Зошто на абортусот се гледа како на некој смртен грев? Жени сте, има ли поголем грев жената да биде осудена да биде жена и мајка кога не е подготвена? Иако не сум баш толку млада, се чудам како прифаќаат да раѓаат на мои и помали години?? И самите не сме зрели а не па да гледаме бебе. Имам долга врска но не сакам да се мажам. Е ова е тоа што не можам да им го кажам на луѓевоооо
Некој некогаш рекол се ќе помине , и радоста и тагата, само која е утехата тука? кога сме среќни , не гледаме ништо пред себе , го добиваме бараното и веќе почнува да ни се здосадува, бараме друго, како мали деца сме кои едвај чекаат да добијат нова играчка ,а за брзо им се здосадува и ја фрлаат, така и ние луѓето , многу сме себични , самоуверени , газиме преку се и потоа го губиме или повредуваме тоа што ни дошло како подарок ,како дар од среќата ,од судбината. Додека да трепнеме животот поминал толку брзо , и ни останува само утехата, само некои рани кои подсеќаат на некои загуби , или остануваат некои показатели кои како казна останале да не мачат потсетувајќи не на некои дамнешни среќни времиња.
Кога некој нешто ти коментира на некој пост од 2009, и потоа самиот продолжуваш да ги гледаш и другите "постови" - глупости што си ги пишувал, и остануваш запрепастен со помислата: - ??? Дали ова ја сум го пишувал/а? Во моментов ми иде да си ја кога читам се што сум пишувала.
Glej si ti rabota i ne baraj opravduvanje od nikoj. Ti si ja znaes najubavo rabotata. Mnogu od tie sto te sovetuvaat sprotivno veke se vo golema greska. Ne ja povtoruvaj nivnata greska. Se vo zivotot ke si dojde. Ajde ne se sekiraj. Teraj kako ti cini i CUVAJ GO ZDRAVJETO.
Впечатлив, сензуален, стилски препознатлив, различен по структура и пакување, врв на декоративниот дел, неодолив на погледите, симбол за моќен, индивидуален и самоуверен изглед... Секогаш во мода. Бојата на карминот ве трансформира во друга жена.
10 godisno prijatelstvo..zaedno vo detstvoto, mnogu slucki, ubavi, tazni, prvi simpatii, prvi solzi..ne mozam da se setam bukvalno niz sto se ne sme pominale..I sega koga najmnogu mi treba da ja spodelam svojata sreka, da setkame zaedno niz buticive I da probuvame vencanici ato otsekogas sme planirale..nea ja nema.Otkako slusna za ova cuvstvuvam deka me izbegnuva, nema vreme..Sto im e na lugevo??? Zarem do toa dojde da ne mozes da se raduvas na srekata na onoj koj go znaea cel zivot I si spodelil nesto sto ni so roditelite ne si mozel..Site kako odednas da iscznaa I imaat pobitni raboti otkolku da ti posvetat eden den da pomognat so podgotovkite.Mi se doaga nikoj da ne viknam ni na svadba ni na nisto..Ne mi treba nikoj! Koga mozea sama da me ostavat vo ovoj haos, ne mi trebaat za na oro posle. . E taka da si znaete !
Голема штета е што не живеев во времето на Френк Синатра. Уште поголема штета што денес во сите песни најголем акцент се става на одреден дел од женското тело, било да се гради или задник, за нив пеат и рапуваат. Чувствата не се битни, битно е да е поголем тој специфичен дел. Не е битно, сигурно нема Анаконда од Ники да ја слушам. Поздрав со сите на кои им фалат песни со прекрасни зборови
Незнам дали некој доживеал ова , али денеска јас дожиеав , на кеј трчање , сам , немаше никого , мир , само гаврани се слушаат како крештат , мозокот на пасење, супер ладничко , на раат да се истрчаш ,.... одлично!!
Понекогаш колку и да се трудиш да бидеш добар и внимателен, за да не повредиш некој, а уште повеќе да си го сочуваш односот што го имате изградено едноставно не вродува со плод, некако сиот тој труд не е доволен туку бараат се повеќе и повеќе, но што да им дадеш повеќе па нели е доволно нека остане малку и за мене и добрина и внимание. Во секој случај добрината, пријателството и човечноста се во исчезнување и ваквите особини во иднина секако ќе исчезнат и ќе станеме безлични и себични суштества, НО до каде и до кога така ? Сакам да кажам аман бре луѓе кај се изгубиме меѓусебе, се туркаме еден во друг и се правиме како да се познаваме, па нели пријателството е една голема и со ништо незаменлива вредност, навистина ми е жал, а бе како што се рекло Човек на човек, волк !!!
