Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Секогаш лошите остануваат сами...без другари.Накрај се познава кој е лошиот и зошто..се познава кој бил во право,а кој не.
    Остануваат сами во овој огромен свет без никоја иднина,без никои желби,без никого.Но,не се за жалење мора да се потсетиме дека поради нив патиме .А тие што да прават?Знаејки дека се сами плачат тражејки ја последната прошка,кажувајки "Јас не сум крив/а,се колнам" и пак истото другите веруваат цврсто во тоа.Накрај патат и патат поради тоа што ја дале прошката на некој непотребен ,поради тоа што верувале ..
    Но,ете накрај се покажува кој е лошиот,а добриот си го наоѓа патот кон среќата.
    Имајте убав ден :hai:
     
    На Papillon.Papi и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Зар не Ви кажав дека на форумов направив стаж, три години? [​IMG] Ете, сега Ви кажав. [​IMG] Моментално чекам сини картончиња. :rofl: А се надевам дека набрзо ќе ме пријават и во Завод. [​IMG]

    Озбилно сега, изволте. Стварно глупаво се чувствувам, да барам слики. И што? Демек стварно ќе ги изедете работите. [​IMG] Мижи Асан, да ти баам. [​IMG] Еве, колку да ми помине редот, едно пивце за живце. :rofl: Или го сакате со крофна? :P

    [​IMG]
    Иначе јас супер сум, фала на прашање. [​IMG] Се наспав дванаесет часа. Ма готово, готово... партали праам. :D

    Во септември ќе сум полнела осумнаесет. Ееех, се памтам од кога пинцур бев. До душа јас не се памтам, другите ме памтат. :D Барем така ме лажат. [​IMG] Ама не, памтам кога ме прашуваа колку годинки имам, а јас покажував со рачето. :$ Девет ипол, дест ипол, бе. :D Едвај дочекував да помине пола година, за да кажам ипол. :D Демек поголема, ипол имам. :emo: Детенце, меченце. [​IMG]
     
    На Mahidevranfan, BlackMistery, tinka-mace и 11 други им се допаѓа ова.
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Tолку многу измешани чувства и мисли ми се вртат низ умов.
    Имам започнато важни работи но никако да се завршат. :worried:
    Се нешто се испречува на патот, дали се тоа финансии или некои други околкости кои ми влијаат негативно, сепак ги има еден куп.
    Само се молам да не ја изгубам самодовербата, упорноста...
    Не сум во можност да совладам неколку работи одеднаш.
    Таман си започнал нешто битно во истиот момент излегува друга не помалку битна работа... Истовремено им завидувам и им се восхитувам на оние кои го можат тоа.
    Јас не сум толку борбена личност, се повлекувам- тоа сметам ми е голема маана.
    Браво за оние кои успеваат да се пробијат меѓу редови, знаат да се снајдат и се "јаки" на вилица, ете таквите успеваат а не некои како мене... :!:
     
    На SparkyAngel и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Не кликајте спојлер, напишав нешто валкано...
    Нешто валкано. :$
     

    Прикачени фајлови:

  5. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Значи после 2 години отидов да шетам низ Скопјево мислам буквално само шетање и се осетив како некој чудак ,ама тоа не е битното битното е што се има суеверието за закачување катанчиња на оградата од еден мост на кој поминав дробро луѓе кој ви е филмот!?!Брзајки да ги закачите нози ке покршите некој да не ве види ц ц ц!!! :x
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Изгледа како да им е тешко на луѓето, да си ја гледаат својата работа.Не можам да разберам постојано некој да се занимава со туѓи животи.Како им се мисли за тоа? Нели им претставува замор? Мене кога нешто, не ме интересира, а особено туѓ живот, не ставам никого на памет.Како не му е поважно на човек да се замара со себе си, какви му се постапките, што мисли, какви мисли има, како се однесува према некого, да ги реши своите проблеми, да наоѓа решение за нив? Зарем не доволни ли се оние шпански, турски и секакви серии што ги даваат на тв? Ете каде треба интересот за туѓиот живот да се насочи, барем ако не друго да си направи човек мерак, чим толку е радознал за туѓиот живот.Не разбирам и не ми е јасно.Да се набљудува туѓ живот, тоа е како да тој што го набљудува туѓиот живот е пратен од НАТО или сличните, уште записник што ќе му фали и ќе биде таман, комплет.Барем да не биде залудно потрошено времето замарајки се со туѓи животи.И после зошто странците биле ладнокрвни? Па паметно.А не да се осеќа човек ко да има набљудувачи, баш од тие што ги споменав претходно.Што е најтрагично, мора да има некој таков, стандард...
     
