Преболувањево како да ми стана навика... Денеска уште еден завртен нов лист. Стариот е исполнет доволно. Згужван и лета накај корпата. Не ми е лесно, не. Ама па.. зарем може да биде? Зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано? И така.... одболувам. Едвај го чекам саемот на мебел. Се радувам како мало дете. Списоков...машала у нагорна линија иде. Не знам дали сум ви кажала ама од секогаш сум го сакала Охрид. Покрај мојот град, Охрид увек ми бил во срцево. И гледам @Hipica на неколку наврати постира стари слики од Охрид, а јас ги глеам и се топам... чиниш таму сум се родила. Ете, некое такво посебно топло чувство гаам во срцево за тој град. Не знам зошто.. но, не е ни битно. Првиот слободен викенд и идам да си го видам омиленото езеро. Денеска шопингував поголем дел од денот. #HappinesOverLoad
Собава не ми е којзнае колку голема, ама си имам едно мое ќоше каде ми стои опремата за вежбање Прво таму ми стоеше подметачот и едно шише за вода. После купив тегчиња, па го дополнив со јаже за скокање, па ластик за растегнување, па уште едни тегчиња, а некако успеав и статичниот точак да го пикнам. И еве денес си имам една мини теретана А како што поминува времево, така забележувам дека вежбањево повеќе ми годи психички отколку физички. Еднаш бев толку изнервирана и бесна, што седнав на точакот и вртев додека не ми падна јазикот до колена. Ми се чини дека се ослободив од целата негативна енергија што ја имав во себе. Кога вежбам никој не ме чепка, само затворам врата и барем за саат време не размислувам на ништо што ме мачи. Некогаш на некои вежби ми е толку тешко, што ми доаѓа да ги фрлам теговите низ прозор! Ама затоа после уживам кога ќе дојде моментот на растегнување. Петок вечер, а јас дома се дружам со Џулиен. После убаво вежбање и еден туш, полесно се спие
Petok..Guzva niz Gtc, popust na site strani I ne tolku ljubezni prodavacki..Bitno jas si najdov sto si barav I si trgnav nakaj Rekord.Na izlezot nakaj plostad me doceka mirisot na kosteni..E idi pa kupi..E toa e taa ubavina na mojot grad..
Би сакала да му порачам на сите жени (и евентуално мажи) кои се во лоши бракови исполнети со немири, караници и семејно насилство да бидат храбри и да излезат од таквиот брак! Не знам како е да си во брак, не знам како е да имаш дечиња и да треба да мислиш на нив... Ама знам како е да си дете и да си пораснато во таква средина! Јас бев такво мало девојче кое ништо не разбираше од животот и бракот, а се што сакаше беше мама и тато да не се караат повеќе! Ако ви кажам дека на 7 години, од како почина мајка ми, најчестата мисла во умот ми беше- ехх камо да си заминеше мама, ќе ми верувате? Децата ваши знаат! Гледаат. Осеќаат. И со тоа што останувате со човек кој и самите знаете дека нема да се промени, не му помагате на вашите дечиња. Бидејќи тоа НЕ Е функционално семејство! Подобро би било децата да растат со разведени родители и мирно да спијат навечер и да пораснат во ментално здрави личности без милиони трауми и фобии и проблеми... Господ нека е со вас <3
Значи ова... подегенерирано суштество од човекот навистина не постои... Го нарушува редот во универзумот. Треба ОН да усвојат резолуција со која ќе им се забрани на луѓето да се размножуваат... За едно 80 години ќе се исчисти планетава од сиот хаос, простотилак, гнасотија и абоминалности. И така освен радикални исламисти никој друг нема да се буни, нели во мода е да не сакаш деца, па лесно ќе им натуриш во глупавите глави воопшто да ги немаат. Хитлер муд за добро утро... Не баш добро, одам да си прилегнам. И има толку порелаксирачки работи за сонување од луѓе.