Во животов сум поминала многу добри работи и дупло полоши и во ниеден миг не сум се почувствувала сама. Оние кои беа со мене во добро останаа и во лошите денови и ми даваа поддршка. Сакам да кажам дека имам голема среќа што некои луѓе постојат во мојот живот и се дел од него
Сè повеќе сум згрозена од празни луѓе. Знаете, необразовани, шупливи, со тотално погрешни вредности во животот. Општа култура да се немало, ама навистина не е во ред. Океј сега, за интелигенцијата секој си се родил така и не може да се промени, ама малку барем да се потрудиш, да знаеш кој е Леонардо Да Винчи, да знаеш што е савана, да знаеш барем двајца македонски автори, или било што, работи од општа култура. Сум го приметила тоа кога пишуваме на школо, нема да се слушне пример, Чарлс Дарвин, и тие ќе прашаат како? Не знам дали е до мене, ама навистина мислам, овие работи да не се знаат, најосновните, тоа е веќе како мозокот да ти е комплетно шуплив. И уште повеќе ме нервира што истите тие луѓе можат да ги знаат напамет песните на Саша Матиќ, а не можат да ја научат дефиницијата за Питагорова теорема. Што викаат некои, ме изеде туѓ срам. Работава дали во пета или во колено да си пукаш. Човек без општа култура не е човек. Треба сите вакви луѓе да се соберат на едно место и да не се пуштат додека не се образоваат колку толку.
СДК ... почнаа да ме иритираат одредени (не)човечки (не)особини. Лицемерие најмногу. Постојат такви персони што се мислат дека се фини, мирни, искрени, се радуваат на туѓата среќа нели ... Како не се многу по држење лекции, како се онака прифаќаат од другите, како се секогаш тука за вас да ви прават друштво и да ве слушаат, а не зборуваат многу, помагаат наводно итн ... А во суштина имаат толкава конфузија на сопствениот идентитет, толку комплекси, толку стравови, толку завист и љубомора, толку информации (читајте трачање) за другите, толку се зајадливи ...дури и се ситат на туѓите добри и лоши моменти. Зошто? Затоа што едноставно, не го живеат сопствениот живот. Е од ваквите персони треба човек да се достанцира и пази. (инспирацијата ми е од реалниот живот)
И дојде денот кога знаев дека срцево ќе ми застане за миг. Денот, кога мораме некои личности да ги пуштиме да одат. Денот за да успеат, да бидат задоволни од самите себе, да им обезбедат барем нешто на своите најблиски. Само два часа како тој замина а срцево како празнина да ми го обви. Знам дека мора да оди. Верувам во него и никогаш нема да се откажам. Благодарение на него станав подобра личност, ме научи да се ценам пред се' себеси. Да се борам за себе, да успеам, никогаш да не се откажувам. Ах, душо. Не можам да ти опишам колкава вредност имаш во моите очи. Покрај тебе, ми се врати вербата во луѓето и свесна сум дека некаде има добри луѓе. Знам дека мислиш дека ништо значајно не си направил за мене. Но верувај душо, од дното на срцево ти признавам дека допирот твој ми значеше повеќе од се'. И еве ти ветувам дека ќе успеам да се изборам и дека кога ќе се вратиш ќе бидеш горд на мене. До тогаш, ветувам дека ќе те чекам, затоа што длабоко во себе верувам дека некогаш повторно ќе бидеме заедно. Знај дека и преку океанот има некој што мисли на тебе. Ја заслужуваш сета среќа на светот! Твојата насмевка за мене е непроценлива!
Сакам да кажам дека не можам да спијам ако има некој во истата просторија со мене додека се обидувам да заспијам нема шанси бе. Не знам што ќе правам кога ќе се мажам. Како ли ќе спие мажот до мене т.е. јас до него? Е ова дефинитивно не е на арно ама ич. Колку и да сум изморена нема шанси. Ај у п.м. Викаат два месеци ко два дена поминувале....е ај да видам, ај......
И вам ли ви се случува понекогаш во автобус или на било кое место кадешто се среќавате со многу луѓе, на момент да ви текне на форумов и да помислите дека можеби меѓу сите тие непознати лица, има токму личности со кои тука виртуелно се дружите? Дека можеби и без да имате поим за тоа, сте се разминале со некоја од оние феминки кои ги чувствувате блиски и во чии редови уживате и се пронаоѓате, без разлика на тоа што не знаете ништо за нив? И мене...
