Не постои лесен пат до ништо. Полека, полека, се стигнува до целта. Она што расте брзо, исто така венее брзо. Она што расте бавно, опстојува.
Како голем љубител на анимирани Дизни, Пиксар и Дримворкс филмови превозбудена сум за Дома. Видов дека од денес ќе игра во кино и си викам да си резервирам карта, ама со кого да одам. Кога го гледав Monsters university си бев со друштво, ама сега кој е на факултет кој е на работа, па не им се даваат толку пари... безброј изговори. Сама да одам па си викам да не е чудно, нели на кино со најмалце уште еден човек се оди. Стануваш во девет и пол си шушташ вода за да после толку чекање брат ти со најепк трол фејс ти рече еј одам да се труширам морам на факс да одам. После тоа уште цел саат се вртка дома, а тебе ти доаѓа да му ја залепиш една со тавчето за палачинки. Колку е слаткоооо ќе го каснаааам
Од што патиш да во сред Македонија си ги крстиш децата Вивиен, Тифани, Клои? Ма немој да ме заебаваш... И немојте одма со тоа - кој како си сака, нивни деца се, бла, бла,кога сите превртуваме очи. Клои Трифуновска Вивиен Стојановска Тифани Крстевска Вака? Чавки ви го испиле умот, а и креативноста.
Секакви крајности има Има и вакви: Мајката - Мери Таткото - Никола Керката -ВЕЛИКА или БОЖАНА лееееееееееееееее,лелелелееее Мајката :Наташа Таткото:Сашо Синчето:Стојко (као она БОЛИ МЕ СТОЈКО) Е морало на бабата или на дедото...абе да им ставиш плута во кафето и да им заклучиш WC...е тоа заслужуваат
јас и брат ми сме на баба ми и дедно ми крстени, па имаме доста добри имиња од Николина и Томислав на баба и дедо Нина и Томе и ај сега треба и креативен да си за да си го крстиш детето по името на родителите.
А ова: бабата Петранка, па внуката да не ја крстат така, нели греота е детето, ја зеле само првата буква и ја крстиле Памела. True story. Кој ја гледал Љиља вчера - знае
Ми дојде да пишувам, но да пишувам во срцето... Таму каде пукнатините ги пополнувам со песни... Таму каде на сигурно ми почиваат мислите... Ми дојде да замолчам зошто сакам да си ги заштитам мислите и емоциите од душебрижници и злонамерни луѓе... А такви - на секој чекор, се намножиле и демнат од сите страни... Душата не можат да ми ја земат, таму се скриени сите мисли, чувства, песни... Скриени но искажани и опеани од очите, не од усните... За да ги разбрерат и препознаат само оние кои го говорат јазикот на љубовта... Ги отворив прозорите на душата за да ми се проветри на пролетното ветре... Спремна е сега за нова пролет, за нов живот, за едно ново патување... Сега е како тврдина - убаво соѕидана, со дебели бедеми заштитена, но топла, тивка и љубовна…
Има ли поубаво јадење од она кое е направено од рацете на вашиот брат ? Решил господинот да си прави тост, ама немало кашкавал. Доаѓа кај мене во соба и ме замоли да одам да купам Се враќам, му го поддавам кашкавалот и му велам под услов и на мене да ми направи Срце бе, два тоста ми направи Повкусни тостови, здравје. Колку и да се препираме, закачкаме, караме, пак си се сакаме најмногу
Prekrasno e cuvstvoto posle fitnes i opustanje vo bazenCelo telo opusteno,bez nikakvi stresovi i nepotrebni raboti..I otkako zavrsivme trk so drugarka mi vo najbliskiot market da si iznakupuvame blago.Ogladnevme de.
Да ви пренесам позитивност од диктатот со децата..... The answer повеќето го напишале dienser. Срцки..
Како што напишав во едно хаику: Пролет е кога улицата мириса на омекнувач. А некоја комшика го употребува најпрекрасниот омекнувач што може да постои! Само уште не сум ја открила која е Пред некоја вечер кога се враќав накај дома дури подзастанав за да го вдишам Туку, уште од мали со братучедиве ни е традиција да играме пантомима кога ќе се собереме. Почнавме со едноставни реченици од типот Надвор вее многу снег, а сега веќе се натпреваруваме кој ќе смисли реченица од која противничкиот пар нема да погоди ниту еден збор. На пример, Хемичарот експериментираше вон лабораторијата (вон, не во - за да не можат ни сврзникот да го погодат ). Веќе си научивме трикови за да објасниме во кое време е глаголот, дали е придавка, именка или заменка, па сега некако е поинтересно. Ептен се внесуваме во играта, паѓа многу смеење кога објаснуваме, и сега кога ќе ми текне на некои случки си се смеам сама со себе. Пред некоја вечер со него ја игравме Heads Up апликацијата на Елен, а на видеото отпосле имав прилика да си се видам себеси како се трескам од земја за да објаснам нешто Си викам, леле вака ли изгледаме кога играме пантомима? Циркузи И притоа ми текна дека кога уште не се познававме толку добро со него, ми рече дека сум интересна зашто кога зборам правам милион фацки во секунда
Деновиве добивам коментари дека блескам. Не се чувствувам така, но убаво е на луѓето да им изгледам пријатно. Еден дедо пред некој ден од кога ме опсипа со еден куп комплименти, ми ја бакна раката. Се стопив, особено кога ми рече да ги поздравам родителите за тоа какво дете имаат. Попот ме сретнува и поздравува со - Добро утро ангелу! А мајка ми се смее на тоа каков ѓавол сум. Ме стега срцето, а мајка ми се шегува дека е од што ми е скршено. Па ќе се обиде да ме налути со - Стара си!, а потоа ќе дојде ќе ме погали по образ и штипне со - Буце! Ќе ми ги фати рацете и ќе почне да зборува дека се како на бебе, нежни и не изгледаат како на девојка од речиси 26. А изгледаат не дека не. Ми зборува постојано за тоа дека сум како неа, дека се гледа себе си кога ме гледа мене. Вчера забележав дека за неколку месеци сум се променила многу. Некои муабети кои ги правев некогаш повеќе не можам, ме нервираат, незрели ми се. Одбегнувам да одговарам на такви повици, а и некако случајно исчезнувам кога ќе ме побараат дома. Некои личности ги немам видено со месеци и воопшто не ми недостигаат, дури како да ми годи што ја нема повеќе таа негативна енергија. Еден куп расфрлани мисли, не само што ги нафрлам тука туку и на моите. Не ме следат успешно, па ќе се обидат да ме вратат ама неуспешно, веќе сум одлетала на трета тема. И уживам во неговите прегратки, а се обидувам да престанам да паѓам во нив. Хаос!
Ponekogas ke se planira dolgo vreme a rezultatot moze da ne ispadne kako sto sakame,kako sto i planiranoto se ispolnuva bez dolgo planiranje cudno.
Зошто секогаш човек ти памети само кога еднаш ке го одбиеш за нешто , а притоа заборава се она што си направил за него , сите оние добрини ?изгледа во суштината на човекот е неблагодарноста и себичноста , не дека не го знаев тоа , само во последно време сум повеке убедена во тоа