Она чувство кога сакаш да заплачеш солзите ти се во очите, а ти се смееш како е да ее најубаво.Кога ќе те прашат како си кога ќе кажеш “супер“.Боле и тоа премногу боли!
Не знам дали некој некогаш од вас имал тампонада на носот, ама сигурна сум дека нема некој кому не му бил затнат носот некогаш. Сепак се прашувам дали сум единствена што кога ми е затнат носот си мислам колку ми било убаво кога не ми бил, и дека едвај чекам повторно да не ми е, како наеднаш само тоа да ми е важно. П.С. Ако на некој од тука ќе му го тампонираат носот, или не дај Боже, моментално има тампонада во носот, само да ви кажам дека ставањето мноооогу боли е одвратно, а за вадењето не се плашете, не е ни приближно толку страшно. И тоа не е баш пријатно, ама мислете само да фактот дека треба да ги истрпите тие 2 минути и потоа повеќе никогаш нема да мора да седите на тој стол, да го вдишувате тој мирис, и в очи да ви свети одбивањето од светилката во лупата на докторката. Чирс.
Uzivam vo mirisot na svezo I cisto vo mojot dom..sakam da kazam deka obozavam da si napravam generalka ednas nedelno I posle toa da si se odmoram so edna ovosna salata
Рекле дека по утрото денот се познава....хммм... па не би рекла баш. Посебно не за денес. Ако цел ден ми беше како утрото, со плачење и нервозни за небитни луѓе и работи, до сега самоубиство ќе извршев За среќа попладнево се заврти тркалото. А сабајле истите идиоти ме чекаат
За мене вистински Кавалер и Маж е оној кој не сака да искористи една жена кога таа е пијана , или во безнадежна ситуација ..поздрав до таквите МАЖИ , иако се за жал ендемски вид
И така цел ден по медиумиве кружи веста дека во Македонија е рекордно ниска стапката на невработесност?! Се прашувам, на Марс да не живеам јас..
Ја побивам онаа теорија според која срцето може само еднаш да љуби вистински! Нова љубов на повидок, а старава сеуште незаборавена. Барем да се потрудев да ја заборавам. Ама не...ја оставив во облак од чад, така замаглена, како никогаш и да не постоела, како да била илузија. Кај отиде старава љубов, што сторив со неа?! Како успеав да ја засенам.. онака безболно? Сакам да ми се објасни!
Имам еден професор кој секогаш кога сум исплашена и несигурна ме потсетува дека тоа е нормално, дури и добро. Ако за буквално се имам преголема самодоверба, ќе ја изгубам способноста за самокритичност. Денес открив колку страшна работа е тоа да не можеш да прифатиш критика и секогаш да си убеден дека си најдобар. Престануваш да се надградуваш, да работиш на себе и додека мислиш дека си над другите, на нив им изгледаш смешно.
Научив да користам се што е на располагање во овој свет веќе не чекам на помагање од никого а ЛИЦЕМЕРИЕ од секого па секако тешко беше додека учев ама тука сум уште.. ако сакаш да ме слушнеш добро ако не кој те eбе почесто учев од мои а не од туѓи грешки научив колку тие се тешки научив дека понекогаш смешки понекогаш тага тоа иде така победата слатка,загубата горчлива научив дека жива сум дошла а мртва ќе си отидам.
Она кога те стега длабоко до душата, но знаеш дека вака е подобро, за тебе, за твојата среќа и иднина. Добро утро, убав ден.
Што сум јас? Никогаш немав некои огромни планови за себе и за животот кој ќе го живеам.Секогаш на прво место го ставав срцето ,без разлика што бев повредувана успеав да останам нормална.Барем така мислам. Здрава сум ,колку толку.Мозокот се уште добро функционира.На моменти сум како во немите флмови ,со брзи движења,да не ме убива немањето работа ,со повеќе елан ќе го живеам животов. Се остварив како мајка,и тоа два пати.Тука Бог најмногу ми помогна ,неосетно и без проблеми. До некаде задоволна сум од себе иако секогаш се може уште и повеќе. Работата е статус кво. Имам пријателки и пријатели на добар пат сум да добијам уште 2 квалитетни.Маж ми се смее ,како ги одбираш како да пробуваш најскапи чевли.Па и така е донекаде. До пред 10 години патував многу.Сакам пак. Сакам и сакана сум.Имам љубов за каква не знаев дека постои.Едно е кога гледаш филм и читаш книга а друго е кога тебе ти се случува. Не ми жал за ништо и утре да ме снема би си отишла од светов со насмевка. Убаво е чувството дека знаеш можеш и умееш.Ама највредното нешто е кога си дел од целината наречена семејство. Дочитање до следната фаза на депресија.
Некој учи на грешките, некој никогаш нема да научи некои работи. Е јас сум од тие вторите по се изгледа. Aко ви е познато чувството кога се покаеш што си бил добронамерен, знаете што зборувам. Деновиве мака мачам со справување со човечките глупости, борба со самата себе да се прости пак или конечно да се покажат заби.Не сум јас за овој свет, што би рекол маж ми, во мојот идеален свет, никој никого не повредува, ама за жал тој постои само во мојата фантазија.
СДК... Може да бидете цвеќе, грациозно спакувано со природен изглед кое плени со својот мирис. Но, некои не сакаат цвеќиња, па посегнуваат по трнчињата.
Добро ви утро дами. Колку е убаво утрото кога немаш никаква обврска што ти чука на врата и ти го одзема сонот. Времево и денес ми личи дека ќе биде цело време тажно, ама тоа не значи дека и денот ќе ја дели истата судбина. Настрана од сите муабети за тоа како ми недостига сонцето, она вистинското, морам да кажам дека денес ми се враќа она другото што веќе скоро година секојдневно ми го грее срцето. И како да не му се радуваш на денов, иако сив? Има да свиткам косиве, да се зацрвам, да влезам во фармерките што 5 минути морам само да ги тегнам нагоре, јер слаби нозеве ептен , ме разбирате бе девојки, „Хочу да будем ти лепа“ муабетот и не знам како ќе реагирам кога ќе го видам, дали да се затрчам ко на филмовине (али килажа + трапавост не ми идат некако заедно у комбинација, бегај да не му ја пукнам главата од тротоар), затоа има да турам наочара и да се правам дека не го гледам, па он нека дојде прв (Боже колку јака анимација ) Имајте убав ден дами. Одјава!
Zamislete, da dobivavme po 10 denari za sekoj kazan ljubezen zbor vo zivotov, a da ni zemaa po 10 za sekoj kazan losh zbor ili navreda.. Sto mislite? Ke bevte bogati ili siromashni? Iskreno..