи? Убаво ми е,пријатно за уши.
СДК 1: Од вечерва Friends на Телма!!!! Зарем има што да се додаде на ова?! Меморис...ахх... И со душа чекам 22:00 за новата епизода од The Walking Dead. СДК 2: Со мачкава измењавме најразлични пози додека глеавме ТВ, троседов и двоседов премерени се поише пати..ама која поза и да ја заземев, таа увек беше некаде околу мене, до мене, над мене, зад мене... Исто дојдов до заклучок дека откако ја иам неа, стапалава ми се значително стоплени, пошо коа спиеме таа увек ми се лепи за нив. СДК 3: По грешка пресеков жица со маказите... не видов, а поима неам од што е... И прво што проверив - ТВ има, интернет има, фиксниот ми се расипа пред некое време... ако не е од него.. сум имала среќа што не ме лупна струја ај гес.. Далеку е од шпоретот додуша...ама ако причуете нешто во меѓувреме.. дека куќа летнала во воздух... помолете се за мене.