значи вистина колку завидлив и љубоморен свет има најпрво коа ќе почниш од те шо мислиш дека ти се најблиску браво бе терајте само но со ова не праите појаки
СДК.. Старите не рекле за џабе - бегајте од слаб маж и куса жена. Моето искуство покажало дека е така. А Вашето ???
Колку и да е шпицот во мода и колку и да е симбол за елеганција, мене не ми се допаѓа воопшто. Ако има некоја жена поголема нога и ако носи таков тип на чевел изгледа како да носи 40ка. Не ни изгледаат удобни за одење, така да оваа година не знам од каде ќе си купаш штикли. Многу ми се типски тие со врзување Станав пред половина час и одма на социјалните мрежи. Си викам вчера ајде ќе си ја сменам сликата на профил на фб, ама пуста маана моја воопшто не си се бендисувам на слики. Подобро во живо убав, од колку на слики
За СЕ постојат генерализации, па прашањето ми беше дали генерализациите ,,услеваат,, или не. Обично што рекле старите изреки е така, па како сакаш сврти се.Исклучоци има, нормално, но генерално се вистинити.
Имаше некоја мисла споделено некаде дека вистинска љубов ќе сретнеш на аеродромите не во баровите...или нешто така. Јас би рекла навистина е фасцинантно како таа мала коцка од метал собира толку многу искрени реални емоции. Да емоции, зашто нема само љубов, има многу тага, солзи, пријателство, љубов и копнеж. Одењето на аеродром во последнава година ми станаа како идење до кафуле. И ми будат огромен спектар на емоции. Конфузија, еднаш си среќен еднаш си тажен. Возам вчера во 6 саат наутро и чувстувам некоја дупка во душата, нит ми се спие нит сум уморна, самата помисла каде одам ме отрезнува. Ништо толку многу не ме потресува и освестува во последно време како тој пат од аеродром и назад...
ова како јас да сум го напишала.мислам дека пола живот ми остана на аеродромите.кога се враќам дома среќа ми ја иполнува душата.толку надеж.толку желби, планови.и плачам.ама од среќа.а веќе заминувањето е друга приказна.празнина.како дел од мене да сум оставила некаде.како да сум заборавила нешто.и пак почнувам да плачам.ама од тага.не е ни чудо.еднаш во годината одам дома.
Веќе и птиците на гранка знаат колку многу сакам чевли. Иако во последнава година добар дел подарив, нешто као се потрудив да продадам, сепак останаа еден куп, а во последно време желбата за нови е се поголема. Чевлите ми стојат во неколку плакари по дома, па имав огромна желба да ги сместам во еден. Денов уште од пред некој ден го наменив за средување на чевлите, гардероберот и вечерта за тинтрење. Го испивме првото утринско кафе и почнав да отварам плакарите. Извадив се од нив, еден куп чевли, добар дел скроз нови, добар дел кои не се носени со години. Секои си имаат своја приказна, некој убав спомен или помалку убав, но ме враќаат во минатото. Па почнаа да ми се редат спомени и од чевлите кои веќе ги немам, од оние кои останаа кај Него. Потајно се надевав дека можеби некако тие од кај него ќе ги добијам назад, но се излажав. Ги поделив повторно на купчиња кои ќе останат, кои ќе се подарат и кои одат во канта. Гледајќи го купот кој веќе отиде во канта се искарав самата зошто се приврзувам за предмети кои немаат никакво значење, се потрошни и нормално е да се заменат. Земав вреќа и фрлив 12 пара чевли. Мојата мисија тие што останаа да ги сместам во еден плакар повторно не успеа. Нова цел, преуредување на плакар и редење нови полици. Ветување дека нема да купам нови не го давам, зошто не сакам да се лажам самата себе, а и навистина ми недостигаат неколку ниски пара чевли.
