Денес си ја најдов новата пријателка. Знаете , она, кога ке сретнете некој случајно кој знае да подели со вас нешто т.е. вие да поделите нешто и притоа сте сигурни дека сте се сватиле во целост. Еве јавно ја поздравувам
Излегуваме со Сестра ми синоќа од кафичот. Се движиме покрај езеро накај плоштад. Таа ми зборува нешто, не се ни сеќавам што, па стандард ја коментираме музиката што доаѓа од КафеДиРома и наеднаш застанав. И‘ велам: „Види, види, жити се‘, види!“ Езерото мирно и мазно како тепсија. Неколку бродови прикотвени на пристаниште, а водата мирно дише и не мрда. Облачињата и ѕвездите се отсликуваа како во огледало, а еден залутан лебед си го бараше другарчето. Ми вели: „Што да видам, видено е. Во најубавиот град живееме.“ Ај, си велам, на луѓето во него ќе замижуваме Добар ден, драги мои, од градот под Самуиловата тврдина
Pusteno... ... Od site emoticoni,ovie me asociraat na sreka... Picata e srekka,sonecto,ljubovta,banjanjeto,tortata... Stekno!!!
Значи со внук ми се отепав од смеа,сношти си се облеквам јас во пижами тие свилени и внукми ми вика леле тета што убаво се дотера со кошулата
Одамна не сум пишувала на темава. Ама денес навистина сакам да кажам нешто. Баба ми велеше дека во животот не може да имаш се. Никогаш не ја сфаќав сериозно. Велеше дека колку убавини и да имаш во животот секогаш ќе има некоја дупка на која Ѓаволот си го полни егото. Ако некој се жалеше, често знаеше да каже „Ако малку да се помачиме, ќе живееме подолго„ Дочека старост без да се жали на животот Денес, сигурна сум дека била во право
Во доба на завист, лошотија, неискреност ретки се оние луѓе кои се подготвени да ти помогнат. Како да изумира добрината во македонштинава, како луѓево едвај да чекаат да ти се наситат на несреќата. Вчера бев сведок на едно хумано и добро дело и се радувам што постои таков човек во мојот живот. Меѓутоа на добрата негова намера да помогне како награда си доби погрдни зборови како копиле тргни се кој ти рече да се мешаш, не ми треба помош. А и те како и' требаше. Епа да си пукнеш од мака!
Луѓе, кога не знаете доволно некој јазик зошто упорно го користите за пишување статуси по социјалните мрежи? Се изнагледав на статуси каде се мешаат thing i think, се пишува heppy наместо happy, за мешање на their и there да не правиме муабет- па за 8ми март некои што добиле цвеќе па веднаш со статуси It's great to be lady (што нема никаква логика, ама тоа е кога се преведува буквално од македонски јазик) или girls night out наместо girls' night out (ова е мислам најчесто користен статус за време на викендите) и да не набројувам уште примери. Не дека јас сум експрет за англиски јазик, ама ако сакам нешто да напишам, а не сум сигурна- прво проверувам дали е точно, па потоа го пишувам, не знам, навистина не ми е јасна таа пуста желба да се пишува на англиски, а очигледно не се знае доволно јазикот. Па и коментарите под статусот во тој стил, си пишуваат на некоја нивна верзија од јазикот . Туку сега кога пишувам си мислам, па како ќе проверат што е точно, кога очигледно не разбираат англиски? Епа апел до сите вас фанови на изразување на друг јазик што не го знаете- или замолете некој што има познавање да ви го напише статусот, или пишувајте на македонски. *Ова важи и за сите други јазици, често се случува истото и со статусите на српски, само јас го земав англискиот како пример во овој пост.
http://plusinfo.mk/vest/12854/foto-...-koja-so-svoite-oblini-go-strese-modniot-svet Ова ли се облини? Катастрофа!
Убаво е чувството кога ке си изгубен и полн со обврски долг период,и штом ги завршиш се осеќаш исполнето и олеснато од големиот товар што си го тргнал од себе и без ралзика на глупавово баба мартовско време што неможеш нигде да искочиш ти уживаш во музика релаксирано со едно добро јако горчливо турско кафе.
Кога веќе се се сведува на глума пред очите на јавноста ,ајде да глумиме среќа и хармонија пред себе. На почетокот можеби ќе биде тешко ,но ќе се навикнеме. Вреди ,за мир во домот!
