Се исфарбав нешто како виолетова боја , не сум веќе омбре, убаво ми стои бојата, веднаш го грабнав во раце внук ми и направивме 114 слики селфи , модерна тета има ама од тие 114 само половина дали беа асални , не ме оставаше да сликам бебушот мој и само некои фацки правеше , ми го тргаше мобилниот, ама крајот како така вредеше инаку денес јасно и гласно 3 пати ми кажа за првпат ТЕТА , од пред 1 месец ми викаше ТЕТЕ , ама се израдував повеќе за тета , скокнав од среќа и го исплашив дури , му викам свесен си што ми рече , кутро бебе како ме гледаше ..го обожавам еј!!!! како мое дете да е
Страшно ми се интересни форумџиите/форумџиките, кои во политичките теми премиерот го ословуваат како Гуевски поради говорната маана, а по другиве теми проповедаат мир, толеранција и меѓусебно прифаќање со сите доблести и маани. Кои лицемери..
Не ги исмејувајте соништата на другите, туку сонувајте ги своите, верувајте во нив и остварувајте ги... Добра ноќ!
Кога би можела да ти ги дадам моиве очи за миг, да се видиш со нив. Да видиш што гледам јас во тебе и сите недоразбирања да престанат еднаш засекогаш.
СДК... Родителскиот инстинкт е вродена особина што ја имаат и луѓето и животните. Но, на луѓето некогаш им се потребни животински инстинкт и сила за да го заштитат родителското во себе.
што да кажам иако се наспав,вчера легнав мн тажна,сабајле иако вежбав мислејки дека ке пројде..времево и ме доутепа на работа куп обврски одамна не сум станала на лева нога,ке пробам до крајот на вечерта тоа да си го сменам... се надевам дека ке се врати во теков на денот се во нормала,онака како што одсекогаш ми е..среќна убаво и задоволна
СДК.. Мразам селски комшии (не од село што потекнуваат туку понашањето им е селско) Не е секој за во зграда за живее. Поради ова ми доага да се иселам од зградава и да фатам вит во предградиево. Ауууу луѓе...верувајте ми, напорен е животот со лоши луѓе.
незнам што постигнуваат лугево ако те копираат нонстоп ... хахах ама баш се смешни и желни за внимание абе да се чудиш, ти го следат секој чекор и после неколку дена оп бледа копија
Е не ке се мислат што да облечат или ова или она.... Поубаво им е на готово, ке те видат каква си и оп идеа и тие такви
Изгледа само кај нас има вакво нешто, наша емисија посветена за српска пејачка, барем мислам е српска, нит слушам српска музика, а нит па знам кои ја изведуваат, цела емисија за тоа дали жената имала факултет или немала Дали да плачам или да се смеам
Кој ќе ме насмее ако не женичка како баба ми, се загледала во турскине серии, некоја на Сител и ја слушам од прееска си коментира ли си коментира..Тие ќе кажат нешто таа ќе дополни пред нив, слушам некоја жена вели-Нашата љубов.. и баба ми побрза,пред неа дополнува - пропадна Комендии ми е целата, место комедии вели комендии. И пак ја слушам си зборува, и вели на жената -Кажи му валајце една, кажи му сега.. На крајот ми вели ќе си одам, одам да ја испратам и застанува до врата и гледа пак во телевизорот, неможе да се раздели и подзината ми вели -Ау, чеки сега да вида што ќе и речит овај и се врати назад жената ги догледа 2 минути што ќе си речат и замина ама ме насмеа, да ми е жива.