Го шетам Скопје. (читај Партизанска, омилено хоби ми е) Ама посебно сакам кога мириса на липи.. арома-терапи во буквална смисла на зборот...ќе почекаме уште малку за тоа... Ниту сум парти грл, ниту сум наметлива, сакам само да пешачам. Не сметам на никој и никој не ми смета. Некогаш..доволна сама на себе, а некогаш си посакувам да имам друштво за моите мерења на Партизанска...било во тишина, било низ разговор...ама...сите некако преферираат прекрстени нозе, сепаре и кафе...патем што и не е така лоша идеја барем додека е кафе, а не кафиња и не цел ден. Ениуеј... ************************* Во земјичкава наша доказ дека победуваат малцинствата, лично увидов. 3ца македонци вклучувајќи ме и мене се изборивме за една ствар, наспроти 30тина албанци. Да не бидам погрешно сфатена, значи неам апсолутно ништо против никој...само ете се боревме за нашето право и се изборивме.. толку. Исполнета сум. ************************* Мајка ми е на мисла, дека нема да собере голем дупли фрижидер во новата кујна. Да потенцирам во кујна од 15 квадрати!!! А таа е сериозно убедена.. жена де! Можам да замислам што се и паѓа на ум. Си ја обожавам. ************************* Имајте убава саботна вечер. Ладно е, па ви посакувам да се топлите и топите во вистинските прегратки.
Она кога другарка ти ќе ти се фрли во прегратка плачејќи и викајќи "што ќе ми е живот без тебе?". Онаа истата што до вчера на секој начин ме повредуваше, всушност ме сакала. Денес ми беше прв ден на школо после 3 месеци отсуство и една тешка операција. Убаво е кога ќе видиш дека луѓето кои те мразат, всушност те сакаат. И запамтете, какви и да сте, што и да сте направиле, има некој кој ве сака и ќе ве сака. Иако за жал многумина касно сфаќаат дека ве сакале
I'm in love with the rain. Сакам да ги следам капките дожд како се лизгаат по прозорецот, сакам кога мириса на дожд - ми мириса на чисто, сакам да одам на прошетки по дождот, си ја сакам косата извиткана од влажниот воздух, сакам долги бакнежи под чадор... Сакам да се будам и да заспивам со звукот на капките кои тропкаат низ олуците, права приспивна песна... Го сакам дождот во секое годишно време, секое со својот посебен мирис и посебна приказна. Овие неколку цитати се надевам барем малку ќе ве натераат да го засакате дождот: „Сите кои мислат дека во сонцето е среќата, никогаш не танцувале на дожд.“ „Не лутете му се на дождот, тој едноставно не знае како да паѓа нагоре.” „Дождлив ден поминат во природа е секогаш подобар од сончев ден поминат во канцеларија.” „Дождливиот ден е како подарок - можете да спиете до доцна а, да не чувствувате никаква грижа на совест.”
нaречете ме чуднa или кaкo и дa е, aмa мене секoгaш ќе ми пречи друг дa ми јa средувa мoјaтa сoбa ! се-кo-гaш! Сум фрлилa бoмбa пред искaчaње, пa чекaјте другaри, немa тoa кoрени дa фaти...кoгa ќе дoјдaм ќе си средaм! Кoгa очигледнo не се рaзбирaме oд збoр, ќе требa М дa пoдметне кoндoми, лисици, пендреци, дилдињa...пa дa видиме нa кoгo ќе му пaдне незгoднo нa крaј штo мешa прсти кaј штo не требa. Е тaкa. Мoрaв тукa, вредните спијaт . Дoбрa ви нoќ. Вaшa М,
Denovi,noki,meseci,godini...godini pominaa. Isti sme,so site razliki. Samo ljubovta ne e ista. Se' poubava e.
Темата ти е супер, го отсликува секојдневието.Воведи интересни моменти. Полна поддршка од мене. Браво што имаш трпение за ваков проект
Не ми се јасни оние моменти на запросување во јавност , како демек се е спонтано и неочекувано од страна на девојката во последно време не можам да се донагледам вакви случајни запросувања на фб,како се погодило баш во момент за просењето ем прстенот да биде скроз таман , ем девојката уфирцана со шминки и фризури немам ништо против , ама очигледно е што се се прави за лајк
Затрупана меѓу листовите и утнатите реализации на идеите, си потпевнував стихови од Wonderwall на Oasis, кога одеднаш ми светна една нова идеја која навидум ми беше тоа тоа. И во истиот момент, ми ја пуштија Wonderwall и на ТВ. Ова е некој знак дека се движам во правилната насока или ?! Малку ми е нејасно. Шала на страна, ако ми успее идејава, не само петка на раче, би заслужила многу повеќе од тоа. Ама ајде, да не си го уништувам ентузијастичкиот дух пред време. Многу ми се допаѓа овој позитивизам кој владее во мене додека сум на почеток на нов проект. Не знам од каде, како и зошто, ама во едно сум сигурна - уживам додека работам и баш сакам да ме држи ваква еуфорија и тогаш кога ќе дојде ред да се вработам во РЛ.