Епа дека до толку се немало култура незнаев -кога се оди на гости кај сната и синот не значи дека смејш се да правиш не знам со да речам ама некој ден ке ми пунки филмо и се упм ке однесам ова не се трпи појке ПА НЕ ВИ СУМ СЛУГИНКА ЈАС ВАС БЕ АЛОООО А ти мочко една мочкосана (се однесува на брачеда на мм ) помала од мене е 7 години .....ми побара едно фустанче за на свадба и ок си реков ке ти го дам а искрено не сакам да давам алишта а ни да барам ама ај си реков греота е нема,,,,а од друга страна јас сум жена а таа е дете па каде ке оди со мој фустан окк дојде сега и си го зеде ни фала рече ништо ке си речиш дека таа ми го имаше даено мене....господе боже чувајмиго памето
Луѓе.. Секој свој на сопствен начин. Влегува во нечиј живот. Некој го замислува за епизодна личност, но реалноста друго отсликува. Така и тој во мојот живот. За време на распустот често одев кај баба ми во село. Таму се запознав со едно момче, моја генерација. Учевме во исто училиште, само друг клас. Беше момче со хендикеп. Кога бил малечок паднал и добил мал хендикеп од тој пад. Малку неправилно си го држеше телото. Беше толку тивко момче, толку дарежливо и дружељубиво. Имаше една посебна харизма. Неговото лице едноставно блесакаше. Знам, му беше тешко. ПОтекнуваше од сиромашно семејство, но никогаш тоа не го искажуваше. Едноставно беше среќен од животот, што живее како сите други. А ние обичните луѓе, оние на кои се’ ни е добро и погодено во животот, нема да бидеме ние, ако некој и не омаловажи или исмее една таква личност. Тоа всушност му го правеа и него. Често кога игравме тоа и му го правеа. Толку ми беше тешко, што и сега како тоа да го чувствувам. Таа болка во градите, која ме боцкаше. Си размсилував во себе, како можат тоа да му го прават? Ни некој навредил, ни на некој нешто му направил. Премирно момче. Но тоа му се случуваше и тоа секојдневно. Којзнае и како тој се чувствувал! Во спомениве сеуште како да го гледам пред себе. Дали дека многу го почитував, па и тој тоа го чувствуваше. Секогаш кога ќе се сретневме прво ме прашуваше: - Како си?! Толку беше културен, толку беше мил и добар. Се ставаше секогаш на последно место. Постојано прашуваше, како сум, како се моите, дали сите сме добри... но никогаш не кажуваше за себе, ако не го праша некој. Кое смирение и љубов ги имаше во неговото срце! Но ете, годините му биле тие. Пред извесен период доживеа сообраќајна несреќа и почина. Од една страна ми е премногу тешко. Толку го сакав и почитував. Но од друга страна ми е мило, што конечно се ослободи од сите земни грижи и понижувања од другите и што знам дека замина на едно прекрасно место. Неговиот живот беше вистински маченички. Маченички и ја изгуби оваа борба со животот, но таму знам дека е радосен. Знам дека има толку чиста душа. Неосквернета од ништо земно и страсно, зашто овде живееше буквално како ангел. За некој безначајна личност. Знам дека никој можеби и не се сеќава на него, освен неговите родители кои ја носат тагата во своето срце за изгубеното чедо. Но за мене тој беше личност од која научив многу во животот. Го чувствував како најдобар другар, но ете никогаш не успеав да му го кажам тоа. Но верувам... Верувам дека ќе прочита и дел од овие зборови, зашто се од срце и за него. Зашто таква личност како него, не заслужува да биде избришана или оставена во заборав. За моето другарче...
Добро утро! Утрото прекрасно ми почна, станав наспана (конечно ). Денес, малку на нет, ќе читам книга, па ќе си ја исчистам убаво собата, има да свети и секако на крај учење. Знам, преубав ден ќе биде. Одам да подготвам појадок за мене и брат ми. Туку ми дојде една идеа мене. Сакам собата да си ја реновирам, да ги искречам ѕидовите, завеса, нов тепих, слики на ѕидот, да биде повесело. Светли и разиграни бои. И така. Знам кажувам се неповрзани работи. Како и да е, имајте прекрасен викенд исполнест со многу смеа, радост и љубов.
Од денес па понатаму секоја сабота ми е ден за одмор. Во сабота, нема да правам ништо, нема да завршувам ниту една обврска, освен ако не е густо, нели. Надвор грее сонце, да излезам на прошетка или не? Се чувствувам опуштено и релаксирано. Време е за дружба со кутрето во двор, ќе се печиме на сонце. Се надевам дека сте радосни и имате преубав ден.
Трудница полна гнев. Трудница со живот во себе, полна завист. Трудница со бебе на кое му се развиваат органите, полна злоба. Трудница која набргу ќе донесе човек на овој свет, има гној и катран во душата. А од таа душа треба да се роди нов живот. Трудница која ја мрзи да живее. Трудница која е скарана со сиот свет, почнувајќи од себе, па завршувајќи со непознати луѓе на телевизија. Трудница која е скарана и со комшиката оти оџакот и чадел. Трудница која паднала во деприесија оти животот бил монотон. Трудница која јаде штетна храна, која пуши цигари, која мавнува по една ракија и чаша вино, која го труе животот во неа, оти ја мрзи да зготви. Трудница на која и е побитен газот за да седи на него, отколку да стане и да направи салата. Трудница која наместо да шета во блискиот парк, оди од шопинг мол до шопинг мол, во период на грипови, оти секако ќе си си напие апчиња ако настине. Што е битно ако пие апчиња, не ги пие бебето, она ги пие. Трудница која не се радува на животот носи живот во себе. Која ироноија. Nota Bene: Не е за никоја тука, не ми се качујте на глава. Ова е за госпожава што седи спроти мене и кука како не и чинел животот, а ги има сите материјални и нематеријални уживања околу неа. Само не знае да живее. Мислев дека кога ќе забременат кукумјавкитер стануваат весели и среќни за божјиот дар да станат мајки. Ама они станувале победни. Ми се повраќа.
