Зошто би се шалела? Инаку, да. И јас помислив на тоа. Не се само цигарите во прашање.. ама не знам што друго би можело да биде. Можеби не им одговара моето друштво. Не знам, а и не е важно.. На сила убавина не бидува. Ќе си барам нови friends.
Цел ден не можам да се свестам, лошо ми е ми се умира.. Баш пред карневалите. Ахх секогаш е така. Баксуз. А убав ден требаше денес да биде, ништо и од тоа. Уствари има време да се поправи денот, само една вест ме дели од тоа. Се чека сеуште..
Значи скроз сум збунета, како можат луѓето на себе да имаат 3746483 маски? Пред некој ден случајно во град се сретнав со една стара пријателка, па ајде да седнеме некаде на кафе да се излафиме, онака убаво, човечки, а не од нога. Седнавме и така ус муабет случајно начнавме тема за едни мои школски. И девојчето е 2 години постаро од мене и нака ми вртеше првен па на крај се испука и ми вели: значи незнам како да ти кажам ама **** не е тоа што си мислиш ти дека е! Ајде нормално е да испадниш за викед, па и да испиеш нешто жестоко, и да поиграш, ама таа не пие, таа лока, не игра како секој нормален, туку како проститутка! Раката на пи*ка и нема мака! Внимателно го ислушав ова и малку се замислив. Девојче што е мирно, пристојно, уче и демек нешто ’препаметна’ се претвата во тоа навечер? Како, мислам не можам да сватам, ајде да го прави тоа скришно, ама јавно... Ццц.. И сите ја гледаат и после тоа наредната ден паак има лице да се појаве и да биде исплашената сезнајка? Па убаво ми удри ’reality check’ пријателката. Се вратив во реалноста, го допивме кафето и се разделивме. На патот кон дома се обидував да не размислувам за тоа, но тоа беше посилно од мене. Па поврорно се запрашам, дали сите како и **** имаат маски, прават лица, се преправаат во нешто што не се? Мислата сеуште не ме остава на раат, но барем научив нешто, никогаш да не верувам во она што го гледам затоа што се е привидно и повремено...
Лани со моите врснички се игравме со кукли.За една година што женишта станаа та 8-ми Март да слават? Што се не ке се чуе и види во 21 век.Жалам што неможам да имам нормално детство,жалам што вака ми минува детството,жалам што место да нижам спомени со боси нозе во моето маало јас морам да си го скратувам детството-a зошто? За да можам да се вклопам меѓу другите. Само ме копка тоа-на што јас ќе се сеќавам подоцна?Им за видувам на генерациите поназад.
Значи какви се луѓе има... не се знае кој каков е и што и така и денес и докажав на една моја пријателка дека запознавање не е само да кажеш име и да подадеш рака, туку тоа огромен а еден збор кој кажува милиони нешта.Тоа и ја докажав на другарка ми кој аод сегогаш ме разбираше и беше тука со мене и ете и таа виде каде отишол светот.Мило ми е што има некој покрај мене.За разлика од оној ден овој беше 5-ка
Уф, па какво е оваа одложување? Требаше денес да полагам за појас на карате, па ај не, во понеделник. Па навистина не ми се чека повеќе. За џабе се радував...
Де бре луѓе, кажете, треба ли да барам милост од вас ? Какви се овие „пораки“ баш кога ми е најтешко и кога пробувам да си дојдам при себе ? Не знам каква корист имавте од тоа, ако целта ви беше да ме повредите уште повеќе, да, успеавте. Се' само тролови тука, не може ниту еден пост да напишеш, да ја кажеш маката... Се' само 12-13 годишни девојчиња кои посматраат низ секоја тема, и смпремни се да одат контра на секој пост што ќе им се види интересен, чисто онака, за занимација.. Епа драги недораснати „девојки“, повелете, лечете комплекси во моите лични пораки, и онака не ќе има кој да ги чита. До моите најдраги пријателки и пријатели тука, кои се секогаш тука за мене : Не ме заборавајте. Маца никогаш никого не заборава Отидов јас во друг свет, темен, затворен, во тишина.
РАЗГЛАС:ВО КУЌАТА ИМАМ ПРИВРЕМЕНИ ПРОТЕСТИ ОД РЕЛАТИВНО ВООРУЖЕН КАРАКТЕР! Па мислам оваа мојава,кучка,како може да не сака такво мало бебуле од кучка. Бре ќе го мириса,ќе скока,трча по него,а ова на 2 месеци многу силно бе,се к*чи!Р`же,цивка,квиче.... :geek: И ај решение у ходник двете! Мојава е мирна,ама ова гостинчево на чување,квиче.Излезам јас,седам со нив,мирна е.Пак влезам,ПАК ПАК ПАК цивка. Во скут-мирна е.Ја пуштам-мирна е. АМА ВО ХОДНИКОТ НЕ И НЕ! Луди кучкици мои убави!
Само сакам да кажам дека кога сакате нешто да направите,постигнете...верувајте многу во себе.Верувајте и бидете решени дека тоа го сакате,дека така ќе биде и никако поинаку.Не дозволувајте стравот дека нешто нема да биде во ред,дека повторно вие ќе патите да ве совлада,немојте.Денес сфатив по незнам кој пат дека само ако целосно се впушташ во тоа што го посакуваш,тогаш се остварува.И да,не дозволувајте да ве повредуваат,бидете храбри и направете се што е најдобро за вас па дури и да ве боли(се поминува). Пријатна вечер имајте сите.
