Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Тaмaн кoгa ќе пoмислиш се тргнa нa дoбрo,тoгaш пoчнувa нaјлoшoтo...
     
    На eliesaab, crazylady, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Сакам да направам со некого вистински муабет.Да седнеме на кафе и да си се внесеме во муабет, како што беше порано.Без мобилни телефони или таблети, без зјапање наоколу да се види кој што прави.Не трачеви, не политика туку за нас самите.Ретко веќе се наоѓаат личности со кои можеш да утепаш добар муабет.Тоа ни треба на сите нас но за жал, веќе не знаеме како а ни со кого.
     
    На cresa-jagoda, eliesaab, Hipica и 7 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.220
    Пол:
    Женски
    Отварам ФБ и ги гледам на слика тројца бивши дечковци од скроз различни периоди заедно на маса. :D

    Периодов хаос. Чудни запознавања, дружења. Гледање на бивши момци, нивно остварување на сонови, оние што ги планирале со мене ама сега ги оствариле со друга. Тој како пак ми вели дека ќе ме жени ако се научам да варам грав, а јас се смеам ко будала што после речиси 10 години не се откажува од тој муабет. Враќање на спомени, колку само дечки ме изварале, бурни врски и страв од нова. Сфаќање како е кога трошиш свои пари ама и убавината да ги поделиш со најблиските. Подароци за 8 март и насмевки на нивните лица.
    Кафе со моите во ова време и смеење на досетки. Не се жалам, сега срамота би било.
     
    На senza.parole, srcekrsacka, cooll и 25 други им се допаѓа ова.
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Неверојатно е колку може една песна да те врати назад, да те потсети на некоја случка одамна заборавена.
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  5. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Значи не можам да се помирам со моите ретардирани заби!
    Па ваква болка јадам втор пат во рок од 4 месеци!! Не е хумано ова.
    Да појаснам. Моментално имам 28 заби. Сите четири стални 6ки ми се извадени, умниците пораснати.
    Од 28 заби, точно 20 ми се пломбирани! Четири од 8те непломбирани, ми се за пломбирање! Значи се на се имам дури 4 здрави заби и тоа овие кучешките!
    Сега почнаја и од пломбираните живците да ми умираат. И тоа секако, на предните горни заби! Пред 3 месеци извадов живец на двојка горе, сега умирам од болки живецот ќе се вади и на кец горе.
    Ги мијам нон стоп, калциум пиев, хлор, ваква паста, таква паста ЏАБЕ!
    Секој со среќата кај гените! И брат ми ист случај е, а за татко ми па да не зборувам.
    А баба ми пак, 81 година има и не носи вилици нејзини се забите. За инает. :D
    За 5 години јас мој заб нема да имам. Туку да почнам пари да си берам за навлаки, колчиња други направи оти без заби ќе прошетам :@
     
  6. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    940
    Доколку сакате некоја тема од активна да стане неактивна слободно обратете ми се :D
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    35.088
    Пол:
    Женски
    На денешен ден, точно пред 75 години, се родил човек - ангел.
    Се родил најдобриот човек! Тој за мене и за сестра ми, подготвен е да си ја даде својата душа, својата кожа. Неможам да опишам колки љубов носам во моето срце за тебе. Ти си ангел!
    Среќен роденден дедичко, уште многу години да си ми здрав и жив! :l:

    [​IMG]
     
    На Teodora*, Rama, JollyGirl и 18 други им се допаѓа ова.
  8. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.936
    Пол:
    Женски
    Игнорирам лаги, игнорирам глупости, игнорирам користољубивост, игнорирам местенки, ама доста е веќе. Прв пат во живот решив да направам некој сам да се фати во сопствената стапица. Можам да го оставам и да си умре во незнаење, ама сакам да му ја видам фацата кога се случи тоа. Ќе може ли уште да ме гледа во очи и без срам да лаже? Какви луѓе постојат, да ти е жал што си дозволил на било каков начин да влезат во твојот живот.
     
    На Teodora*, Elena69221 и mileystar им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Денот кога ќе доживеам некој со саксофон да ми свири "на увце" можам спокојно да си умрам.


    Убав вторник и деца, ослободете тоа читалните за постарите, и не учете само пред колоквиуми , мајку му стара;):D
     
    На caroline.costa, Captain-Omni, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.608
    Пол:
    Женски
    СДК можеше да ми постои мислењето во политика онака малку, зошто да не.
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал што не ти го прочитав мислењето.
    Покрај такви мислења за гзолижачи, ненормални, ретардирани, од куропушачки и какви уште не, кои сеуште ја "закитуваат" категоријата-политика, претпоставувам твоето не било толку "опасно". :lol:
    Можеби навистина има премногу работа за админите со ваков речник на форумот.

