СДК ... сегде се пронаоѓам по добар дел од светов, само тука не. И верувам дека и ќе се сместам таму негде, каде Сонцето искрено свети и топли, каде сите релаксирано битисуваат, каде живееш, а не животариш ... Каде воздухот те прочистува во секој смисол, каде ништо не може да ти биде голем проблем. А каде и љубовта верувам поубаво се чувствува. Надежта е посилна, вербата поголема дека коцките ќе се наредат конечно, некаде ... таму.
СДК ЗДРАВО ФЕМИНКИ.. ОДАМНА НЕ СМЕ СИ ПИШАЛЕ ИМАМ ДА ВИ КАЖАМ НЕШТОООООООО, ЌЕ МИ ПУКНЕ СРЦЕВООООООО САМО ШТО ДОЗНАВ ДЕКА КЕ СТАНАМ ТЕТКААААААААААААА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ПРВО ВНУЧЕ ОД БАТООООООООООООООО!!!!!!!!!!!!!!!!!! НААААААЈСРЕЌНА НА ЦЕЛ СВЕТ!!!!!!!!!!!!!!! АЈ ОДАМ ДА СЕ ОНЕСВЕСТАМ ВРЕМЕ Е
На крајот на еден ваков долг и по малку напорен ден, сѐ што сакам е да си зготвам нешто за своја душа. Без разлика на тоа што е скоро полноќ, се затворам во кујна, отворам пакетче шпагети и почнувам. Си припремам сос, секцам маслинки, експериментирам со сѐ што ќе ми падне на памет. Во меѓувреме си пејам Бонџорно Италиа, бонџорно Мариа - секогаш кога правам тестенини, како да си пуштам некое цеде со италијанска музика во глава. Се обидувам да ставам ѕид меѓу мене и сите вести што кружат по социјалните мрежи, а по малку и на медиумите, ама некако не успевам. Си викам, ај нема сега да размислувам за тоа, барем вечерва нема да се оптеретувам и ќе одморам глава. Ама ете, некако не ми оди. А некои работи не можам да ги сварам толку лесно како тестенините.
Никогаш не ја сфатив потребата наместо книги, во ранец да се носи цел козметички несесер. Разбирам дека женско ко женско секоја сака секогаш да е средена, ама не се научија да ги разграничат поимите училиште и шминка.И да се разбереме едно е да се знае техника на нанесување, а сосем друго е да се направи кловн.Ама сепак, на прво место хигиената. Постапката за училишна пракса е следната: ~ Секојдневно нанесување шминка (едно врз друго, а на слојот пудра од вчера да и ставите нов слој денес , исто и со маскарата) ~ Моливче за веѓи задолжително (ова задолжително кога се потенцира е толку важно што се дели на слогови) Врвот на сето ова е хистеричното викање, ако нели, не дај боже испуштиле нешто од строгиот редослед. И сосем случајно, на враќање од училиште го слушам муабетот меѓу дотичните. Зборуваат за моралот, озборуваат сосема трети личности кои ја применуваат горенаведената пракса. Комедија, или сепак трагедија!? Наместо да се тагирате на секоја минута, наместо да трошите време на селфи, зедете и прочитајте нешто. Чисто за вас самите, да направите нешто корисно.
Непредвидлив е животов, не знаеш што ти носи, не знаеш што те очекува. Тоа што никогаш не си го помислил дека ќе ти се случи, е баш тоа ќе ти се случи. Не знам дали да се радувам или да плачам. Не знам дали ме огреа сонце или ми врне во душава. Не знам дали почнав да љубам или почнав да заборавам стара љубов. Не знам дали да превземам нешто или да оставам на времево да покаже. Не знам дали да се борам или да се откажам пред време. Не знам дали ќе добијам или ќе изгубам. Не знам дали ми е тоа светла точка или е само илузија. Не знам дали љубовта ќе ми се возврати или ќе остане само копнеж. Не знам дали ќе израдувам некого или пак ќе повредам. Не знам дали да појдам по трнливиот пат или да останам на овој истиов, досаден и едноличен. Знам само дека ми се плаче како мало дете, ама еве не знам зошто. Не знам...