Баба ми е жена на која секој ден се' повеќе и се восхитувам. Баш прееска седам до неа, ја гледам како пие кафе и гледа некаде занесенo. Се гледаат сите траги од животот на нејзиното лице,веќе староста ја достигнува. Како што поминува времево, повеќе работи дознавам за нејзиното минато, а и подобро ја разбирам нејзината мака. Многу пати долго сум разговарала со неа за нејзината младост,времето кога одела на училиште,времето кога секој ден со своите браќа и сестри оделе на нива за да работат бидејќи само од тоа добивале пари. Многу учела,но поради сиромаштијата и грижа за дедо и' не можела да продолжи во средно,а сигурна сум дека многу ќе постигнела,многу е интелигентна. Искрено,многу се интересирам за да дознаам нешто повеќе за минатото на нејзиното семејство,но намерно не ја потпрашувам бидејќи ја чувствувам тагата и треперењето на нејзиниот глас додека зборува за тие работи,а последното нешто кое што сакам да го направам е да ја растажам. И после толку поминати години,се' уште ја боли кога ќе се присети. Но, и покрај се' што има преживеано,цврсто стои на нозе,алал да и' е. Дури и на овие години ( следната година 80 ќе полни) се грижи за сите нас, го дава максимумот од себе за да ни удоволи и да не' направи среќни. Таа е жена која знае да ги цени вистинските вредности во животот,скромна е,малите работи ја прават среќна. Многу ми е драго што имам ваква баба,а уште помило ми е што од мои најрани години е покрај мене,знам дека можам да се потпрам на неа и да побарам совет за било што,знам дека ќе ме ислуша и ќе се потруди да ми помогне. Многу ме потсетува на ликот на Велика од книгата Пиреј Таа издржливост,храброст да се бори со се' што носи животов... Просто се чудам како можела да издржи,да премине преку толку многу препреки. Со насмевка на лицето се присетувам на деновите кога бев малечка,се шетав низ град со неа, си играв,ме учеше да плетам,везам и шијам. Иако никогаш не можев да научам како совршено да го правам тоа,не изгуби никогаш трпение. Ми текнува како ја терав да ми ги средува куклите,ја терав да пее,ги земав нејзините штикли и фустани и се пресоблекував на секои 5 минути ... За неа можам и роман да напишам,толку ми е мила и добродушна,горда сум на неа Само сакам да ми е здрава ,жива и среќна.
Чудно е колку малку е потребно за да се чувствуваме одма подобро, поисполнето и посреќно, како на пример да му смениме на мобилниот нова маска, или комшијата да ни ја пофали новата фарба за коса, или кога дедо ми бутка во рака стисната, згмечена 500ка која ми ја чувал од претходната пензија, или па кога најстрогата комшика, патем бивша професорка од средно ме пофалува за новата 10ка, кога фризерката ми вика дека нема потреба од кратење на косата и дека не е оштетена многу, кога татко ми го надитрувам во шеги и се мршти така слатко, кога мама не ја боле половината од цел ден што е во кујна и што само чисте и навечер иде во мојата соба да ја исчешам, кога ја сонувам тета и ми текнува дека ја немам сто години видено па и ѕвонам и готова е да се расплаче од среќа, кога случајно братучед ми ќе се најде во маало па ќе дојде на кафе а кафето продолжува во пиење ракија и салата, па после вино и скара, кога на интернет ќе најдам попуст на доолгоочекувани работи или козметика, кога си идам од Скопје а ме пречекува чиста, светната соба која мајка ми ја спремила, кога кутрето ме буде со лижење и бакнежи, кога шетам во широки тренерки и стари удобни патики и не ми е гајле кој ме видел и кој што рекол, кога набрзина излегувам од дома а комшијата ми нуде превоз, кога снемувам млеко за кафе и одам доле а баба има па нема потреба да одам до продавница, кога си идам од Скопје и кучето трече и праве кругови низ дворот и куќата од радост, кога се будам а мириса на омиленото ми јадење и ми светнува дека сум дома, и дека нема потреба да мислам што да зготвам или да си купам да јадам, кога одам кај баба и дедо секоја приквечер за да ме масираат и чешкаат, кога домашниот маникир и педикир е успешен...