Сакам срцево да ми дозволи да престанам да се надевам за една работа. Зошто знам дека не треба, не е воопшто вредно за надеж, а јас...чекам...Сакам да престане ова измачување. Можеби звучи себично..затоа што надежта е пречесто премногу битна и баш тогаш недостасува или е единственото нешто поради кое дишиме во тие моменти... ама сеа... сеа стварно сакам да ја немам...зошто нејзиното постоење ме боли повеќе отколку кога би ја немало... Деновиве мирни. Ноќите уште по мирни... ме плаши тишинава... ќе следи бура, знам... И иако има ствари кои некогаш за момент успеваат да ми заматат расположение, не затворам очи на убавините околу мене. Жива сум. Дишам. Се смеам. Оние што најмногу ги сакам се околу мене. А кога тие се среќни, јас уште повеќе.
Ми се гади од луѓе кои не се способни никому ништо да честитаат. Не се чувствуваат должни да честитаат некому роденден, ниту пак некаков повод за прослава, макар и слави без разлика на религиозните убедувања, што не честитаат било што убаво во ничиј живот и при тоа не мислам на честитки преку фб каде сите транспарентно можат да видат. Уствари кога ќе се замислам пак, тие ми се уште поужасни. Гледаат дека некому нешто му се случува, блиски се, не дека не, ама никогаш нема да кажат убав збор. Додека кога е спротивното, за нив самите...ох... и те како уживаат во целото внимание опседнати самите со себе и нивната битност, а и лутина ако некој ги изостави. Тогаш нема врска што ни небитните и неблиските им честитале... И после ќе пишат статус/твит за љубовта помеѓу луѓето како универзален јазик и поента и државава не чинела ради Грујо...
^ Шо знам јас пак ни честитувам а нит пак сакам да ми честитаат.. сакам само на мир сите да ме остааТ!! уф па смрт ми е кога треба да честитам родендени или кога треба да ми честитаат зошто знам дека се тоа е формално и неискрено, ради реда..а истите се полни со критики во преостанатите 364 дена ама за родендени, прослави и сл. од убаво поубаво мислиш мед и млеко од уста им тече и која е поентата ако не го мислиш тоа навистина и ако не ти се искрени желбите кои ги посакуваш? само празни зборови..а и не се јавувам нигде бе, што сакаат нека мислат дека сум дива или не знам каква епа таква сум барем сум искрена.
^ Јас не сум љубител на прославување на својот роденден, да бидам искрена, срам ми е од тоа фала, фала, каде што верувам дека милион желби се искажани со некое лицемерие или се без никакво значење. НО... Инсистирам да честитам (ако не заборавам), нема ништо лошо во ширењето на добрата енергија. Се трудам да честитам од срце и соодветно со личноста. Може па е проблем самиот со себе... не сакаш да си дозволиш да ти дадат, затоа што се плашиш да дадеш, или не сакаш да земеш, затоа што не сакаш да ти земат или не знам веќе како одат тие мета работи. Секое нешто има зошто. Врзано ни е за нешто. И јас бев "дива" и ми беше гајле...и после сфатив дека ги сакам премногу луѓето, особено некои луѓе за да не им поклонам збор-два добри барем тие денови и поводи, ако во другите па тешко ми оди комуникацијата и разбирачката од кои какви причини кои не ги разбираме и не се лични, ама ете... Ама поентата ми е таа - убаво е да се шири внимание и позитивност која оди многу потешко, отколку апатичноста и сеедноста. А и зборував за оние кои воскликаат од среќа кога ги центрираат, а не знаат да возвратат... просто глупи ми се и мизерни. Најмногу за овие ми беше постот... и со чест на исклучоци најмногу го среќавам кај лавови и близнаци ако има некаква врска. Каква емотивна простота е тоа... надчовечко однесување, мајко моја.
Vo posledno vreme me nervira sto sekoj vtor post na fb e politika. Ne mozes da se vklucis na fb da se relaksiras, samo informacii za voznemiruvanje. Zal mi e sto tolku mladi luge namesto da imaat drugi prioriteti vo zivotot, bistrat politiki na socijalnite mrezi. A za duck face selfies, da ne zboruvam....pa se gledaat li tie luge na slikata pred da ja postiraat? Na nekoj mu lici, no poveketo izgledaat kako iskriveni vo liceto, sekoja vtora slika im e duck face, a slikani so bebeto vo race, pa na nisto ne lici. Rant over
^ Да, ширење на позитивна енергија во секој случај е добра ствар, но поентата ми е тоа да биде во преостанатите денови би било многу попродуктивно за сите ..убав збор секојдневно кој што може да украде насмевка или да расположи некого отколку само за обичаи и слично, не поштувам такви формални ствари и тоа е тоа. Инаку многу е неблагодарно и себично за оние што уживаат кога им се ласка а не знаат и не сакаат да возвратат.. се согласувам у потполност дека се глупи и малодушни а впрочем ги има многу такви..за жал..
Јееее опа цупа, тика така еве ја пролетта уште малце на врата! Пролетта и летотот омилени годишни временца, па зарем има поубаво од топло временце?