Повторно си отворив стара рана, не оти сакам... Затоа што никогаш не била целосно излекувана, ах колку болеше, сега не толку, но сепак боли!
сакам да кажам дека ова е мојот најлош ден во мојот проклет живот ..денот кога дојдов во безизлезна ситуација да морам да прифатам да се омажам без своја волја ..се молам на господ ДА УМРАМ И НАМЕСТО ВО НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАН ДА ИЗЛЕЗАМ ВО КОВЧЕГ МРТВА
Bez panika, nikoj nemoze da te natera da se omazis. Pobaraj sovet od stucno lice. Sekogas ima nadezd.
Најгрдото, највалканото, најшетаното нешто се парите, а ние сите ги посакуваме. За жал, како доаѓа времето, на луѓето единствена цел во животот им се парите. Борба за пари, борба за моќ, цревата ми ги превртува тоа. Се разбира дека сите работиме за пари, но не и така да се искажуваме како некои личности. -Ако немам пари, како да немам здравје. Што зборуваш бре?! Ако немаш здравје, за што ќе ти се тие пари? За да лежиш на нив додека си во болна постела? Жално..
Во еден разговор со внука ми, опкружена со учебници и училишен прибор, понесена од подготовката за домашна работа, ме запраша: - "Дали ѕвонењето на телефонот создава пријатен звук?" -Хмм!!! Ме трогна малиот детски мозок со непредвидливи размислувања... Од толку предмети што не опкружуваат, сфатив дека телефонот е предмет на интерес и во детската свест. На поставеното прашање и поставив реторичко прашање. - "Што мислиш, kаков звук создава ѕвонењето на телефонот, пријатен или непријатен?" Ми упати широко отворен поглед придружен со замислен израз на лицето и одговори со збунувачко прашање за неа: -"Па, нели ние избираме музика за да слушнеме пријатен звук при ѕвонење?" Да, ние ја избираме музиката, ама друг ја склопил веста што треба да ја слушнеме. Од музика, низ игра, до спокоен сон, се е интересно и возбудливо во детскиот свет. Умешноста низ една реченица на едноставен начин да ни ја откријат убавата страна на животот е можно само во нивната перцепција. Ако некогаш телефонскиот повик го дочекувавме со насмевка, во денешицава, се трудиме ѕвонењето да го ставиме на опција што поретко да го слушаме звукот (не) пријатен. За протекувањето на содржината на разговорот низ едно ало, секаков коментар е банален. Барем за најмладата популација, најкористеното средство за комуникација е предмет за асоцијација на пријатен звук. Нека се радуваат додека растат со можноста да се поистоветуваат со јунаците кои постојат само на малите екрани. До тогаш се е возможно, шарено, достижно, па и со убав мирис и пријатен звук. Поттикната од разговорот со неа, почнувам да размислувам во позитивна насока дека треба да се потрудам да пронајдам музика што ќе ми предизвика чувство на задоволство при секое ѕвонење на телефонот. Ако во прашање е музиката, се разбира. Само уште да успеам потрагата да ја склопам со реалноста и никој нема да може да слушне попријатен звук од мене.
добро глупи сте или така ми це чини мене ..... не можи еден одговор да кажите видов дека го прочитавте пиши seen офф а баш сакав да ги купам наочарите...
