На втор ден добиено многу често ме прашуваат дали сум трудна...убава сум им била со сјај во очите... до таму дека кријам дека сум трудна и најверојатно дека ќе биде машко... А оно пустото не сфаќаат дека е таа радикална разлика од пмс грдоќа до нагло издишување од течности, а и внатрешна тензија. Мразам кога имам работни викенди патем...овај,да... Денес... не знам дали беше ова спиритуално будење или нервен слом, ама среќа помина денов...
Prekrasen text koj sekoja majka koja ima edno dete bi sakala da go procita. Cesto sum pomislila sto ke bide koga nas ke ne nema. "Можеби сум сама, но осамена не сум била никогаш" e nesto so sekoj roditel koj ima edno dete posakuva da go slusne.
Купив маица од шутка со витез и коњ, рекоа дека е магична..И вистина била, по три перења го снема витезот. *Добро утро
Се поголем и поголем акцент се ст ава на вештачкото. Колку е поголемо толку подобро. Колку ти се поголеми градите и задникот, толку е поголема шансата дечко да ти пријде и да се запознае со тебе. Ако имаш супер полни усни најпривлечна си и не мора дак фејс да правиш коса се сликаш. Ниту муцки имам големи, ниту гради. Зошто некои девојки не може да си ја сакаат малата уста. Таа е толку симпатична, сугурно е виновна за најубавата насмевка. Ете на пример Бредли Купер, згоден млад дечко, со прекрасни сини очи и феноменално тело, но мали усни. Замислете читате на интернет дека си ставил силикони на устата и сега нема простор меѓу носот и горната уста ... Буквално не може да дише човекот како што треба.
Татко му е бивш директор од времето на Тито. Полн со пари ко брод, со станови во 3 градови низ земјава, нормално и во Скопје. Мајка му вечна домакинка која немало потреба никаде да работи оти маж и носел дома многу. Незје и биле работа да го чува детето. Девојка му е вечен студент, како и тој, нели, да си одговараат, Комплетно неспособни да завршат факултет на државно, заедно за раче, со парите од татко му одат на приватен, и магистрираат, не само што дипломираат. Како награда од тато добиваат по еден ајфон, оти се намачиле децата. Се вработуваат во приватната фирма на татко му, кој има и други стотина вработени. Тешко им е да работат. Мајка му ја фаќа климактериум и на 50 години сфаќа дека била само расплодна крава и бебиситерка, никогаш битен човек на некого, дури ни на сопствениот син, бидејќи таа само готвела, татко му носел и тој му е идеол во животот. Таа раѓала, ништо повеќе. Решава дека сака да се вработи, и на 50 години бара прво работно место. Татко му прави кривично дело, фирмата е негова додека татко му одмара, аболициран, ама непожелен да се шета низ градот, од чист срам. Мајка му никој не ја вработува, оти нема никакво искуство. Тој успева да се прокурва и прокоцка се што татко му спечалил како бивш директор, девојка му во работно време, како прва ебачица на директорот оди по салони и надградби на коси и нокти. Фирмата пропаѓа, двајцата седат дома. Бараат работа, ама да не најдат. Не можеш да трпиш шеф над глава кога цел живот (пази 3 години) си бил директор, сеа друг ќе ти кажува како. Решаваат да одат во странство и да станат директори. Бидејќи се толку глупи, 3 пати даваат пари за виза и 3 пати им ги крадат. Он се опива, и свршуе и она е трудна. Двајцата невработени, сфаќаат дека имаат дете и немаат динар пара за да го гледаат. Го продаваат станот во родниот град и оп, имаат пари. Не прават бизнис, што ке им е. Имаат сеа пари куп. Она се пораѓа на приватно, тој части пола град, си купуваат мини купер, и оп...парите ги нема. Девојката, колку висока, тролку широка не дава да се продаде колата, оти е неспособна да пешачи. Се караат и она си оди во село кај мајка и . Барем таму ќе се перчи со надградба на нокти, кои наскоро ќе и бидат одличен алат за вадење плевел. Си го зима детето. Дечкото останува дома, со мајка ми и татко му и плаче како не чини државата. Секој ден седи на ФБ и кукумјавчи како никој не чини, а он, битната фаца е најдобар. Им се пушта на девојчиња на ФБ, се слика по локали со ефтини курвички по 16 години, и пак плаче како немало поштена жена. Неспособен да работи што било, се жали дека нема работа. Не негови 35 години, не гледал иднина во државава. Може ви изгледа ко глупа книга, ама ова е реалност. И да, денеска го избришав од ФБ, оти негативни глупаци не сакам да скролам.
Муахааа бившиот на денот на мојот роденден ставил лајк на сликата од мене и дечко ми што ја стави дечко ми, а не можеше да ми го честита. Мислам, тиебам спомени се'. Периодов среќна, ама пречувствителна да постојам во било каква средина. Се кријам, а не треба. Па спомени, па време кое мине, па тие спомени не ти честитаат роденден, па ме мрзи еден зелен чај да си сварам. Волјата ми е на мех левел.