како ми успеа да се скарам со манекен од "партија" што му пишав не ми е јасно-што му текна да ми рече кажи ми што ти треба-имај малце усул чекај бе брате мили не сум ти јас жена па љубави ај тркни до пазар купи ми 3 кила компири арно му пишав повели избриши мебез насмевката и ЕДВАЈ престана ова телово да ме чеша-после незнам колку испиени шољи чај од липа и вракајки си го филмот наназад сватив дека повекето бивши ме изневериле а јас тешка будала заљубена до уши и повеке сум им верувала ми доага да се отепам тежок период леле мајко
Не знам дали ја посетивте изложбата на Ване Костуранов во МКЦ. Ќе трае до крајот на месецот. Одете украдете некоја куќичка или шарено облаче, зошто е одлично бегство од ова сивило. Преуморна отидов и не се покајав. Никола Маџиров те е скромност заглавена во свет од зборови. Во 10 минути муабет кажавме многу ама не се докажавме. Патувач низ времето е тој. Прифати да напише импресум за книгата на едното од моите најомилени суштества на планетата Тони. На кој му прирредуваме изненадување, штампње на книгата. Со денови сум заглавена за да одберам фотографии за песните негови, и ги читам, и читам, и читам и се давам во чистината, искреноста, несилуваноста на зборовите. Некои луѓе едноставно го имаат богатсвото во себе, не им треба едукации и посвети. Целава оваа ситуација во земјава ми ја впива енергијата и ми треба бегство од реалноста. За 8 ми март, со рибите (позајмената баба и мајка на другарка ми, и мајка ми) си поиминавме пресмешно на Метеори. Да им ја видиш таа возбуда и изненаденост од што тоа природата може да направи. Ги смеев толку многу, што мајка ми рече: зелко една прибери се и сликај се нorмално да имам нешто нормално. <3 Секој минат ден, гледам колку што можам да комуницирам со поблиските почесто. Зошто сите овие мрежи колку не зближија толку и не одалечија. Не знам, животов хаос.. ама кога не било така?!
СДК ... дека никогаш не можете да знаете кога сите врати ќе ви бидат ширум отворени. И со верба, чесен начин на живеење, со отворено срце може да се добие многу за возврат. Сега можам да кажам дека нашиот патен документ има секаква вредност, за некого. Фала на сите што ми пуштаа среќа денес, ми помогна многу. ...
сакам да кажам дека ова е мојот најлош ден во мојот проклет живот ..денот кога дојдов во безизлезна ситуација да морам да прифатам да се омажам без своја волја ..се молам на господ ДА УМРАМ И НАМЕСТО ВО НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАН ДА ИЗЛЕЗАМ ВО КОВЧЕГ МРТВА те свакам затоа што и моите ме терале да се омажам мене-до пред да се разболам од сипанициве поразговарај со психолог објасни и го проблемот или некоја личност од семејството во која имаш доверба
Каков ден имав денес,уште се чудам Прво,се сретнав со едно момче,со него учев од 1 до 4 одделение,ама сега воопшто не разговарам со него,ниту па се гледам бидејќи сме различни смени,но кога ќе се видиме се поздравуваме.Тој доаѓаше од вецето и сега јас спремна како пушка да му речам "здраво",иде тој и некако ми ја зеде главата,буквално и сета ме измокри,изгледа си ги миел рацете.А јас сета збунета го гледам, трепкам како некој глушец,и ништо не бидна од моето "здраво",само стоев како дрво . Потоа на спорт,што ни стана со другарка ми ,игравме кошарка,а јас и кошарката сме 16 различни поими,тоа значи дека немам поим од кошарка!Почнавме да играме со едни момчиња од класот,и замислете дадов 5 тројки по ред.Сите ми ракоплескаат,скокаат врз мене,мислиш титула сум освоила.Чудо сум знам Сега планирам убаво да се изнаспијам за викендот А и ви посакувам пријатна вечер
Ја знаете онаа гравитација која скоро секогаш кога бараш нешто корисно меѓу стари работи - те влече да најдеш некој типичен спомен од детството? Е, од последиците на истата денеска издвојувам налетување еден залутан примерок од овие опаковки, кој ги преживеал сите часови по ликовно кога ни бараа непотребни стари предмети како материјал за скулптури. Инстант насмевка на лицето и потсетување на безгрижни моменти... right in the childhood! Имајте убав викенд!
Нема цена душевната исполнетост, нема цена љубовта која те опкружува , нема цена мирот кај еден човек кој го прави да ужива во благодетите што ги дава животот.