Велат убавите луѓе се благословени од Бога.Се околу нив е убаво,воздухот ,природата...и се им оди од рака. Но еден разговор со личност со сосема обично лице знае да ти подари ,многу. Нешто што ни најубавите усни на светот не го изустуваат на таков начин.
- Знаев! - Ти реков! - Имав некое претчувство дека тоа ќе се случи! ...проследено со наводно разочарана фаца зад која стои победничка насмевка полна со иронија. Познато? Сите имаме по еден таков примерок од оние личности кои ама баш секогаш кога нема да ти појде од рака и ќе згрешиш или оплескаш нешто, како едвај да чекаат вака да излезат пред тебе со фактот дека биле во право. И воедно со доказ за нивните претскажувачки способности (кои патем им функционираат исклучиво кога се работи за нешто негативно)... дури и кога претходно ти го советувале токму спротивното. Таканаречена утеха, од таканаречени пријатели... тип на луѓе кои не ти требаат во животот. Чус!
Ova pms-ov e strasna rabota..najmnogu mrazam sto site okolu mene moraat da go trpat moeto (ne) raspolozenie..aman neka pominuva veke !!!
Се радувам како мало дете... Дознав дека другарками од грција утре иде дома и ќе биде тука до пон ... Па планови планови во глава купишта. Ми требаше некој кој е ист како мене за трошење пари на козметика хухухух епа утре е мој и на Каја ден
Денеска враќајки се кон дома видов едно фичо. Веднаш ми текна на фичото на дедо ми и како со него одевме во село и многу ми беше интересно да се возам со него. Пред 2-3 години дедо ми го продаде фичото затоа што веќе е стар, не вози кола и ги користи услугите на ЈСП. Муабетот ми беше дека сепак спомените остануваат засекогаш. Добра ноќ.
Викаат ако скршиш огледало че те следи несреќа во наредните седум години, а што е пак со скршеното срце дали и тука ќе те следи несреќа наредните седум животи? Срцекршачи внимавајте...
Време на разделба... Ги одбројувам секундите пред да заминеш, ги одбројувам твоите чекори откако ќе заминеш... Јас овде, ти таму... Се одлучи да живееш без мене, а јас без тебе... Затоа што не се боревме за нас, затоа што немавме храброст, затоа што живеевме за другите... затоа ќе бидеме несреќни! А јас без да ти кажам ништо ќе гледам како заминуваш, а ти без да ми кажеш ништо се молиш да ти кажам остани! Туку подобро е да прекинам да пишувам, зошто ова ќе нема крај...
Чувствава ми се лом. Хаос ми е во душава. Малку ми беше доволно. Многу ми беше премногу. Љубов после љубов. Нова надеж. Сјајно сонце. Ах, лудило.
Закаснето сценарио од 8 - ми март. -Секој кој зема мито во било каков облик треба да се санкционира.Се наполнија со пари,подароци... А истата таа личност се фали со добиените подароци од родители,оригинал парфеми,Сваровски обетки и ланчиња,чанти и чевли.... Ова не е мито? Очигледно не е штом влегува во твој џеб. Глумење лудило левел 100.
Kade sto moze da stapne coveckata zavist i glupost,nemoze ni coveckata dobrina. Zavista e bolest na slabite luge,na lugeto na koi cel svet im e vinoven za sopstvenite greski.
Уште едно девојче,уште еднаа среќа.Уште една среќна мама а јас повторно среќна тета Нека и нема крај. Со најдалечната ми другарка (читај сестра) се договараме секој ден да пиеме кафе во исто време, како да сме заедно.... ми недостига.... многу... Пријатно попладне феминки
Се навикнав ли ?!Готово ли е со прашањата што и како ?! Моите секогаш ќе ми недостигаат но преубаво е и овде ,до него ,заедно во се Среќна сум ... Имајте убав ден
Уште полошо нешто од игнорантноста кај луѓето, е ограниченото познавање искомбинирано со ароганција. Знаете, оние на коишто читањето по некоја нова книга малтене после „Касни порасни“ толку им ја крева самодовербата, и кога ќе начнат некоја тема доволно е сијаличката да почне да им осветлува макар едно делче од сложувалката - за одеднаш токму тие да станат најсилните на зборови со највеќе аргументи. А како по правило ограничените умови идат со најголема ароганција и најостри јазици, додека внимателноста и броењето до десет е доблест на оние кои имаат многу да кажат. Воодушевуваат луѓето кои знаат многу, иритираат луѓето кои знаат „сè“...