Во моментов ми текнува на онаа - на волкот му е дебел вратот оти сам си ги дави овците Епа волци и волчици бркајте си ги сами работите и не се потпирајте на никогу оти нели да не дојдеш во ситуација да зависиш од тн бест френдици и френдови, лавери, па дури ни фaмили мемберс Нели, секоја чест на исклучоците
Аххх таа љубомора..... колку луѓе зела на душа....колку го менува човекот, абе буквално да не го препознеш. Тотално сменето однесување, тотално сменет однос кон тебе, префрлање, обвинување, плескање во лице, кажување работи за до срце да те допре таму кај што те боли. И во љубов, и во кариера, и во школување, кога ќе се појави кај некого горенаведената, абе бегај од тој човек. Се прашувам дали некој досега умрел од љубомора или сепак најлош случај во лудница можеш да завршиш
Жива сум, ако се сеќава некој уште на мене. Од септември одам во средно и се' уште не сум сигурна дали сакам или не сакам да одам во средно. И не е баш дека ќе ми недостасува основнто, искрено ми е преку глава од него. Но, од друга страна сум тешка филмаџика, правам цели турски серии од се' (а не се ни некои добри серии) и сега мислам како би требало да ме фаќа носталгија just because. И нели кога ќе почне човек да мисли дека треба да почне да го фаќа носталгија, и ќе го фати. Туку, остави тоа. Пред да завршам основно имам уште 100 натпревари. Кога ја освоив првата награда во животот дека сум го видела Бог. А лани кога за втор пат освоив награда, мислев дека јас сум Бог. Теле глупаво. Правев драми пред да почне натпреварот. Се дерев, имитирав кокошка, скокав, плачев, јадев, ги деконцентрирав другите... Добро, и сега имитирам кокошка, рикам како Тарзан, грицкам цел натпревар... Добро, се' уште сум теле. Многу е јако кога некој добро прифатен во друштвото ќе каже нешто и сите ќе почнат да се смеат и да се согласуваат, а ти, како губитник, си го кажал истото пред пола час и ти рекле дека си досаден и не си смешен. Теорија за релативност на духовитоста и зависност на истата од времето и изворот. Или нешто...
Факт: обично луѓето се најљубопитни токму за она што откако ќе го дознаат, се испоставува дека всушност не сакале да го знаат...
Четврток. Бев втора смена. Си доаѓав дома од школо сосема разочарана. И кога бев близу до дома реков да му се јавам на брат ми да го слушнам. Му се јавувам и си правиме муабет, како си, што правиш, јадеше, сестрите поминаа ли и го прашав ќе те пуштат утре?! и тој ми вели да да, и јас велам сигурно? да бе не се секирај. И му викам добро ај ја стигнав скоро дома за минута сум дома, па ќе се слушнеме попосле, најмногу те сакам. И доагам дома, ѕвонам на врата, ми отвара врата и го гледам брат ми. Не ми се веруваше. Мислев си замислувам, си викам па како пред минута се слушнавме. Го гушнав најсилно и двајцата плачевме од радост. Го пуштиле попладне ама не сакал да ми каже само мене и на моите им забранил да ми кажат бидејки сакал да ме изненади. И ме изненади, позитивно. Толку бев разочарана од се и за момент кога го видов него станав најсреќна на цел свет. Братче, едно и единствено.
Сабајлево станав во 6, вежбав, јадев и тргнав на работа пешки, за да се размрдам. Умна девојка што не излегла во петок вечер, може без социјален живот, ама одговорна еднаш во животот. Нормално не видов дека надвор врне и дува ветер, среќа мајка ми ме виде на врата и ме потсети да си земам чадор. И така одам јас со слушалки на уши, кога стигнав до Вардар почна толку многу да дува, буквално водев војна со чадорот, малку посилно да дуваше ќе одлетав заедно со него. Се разминувам со двајца машки, тие најнормално си одат и немаат никакви проблеми, а јас изгледам како кога на Хари Потер во првиот дел му ја магепсаа метлата па немаше контрола над неа и го вртеше насекаде. Плус косата ми се разлетала насекаде, едвај гледав пред мене. Се прашувам дали такво и било чувството на Мери Попинс додека летала со чадорчето. На крај ми се скрши чадорот. И бев на саем, заедно со пола Македонија.
Denes sum najsrekna na cel svet..Si ja zemav vencanicataa I mu vikam na verenikot: -Milicok kakva e najubava, se osekam kako princeza ! -Sto I da obleces ti sekogas ke bides moja princeza !
Се сеќавате кога се собиравме на кругче, или седевме под дрвјата и не какаа чавки, и кога се' беше зелено и бевме посреќни? И се шмекавме кај трафиката на ќошето? http://retromk.tumblr.com/post/76942221483/1993 Е ми фали тоа време.
Јас памтам дека тука секоја година пред новогодишните празници имаше тезги продаваа се и сешто и мајка ми секоја година ме носеше. Ми недостига старото Скопје поживо беше.
Го молам Господ да ми дава повеќе вакви шански како денешнава за да покажам што знам и колку можам. Многу често имам чувство дека не го користам доволно својот потенцијал само затоа што не ми се укажува прилика.