Многу ме ќејфа кога некоја ќе се испљуе за фемина на твитер/фб, а потоа ќе си видам изведен пост/твит од мое мислење. Ама ептен!!! И јас ја пљукам фемина за одредени нешта и луѓе, ама барем не лижам кај што пљукам... Овој фасцинантен женски лик никад нема да добие физичка форма на жена, не па карактерна. Ако од нешто се плашам тоа се непронајдени и интелектуално недокажани луѓе. Постојано бараат потврда од други и не бираат средства од каде ќе исцрпат и украдат... Краде идентитети од сите страни, туку која е кога е сама? Еве тука ја прашувам... која си? Дијагнозата ти ја знам... кога ти подадов и пријателска рака исто така знам, исто така знам колку си полна со злоба и фрустрација, а пред твојот публикум зборуваш за љубовта, живеењето со полни гради, за автентичноста (оу, извини, и тоа го имаше украдено од тука)... Мизерии... И не се случува ова само со моите постови, туку со многу постови... Кај и да е ќе се одлучам да престанам да пишувам тука, па и ќе си отворам твитер ако веќе имам нешто да кажам. И не ќе ми е криво ако личноста е барем за пример... со вредност, а не само болно его во толку мало, мало неженствено телце... Ако толку немате љубов, прашајте се дали се сакате, дали имате нешто вредно за сакање во себе и колку ги сакате вие луѓето... многу важно како тука стоите. Јас, фала добро денес, понеделнички. Ми го пакува куферот и ми ги масира стапалата по11 часа работен ден, па и ручек порача, ако го направеше ќе беше ту гуд ту би тру... за некој е ова папучар, за мене покрај х факторот и губењето во прегратки, ова е тоа што ми треба и го сакам! А вие како сакате...шузнам,евенезнам. Јебала вас автентичност. Оу чекајте, да напишам некој трогателен пост за настаниве за да бидам одговорен граѓанин со вистински вредности... Не знам што е поигнорантно - да не ви е гајле за настаниве или да се правите дека ви е гајле, до некаде да ви е гајле, ама да ви е погајле за тоа да напишете 10реден статус со заклучок и траор за да ви речат дека имате вистински вредности, а вие да сте прав идиот што генерално мрази и е пресреќен кога има причини за ова *модерно творештво*, зошто во општество каде што се е идеално или барем одблизу идеално не би ги имал своите 5 минути внимание кое очигледно не го добиле никогаш.
Врти една слика низ интернет овие денови, како момче го учи јазикот на глувите само за да побара девојка да му биде партнерка за пром, матура ќе му дојде по наше. И ме удира нешто во главата, ме гуши и ми ја стега душата, не можам да се смирам после таа слика. Не поради трогателноста туку поради себе. Јас имам само една личност во животот, оставив се што сакам и се што верувам и сега после година и нешто сфаќам дека не би го направил за мене истото. Боли проклетата реалност. Ама секој што си надробил, тоа ќе си срка
Нозеве ме болат од шетање, ама ако. Купував за ангелчето на тета и за неа ништо не ми е тешко. Успат си зедов 2 книги од Мисо. После првите две негови книги, решив да ги прочитам сите. Иако имам за учење преку глава, вечерва ќе се релаксирам со добра книга. Испитите секако ќе се положат.
Понекогаш кога ќе ми текне за некои работи ми доаѓа да вриштам.Да, ама толку гласно за да исфрлам се од себе што се собирало,оти нели тоа што денес го ќутиш утре ќе го вриштиш.Се прашувам како срцево издржало толку болка и тага."Блиски" личности си одат без објаснување и не зборам за кратки пријателства туку оние што траеле 10 години и повеќе,Сигурно и не биле тоа пријателства.Само не заборавајте сите имаме емоции па можеби некој многу ќе повредите кога ќе му приредите вакво изненадување.Можеби тој некој се чувствувал полошо од вас,а секогаш ве ставал пред вас.Секогаш бил тука да ве ислуша и даде совет,во тој момент вие сте му биле најбитни.И после да верувам дека постои вистинско пријателство?Прво едната "другарка",потоа другата.Барем понекогаш сетете се на добрите работи кои далеку надвладуваа, но една матна капка е доволно да ја замати бистрата вода. Од друга страна пак се чудам колку сум наоружана со искуство,сега на секој човек можам да му се најдам и дадам совет и истиот да остане со подотворена уста. Затоа што ќе продолжам со човечкото во мене.Колку и да не се пријатни работите што сум ги доживеала сепак се животни лекции.На крајот баш јас ќе бидам таа која цврсто ќе стои пред нив затоа што знам дека совеста ми е чиста.А вас мили мои...ќе ви биде многу жал и уште сега вие затоа што знаете каков човек изгубивте,двете!!!
Сакам да кажам, дигам јас раце од се освен од себе. Вие сте на ред да покажете дека можете да се борите за мене. Да видиме кој прв ќе се откаже, кој ќе успее а кој нема ни да почне!!!