Докажано е дека баш во моменти кога во 5 за 12 се спремаш за излегување најбрзопотезно што можеш, некоја магична гравитација ќе се погрижи токму предметот што ти треба во моментот - да биде скриен на дното од преполната ташна, така да мораш се` што има во неа да испревртиш како куп од испратени пликови за наградна игра за да го најдеш... Марфи at his best!
http://sky.mk/svet/433188-so-snajper-pukal-na-sosedite-od-ljubomora Е од вакви луѓе не вирее Балканот и нашата држава.Абе жалосно е колку завидливи луѓе постојат,ти ќе се утепуеш од работа да постигнеш нешто,да оставиш нешто на децата,да си изградиш иднина,а луѓето околу тебе да те колнат и да те саботираат на секој начин. И зошто? Оти тревата е позелена во туѓиот двор? Не бе братче,речи не ти се работи и си мрза голема,а не криви ти се успешните и трудољубивите. Греота е,стварно греота...
Е па ништо не може повеќе да те релаксира од доолга неделна бања со многу топла вода и меурчиња. И сега, ослободена од секакви обврски, облечена во омилените пижами, со голема залиха пуканки, би можела да седнам и да гледам Х фактор. Се надевам дека сонцето брзо ќе се врати, имајте убава неделна вечер.
Вчера добив цвеќе од дечкото и тоа додека бевме излезени,го снема за миг и отишол да ми купи цвеќе.Прекрасен букет.Бев многу среќна,а случајните минувачи зјапаа па дури и главите ќе ги искривеа.Можеби и јас би погледнала така не велам не,но повеќе од што ми било драго за гестот.Многу сакам да гледам заљубени парови,кои несебично ја делат својата љубов.И посебно маж што ја почитува својата жена. Кој рече дека вистинска љубов не постои? Па уште и те опсипува со внимание постојано, е тоа е вистинска среќа. Има ли нешто поубаво од тоа да ти подари цвеќе?И не зборам за еднаш годишно,туку често да ти подарува.Па жени сме,заслужуваме.Штета што многу машки не го мислат тоа,дури има и такви што се срамат да им подарат цвеќе на своите девојки,иако би сакале ама никако да го искорениме тоа што ќе речат другите. Среќата што го имам не се опишува со зборови,баш би сакала еден ден да имаме ќерка затоа што покрај тебе ќе научи како треба еден маж да се однесува со својата сакана.Те обожавам
Eве...седам во пижамите како кога победил некој друг тим (поим немам кој), за да тепа Барса... косата не ја средувам, ми била виткана тогаш... топло ми е, ама нозеве ми се во топлинки... Не знам дечки, еве, сериозно е тешко да си заљубен во фудбалски и воопшто спортски фанатик. Отворивме прозор... За девет месеци на мекици за машко чедо...ако магијава функционира. Се прашувам кој е поненормален. Јас што ги следам упатствата или он што верува дека јас и мојот аутфит носат среќа. Оу да, и да седам на истото место каде што сум седела...под поларно ќебе. Туку не знам дали мене ми се причинува, ама по некое непишано правило стварно го забележувам. Во парот кој е во долга врска, оној кој ја прекинува за да лови височини и среќа... секогаш завршува на почеток среќно, а потоа мизерно, а оставениов започнува скршено, а потоа ја пронаоѓа смислата и среќата многу повеќе од претходно. Дали моиве случаи во околината биле такви или со мнозинството се случува тоа, не знам... Ама па ... кога ќе видиш и фер е.
Se raboti za covek so mentalni problemi. Opstestvoto zatailo nekade, kade bile da go hospitaliziraat covekot koj 8 dena posegnuval po tugite zivoti.
Инаку јас зборував општо за народот,постов само го зедов како инспирација,можеби тој бил оболен,ама изгледа и пола од останатите се...
До пред некоја година убаво гледав, видот не ми беше расипан. За жал, од премногу читање, седење на компјутер, телефон, или било што друго, видот ми се расипа. Не ми е проблем носењето очила, ниту пак некаков комплекс. Тажна и разочарана сум затоа што не гледам на далеку, затоа што од супер вид, почнав се да гледам замаглено, заматено. Кога не ги носам очилата, се чувствувам изгубено. Кога некој ме вика, го слушам, но не го гледам. Најголем страв ми е губењето на видот, слепилото. Како ли им е на слепите луѓе, кои воопшто ништо не гледаат? Се надевам дека еден ден диоперот ќе ми се намали, и ќе нема потреба од очила, ниту пак леќи и ќе можам повторно јасно и чисто да гледам.