Ги продадоа бурмите. Не спиеја цела ноќ. Ги гледаа трите деца, легнати на подот, на два стари душека. Спиеја во иста соба, сите петмина, оти имаа едно ќумбе и позајмени дрва за греење. Ги гледаа трите деца како се буткаат едно до друго за да се стоплат. Јануари траеше веќе 40 ден, или барем нив така им изгледаше. Немаше од каде да се набере нешто, да се јаде, да има барем нешто со лебот, купен од продавница на вересија. За кога ќе има пари, кога ќе се најде. Ги гледаа трите деца, едното на факултет, едното во средно, а третото во основно. Сите со пофалби на школо, сите одлични, сите со светли и бистри очи. Ниту едно не побарала нови чевли ниту облека, бидејќи и старите не се искинати. Ги гледаа трите деца цела ноќ, осветлени од уличните светилки. Спиеја мирно. Сите три зачнати со љубов и со надеж дека ќе бидат најубавите и најпаметните деца. Незје и било желба да се убави, него да се паметни. И Бог такви им даде. Ама никој не знаеше пред толку години дека вечерва ќе немаат леб да им дадат, дека ќе ги избркаат од работа, дека нема да им дадат по 30 плати. Дека ќе должат насекаде, дека прежувувањерто ќе им биде главна преокупација и дека ќе јадат преку еден ден за да има за децата. Тој, маж на 40тина година, со тежина од 62 килограми, а таа уште послаба. Пред пола година, и двајцата ставија вилици. Нивните заби паднаа од стегање на вилиците за да изгржат да не плачат пред децата. Да стегаат со забите кога им се јаде, а не смеат, нема да остане леб намачкан со свинска маст за сите. Ги гледаа цела ноќ децата. Им требаа 100 евра за да платат за најстарото да плати рата на факултет. Рокот беше утре. Веќе се разденуваше. Се погледнаа и решија. Таа ја извади бурмата од раката, тој стана да ја најде неговата, некаде скриена низ собата. Одамна не ја носеше, премногу беше слаб за неа и му паѓаше. Ја најде и и ја подаде. Одеднаш, тоа не беа бурми. Не беа ветувањата дека цел живот ќе се заедно. Не беа радоста кога ги бираа во продавница. Беа предмет со продажна вредност. Беа можност за да се плати ратата на факултет, беа можност да се јаде. Се друго веќе беше продадено. Останаа две златни бурми. Отиде и ги продаде. Имаше доволно за ратата и цели 1000 денари за јадење. 50 леба беа тоа. Цел месец јадење. Отиде и ги продаде бурмите. ********* Сакав да ви кажам зошто, еден ден ќе отидам, ќе им купам бурми, ќе закажам венчавка во црква и ќе ги однесам двајцата.
Понекогаш се чувствувам како никој да не ме разбира... и сега како што седам сама дома замислена а погледот свртен кој мојот голем прозорец, каде што очите ми гледаат кон небесното синоло си мислам.. Кој знае уште што ме чека и дали ќе можам да се изборам со тоа и покрај се што доживеав до сега, не паднав, незнам дали е до младоста или дека сум таква личност незнам, понекогаш самата себе неможам да се разберам а камоли другите. Чудна личност? Или можеби нешто друго сум? Зошто ми велат така? Зошто ли сум поразлична од другите ? Понекогаш размислувам за многу нешта за децата без покрив на главата, за гладните, за босите деца, па кога ќе ми каже некој Супееееер ќе имаме таблети од наредната година ми иде да викам неместо тоа да купувате пратете ги децата на операции , на лекување , а не да умираат ....... КОЛКУ ТАЖНО ! Зошто ли е така ? Дали секогаш е суров светот? Сега се уморив на 18 а натаму?? Но сите можат ако сакаат!
дечки вчера дознав дека е осип бев на доктор-на инфективна клиника контрола за 2 до 3 дена и лице и раце и тело сум исфрлана ме чеша-мислам ке полудам 2 до 3 недели во изолација треба да бидам а пред малку ми се јавија на мобилен за интервју за работа-сум аплицирала пред повеке од месец дена-катастрофа
Се заљубувам во човеков. Нема песна што не му ја сакам. Текстовите... а оваа па ептен... од интересни причини. There's an art to life's distractions, To somehow escape the burning wait, the art of scraping through, Some like to imagine, The dark caress of someone else, I guess any thrill will do Would things be easier if there was a right way? Honey, there is no right way.