    СДК дека не е само времето за вакво депресивно расположение, неизвесноста ме убива, како ли
    ќе истрпам до петок. Дознав една убава вест, конечно да тргнат работите на убаво, се надевам дека истата ќе се потврди со сигурност во брзо време и дека ќе се префрли и на мене.:$
    Неодамна две медицински сестри ме извадија од такт, човек болен од рак(мој братучед) го прашуваат два пати за една иста работа а тој два пати едвај наоѓа сили да им одговори. Не знам кај им е човечноста, зар не знаат тие инјекции за што се даваат и дека не се даваат долго. А јас покрај таа ситуација и животна околност, не можам да најдам сила да се радувам за она што го очекувам.
    Досега не ја сфаќав или не сакав да ја сфатам сериозно болеста а сега како да се освестувам и не сакам да прифатам и да се навикнам дека тоа се случува.
    Животот изгледа како навистина краток а болеста изгледа како бескрајно долга.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.791
    Допаѓања:
    323.763
    СДК
    Секој нека си го мети својот двор, оставете ги ѓубрињата во туѓите дворови сами да си ги метат.
    Озборување е стара селска работа и озборуваат тие што сакаат да се тешат дека ете има и други како нив со проблеми, со кавги, со долгови...
    Доста е бре луѓе...
    Само што завриши беседата на моја комшивка која неможев да и јас сопрам сласта со која збори за други комшии (кои бај д веј не ги ни знам).
    Душевна храна....и тоа во изобилство
     
    На Candid и Teodora* им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.926
    Допаѓања:
    203.182
    Пол:
    Женски
    Ах животе суров си....

    Сакам да и помогнам, ама не знам како. А таа нема време за чекање. Одвај оди, нема што да јаде, не може да најде работа, а за една година најдоцна мора да се оперира... во спротивно, ќе остане парализирана... се надевам дека нема да ја снајде таа судбина... а јас не можам да и помогнам. Најтрагично е што не ми е блиска, а сепак барам чаре за неа. Барем некаква работа да имаше...
     
    На Teodora*, Sunshine.Sunshine, ozbilnazena и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    22.608
    Пол:
    Женски
    хахахахаах не им е лесно богами, за среќа јас ништо такво не кажав само и се восхитив на Азриел за нејзиното прекрасно прецизно и точно мислење што го даде во темата. Ама изгледа јас бев оф топик а другите се на место. Си знаеш барем ти како оди тоа, следиш од темата 8)
    :hug:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Добро утро, добар ден, добро вечер.... Да не се залажуваме дека се добро
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.242
    Пол:
    Женски
    Оддеднаш се сруши целиот свет. Сета замисла за мирен живот пропадна во вода.
    Една единствена личност ме спушти под земја. Ми го направи секој ден пекол. Не знам до кога вака... А не знам ни каде ако продолжи ова измачување.
    На крај, затоа што сите ме казнија, и самата себеси се казнувам. Пак е исто. Јас патам, никој друг...
     
    На MysteryMan23, mileystar, Hajdi22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Аман више од овој Тале, на секоја програма го фаќам по контактниве емисии! Човеку дај олабави, напорен си!
    Така ми е периодов, коа сум невработена! :)
     
    На Rama и tessie им се допаѓа ова.
  18. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Она кога јадеш ко свинче некое :lol::D Многу познато, зарем не ?

    Денеска ужасно сум гладна и покрај изеденото. Пошто утринава многу слабо ми се појадуваше, доручкував слабо. После тоа коа ми се отвори апетитот, не таа една мекица шо ја изедов, и не тоа чоколатце банџи, не тоа крем бананче, и не тие пченки, па и на другарката кифлата :rofl: Нејзе не и била убава па си купила друго. Кој и е крив. Башка, кај можам јас да оставам јадење така ? Или не почнувај или изеди го цело - друго немат :rofl: Ко му седнав и на кифлата :wasntme: Нетокму ме направија другиве, ама битно мене мешето ми беше полно.
    Ма да сега не е, затоа отидов да смачкам уште нешто.

    Долг период не сум била вака со голем апетит, заминав јас :P
    Бидете ми поздравени :hug::hug:
     
    На Sunshine.Sunshine и QweenSM им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Големо макијато со срце, светло Скопско и чај од брусница.
    Ова ни беше денешната комбинација со друшките. На келнерот бар денот му го разубавивме, разбивме монотонија во сивилото што ни го донесе облачново време.
    Топла дружба, топол муабет. Со некои луѓе едноставно да не може човек да стигне се‘ да каже.
    Па секоја да сподели се‘ што има да сподели од претходната средба.... срцево бавча.

    Ги сакам :hug: :hug:
    Црно-белото со нив во боја станува.
    996529_10153075892230691_604205314_n-horz.jpg
     
    На Yowannty, Teodora*, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Hajdi22

    Hajdi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Вчера беше еден од најубавите денови во мојот живот. На мојата најсакана баба која што ми е како мајка бев на гости и најсреќна бев кога и ја видов насмевката на нејзиното лице, и купив прекрасен подарок, купен со многу љубов. Прекрасен сет шољи за кафе, две црвени, две портокалови, две зелени со бели точки. Свари кафе во новите шољи и разговаравме, гледавме слики од нејзината свадба, и од свадбата на мама .Прекрасен ден поминат со баба. Си ја сакам најмногу на свет. Да ми е жива уште многу години. Таа е прекрасна жена, сопруга, баба, мајка. Горда сум што сум нејзина внука.
     
    На Teodora*, b.u.tt.e.r.F.L.Y, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.