Толку се чуствувам убаво заборавам на се и на сите проблеми,во позадина свират песни од Тоше а на монитор слики од Влатче(поубаво амин)ми фали само уште едно лап-топче ај па можеби ке се падни некој ваучер од награднава игра со фискалниве. Убава вечер.
Си посвоив едно кученце од улица - ама буквално си го собрав, ми излета у моментот коа се симнував од автобус, проба да ме сопне - ми се уплетка така во нозе и за малку што не паднав. Беше гладно, прегладнето, со најтажен поглед на свет исполнет со душа и спласнат празен стомак, со опавче и увциња свиени, ми доаѓаше да го пикнам у ташна и да трчам накај дома! Моментално е најрадосното куче што некогаш постоело, со најблескави очиња што светат, високо кренати уши и опавче што кружи цело време! Избањато, исчистено, најадено, стоплено и најсакано, ми иде да го грицнам бе од што е мило! На измутирана овца приличуе.
Комуникативна личност сум ... сакам да запознавам нови луѓе и да се дружам,сакам насмеани и позитивни луѓенца околку мене,оние негативните гледам да ги тргнам шо подалеку-а и подобро е така Несакам наметнувања оговарања и глумење добри другарки ,сум искусила многу и добро знам да ги разпознавам таквите Едноставно држење на дистанца со оние несигурните. Во денешно време ретко кој се радува на твојата среќа се некој од страна гледа да ти направи нешто лошо,љубомора и презир, зошто ? Зошто да љубоморам и да ги дела луѓето ? Сите се исти едноставно ги делам на позитивни и негативни ликови Имам многу другарки со многу разни карактери ,не се жалам, кругот на пријатели ми е голем а и не велам дека се доволно нови пријатели треба секогаш,не знаеш кој се може да ти се најде во иднина за било каква потреба Сестра ми ја сметам и е моја најдобра другарка Разлика сме 4 години и супер функционираме ... од мала сум сакала да имам брат ама да бил поголем од мене Но како растев сваќав дека сестра ми е најубавото нешто што го имам до мене. Се караме и има многу моменти кога не се согласуваме но ја разбирам годините и се ,мисли дека знае се ... но добро ја оставам да осети и да почуствува повеќе работи на нејзина кожа Има денови кога не зборуваме ама има денови и кога неможеме да се изнамуабетиме Еее денеска беше таков пред некоја минута се разделивме таа излезе а јас дома Убаво ми е кога сестрами е дома и не е на факултет.Денеска си се дотеравме и излеговме да шетаме,да разгледаме да си купиме уште нешто што ни недостига па си седнавме на кафенце Сонце,кафе,добра музика во позадина јас и таа аууу се заборавивмее 3 саата седевмеее Неможеме да се изнамуабетиме бе ...Целиот ден ми беше убав и исполнет заедно со неа Те сакам повеќе од се... не би можела без тебе
Границата помеѓу да се биде незаинтересирани и исцрпени често е незабележлива.И кога ги молам да ме остават на раат не мислам дека не се замарам со никој туку дека ми треба одмор. Оставете ме прво да одморам, па потоа ќе раздаваме тутри што треба и што не треба. Што јас моторче да немам закачено на гз,а?
Браќата се најнеблагодарни суштества на светот. Си направил тој планови за летото што ме вклучуваат мене во пакет со семејтвото. Ни да праша дали ни одговара, ни да пише чисто информативно, туку муабетот право на моите. И сега, ако кажам дека не ми се допаѓа идејата - ќе биде дека не сакам со него и со моите да одам на одмор. Ме стави пред свршен чин. Реално, тоа можеби и не е многу лоша идеја. Ама сакавме да одиме со друштво, иако ништо е сме се договарале и плус мноооогу мразам друг да одлучува во мое име.
Има денови кога и марфи е немоќен да ја упропасти онаа убавина што ни се нуди,останува на нас само да ја грабенеме среќата и да уживаме немилосрдно .
Си ги гледам мислењава на форумов од пред година и више и ми иде да се утепам. Ама онака,сериозно. Еве,не знам.
Аман веќе со тој дечко,дечко,дечко у пм ...а ти дечко имаш,дечко ти од кај е ,а колку време сте заедно ?сега имаш работа уште дечко ти фали... оставете ме да живеам
Пих, качив температура па размислувам за глупости. Прво, сфатив дека сум од оние чудни луѓе кои сакаат да купуваат на бензинска после 00 по полноќ о.О Второ, она никогаш немој да бидеш со некој што си му последна опција. Абе аааааааајде колку е нелогично. Па тоа значи дека отишол, видел, прошетал и сфатил дека ти си му најдобро можно нешто што го сретнал!!! Не?! Особено ако имал многу девојки измеѓу, па тоа е комплимент бре! Ова утре на другарка ми ќе и го кажам. Пет саати слушав како кукумјачи како ја побарал после сто години и како она имала достоинство, а срцето у грло и е од среќа, мака и нејасности. Бреееј...Ама па сигурно и е тешко. Лав оф јор лајф, скршено срце и ти доаѓа со барање за прошка после бурен живот и поминати сто години. Не дека советов ми е најдобар у свет, ама на температура 38 мене ми звучи сосема за солиден. И јебале вас штедливи сијалици. Ми се чини карцином фатив во рок од неколку дена. Има да фатам да ги искршам сите. Јас не знам кој ја направи оваа толку глупа измишљотина, демек штедливи, а еден куп штетни глупости у нив има. Се осеќам како билка во кинеска лабараторија. Или ќе ми никнат јагоди по телово и тоа четвртасти или некој тумори. И не осеќате дека смрдат кога се уклучени или само јас осеќам? 300 денари сијалица, ало, здрави сте?