    На Someonespecial, ozbilnazena, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Животот ни донесува многу проблеми,потешкотии,непријатности...
    Но,најважното е речиси сите тие потешкотии да ги надминеме и од нив да излеземе како победници.
    Борејќи се и надминувајќи ги потешкотиите,ние зајакнуваме и физички и психички.
    Полека,полека почнувам да се соочувам и да ги учам тешкотиите што може животот да ни ги донесе.
    Пред неколку години на овој ден претрпев една огромна загуба.
    Почина мојата баба од болеста што не успеа да ја надмине и покрај операцијата,имаше рак на дебелото црево. ;(
    Но,секогаш на крајот од тунелот се појавува светлина.
    Тогаш ми беше многу тешко,но дојде пролетта,а и најубавиот пролетен ден,полека болката запираше,иако бев помалечка,сепак разбирав некои работи,но сега се ми е јасно,тоа е животот,се раѓаме,живееме и умираме.Толку.По некое време луѓето не забораваат,ретко не спомнуваат...
    Секогаш после дождот се појавува сонцето. :)
    Сакајте ги и бидете со вашите сакани,бидејќи времето многу брзо изминува.
    Почивај во мир,бабо. ;( :(
     
    На Elennaa, BlackMistery, lana.del-rey и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам како некои луѓе можат да бидат толку очајни и бедни со нивните реплики овде :puke: , јас и не сретнувам такви луѓе фала богу во живо, ама зошто форумот го претвараат во ужас.
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.837
    Пол:
    Женски
    Толкава жртва дадов и сеуште давам... за толкава омраза? За ниту едно благодарам? За ниту една насмевка или убав збор? Се каам! Се каам што бев толку добра, што толку дадов... а таа не виде, и уште не знае... или се прави така? Секој збор боли... секоја навреда повредува, разранува.... ова што сум денеска во овој момент и она што бев вчера е поради неа, поради тоа што се жртвував и плачев.
    Секој чест за мене, што знаев да бидам човек и кога требаше и кога не требаше.
    Секоја чест за мене што имав душа и бев човек за нечовек.
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Животов ми зададе тешки тестови, научив многу лекции. Се прашувам само Како се сменив?
    Бев буквално, едно животно, тешко животно што не му беше грижа дали ќе повреди некој, себичност, дволичност насекаде. Толку бев лоша, злобна. Мислев само на себе, а повредив многу личности во мојот живот. Ги повредив најблиските, другарките, бившите. Ама ако. Се ми се врати.
    Ме инспирира темана ,,Карма,,
    Се ми се враќаше од лошо полошо.
    И пак ми се врти во глава прашањето " Како успеав да се сменам? "
    Па да, секако, патењето ме научи, солзите ме научија, несреќата ме научи, да ценам, да бидам благодарна, да простувам, да помогнам на секој, да сакам, да бидам повредувана, се навикнав, отрпнав и на тоа. Од животно се претворив во мравка, мало суштество кое бараше спас, кое почна да се моли на Бог да не пати веќе.
    Се сменив, да! И мило ми е што го направив тоа, сега верувам и дека може човек да се смени, само ако сака. И зошто сега се ми се враќа со убаво? :^)
     
    На BlackMistery, richgirl998, lana.del-rey и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.752
    Пол:
    Женски
    Жално е како уште од најмали нозе, во образовните институции се покажува нееднаквоста.
    Едни се предодредени уште на почеток да очекуваат се на готово, патот пред нив подмачкан од родителите преку врски, познаници... додека на други уште од најмала возраст им е дадено до знаење дека се` треба да постигнат со својот сопствен труд.

    Уште од основно знаат дека родителите ќе ги протуркаат на најлесен начин, опуштени и безгрижни, знаат дека не треба да се секираат и да вложуваат труд. Имаат они посигурен пат, имаат секогаш некој друг на кого можат да се потпрат. Во средно пак, веќе како на прошетка, кога сакаат нема ни да се појават на часови. На испрашување, секогаш си се последни на ред. Не само на викенди, туку секој ден ни една дружба по кафичи не пропуштиле. Дури понекогаш се осмелуваат и да се покажуваат храбри, си дозволуваат и да се караат со професорите...

    И секако, ги гледаш низ цела година молат за пролазни оценки, за тројки веќе во транс паѓаат... и оп, во свидетелство читаш, поправена оценка по оценка, и на крај одлични. Скоро еднакви на тие што цела година со напорен труд работеле, редовно го покажувале своето знаење.
    А свесна сум дека се повеќе и повеќе ќе се среќавам со вакви ситуации.

    И благодарна сум на родителите што уште од најмала ме направиле свесна и подготвена за oвие работи. Што ме научиле да не им завидувам, дека секогаш треба да бидам упорна колку и да ме изнервира некоја неправда, дека се` правам за себе и знаењето никој не може да ми го одземе.
    Но сепак, во некои моменти колку и да си силна, неправдата ќе те погоди, иритира, не може да те остави рамнодушна...
     