и уште многу други ситни работи кои ќе ни извлечат насмевка и ќе не расположат. Малку не бев своја претходниот период, се некои мисли ме мачеа, непотребно замарање на мозокот си правев, на се и сешто мислев, некако мозокот не можеше да ми одморе од непотребни грижи и непотребни сценарија во глава, па имав несоница, па морав да заспивам со апчиња, а имав испит, па не можев да се сконцентрирам да учам, па се нервирав и плачев без потреба, солзи сами ми идеа, а мислам дека немав плачено добра година и нешто, убаво викаат исплачи се, олесни си, ама јас незнам да плачам кога треба, ми се закочува лицето, вилицата и сум ладна и приземјена, скочанета а сепак од внатре плачам врескам, незнам ете уште од мала и мама ми рече, никогаш не плачеше, ама па кога ќе дојдеше момент да плачиш, не можевме да те смириме. Така пред некоја вечер вечераме со моите дома, и на сред јадење ме обземаа некои емоции и станав заминав во соба и рикав како крава а немав појма зошто, па од мравка слон се стори, тато дојде, мама дојде, зошто плачиш, што е проблемот, луѓе нема проблем, некако ми се плаче, незнам зошто, ама остајте ме, и ги засекирав за глупости и нив, па уште повеќе фанав да плачам оти и нив ги изнервирав без потреба и од кога престанав да плачам па смеа ме фана, жими се на моменти си мислам дека сум биполарна. Не, не сум, ама сум во прилично траги-комична ситуација, и така почнав да вежбам јога по малку, навечер слушам миксови релаксирачки и не медитирам во права смисла на зборот туку онака се релаксирам и го одмарам мозокот. Точно е дека ми се собраа многу работи во последните месеци, но и неиздржливата досада си го праве своето, активно барам работа година и нешто веќе, откако дипломирав, и сум пратила CV на над 50,60 места и од сите тие само на 3 ме имаа викнато на разговор но никој пат не завршило успешно, и затоа сеуште си идам дома често одма штом завршам со предавање, па одам на пракса пошто мислам дека ќе полудам од правење ништо. Се будам и викам, и што денес, и пак се вртам и спијам пошто денот ми е празен, немам волја да станам, пошто знам што ме чека. И целата бев нервозна, тмурна и нерасположена па затоа не ни пишев тука, само гледав серии и едноставно бев билка некој период. Сега сум дома и одма е се подобро за неколку нијанси, бар нонстоп има луѓе околу мене, си одам на пракса, кафе со овој - оној, живнав малку, но штом отворам огласи за вработување одма ми се повраќа. И го обожавам ова време од денот кога заедно со мама пиеме кафенце, си седиме на топло у дневна и гледаме 24 Kitchen, па следува прошетка на кучињата и спремање вечера. Ова ми е омилен дел од денот.
Одвај чекам да завршам втора година. Катастрофа од година,пекол жив!! Значи кога не оди не оди,џабе труд џабе се. Нека заврши и мислам од ново ќе се родам.
Пред две ноќи, додека го гледавме Скопје како полека заспива, ги претресувавме плановите по којзнае кој пат, Тој ме праша. Би сакала ли да го поминам животот со него беше прашањето. И еве сум сега со сјај во очите за кој мислев дека не постои, милина на душата и прекрасен прстен на рака. Почнуваме да се спремаме за нова страна од животот, да се љубиме како што долго копнеевме. Љубов, прекрасна и наша.
Па искрено не знам што другарство ќе беше ова нашево... Ограничени друштва, озборувања, кој што и како треба да прави. Зошто да не си пренесеме искуства, доживувања, позитивна енергија, да си ја направиме младоста убава? Како што растам (24 ги имам) сфаќам дека доволна сум си сама на себе сега за сега... Доста ми е од молење за излегување, возење велосипед, пешачење... Секој во свој филм.... Ете бе не сум таква со чкрапања слики и секоја секунда на фб, фалби,нашминкани, марамосани, гламур, стил, миленичиња, крупни и ниски женски со извадени гради и тесни фустанчиња (се извинувам ако некоја се пронајди). Можеби грешно размислувам... Којзнае..