Кога би фатила златна риба ( ) дефинитивно би побарала од неа да го врати времето назад барем 15тина години. Да си бидам безгрижно детенце што светот ќе го гледам со сосема други очи. Единствени грижи да ми бидат каде да ја сокријам омилената кукла, за брат ми да не ми ја фрли и каде да се сокријам наредната вечер кога ќе играме криенка со другарчињата од улица. Ми недостигаат времињата кога ги слушавме постарите деца од маало како кажуваат страшни приказни и грицкаат сончоглед, а ние помалите стоиме со ширум отворени очи и си правиме секакви филмови во главата од тие приказни. Вечерта, нормално, страв ќе ти биде сама да појдеш во вц.... Се би дала да се врати времето кога со братучедите, брат ми, и неколку комшивчиња правевме бункери, скривници, засолништа во случај да не има војна. Потоа како едвај го чекавме постариот братучед да дојде и да правиме стапици т.е. копавме подлабока дупка, ја полневме со вода, а горе беше покриена со лисја. Па нормално со нетрпение се чекаше жртвата да нагази на стапицата. Ми недостига времето кога мислев дека умешно ги лажам моите дома, мислев дека веруваат во моите детски фантазии и лаги а всушност сега кога ќе ми текне гледам колку добри актери биле тие. Времето кога ме праќаше комшивката да и купам цигари ама нормално нејзините не знеа дека пуши, па морав да бидам многу внимателна за да не ме начека некој од нејзините како и ги давам цигарите преку прозор. За мене тоа беше како невозможна мисија, а со кусурот секогаш си купував крем банана или чипс. Ех....ми недостигаат многу личности и моменти од минатотот....само кога би имала можност да го вратам времето....барем за момент.....
И до кога бе со овие дак фејсови? Ит ис со тутаузндеднејт. Аман... И сите имаме пуни усни кога се смееме еве овака : И јаболчници и поистечнено лице. Помирете се дека овие ваши мали тајнички се пробиени. Зад гримасите и тоните шминка...сепак сте само обични девојки, евентуално грди пајчиња и по некоја поголеми лепотици него ли кога се местите како да имате пу пу пу пареза.
Што би правела јас без тебе мило мое, м? Во се ми помагаш, во се ме подржуваш, ти си ми моето рамо за плачење. Со мене си и кога се смеам и кога плачам. Ме советуваш, ми кажуваш каде грешам и каде сум во право. Без престан ми повторуваш дека никој не смее да те гази, да си поигрува со тебе. Треба цврсто да стоеш на нозе, без никој да те помрдне. Ми вели дека треба да бидам добра спрема луѓето, но не и предобра. Знаеш што си ти за мене?! Ти си за мене богатство. Ти си за мене се. Те сакам најмило мое, ти благодарам што постоиш и што секој ден ми докажуваш колку ме сакаш!
Срцето ми се кине кога гледам колку е суров светот околу нас, кога гледам монструми а не луѓе околу мене како малтретират животни, кога некој немаат што да јадат а други само гледат што повеќе да крадат.. Spoiler: .. http://kajgana.com/reakcijata-na-zhivotni-koga-za-prv-pat-se-pushteni-na-sloboda
Смирување на нерви. Непрофесионало и аматерски, цртав според цртежи чекор по чекор на интернет. Смешки
За се` што сум рекла во некој момент дека нема никогаш да го направам, или не разбирам зошто некој би го направил, животот нашол начин да ми го плесне истото во фаца, и сепак да се најдам во ситуација да мора да го направам нештото... Порано или подоцна, секогаш, СЕКОГАШ. Епа, никогаш нема да имам доволно пари да го прошетам светов. Е! Ај сеа да видам.
Утре патувам и денес се разбудив како најнастинатиот човек на светот. Знаете онаа настинка што е толку лоша што не се сеќаваш како ти бил животот пред да се појави? Епа така. Затоа: чаеви, витамини, апчиња, супа, течности, туширање со врела вода и надеж дека утре магично ќе се разбудам здрава. А утре ова време ќе сум во Милано. Италија ми е слабост и единствено место за кое би ја напуштила земјава. Би ја напуштила и за да одам на друго место, ама не заради местото, туку заради човекот.
СДК.. Мене не ми е јасно само едно - како не се устручаваат луѓе да ти дојдат на гости со дете (деца) и да не обрнат внимание што прават тие нивни деца и како се однесуваат !!??! Имено, 1. ти влагаат дома и одма на маса гледаат како и што има за нив поставено , демек дали ги цениш.Ако има поставено скара, тогаш си мрзелива и не ти се спрема дома, само гледаш набрзина да профураш, а ако има домашни кифлички, руска салата...е, тогаш немаш пари па приправуваш дома 2. како влага дома, одма почува со муабети ,,е кај сте, што ве нема,, ( а ти кога ке им го видиш бројот на дисплејот ти се стешкуе секундарно)..ме немало..е како ке ме има, ние сакам да и одат нит да ми дојдат, ама тоа е тоа...некои луѓе неможеш да ги бираш осуден си цел живот на нив 3. тоа детето одма почнува со роварење дома кај нас, вади од шкафови , отвара, по масата со мезе буричка, дури нервоза ме фака што сум премала убаво да изледа а ова малово ке направи бучкуруш.Ни чаѓа се знае чија е, ни празна ли е, се претура од една во друга И НИКОЈ НИШТО НЕ ПРЕВЗЕМА. 4, Задолжително сака да си игра малото со украсите по комодите (кој бај д веј ни се купувани од места каде сме шетале, значи не се скапи туку имаат сентиментална важност)...обавезно на секое доагање ке скрши по нешто, па кога ке си отидат лепиме со секундарен лепак 5.Обавезно малото оди по 10 пати на мочање, не зашто и се моча туку за да буричка во тоалетот по шминкерајто и други алатки таму.А замислете мајка и со неа е внатре.ПА ИМА ЛИ ОСЕТ И ОНА !!!! 6. на крај вечерта завршува, си одат а ние дома вадиме средства, правосмукалка и крпи Демолерајка тоталка !!
СДК... Ладен, константен, непобитен. Различен по форма, боја, структура, распространет е насекаде околу нас. Вечен жител на земјеното тло, сведок на секој чекор, на многу кажани зборови, отпорен на сите (не) временски ситуации. И кога не го забележуваме неговото присуство, не потсетува дека постои. И каменот раскажува...