    На Girl-50, Elennaa, BlackMistery и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Budha

    Budha Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Сфаќам дека полека и постепено се отцепувам од секое друштво... затоа што не пушам цигари. Колку и да негирам, се соочувам со ова секој ден. Сакам да верувам дека не е така, но.. кого лажам? Не знам, доаѓам во ситуација да си ги преиспитувам постапките и одлуките. Решив да не пушам, и останав доследна на тоа, но сега повеќе не сум сигурна. Што е поважно? Друштвото или здравјето?
    Пушењето влијае на физичкото здравје, додека не пушењето ме прави депресивна бидејќи сега останав сама и без пријатели. И двете би ми штетеле на здравјето.
    Не сум ни сигурна како дојде до оваа ситуација, само знам дека луѓето почнуваат да ми одат на живци. Изгледа треба да си како сите, за да бидеш прифатен.
    Добро, само во Македонија сме вакви, или што?
     
  13. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    577
    Моментот кога на дечкото му велиш да излезе со другар, а он ти вели ама јас и со тебе сакам. :inlove:

    I feel important now. :lol:
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.613
    Допаѓања:
    40.100
    Пол:
    Женски
    Се запрепастив од тоа дека некој е отфрлен од друштво затоа што е непушач се додека не ти ги видов годините.
    Какво е тоа прашање дали е поважно здравјето од друштвото?
    Одговорот е повеќе од јасен, а друштво ќе си најдеш ако треба друго поасално.
     
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Па колку ме нервираат млитави и безлични луѓе...
    Мислам на луѓе на кои ретко им се случува да кажат барем еден јасно и гласно без мрморења, шепотење. Луѓе со некој безживотен израз на лицето, да не речам без израз на лицето.
    Па каква досадна, монотона безличност, никаква енергија, карактер, досетливот, смисла за хумор, па дури и зајадливост ако треба. Само не мртво мрморење, испуштање тивки и нејасни звуци...
    Добро бе, немате ли некоја карактеристика освен мрморењето и немањето карактеристики?
    Аман.

    п.с Денес најверојатно ќе полагам за нов појас на карате.
     
    На sweet-star и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    денес, можеби тоа се случува ретко во годината, јас бев таа која излезе задоволна и среќна, а госпожата остана со подзината уста.Тоа она не го очекуваше...епа госпожа, очекувај во иднина!
     
  17. Budha

    Budha Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Не е тоа директно отфрлање, ама сепак се чувствува некоја тензија помеѓу нас. Тие на секој 5 минути одмор(во школо) одат на пуш пауза, јас порано им правев друштво, повеќе не ме викаат. И тоа е само со школото. На кафе ќе седнеме некаде, прво се пали цигара, па дискретно ми префрлуваат за тоа што не пушам. Некогаш им зборувам нешто, тие ме игнорираат и се прават дека не ме слушат. Или пак ќе ме сослушаат, и ќе се прават како ништо да не сум кажала. Ептен чудно е. А друштво не се наоѓа лесно... Ама добро, не е крај на свет.
     
  18. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Ти се зазаш или ова стварно е ;) уште ова немав видено и прочитано....Ова само ми укажува на фактот колку ти биле тие навистина пријателки, другарки :) тие девојки со кои се се дружела, значи немало вистинско пројателство. Јас немислам дека ова е единствен мотив поради кои тие те одбегнуваат.Размисли малку, анализирај да не е нешто друго во прашање.Ова мене не ми е нормално, пријателство да се прекинува поради тоа што некој не пуши цигари. Извини, не ме сваќај погрешно. Каква ли е тоа пријателство- не искрено во секој случај и далеку нелогично.
     
  19. Budha

    Budha Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    21
    Морам да замешам прсти. Имам другарка која е ваква, безживотна, депресивна, меланхонична... постојано. Ваквите луѓе се дури и незабележливи. Можеш да седиш во просторија со нив, а ќе се чувствуваш исто како да си сам. Но верувај ми, никој не е таков без причина. Зошто наоѓаш маана на се? Не се сите ентузијастични за живот, не се сите амбициозни, среќни и сите оние позитивни особини, кои по некој дифолт би требало сите да ги поседуваме. Си има такви луѓе, и подобро прифати ги како такви. Прифати различност. Не гледам зошто би те нервирал некој таков, ти има направено нешто лошо? Не. Немала карактеристики... па не можеме сите да имаме.
    Ете јас сум спротивна од другарка ми, жива сум, се смеам постојано и зборувам претерано многу. И на некој начин, комплементарни сме една на друга. Таа тивка, јас гласна...
    Како може нешто толку неприметливо да те нервира, не можам да сфатам.
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.090
    Пол:
    Женски
    Тоа што ни го отежнува животот се нашите размислувања.
    Предност им даваме на негативните мисли,а позитивните моменти иако сите ги посакуваме свесни сме дека ретко не обземаат.Интуицијата има моќ врз нас.И тоа како ни го отсликува патот по кој треба да чекориме без да ни остави простор за избор.Секој од нас чекори по својата патека,но дали силата ќе го послужи за да ги помине малите камчиња што толку често ги има...
     
    На mimiiiii, vitomir, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.