Дефинитивно најголема насмевка предизвикуваат оние погодени подароци од најблиските, кои ги добиваш неочекувано и без да ги побараш... Со мајка ми пред некој ден паднавме на муабет на тема книги кои се` уште не ни се нашле во домашната библиотека, спомнав наслов за кој сум читала позитивни критики и мислам дека баш би ми бил по вкус. Бидејќи книгава неодамна ми ја испофали и препорача една другарка, таман помислив деновиве да ѝ ја побарам да ми ја позајми ако е нејзина... кога денеска идам во дневна со предмалку завршена презентација што ја спремав, за да ја пречекам мама од купување - и на маса ја гледам токму книгава. Абе една е! Саботно завршени обврски, кафе покрај отворен прозорец и сонце кое ги осветлува цикламите што ми ја красат собата од осмомартовското подновување... Деновиве варирам меѓу два типа расположение - или во состојба кога мозокот не ми е расположен за процесирање посебни дискусии и информации, или пак со вишок на енергија која би резултирала со насмевка без причина што може некому и да е чудна во јавност... Денеска стимулирана од сонцето и горенаведената мала радост, ја одбирам втората опција. Ве поздравувам со една позитивна песничка во ваков фазон, имајте убав ден!
Pocnuva teatarska pretstava,vo rok od prvite pet minuti svirat li svirat 6-7 muziki od mobini.Pa uste i nekoj ke si se javi da popraj muabet. Deca nosat,a sodrzinata daaaaleku od detska. Svesen narod,nema sto.
Абе...што ми е гајле дали ве погаѓа. Денес го видов пак и еве ви го на,па носете си го, ваш проблем. Девојки, хеланки не се панталони, а хеланки лошо стојат ако имате смешна градба и КРИВИ нозе. Да, не сте криви што ги имате, ама па се трудите физички да се истакнете и ...дозволувате да бидете коментирани нали... Кој ви е вкусов човече?! Толку сте самозаљубени што мислите дека навистина изгледа добро? Не, не изгледа добро дури и на најзгодната девојка на светот од причина што е... безвкусно. Ако идејата било да изгледате евтино, тогаш искрено ви се извинувам. И жими се феномен за истражување ми се опајдури со инстаграм финта - заследувам 600, МАЖИ за да ми возвратат и после отследувам и оп, имам повеќе флоуверси, него ли што јас фолувам... Кого лажете и што докажувате со ова? Дај бе одете инвестирајте во личен развој и решете си ги комплексите, фрустрациите, стравовите и потребата да бидете видени наместо во самсунг ноут или што ја знам веќе... Не знам кое ниво на жал ме фаќа, ама мислам дека токму од ваквиве светов оди во неповрат. Непотребно постојат и дишат воздух, опседнати со себе си и своето незначително постоење заглавени во своето детство, при родители негушнати, невидени и непризнаени. Толку да си заангажиран за потврда за себе... треба да се запрашаш од што патиш. Туку, што убав релаксиран сончев ден. После убави соништа...душата ми е мирна, знам дека се што правам и преземам е на вистински пат. Помирна со самата себе не сум била.
Сакам да кажам, ужасната сум од луѓе кои не знаат да си ја затворат устата. Понекогаш, дури и ти доаѓа да земеш салотејп и да им ја залепиш. Зошто не разберат, никому нема да му биде пријатен зајадливиот коментар кој ќе го изговорат, нив можеби не им значи ништо, ама личноста која го добила може многу да се навреди. Едноставно, не разбирам зошто луѓето не се воздржат во некои ситуации од зајадливо, „саркастично“ коментирање. Зарем мислат дека тоа нив ќе ги подигне. Не. Што мислат? Што си мислат дека ќе постигнат со тоа? Луѓе, shut your mouth up! Покрај ова, и тоа што бебенцето што ми е второ братучедче замина кај роднини на некој ден, денес имав прекрасен исполнет сончев ден. Се подновив со книжулиња, си купив новчаник и неколку пенкала, а згора на тоа и го најдов залутаното USB во џебот на пролетното палто. П.С. Знам дека напнав, ама откако ми ја извадија тампонадата на носот и оздравев, повеќе го ценам животот. Се надевам дека сте имале прекрасен, саботен, сончев ден, а судејќи по мислењата што ги пишувате, не се сомневам дека било така.
не знaм дaли сум ви кaжaлa aмa oбoжaвaм интернaциoнaлни пaрoви. Тврдaм декa тaму имa љубoв. А дa не збoрaм зa тoa кoлку сaкaм мешaните брaкoви .... Тие знaaт дa се бoрaт зa дa успеaт. Им зaвидувaм. Им зaвидувaм нa сите кoи некукaвички вoлoжиле премнoгу и дoбиле се. Тaкa се игрa . Имaјте убaв викенд. Вaшa М,