Многу сум осамена. Во смисла на другарство. Од секогаш имав големо друштво и секогаш бевме излезени, собрани по дома, карти, филмчиња, кафиња... И лани сите заминаја на факултет. Една Германија, една Словенија, три Скопје... Тотално сама останав. Имам дечко да, излегвам со него ама не е исто. Ми недостига женско друштво пред да полудам тотално! Дружељубива сум да, ама на 20 години веќе не знам како би можела нови пријателки да запознаам...Сите што ги познавам си имаат свои друштва, не е ова Њу Јорк, Битола е. Тие сме луѓето... Страшно почнува да ме мава на психа ова, често сум нервозна и депресивна... Единствено излегувам од дома кога ќе си дојдат од Скопје другарките.... Еден месец немам излезено така женско друштво.. А немам пари за дополнителни активности... По цели денови дома.. Како се запознаваат нови пријателки? Сериозно. Како?
Same here in Prilep. Би ти препорачала да се зачлениш во некоја невладина, студентска организација, зачлени се во авон, орифлејм и сл., запиши се на некој курс... Не знам и јас веќе...
Сум зачленета во непрофитно здружение за животни таму сите си се секако групирани по друштва, ме имаат викнато неколку пати сериозно е глупаво онака... Не ми е згодно така. А за Авон, орифлејм итн тие искрено без навреда на девојките кои се дел од нив, ми се глупости. За курс би се запишала, ама немам искрено пари.... Сериозно почнува да ми смета ваквата ситуација полудвам по цел ден дома!! Иначе, да студирам во Прилеп. Ама ретко одам, оти нема со кој да одам. Не сакам патетично да звучам, туку едноставно таква е ситуацијата.
Замисли, јас и без работа и без дечко... Дипчомирана сум 2 години, ама сепак не губам надеж бдв јас Бт студирав Ако студираш Пп се разбира на економски, топло ти ја препорачувам студентската организација AIESEC, како поранешен член навистина сум задоволна од дружби.И обавезно биди присутна на 2 април на саемот како и наредните два дена. Поздрав
Ех мое мило... ни точната дата не ти ја памти... а вреска колку е другарка, ма колку е пацифист, борец, буден човек... Ми се повраќа. Крв ми се повраќа. Пред еден месец беше ма, пред еден месец, на бројани денови пред мојот роденден. Да знаеш како ми понира во себе да почнам да викам по луѓето и да ги прашувам, ДАЛИ ОВА МОЕ ДЕРЕЊЕ ВО ЈАВНОСТ ТИ ПРЕДИЗВИКУВА ДА СВРТИМЕ ВНИМАНИЕ КОН ТЕБЕ КОЛКУ ШТО ТИ Е ПОТРЕБНО? Гниди и лешинари, сакале луѓе...а не знаат ни што им се случува. Не ми кажа, го знаев од првиот момент. Знаев дека нешто се случува и не се штедев, ама ... некогаш ништо не е доволно. И замисли, не ми кажаа, себично не ми кажаа што се случило, дури откако сама прашав во викање и солзи, кога ми дојде да си ја искорнам косата. А знаеше дека треба да ми каже и бев огорчена што не ни стигнав да те поздравам до вечноста. Времето си врви, со тебе или без, со било или без било кого... Животот е таков. Луѓето се одвратни, често знаеше да ми кажеш. Одамна не ти го чувствувам енергетски присуството, за заедничко добро, подобро е што се ослободувам од тежината, иако како вчера ги памтам сите разговори. Тебе ти требаше многу повеќе од добри другари. Се каравме за позитивната психологија, ама сега, некако те чувствувам дека ми викаш - будала сум бил ма, за арно ми зборуваше, така продолжи. Не ја чувствувам осудата повеќе на свој грб... во мир сум со себе. Не ти требаше тебе цвеќиња и срциња, ти требаше клоца во гз, ти требаше другар што ќе ја има силата да те крене. Јас се трудев, ти опростив што ми ја стисна раката кога ја имав сериозната намера да те носам каде што требаше, а и навредата кога ти реков дека светот е убав, иако е гомнив, ме направи површна... како јас да не знам дека се е пари и ниски страсти. Ми фалиш за на филм, за на театар, за книги, за глупи заебанции, за паметни заебанции, си беше човек што го збогатуваше животот, ама не беше свесен. Ми фалиш да се смееме на глупите тетоважни на онаа и плагијаторството на оваа, како и желбата за внимание и лудата храброст јавно да тресе глупости. Ти требаше тебе многу повеќе од мене, ама не можев да ти го дадам, иако до таму каде што можев, го дадов секое делче од мене каде што никаде не сум го дала... Ама да, недостигаш... секој ден, се повеќе... во моментов, поминувам низ фазата каде што сум ти лута, ја поминав фазата каде што те мразев... Сега сум лута, многу лута, бесна, ми доаѓа да вриштам. Јас ќе ви кажам само едно нешто... бидете добри со луѓето. Често не ме разбирате затоа што не ви кажувам тоа што сакате да го чуете, ама гес уат, не е еколошки. Не е добро ни за вас, ниту за мене, а со тоа не е добро за ниту еден околу вас, па и за целиот свет. Добар некогаш значи - крут, искрен, дрзок, отсечен, АМА немојте да бидете такви НИКОГАШ ОД ОМРАЗА!!! НИКОГАШ!!! Туку од љубов, а тоа е суштински различно и важно... И не заборавајте да се борите со себе, а не против другите, тие си имаат попаметна работа, се борат и тие самите со себе.
Од некои причини кои ни сама себе не можам сега да си ги објаснам верував дека пријателства после дваесет и некоја се случуваат ретко и се речиси невозможни. Колку само сум се излажала. Во последно време запознавајќи нови луѓе се фатив колку само можам да се прилагодам на луѓето, но и во исто време веднаш да пресечам понатамошни разговори ако не ми се допаѓаат и не ми годат. Неколку нови лица ме збунија и ме натераа да го променам мислењето, па почнав да верувам дека сепак може да се појават нови и искрени пријателства. Оние кои се јавуваат или пишуваат само за да те поздрават и прашаат како си, да поминат да те видат на 5 минути чисто онака без да им треба нешто. Од друга страна па другарка ми со која се дружам цел живот ја нема речиси 4 месеци. Се слушнавме два пати на моја иницијатива и еднаш пиша она, најверојатно досадно и било. Во толку години дружење сме си се наоѓале понекогаш, но многу често ме игнорирала и сум била тука за неа само кога ќе успеела да најде време и ако и било досадно. Замерки за нејзниот однос спрема мене имав прилично многу, но никогаш не спомнував ништо. Си ветував дека повеќе нема да отидам, ниту да се јавам, но на крајот сепак мислев дека толку години дружење не е во ред да го уништат такви "небитни" нешта. На крајот сепак не успеав да дознаам што се случува и зошто воопшто се однесуваше така. Криво ми е за некои работи кои ги дознав од други, но ако е среќна се радувам и јас за неа. Вчера се фатив дека заборавив и кога и е роденден, па свртев не знам колку сметки назад за да пронајдам точно кој ден е. Пратив порака, не мислам дека треба да се потрудам за нешто повеќе. Времето ги менува луѓето. Со тек на време се тргаме од луѓето, сретнуваме нови, чат пат се гледаме со некои стари. Некои остануваат, но и за тие што остануваат двете страни одлучиле да направат компромис за да може да продолжи дружбата.
И извинете да досадата... не сакам цепидлаки кои знаат да уништат комплетно прекрасен настан со коментар на завршниот коктел - извинете, се беше прекрасно, но виното ви е кисело... Сакам да потонам во сон, ама промената на времето ме ужаснува, а и постигнувам такво будење, што веројатно е последица на она спиритуалното будење од завчера, илити нервен слом. Ама да не се чудите, не се дерев, не викав, само се заклучив во канцеларија и се исплакав...гадно, долго и тешко, пред се тивко. Ало... талентот си го згазив... слушав, молчев, ќутев, а во себе се дерев. Дозволив стари дртала без грам памет, но јас со многу почит за нивните години и пред се искуство (кое искуство бе, вода во очи немаат) да ми зборуваат како треба... да превртуваат очи ако направам нешто по свое... И да, инспиративно да ме исцрпат и да си препишат за свое. Да...на 48 години немојте да мислите дека некој е зрел. Не е!!! О да, сега себично се чувам во себе и знам каде одам. Полека, но сигурно. И убаво ми е. Никогаш не сум бегала од болка, туку директно во неа, соочувањето. И не, нека не ви трубат за комфорната зона и како се плашите да излезете од неа, можеби и јас сум зборувала за тоа. Има финта, пазете од кого го слушате ова. Сфатив дека една категорија на луѓе зборува за излез од комфорната зона само затоа што тие не знаат каде одат и цел живот нешто експериментираат... и се хронично несреќни и осамени. Комфорна зона за нив се парите кои ги немаат...а сакаат да ги имаат, но им набиваат чувство на вина на оние кои ги имаат... они би биле во комфорна зона кога би ги имале и ништо не би правеле по цел ден. А впрочем...и она кое што тие го прават е комфорна зона од која не сакаат да излезат, затоа што не знаат што би правеле со себе. Нежно ме гледа и ми вика...ти мене ќе ме оставиш... а јас одговарам... не знам и се стуткувам нежно во него.